Високи потпетици или нешто полежерно?

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
На што сте навикнати и што сакате повеќе да носите,високи потпетици или нешто полежерно и покомотно за ногата.Јас сакам САМО високи потпетици,веќе толку сум навикната што не ми претставува никаков проблем кога ги носам(секако носам и патики ако е потребно,но најчесто сум НА ВИСОКО :kesa: )













































 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Се зависи од приликата.Ако станува збор за некој посвечен настан искачање или не знам уште што дефинитивно високи потпетици наречени штикли:wink:А за секојдневни излегување школо,факс,кафиња нешто полежерно,патика балетанка чизми..
Инаку приложените слики се преубавииииии:helou::pipi:
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Штикли! :drk: Меѓу најголемите љубови на мојот живот, и тоа високи. ПатичиНа на школо и на секое друго место кај што треба. А навечер рецимо, ама ич не ми требаат. :) И преку ден се дешава додуша, ама пак, за на улица, не сколија. :)
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Зависно од приликата ама и од расположението. Расположението често ми влијае и на висината на потпетиците, значи тука зборувам за избор кој се сведува меѓу штикла или штикла, а не меѓу штикла и полежерни обувки. За лежерни прошетки избирам лежерни обувки, најчесто патики или балетанки. За дневни кафе сеанси најчесто чевли со пониски потпетици. На работа не сум воопшто ограничена во изборот на чевли, така да, се зависи од денот, може да се појавам во патики, балетанки, штикли, зависи после какво искуство сум се разбудила сабајлето. За вечерни излегување строго штикли.
Сумирано, не сум ограничена на носење или преферирање одреден тип на обувки. Подеднакво обожавам патики и потпетици и ги носам едните или другите соодветно на приликата.
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Обувките ми се фетиш, купувам по 7-8 пара обувки во сезона:kesa:, просто се исклучувам и по автоматизам, како хипнотизирана влегувам и купувам-чизми, сандали, чевли.....и тоа во 90% од случаите се на 10+ цм. високи потпетици, но задолжително мора да се квалитетни, со добро лежиште за стапалото и со убав пад на потпетицата. Немам проблем да носам олку високи потпетици, но понекогаш, особено кога имам планирано подолго да пешачам знам да носам и рамни обувки.
Патики носам само за на фитнес или на излет во природа.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Патики и не носам :)
Штикли постојано. Што да правам кога ги обожавам :pipi:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Која девојка не сака чевли со високи потпетици? :)

Е преку ден носам чевли речиси сосема рамни или мала штикла или патики си носам.
Ама навечер без исклучоци висока потпетица. Освен ако не сум расположена и да земам рамни чевли. Обожавам чевли секакви и имам од тие со штикла од 1 цм до тие со штикла до 10-12 цм. Ги обожавам :pipi:

Сакам ваква соба:vozbud:
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
Која девојка не сака чевли со високи потпетици? :)
Јас мајке ми:icon_eek:
Еднаш за матурска и од тогаш сакн штикла! Еден пар чевли немам со штикла!
Најзастапена обувка ми се балетанки, навлечена сум на конверс старки и класични адидаски(тоа кога сум во YO мадафака расположение)таков раперски шмек ми даваат! Утре одам да си ги купам едни патичиња со лепенки:vozbud:од кога мерак ми прават, чоколадни со бронзени лепенки, леле, леле шо носење ќе им опнам! Апостолки и рамни сандалки, римајнки многу си почитувам, облечи соблечи летно време! Многу бои и модели поседувам од римјанките а и секси ми се некако...
Црни кожни чизмички за зимски денови! Исти ѓавол а дење а ноќе, два три пара обично ми се на располагање, за кои ми се прави ќеф тие ги облекувам!
Не ги делам бе на чевли за на вечер и за преку ден! Ами ако ми се излегува во старките ќе си излезам зар шо! Нормално после следуваат критики од сестра ми-гуруто, ми е гајле:pipi:

По дома калци, низ дворови боса, до кај Боб дуќанчено и довде -донде по топлинки!:salut:
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Знам да опнам штикла у некоја ептен прилика ама па кај мене и нема некои такви прилики.. Не сум таков тип.. И искачање не ми е класично искачање по кафичи или дискачи така да приземјено.. Шпартам по град по цел ден.. Уште штикли да носам и ќе извршам самоубиство.. Патики рулЗ!!! :pipi:
 

Cruela DeVill

THE BEST DAMN THING
Член од
15 август 2008
Мислења
222
Поени од реакции
14
јас сум во патики по дифолт ... единствено знам да облечам високи потпетици за излегување
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.018
Која девојка не сака чевли со високи потпетици? :)
Јас!:)
Пре би носела патики.Не ми е удобно во штикли,ич не сум навикната и често се сопнувам.
Златни патичиња:back:
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Патиките се мојата најголема љубов...како што 90% од женските сакаат плакар со милион пара штикли јас така сакам со патики:)
Носам и високи потпетици но само навечер за искачање
Можам со саати без проблам да сум на високи потпетици ама ниското е најубаво..балетаники и патики:pipi:
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Обожавам високи штикли! Секогаш сум на висина од барем 7 сантиметри, ама омилена висина ми е 10ка.Секој ден по 8 саата сум на штикли, а ако испаѓам и вечерта, пак. Едно време не можев да одам на ниско, ме болеа стапалата (изгледа последица или некој деформитет од постојано носење штикли) па решив почесто да носам патики, и сега навикнувам.Не можам да купам штикли со мала висина од 3 сантиметри или слично, оти некако грдо ми личат. Се знае, најубаво, висина од 10 до 12, и шибај!
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Носев до пред 3 месеци турбо високи потпетици и дење и ноке гајле немав да стојам на нив не ми претставуваа никаков проблем, ама еден ден незнам ни сама како ја свиткав ногата па морав да си купам преку нок ниски затоа што немав, а патики не носам во никој случај.И века 3 месеци немав облечено високо до минатата среда кога излегов и ми удрија тачките во глава да облечам штикли, ПЕКОЛ ми беше вечерта одавј чекав да си одам дома се шекнав нозете ке ми пукнеа.
Веројатно не беше мала паузата што ја направив од високо на ниско и тоа ми е проблем сега во моментот да се навиканам пак.
А обожавам високо:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom