А според кои параметри не не бива? Работиш ко доктор/научник/инжинер па си увидел дека најизбрусените дијаманти се мажи? Оо топ 1% од најјаките во секоја професија биле мажи. Дај статистика да видиме.
Колкав контакт имаш со професиите кои ги наброја па да даваш вака мислења? До ИТ не успеа да припариш, едно време те имаше во програмирање подфорумот, се жалеше дека не можеш да стигнеш до интервју. Пошо ме заинтригира сеа со муабетов отворив да ти ги прочитам мислењата и гледам после 2-3 години си се откажал од програмирањето. Дури и си се жалел дека било скоро исто како за влез во администрација, ти требале врски. Не ти требаат врски ама полето е компетитивно. Е сеа ако не може да се пробиеш ни како просечен во сферата, како си даваш за право да коментираш каква е способноста на мажите и жените во истото и кои се top performers?
Ко некој шо работи во ИТ, пошо го интересира на
@МоралноПолитичкиНеподобен шо работам, I’m gonna let you in on a little secret: застапеноста на шит програмери и дијаманти е подеднаква кога ќе се земе во предвид родовата застапеност во сферата. Се останато е просечно.
Која плоча да ја смениме? 5 страни уназад аргумент на сите мажи за родовата “не”еднаквост е дека жените не работеле во професии кои се физички позахтевни. Сме работеле во полесни професии. За таа плоча зборуваме? Демек, кога ќе почнат жените да копаат руда тогаш навистина ќе сме еднакви?
Кој од мажите на темава копа руда или работи физичка работа? Или убаво звучи да се напише на форум, после завршување на канцелариската работа, а некој отепан без пари, експлоатиран до смрт нека копа руда и нека чисти улици. АмА мАжИтЕ рАбОтАт тЕшКи фиЗиЧкИ рАбОти.