Вистината за ЕУ која се премолчува

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
ЕУ - бедните плаќаат за богатите

многу држави едноставно не можат да си дозволат себеси да си го от/платат членството во унијата.:eek:;)

погледнете го видеото
http://www.newsland.ru/news/detail/id/848206/
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Се се чудам и не мога да се начудам. Цела Европа во ЕС, цела Европа са глупи, ама ного глупи. Само неколко земи са паметни, ама толко паметни дека са наи изостанати.

Инако видеото е руско. Кул, ти шо очекуваш да кажат русите.;)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.068
Поени од реакции
12.616

Ако личните и/или професионалните мислења на одредени индивидуи и/или медиуми ги класифицираш како мислења на глупави или на паметни луѓе, тогаш слободно напушти го форумов, бидејќи тука нема место за таква класификација.

А кога сме кај Русите, не ќе биде лошо да го преиспиташ твојот личен став за нив, бидејќи на крајот на краиштата, тие тебе те хранат со нивната нафта, а наскоро и со гасоводот Јужен Тек, додека западноевропејците некако не делуваат заинтересирани за да им конкурираат на Русите на тоа поле.

А кога сме кај ставовите не само на Русите, туку општо на било кој, Абрахам Линколн најубаво рекол:

Можеш некои луѓе да ги лажеш цело време,
можеш сите луѓе да ги лажеш одредено време,
но не можеш сите луѓе да ги лажеш цело време.

Е сега кој кого лаже, останува на времето да покаже.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

Поголема глупост не бев чул. Извини, но нивната нафта бива наплатена на светски цени,а относно Jужен поток - ке си платат,кога сакат да преминат през суверена териториja и това е наполно нормално.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.068
Поени од реакции
12.616
Поголема глупост не бев чул. Извини, но нивната нафта бива наплатена на светски цени,а относно Jужен поток - ке си платат,кога сакат да преминат през суверена териториja и това е наполно нормално.
Цените се друга приказна, факт е тоа дека Лукоил извезува нафтени деривати од Бугарија, има работа за бугарските работници, а и бугарската економија заработува од тоа.

Ако ги нејќете Русите, слободно избркајте ги, тие ќе си ги преселат бизнисите во Романија, Србија или Македонија.

Поентата ми беше - не плукај врз раката која те храни.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Вистината за ЕУ која се премолчува
Каде итате Македонци? - кренете ја рачната навреме , да не биде онаа старата- дала баба 5 пари да се фати на оро , ама дава 10 за да се пушти од него.
‘Дали нашите политичари се свесни за она што му го прават на својот народ? Дали се свесни дека со влез во ЕУ за мн.кратко време сите добра ќе прејдат во владение (сопственост) на белосветската мафија и дека нашиот народец ќе биде најмена работна сила , подобро кажано робови? ’

Пример со возач на камион од Словенија кој на една-ТВ изјавил дека дневно работи по 16-18
часа за ГОЛА ПЛАТА,без платени прекувремни саати , без пари за платен топол оброк. Ако се побуни , неговиот газда едвај чека да го испрати под завод, а на негово место да вработи романец кој ќе му вози за пола цена,но истовремено газдата зборува како во ЕУ е супер, бидејќи секој месец си купува нов камион.
Бугар -зборува како Бугарија живела од извозот на овошје и зеленчук , а сега се’ увезуваат од ЕУ ,а државата се’ повеќе иповеќе се задолжува.
Унгарците зборуваат како станале наемни работници на( до вчера своите лозја- виногради), бидејќи французите најпрво ги уништиле со ниските цени ,за да кога унгарците не можеле повеќе да ги враќаат кредитите на банките , па од банките ги купиле за ситна пара скооро сите нивни виногради .Така сега најпознатиот унгарски виноград (Токај) http://en.wikipedia.org/wiki/Tokaj е во сопственост на англичаните.
Во Чешка ЕУ ги присили сопствениците на шеќераната да ја затворат фабриката , работниците ги отпуштиле ,а сето тоа само заради тоа што ЕУ има премногу шеќер,а го има затоа што го увезува од Куба и при тоа добро заработува.
Германија заради пречекорување на квотата на дозволено загадување - гплем дел од тешката индустрија ги префрла во Чешка.Единствениот човек кој успеа да собере 2+2 е чешкиот претседател Клаус кој тврди дека влезот на Чешка во ЕУ е жив промашај и во знак на протест не дозволува знамето на ЕУ да се закачи на неговата резиденција.
Ако ова и ред други работи кои намерно се премолчуваат верувајте дека не 50, туку 90% од граѓаните нема да сакаат да чујат за ЕУ , а не па да бараат влез во неа.
Само да не биде она - мижи бутај- влез во ЕУ,да не’ убутаат без мислење на народот ко што беше и во Холандија и Словенија кога преку испитување на јавното мислење сфатија дека народот е против влез во ЕУ , но веќе си ја завршија нагодбата, па кога се побуниле зошто не излегле на референдум , одговорот им бил;“ Па вие гласавте за оваа партија која во својата програма има влез во ЕУ и ние сега го извршивме она што во предизборната кампања го ветивме“.Зошто Уставот на ЕУ не пројде во франција и Холандија, зошто пребегаа кон лисабонскиот договор ?Затоа што ќе поминеа како во Ирска.
Зарем никој не гледа дека водечките членки на ЕУ( Англија, Франција, Холандија, португалија, Шпанија и Германија) сите по ред биле колонијални сили , дека колониите ги освоиле со војни , во тие војни испоубиле милиони луѓе и ограбиле се’ што можело да се ограби?.Но се’ што со оружје добиле ,со оружје и го изгубиле. Сега имаат полни музеи , но имаат и издајници (оние кои за нив војувале во сопсвената татковина против сопствениот народ) , и кои сега им се гоооолем проблем (во Франција: Мароканците, Тунижаните , Алжирците...) .
Лондон има преку 50% обоено население, а на што само личи Холандија? и сите се извор на криминал.
Сега имаат и едно големо искуство ,поучени од Аљаска која САД ја купи од рускиот цар доѓле до заклучок:се’ што ќе се одземе со оружје, со оружје може и да се врати, но и она што ќе се купи може само со купување да се поврати, па сега кренаа да го освојуваат светот на нов начин:со глобализација.
Што се крие зад глобализацијата?
Глобализацијата е колонизација без испукан куршум.
И ние наседнуваме на таквите хохштаплери, кои не’ учат што е тоа демократија, што е добро, што не, а до вчера сееја смрт низ светот истребувајќи цели цивилизации.
Па и така речено најголемите демократи на светов-САД, до неодамна имаа робови и до вчера не се возеа во исти автобуси со црнците.
И сега тактиката им е жртвата прво да ја фрлат на колена (најчесто преку финансиски задолжувања) а после доаѓаат со ковчежиња пари , адвокати и договори , и се’ што е вредно за кусо време си го менува сопственикот, и тоа за ситна пара бидејќи и кралот во пустина кога умира од жед , си го дава целото кралство за капка вода.
текстот е превземен од странска статија-но не е целосен ( ме мрзеше целиот да го преведам)
;)
Темава не ти е против ЕУ само, туку против системот капитализам. Таков систем има Македонија, а ако сакаме да успееме во систем кој сме го одбрале тогаш треба да ја избереме ЕУ, бидејќи без ЕУ сме многу мали за да си избираме трговски партнери надвор од ЕУ.
Ако веќе не го посакуваме тоа ќе пропаднеме заедно до македонскиот капитализам. Тогаш треба да се смени системот, а ако сме смени тогаш уште толку ќе заглавиме бидејќи сите трговски партнери ни се капиталистички земји. Тоа значи треба да се размислува за чекорите кои ги превзимаме во склоп на злото на капитализмот на ЕУ. ЕУ е создаден од Германија, затоа таа сака да ја спаси по секоја цена. Потребна е слободна економска зона за да го задоволи извозот бидејќи без него ќе пропадне. Таа живее од него. Не само Германија, Франција исто така, и други држави извознички во ЕУ. Ја споменав Германија затоа што е најголем извозник. Неконтролираното кредитирање на посиромашните членки на ЕУ се дозволи со цел да си дозволат да купуваат од Германија, а што ќе прават понатаму никој не знае. Но, нема да остане се така црно, ќе има реформи, но трагичното е што со тие реформи можеби ќе бидат уништени и држави, цели економии и работни места. Наше е да се држиме.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Држава им дадоа а после им го свртеа грбот со Хасбурговци.Па со Хитлер беа, па им плачеа после втората светска војна да им простат и им ветија дека ќе бидат поголеми руси од русите. Па денеска ене ги поголеми американци се од обама.

Но во таа ЕУ не кажуваат дека се претворија во модерна колонија, дека работат за странски фирми и дека истите тие им земаа се.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Инако видеото е руско. Кул, ти шо очекуваш да кажат русите.;)
Пирински, видеото е англиско само синхронизирано на руски
а, доколку не стоиш добро со рускиот( во што сумљам)- еве ти го во оригинално издание- ваљда подобро ќе го разбереш

Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Држава им дадоа а после им го свртеа грбот со Хасбурговци.Па со Хитлер беа, па им плачеа после втората светска војна да им простат и им ветија дека ќе бидат поголеми руси од русите. Па денеска ене ги поголеми американци се од обама.

Но во таа ЕУ не кажуваат дека се претворија во модерна колонија, дека работат за странски фирми и дека истите тие им земаа се.
Славиански, отдамна те читам. Или си голем лицемер, или си изминал голема еволјуциа од умерен и реален форумджиа кам голиам антибугарист.
Тука темата е ЕУ, а не Бугариа.
Кул, го знам рускиот по добро од тебе. Знам руската позициа. Она е како на сички надвор од ЕУ.
СИЧКИ ГО ПЛУКАТ, АМА СИЧКИ САКАТ ТАМО ДА СТУДИРАТ, ЖИВЕАТ И РАБОТАТ.
Секи сака Мерцедес, Опел или Ауди, а никои не сака Лада.
Ногумина сакаме Русиа, ама никои не сака да живее тамо и да купува нимни промишлени производи.ФАКТ.
Само кажах вистината.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Славиански, отдамна те читам. Или си голем лицемер, или си изминал голема еволјуциа од умерен и реален форумджиа кам голиам антибугарист.
Тука темата е ЕУ, а не Бугариа.
Кул, го знам рускиот по добро од тебе. Знам руската позициа. Она е како на сички надвор од ЕУ.
СИЧКИ ГО ПЛУКАТ, АМА СИЧКИ САКАТ ТАМО ДА СТУДИРАТ, ЖИВЕАТ И РАБОТАТ.
Секи сака Мерцедес, Опел или Ауди, а никои не сака Лада.
Ногумина сакаме Русиа, ама никои не сака да живее тамо и да купува нимни промишлени производи.ФАКТ.
Само кажах вистината.
Јас ја сакам Бугарија и тој народ таму, сто пати сум рекол и па ќе речам, многу наш народ живее таму, можат работите многу понаку да се постават, но никако врз негирањето на Македонскиот народ и историја.Секогаш кога ќе постои намера за било каква соработка, јас прв ќе бидам на редот и ќе ја тргнам историјата.

Русија во годините на Путин се менува на подобро. Нема надворешни долгови, расте стандардот, се реформира армијата, црквата се возобновува, и да, не е идеално, далеку од идеално.
Треба борба против корупцијата, но и ЕУ се повеќе станува корумпирана заедница, па баба ми не го фризираше извештајот за Грција од пред некоја година.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.068
Поени од реакции
12.616
Темава не ти е против ЕУ само, туку против системот капитализам. Таков систем има Македонија, а ако сакаме да успееме во систем кој сме го одбрале тогаш треба да ја избереме ЕУ, бидејќи без ЕУ сме многу мали за да си избираме трговски партнери надвор од ЕУ.
Ако веќе не го посакуваме тоа ќе пропаднеме заедно до македонскиот капитализам. Тогаш треба да се смени системот, а ако сме смени тогаш уште толку ќе заглавиме бидејќи сите трговски партнери ни се капиталистички земји. Тоа значи треба да се размислува за чекорите кои ги превзимаме во склоп на злото на капитализмот на ЕУ. ЕУ е создаден од Германија, затоа таа сака да ја спаси по секоја цена. Потребна е слободна економска зона за да го задоволи извозот бидејќи без него ќе пропадне. Таа живее од него. Не само Германија, Франција исто така, и други држави извознички во ЕУ. Ја споменав Германија затоа што е најголем извозник. Неконтролираното кредитирање на посиромашните членки на ЕУ се дозволи со цел да си дозволат да купуваат од Германија, а што ќе прават понатаму никој не знае. Но, нема да остане се така црно, ќе има реформи, но трагичното е што со тие реформи можеби ќе бидат уништени и држави, цели економии и работни места. Наше е да се држиме.
Капитализмот, односно слободната пазарна економија, не е создадена од ЕУ, туку води потекло уште од времето кога цивилизациите за прв пат почнале да тргуваат меѓусебно, а менувањето на принципот на трговија од тргување на јаболка за круши кон плаќање со злато, па со сребреници и така натаму, се до денешниот систем на тргување со валути, е нешто најнормално и секојдневно и не се должи на постоењето на ЕУ.

На крајот на краиштата, некои луѓе велат дека прашање на време ќе биде додека и печатените и кованите пари ја изгубат својата функција, па сите преминеме кон електронско плаќање, така да тоа е во целост нормално, иако јас лично сум против целосно укинување на монетите и банкнотите и преминување кон електронски пари, бидејќи електронската трговија секогаш е предмет на измами, а останува фактот дека секогаш има место за електронска грешка, се случувало во минатото и ќе се случува и во иднината.

И да, во право си, ќе има реформи, односно веќе има реформи, во Брисел се погласно повикуваат на тоа Грција да и дозволи на Европската Комисија да има право да одлучува за буџетот на Грција, односно Грција во целост да ја изгуби својата финансиска сувереност, да, нема се да остане така црно, бидејќи веќе се движи кон апсолутна темнина, а во апсолутна темнина нема бои.

И што ако пропаднеме со македонскиот капитализам ?

Исланд банкротираше во 2009, се соочи со сопствените долгови и со сопствените неуспеси, и денес е една од најмалку задолжените држави во Европа, од наједноставна причина бидејќи одби да форсира спасување на нешто што не може да се спаси, а истото важи и за грчката економија и за постоењето на ЕУ.

ЕУ не може да опстои како демократска меѓународна организација, веќе го покажа и докажа на дело тоа со преименувањето на Европскиот Устав во Лисабонски Договор и задушувањето на било каков обид истиот да биде прифатен или одбиен на референдум во било која држава членка на ЕУ.

ЕУ сеуште покажува и докажува на дело дека не може да опстои како демократска меѓународна организација со тоа што им забранува на гејците да излезат од евро-зоната, да прогласат банкрот и да си ја реструктуираат сопствената економија.

И како ваква, ЕУ може да опстои само ако се дава уште повеќе централизирана моќ на евробирократите во Брисел, бидејќи моментот кога ЕУ и евробирократите во Брисел ќе престанат да консумираат се повеќе и повеќе моќи и овластувања, ќе биде моментот кога ЕУ ќе почне да се распаѓа, а на нас останува да се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро и да се надеваме дека Македонија нема да биде дел од таа корумпирана структура кога истата ќе се распадне како кула од карти.

Славиански, отдамна те читам. Или си голем лицемер, или си изминал голема еволјуциа од умерен и реален форумджиа кам голиам антибугарист.
Тука темата е ЕУ, а не Бугариа.
Кул, го знам рускиот по добро од тебе. Знам руската позициа. Она е како на сички надвор од ЕУ.
СИЧКИ ГО ПЛУКАТ, АМА СИЧКИ САКАТ ТАМО ДА СТУДИРАТ, ЖИВЕАТ И РАБОТАТ.
Секи сака Мерцедес, Опел или Ауди, а никои не сака Лада.
Ногумина сакаме Русиа, ама никои не сака да живее тамо и да купува нимни промишлени производи.ФАКТ.
Само кажах вистината.
Само ја кажа твојата вистина, односно твојот став, што не значи дека е став и на останатите, барем на форумов, ако не и во целиот свет.

А споредбите кои ги правиш се тотално бесмислени, како за почеток, кои се тие "сите" за кои ти зборуваш, за кои велиш дека сакаат германски автомобили, а не сакаат руски автомобили ?

Дали ги познаваш ти лично тие "сите" ?

Дали лично ти кажале дека сакаат германски автомобили, а не сакаат руски автомобили ?

Не мораш да одговориш на прашањава, само ќе те замолам да се држиш до темата, како што и ти самиот спомна, темата е Вистината за ЕУ која се премолчува, а не кој кого и/или што сака повеќе.
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
ЕУ има и убави и лоши страни. Убавите - слободно движение на хора и стока, со сила карането на корумпирани политичари од балкански земи да почитуват закони, ... и ного други.
Но има и лоши, понекогаш апсурдни одлуки. Например - БГ ке биде казната оти во магазините се продават jаица от несрекни кокошки. Требувало да бидат от срекни. Имаше нешто и за краставиците, колко прави требувало да бидат. Глупости на таркалета.
Славиански, ас лично сум тука оти сакам МКД и македонците. Понекогаш со некои исторически факти, не со сите не сум согласен ама това не мени моето мнение.
Веруваите ми, по 15-20 години ке разберете дека ние сме ви приатели. Знаеш за шо сборам.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 21:41 ---
Декстер, ти сакаш да имаш Лада Калина наместо VW Golf 6? :facepalm: Или сбориш само да се наидеш на моабет. Ас лично не знам таков човек. Дури директорот на Лада сигурно е со Мерцедес.
Абе шо се замарам со глупости наместо да ида да пиам мелнишко вино со мрвки.
Аиде
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Пирински,
Ќе ја тргнеме историјата.
Ако оставиме да говори, песната, орото, нашите адети, што сме ние ?
Едно исто.
Не разделија со една цел, да не направат слуги.

Не е тука до ЕУ само и до нас.
Ќе ти дадам конкретен пример, па ти можеш да ми кажеш дали е така и во Бугарија.
Сите млекари во Македонија ги купија странци.
Денеска купив сирење, као жена ми пита ќе прави, децата ми викаат, тато што смрди како во зоолошка гадина.
Секој пат кога ќе купуваш јогурт, сврти од позади и гледај дали има бројки.
До 6 пати е дозволено повторна обработка на јогуртот на кој му изминал рокот.
А и јогуртот и сирењето потекнуваат од нашите краишта.
Цел живот сум јадел домашно сирење од пасиштата на Црцорија и знам што е квалитет а знам што е лајно запакувано во убава амбалажа.

Ние тукашните требаше да направиме Балканско сирење, балканско кисело млеко, балкански јогурт.Брендовите да се наши.Тоа е развој.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Ногумина сакаме Русиа, ама никои не сака да живее тамо и да купува нимни промишлени производи.ФАКТ.
Само кажах вистината.
не ги сакаат нивните производи -ти е премногу општо
Точно е дека Русија заостанува во масовното произвоство на техника и електроника , но е со огромен потенцијал за развивање во таа област пред се’ со новите државни програми воспоставени во времето на претседателствувањето на Медведев особено во областа на нано технологијата.
меѓутоа, кога станува збор за авио и ракетната,односно комплетната воена технологија таа е водечка .
Исто така, во областа на експлоатација и извоз на природни ресурси и храна таа е вон конкуренција и тоа на светско ниво.
Економскиот развој на Русија е енормен- тоа оддамна го зеде впредвид цел свет , но нашите држави Македонија и Бугарија некако по дефиниција чувствуваат неоправдана одбивност кон неа( можеби за БГ донекаде оправдана) иако јас сметам дека не е, бидејќи Русија историски најмалку два пати ја спасува Бугарија.
На крајот на краиштата Бугарија нема каде да оди , ако не во прегратките на Русија - не заради љубов кон неа, туку заради реален интерес.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.068
Поени од реакции
12.616
ЕУ има и убави и лоши страни. Убавите - слободно движение на хора и стока, со сила карането на корумпирани политичари од балкански земи да почитуват закони, ... и ного други.
Но има и лоши, понекогаш апсурдни одлуки. Например - БГ ке биде казната оти во магазините се продават jаица от несрекни кокошки. Требувало да бидат от срекни. Имаше нешто и за краставиците, колко прави требувало да бидат. Глупости на таркалета.
Славиански, ас лично сум тука оти сакам МКД и македонците. Понекогаш со некои исторически факти, не со сите не сум согласен ама това не мени моето мнение.
Веруваите ми, по 15-20 години ке разберете дека ние сме ви приатели. Знаеш за шо сборам.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 21:41 ---
Декстер, ти сакаш да имаш Лада Калина наместо VW Golf 6? :facepalm: Или сбориш само да се наидеш на моабет. Ас лично не знам таков човек. Дури директорот на Лада сигурно е со Мерцедес.
Абе шо се замарам со глупости наместо да ида да пиам мелнишко вино со мрвки.
Аиде
По трет пат ќе те замолам:

Држи се до темата !!!

Инаку, да, секако дека ги има илјадници глупости во ЕУ кои не држат вода, како што беше теоријата која ја извадија во 2011 според која, водата не хидрира.

Но оваа тема се однесува на Вистината за ЕУ која се премолчува, а не на вистината за ЕУ која веќе ја знаеме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom