Зависно од приликата ама и од расположението. Расположението често ми влијае и на висината на потпетиците, значи тука зборувам за избор кој се сведува меѓу штикла или штикла, а не меѓу штикла и полежерни обувки. За лежерни прошетки избирам лежерни обувки, најчесто патики или балетанки. За дневни кафе сеанси најчесто чевли со пониски потпетици. На работа не сум воопшто ограничена во изборот на чевли, така да, се зависи од денот, може да се појавам во патики, балетанки, штикли, зависи после какво искуство сум се разбудила сабајлето. За вечерни излегување строго штикли.
Сумирано, не сум ограничена на носење или преферирање одреден тип на обувки. Подеднакво обожавам патики и потпетици и ги носам едните или другите соодветно на приликата.