А не знам, чудно ми е и мене зошто побогу се бунат и креваат штрајкови Грците, Шпанците, Португалците, Италијаниве, Германциве.. ЕУ не чинела... да бе! WHAT A BUMMER!
На место ти е коментарот MEDDLE.
Те разбирам, разочаран си од оваа држава, и јас сум разочаран, но не до толку за да се откажам од сопственото право да одлучувам за себеси и за сопствената држава.
ЕУ беше основана и започна како организација за регулирање на слободната трговија помеѓу нејзините држави членки и тука требаше да останат нејзините ингеренции.
Но по воведувањето на Лисабонскиот Договор, кој им беше наметнат на државите членки на ЕУ, чиишто корумпирани властодршци упорно одбиваат да ги прашаат сопствените народи на референдум дали го поддржуваат Лисабонскиот Договор или не, ЕУ станува се поцентрализирана организација која што акумулира се повеќе и повеќе моќ на сметка на независноста и сувереноста на нејзините држави членки.
Заедничкиот слободен и отворен пазар звучи прекрасно, јас да сум бизнисмен сигурно ќе се збогатам, но ЕУ повеќе не е организација за регулирање на заедничкиот слободен и отворен пазар помеѓу нејзините држави членки, туку се стреми кон тоа да стане нова европска држава.
Веќе има свое знаме и своја химна, што е во целост прифатливо, има најразни фирми, организации, политички партии и други ентитети кои имаат свои знамиња, свои грбови и свои химни, но ЕУ веќе има своја полиција, работи на случајот на воведување заеднички данок на банкарските трансакции помеѓу нејзините држави членки, а работи и на случајот на создавање своја војска.
Ова е експеримент кој е излезен од контрола и колку побрзо биде прекинат толку помалку болни ќе бидат последиците од истиот.
И комунизмот звучи прекрасно, апсолутна еднаквост и власт на работниците и селаните, но токму тоа не беше случајот со поранешниот СССР и поранешна Југославија, а не е случајот ни со денешна Кина, Северна Кореја, Виетнам, Куба и други држави во кои до денешен ден на власт е социјалистичката диктатура.
Испадна дека под апсолутна еднаквост се подразбира нација која треба да работи за доброто на државата, а не обратното, државата да работи за доброто на нацијата.
Исто така, под апсолутна еднаквост полесно е да се подразбира необразована нација која не знае ни да чита и пишува како што беше во случајот со вработените во поранешни гиганти како МЗТ, отколку образована и креативна нација која ќе ја воздигне државата кон уште повисоки успеси и врвови.
Власта беше, а и до денешен ден, во Кина, Северна Кореја, Виетнам, Куба и други држави во кои до денешен ден на власт е социјалистичката диктатура, е во рацете на Комунистичката Партија, што во целост се коси со принципите на Комунистичкиот Манифест на Карл Маркс и Фридрих Енгелс, кој вели дека во комунистичкото општество државата престанува да постои, а со нејзе престануваат да постојат и владата и Комунистичката партија.
На хартија делува супер, но во пракса корумпираните комунистички бирократи, комунизмот наместо да го имплементираат во целост, го заглавија во социјализам, и тоа не во демократски социјализам, туку во социјалистичка диктатура, а нешто сосема слично е и европскиот експеримент излезен од контрола наречен ЕУ.
Грците, Шпанците, Португалците и Ирците се незадоволни од ЕУ, бидејќи дури сега, кога почнаа да ги плаќаат долговите кои нивните корумпирани властодршци ги набилдале во нивно име, им стана јасно дека реките од мед и млеко во ЕУ чинат пари и тоа со дебела камата.
На нас ни е лесно да бидеме незадоволни од нашите корумпирани властодршци, бидејќи тие се тука, а не во Брисел, ние сме гласале за нив и можеме со гласање да ги отстраниме од власт, ја имаме сета демократска моќ во нашите раце за да управуваме со нашето општествено уредување, денес е лесно да плукаме и да велиме дека нашите политичари се корумпирани лажговци, криминалци и марионети на Брисел, на Вашингтон или на не знам кој друг, но и како такви, ние ја имаме моќта да ги отстраниме од државната и јавната администрација, односно да ги отстраниме од нашето општествено уредување, а ако Република Македонија стане полноправна држава членка на ЕУ, не дај Боже, со нашето општествено уредување ќе управува Брисел, а улогата на нашите политичари ќе биде да удрат печат на одлуките кои Брисел ќе ги донесе и да ги имплементираат истите, без притоа воопшто да го прашаат народот на референдум дали се согласува со истите тие одлуки.
Како што веќе спомнав во пост #30, разумните луѓе во државите кои се полноправни членки на ЕУ веќе почнаа да превземаат мерки против оваа евробирократска диктатура, редно време е и разумните луѓе во државите кои не се полноправни членки на ЕУ да превземат мерки против истата таа диктатура, ние сме во поповолна позиција бидејќи не сме дел од ЕУ и треба да ја искористиме истата таа позиција за да останеме надвор од ЕУ.
Нашата економија полесно ќе се опорави со потпишување на билатерални договори за слободна трговија со секоја држава во Европа, без разлика дали е или не е полноправна членка на ЕУ, тие договори би траеле 5 или 10 години, по што врз истите би била извршена ревизија за нивно продолжување или укинување, отколку да станеме дел од ЕУ, бидејќи Лисабонскиот Договор не е предмет на ревизија, не го донесоа, туку го наметнаа, или подобро кажано, го подметнаа и не планираат да вршат ревизија врз истиот.