Енергетскиот проблем е многу битен за напредонокот на една држава. Нашиот платен биланс, стаднард на живеење, како и индустриски/производен потенцијал е тешко оптеретен од увозната енергетска зависност - читај немањето на домашни капацитети за задоволување на побарувачката. Сепак мислам дека ветерниците се можеби најлошиот начин за произведување на енергија после етанолот од пченка(таму повеќе се троши одколку произведува).. Шалата настрана едно е сигурно дека за енергетска независност ние треба да се интересираме за добивање најмногу енергија по единица инпут - а тоа никој не може да ви каже дека не е нуклеарна. Се разбира ќе ме цитирате со најновите случувања во Јапан, ама треба да знаете дека и покрај се шансите за топење на јадрото на модерен пасивен реактор(француски) се скоро никакви дури и при земјотрес. Е сега 7миот земјотрес во историјата предизвика одредени проблеми со ладњето, но како и после секој инцидент така и после овај највероватно е дека ќе се амендираат безбедносите процедури и ќе се најдат начини за експресно ладње и доведување на струја до реакторот. Останува да видиме што ќе се случи, но фактот останува - нуклеарната енергија е она што може да ни дозволи да патуваме Битола-Скопје за 45 мин и за 50 денари. И не се само електричните возови - тука е и енерго-интезивното производството, како и извозот на енергија ако имаме доволно. Една 1000 мегаватна централа кошта 1.6 мил. УСД.. Со една таква централа ние можиме да ја задоволиме целосно домашната побарувачка, како и да си ја вратиме инвестицијата целосоно само од извоз да вишокот енергија.
Но да се вратиме да ветерниците. Ветерницте бараат многу повисока инвестиција и се многу по не стабилни т.е не може да се има сигурност во испораката. Друга алтернатива можеби се мини/микро варијанта на хидроцентрали. Ова изгледа толку привлечко за секој еден со самиот факт што можеш да купиш нива/место близу брза река за многу ефтини пари. Опремата исто така не кошта многу. Практично со малку заштеда секое семејство ќе може да си произведе струја, а некој и ќе продаде. Проблемот тука е секако државната регулација која има прво неколку илјади гарагунтаски клаузули,прописи, закони, концесии и слични бариери - чие прејдување пак не оправдано под одреден капацитет многу повисок од стандардна мини хидроцентрала.
И конечно дали ни требаат ветерници ? Не не мислам дека ни требаат толку мали и незначителни, многу скапи и многу нестабилни извори на енергија. Многу подобро е да се фокусираме да ги насочиме инвестициите кон нешто што ќе има некаков ефект врз енергетската слика врз Македонија. Ние сме држава што не може да си го дозволи лукзусот да промовира чиста енергија. И на крајот Франција е добар пример од кој што можеме да научиме нешто.