Наспроти тврдењата на човекојадната организација Светски Економски Форум дека светот е пренаселен стојат официјални владини статистики од скоро секоја земја во светот: сѐ помалку се раѓаат деца. За владите и политичарите, избрани или не, тоа е проблем: помалку деца денес значи помалку луѓе утре од кои ќе се прибира данок, помалку работна сила, помалку фирми се отвараат (уште еден извор на данок), помал обем на производство, килав раст на БДП ако и го има, тоа одма ќе се види на берзата, осипување на школскиот систем зашто има помалку деца за образување... а нели некој треба тие политичари да ги гласа (кои идни политичари се синчиња и ќеркички на денешнава елита/“елита“) и тоа политичарите ги погаѓа директно. Настрана сите етички муабети дали човечкиот вид треба да се продолжи, дали е вирус на планетата и паразит итн. Владите преземаат мерки за справување со депопулацијата од чисто прагматични побуди за опстанок на елитата, не затоа што се некој збир на човекољупци и високо етички суштества.
Владите од поразвиените земји на предвидлив начин приоѓаат кон тој проблем: фрлаат пари кон проблемот во очекување да се реши. Со децении. Евидентно е дека тоа не дава резултати. Гледајќи од нив, владите на не толку развиените земји исто така идат по тој пат. Без разлика што поразот е очигледен.
Која е алтернативата на фрлањето пари кон проблемот на депопулација? Законски да ги обврзат жените да раѓаат? За денешниве елити изгласани од феминисти тоа е неприфатливо. Да можеа мажите и да раѓаат, досега веќе ќе бевме законски обврзани да раѓаме, модернава елита не ни трепнува кога треба да ја жртвува машката популација. Меѓутоа кога ќе треба од жените како колектив да се очекува одговорност и алтруистичка иницијатива (ама и поединечно, да не се лажеме) која можеби ќе резултира со саможртва, таквиот предлог станува крајно неприфатлив, на ниво на ерес.
Развиените земји/нивните елити ќе увезуваат население од понеразвиените но изворот не е неисцрпен. Македонија не е сама со тој проблем на депопулација и “сите заминале во Дојчланд“. И тој извор е на пат брзо да пресуши. Колку и да е налудничав проектот на вештачка утроба и нарачка на бебиња по генетска кројка, да не нѐ изненади некој ден некој од истражувачкиве новинари да ни каже дека владата на земјата таа-и-таа има ставка во буџетот за развој на вештачка утроба за симулирање бременост со цел раѓање деца од стаклен балон наместо од жена.
Феминистиците можеби ќе имаат причини за славје зашто ќе здивнат од погледите на роднините “ќере ќе раѓаш ли, ти мине времето“, меѓутоа размислете како владата/елитата на едно општество би избрала меѓу двете опции за пол на децата од стаклен балон: дали би имале повеќе корист од машко дете иден воин, работник, мајстор, научник со храброст, мускули, мозок и вграден код за саможртва или од девојче слабо, плачливо, чувствително, ранливо, егоцентрично, пребирливо, себично кое себеси постојано се гледа како жртва.
Бебето од стаклен балон би претставувало референдум за феминизмот, референдум за постоењето на женскиот род: за сите други улоги на жената во домаќинството се измислија машини. Сега иде ред на последната преостаната улога да се механизира: раѓањето и одгледувањето деца.