Nesto mnogu sramezlivo izvestuvaat deka denes Merkel go odbi planot na Oland, Znaci sega ima golema puknatina vo dvizeckiot motor na EU (Germanija-Francija) dodeka drugite tonat li tonat
Не сум поопширно запознаен со планот на Оланд, но дефинитивно делува поприфатливо за Франција во споредба планот за штедење на Саркози.
Наместо да се штедат пари за да се спасуваат други држави, што е досегашниот план на Меркел и Саркози, Оланд планира да субвенционира нови вработувања со рестартирање на затворени фабрики, што е прифаливо за Франција, но тешко дека ќе биде прифатливо за гејците, кои немаат развиена индустрија, со исклучок на бродоградителската индустрија.
Германија неодамна објави дека има недостаток од 1 милион работници, недостаток кој секако, ќе го надомести со работници од странство, тоа е можност за граѓаните на државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија) да се вработат, тие ќе профитираат од тоа, Германија ќе профитира од тоа, но нивните држави нема да профитираат од тоа, освен што ќе можат да се пофалат дека бројот на невработени се намалил, но не бидејќи се случиле нови вработувања, туку бидејќи невработените заминале во странство.
Планот на Оланд за Франција сигурно ќе отвори нови работни места и сигурно ќе има недостаток од работници, недостаток кој и Франција, исто како и Германија, ќе го надомести со вработување на работници од странство.
Се разбира, и евро-зоната ќе има корист од новите вработувања, бидејќи ќе се намали невработеноста во државите членки на самата евро-зона, а со тоа ќе се стабилизира и еврото како валута.
Но сето ова ќе стане реалност само ако Меркел попушти, а со оглед на фактот дека нејзината партија, Христијанско Демократската Унија на Германија, губи на речиси сите локални и генерални избори во бундес републиките, а сепак Меркел не попушта, повеќе од јасно е дека планот на Оланд тешко дека ќе биде прифатен.
А ако биде прифатен, како што и самата Меркел има изјавено, ако Франција постапи според планот на Оланд, тогаш и државите свињи PIGS ќе го прифатат истиот план и ќе отстапат од планот на Меркел, кој меѓу другото е и план на Германија, па ако планот на Оланд се покаже како поефикасен и поефективен во споредба со планот на Меркел, тогаш Германија ризикува да го изгуби влијанието кое сега го ужива во евро-зоната и во Европската Унија.
Еден ќе мора да попушти, или Меркел или Оланд, ова ќе биде војна на его и на суета, чие его и чија суета ќе издржат до крај, а чие его и чија суета ќе попуштат, останува допрва да дознаеме.
За исходот од планот на Оланд, исто како и за исходот од планот на Меркел, ќе мораме допрва да ги чекаме првичните резултати, но едно е сигурно - и Франција и Германија нема да дозволат било кој од тие планови да биде ставен на референдум, за да граѓаните на државите во криза да одлучат дали воопшто прифаќаат било кој од тие планови за спас од должничката криза, со други зборови кажано, Европската Унија и понатаму ќе остане не само недемократска, туку и антидемократска организација и како таква само ќе продолжи да ги губи довербата и кредибилитетот кај граѓаните на нејзините држави членки.