Пошто гледам никој не ти одговорил на прашањето ќе пробам јас. Прв проблем е фактот што не е сериско производство. Ако не е сериско производство тоа значи дека почетните трошоци (студии, прелиминарен дизајн, тестирања, цертифицирања итн.) ќе бидат распоредени на мал број ветерници што значи поголем трошок по ветерница. Чист пример коли, ферари на пример, во „сериско“ производство кошта 300 000, а „лимитирани“ едиции коштаат по милион и више.
Втор проблем е комлексноста да се дизајнира и да се направи една турбина. Незнам дали си имал прилика во живо да видиш некоја, ама навистина се огромни. Знаат да бидат над 100 метри високи, кракот на пропелерот да биде над 30-40 метри (60-80 метри диаметар) и да тежат 150 - 200 тона. Е сега тој материјал за стуб кошта а баша и темел треба 10тина метри да се ископа и да се напуни со цемент.
Следен проблем е „пропелерот“ што всушност замисли го како крило од авион долго 30 метри. Тоа треба да се дизајнира, тестира подложност на вибрации и структурни стресови и да се изгради со современи композити кои се и скапи и коплицирани за изработка, за да се добие лесна структура. Плус и покрај тоа што пример ке биде дизајнирано за 20 м/с просечен ветер, таа ветерница треба да изджи и бури од 50м/с без да се оштети. Така да на еден крак ќе имаш голем број аеро профили и треба знаење, време и тестирање за тоа да се оптимизира.
На крај зашто се создава енергија од кинетичка енергија преку механичко движење и ветерот и не е баш некој голем извор на енергија, триењето и слични загуби треба да се сведат на минимум, што доведува пак до употреба на скапи материјали, производствени процеси и знаење. Истотака генераторот во турбината е колку една кола и на крај треба цела оваа скаламерија да ја направиш да може да ротира со серво за да биде секогаш во правец на ветерот.
Сето ова придонесува да една ветерница кошта милиони евра. Чисто да добиеш представа колкави можат да бидат (само пропелерот поголем од 747, и повисоки од статуата на слободата и биг бен):