Ветерници во Македонија

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Веке подолго време се најавуваат инвестиции и изградба на ветерници во Македонија,па знае ли некој до каде е работава.Инаку гледав на тв пред некој ден дека во македонија незнам во која општина,во некое населено место уличното осветлување се спроведувало со струја произведена од ветерници.Па и ме интересира дали има шанса вакво нешто да може да се направи и на сопствена куќа(се разбира помала ветерница),и да се користи добиената струја за сопствена употреба,односно во домакинството.

:salut:
 
А

Ајсшутер

Гостин
Најново што слушнав е дека испитувањата за воздушните струења се завршени и се покажале како позитивни, предуслов за распишување тендер беше првен да имаат документ дека навистина постојат струи тука. Како што слушнав заинтересирани инвеститори имало од Англија, Италија и целиот проект ќе чинел околу 40 милиони евра, и ќе се граделе 27 по течението на Вардар ова го изјави барем градоначалникот на Валандово.
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Кога ќе рече Грујо може да се граде тогаш. Ама дури се пере пари вака нема потреба од тоа. :jaj:
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
А во Велес ќе има ветерници? :jaj:
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Стануваме Холандија?

Топ, можда и марихуаната ќе ја легализираат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Стануваме Холандија?

Топ, можда и марихуаната ќе ја легализираат.
Да бе , уште и брак меѓу педери да дозволат, милина :pos2:
А за ветерниците,хмм добра идеја, али на хартија,како и све друго кај нас, покрај Вардар ќе вираат ветерници,дува силен ветар, уште само да се направат....:nesum:
 
T

Tetro

Гостин
Како што трошиме енергија во последниве 10-15 години, доколку продолжиме така, нафта ќе нема за едно 20 години, земен гас за 25 и јаглен за едно 35-40 години.

Како неконвенционелен и неисцрпен извор на енергија, силината на ветровите можеме да ја сватиме како неопходна за нашето функционирање.

Дали сте знаеле дека за да се добие енерѓија од 60[W], ни треба ветар со 10[m/s], на површина од 1[m^2]?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Можеби , а знаете ли колку пари чинат, добиени со ветер...тие 60 Wata???? Онака сурови, а колку пак кога ќе се изпеглаат за во мрежа???
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Чинат многу. Ветерниците се многу скапа инвестиција. Имаше досега милон најави за инвестиции, но ништо не бидна. Би требало повеќе пари да се инваетираат од државата преку ЕЛЕМ во алтернативни извори на енергија (и воопшто во секакви енергетски централи), не да се чека само на стрнски инвеститори. Не ми се допаѓа воопшто политиката да се привлекуваат странски инвеститори во енергетскиот сектор. Тие бараат специфичен третман. Исто така цената на струјата е многу ниска кај нас а инвестициите се високи, работна сила има многу малку (а и нема такви кадри кај нас). Па која е тука нашата компаративна предност? Овие инвеститори треба да потпишат договор енергијата да ја продаваат во Македонија, на ЕВН по регулирана цена, а не на слободен пазар. Тоа значи дека енергетскиот сектор кај нас функционира како во социјализмот. Кој е луд тогаш да инвестира во Македонија. Ќе инвестира било каде на Балканот, секаде е струјата поскапа. Власта не се осудува да ја поскапи струјата поради социјални причини, нити пак да ја субвенциониа оти е прескапо. Во таква ситуција според мене најдобро решение е да се инвестира од страна на ЕЛЕМ и ви мали хидроцентрали, и во ветерници и во соларна енергија, а не е лошо и да се субвенционира набавката на сончени колектори за домаќинства како и да се пропишат стандарди за енергетска ефикасност, пред се во јавниот сектор а постепено и во фирмите и индивидуалниот сектор.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Во овие времиња, се е убаво да се гради и хидроцентрали; и ветерници; и сончеви колектори само да има струја, зошто ако продолжиме вака до 2015 година или ќе немаме струја, или пак увозот на струја ќе се зголеми од 30% на 60% (ќе додадат плус 10% намерно за да украдат некоја пара повеќе „кравите индиски“) .А ако се зголеми увозот на струја тогаш и С.Кореја нема да ни биде рамна, ќе живееме во деветнаесети век со кандило и со фенери од тиква ќе го пречекуваме Дедо Мраз на санката од титаниум, нарачана од Топ Шоп на 0500 400 - You're screwed.... Времето отчукува......
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Во овие времиња, се е убаво да се гради и хидроцентрали; и ветерници; и сончеви колектори само да има струја, зошто ако продолжиме вака до 2015 година или ќе немаме струја, или пак увозот на струја ќе се зголеми од 30% на 60% (ќе додадат плус 10% намерно за да украдат некоја пара повеќе „кравите индиски“) .А ако се зголеми увозот на струја тогаш и С.Кореја нема да ни биде рамна, ќе живееме во деветнаесети век со кандило и со фенери од тиква ќе го пречекуваме Дедо Мраз на санката од титаниум, нарачана од Топ Шоп на 0500 400 - You're screwed.... Времето отчукува......
Без паника, колку пати да повторам овде:..2017 слетуваат Клингтонците, енергетскиот проблем станува минато....старата шега :во македонска земја..брцни п'рчка..пи вино , ќе се модифицира во: брцни Клингтонска направија ...троши струја колку сакаш....:)
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Според Vestas Wind System, Романија има највисок потенцијал за развој на производството на енергија од ветер, во споредба со другите држави во Источна Европа за следните 5 години, каде средната брзина на ветерот е 25,2 км/ч.

http://greentech-bg.net/?p=7286&utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed:+Greentech-bg+(GreenTech-BG)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Во овие времиња, се е убаво да се гради и хидроцентрали; и ветерници; и сончеви колектори само да има струја, зошто ако продолжиме вака до 2015 година или ќе немаме струја, или пак увозот на струја ќе се зголеми од 30% на 60% (ќе додадат плус 10% намерно за да украдат некоја пара повеќе „кравите индиски“) .А ако се зголеми увозот на струја тогаш и С.Кореја нема да ни биде рамна, ќе живееме во деветнаесети век со кандило и со фенери од тиква ќе го пречекуваме Дедо Мраз на санката од титаниум, нарачана од Топ Шоп на 0500 400 - You're screwed.... Времето отчукува......
Врз основа на што го тврдиш ова? Баш ме интересира.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Врз основа на што го тврдиш ова? Баш ме интересира.
Ќе почекаш малце да го најдам податокот (ако успеам да го најдам зошто го сменив стариот комп. со новиот).Јбга цитираш мое мислење од пред 100 години, технологијата оди напред. :)
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Енергетскиот проблем е многу битен за напредонокот на една држава. Нашиот платен биланс, стаднард на живеење, како и индустриски/производен потенцијал е тешко оптеретен од увозната енергетска зависност - читај немањето на домашни капацитети за задоволување на побарувачката. Сепак мислам дека ветерниците се можеби најлошиот начин за произведување на енергија после етанолот од пченка(таму повеќе се троши одколку произведува).. Шалата настрана едно е сигурно дека за енергетска независност ние треба да се интересираме за добивање најмногу енергија по единица инпут - а тоа никој не може да ви каже дека не е нуклеарна. Се разбира ќе ме цитирате со најновите случувања во Јапан, ама треба да знаете дека и покрај се шансите за топење на јадрото на модерен пасивен реактор(француски) се скоро никакви дури и при земјотрес. Е сега 7миот земјотрес во историјата предизвика одредени проблеми со ладњето, но како и после секој инцидент така и после овај највероватно е дека ќе се амендираат безбедносите процедури и ќе се најдат начини за експресно ладње и доведување на струја до реакторот. Останува да видиме што ќе се случи, но фактот останува - нуклеарната енергија е она што може да ни дозволи да патуваме Битола-Скопје за 45 мин и за 50 денари. И не се само електричните возови - тука е и енерго-интезивното производството, како и извозот на енергија ако имаме доволно. Една 1000 мегаватна централа кошта 1.6 мил. УСД.. Со една таква централа ние можиме да ја задоволиме целосно домашната побарувачка, како и да си ја вратиме инвестицијата целосоно само од извоз да вишокот енергија.

Но да се вратиме да ветерниците. Ветерницте бараат многу повисока инвестиција и се многу по не стабилни т.е не може да се има сигурност во испораката. Друга алтернатива можеби се мини/микро варијанта на хидроцентрали. Ова изгледа толку привлечко за секој еден со самиот факт што можеш да купиш нива/место близу брза река за многу ефтини пари. Опремата исто така не кошта многу. Практично со малку заштеда секое семејство ќе може да си произведе струја, а некој и ќе продаде. Проблемот тука е секако државната регулација која има прво неколку илјади гарагунтаски клаузули,прописи, закони, концесии и слични бариери - чие прејдување пак не оправдано под одреден капацитет многу повисок од стандардна мини хидроцентрала.

И конечно дали ни требаат ветерници ? Не не мислам дека ни требаат толку мали и незначителни, многу скапи и многу нестабилни извори на енергија. Многу подобро е да се фокусираме да ги насочиме инвестициите кон нешто што ќе има некаков ефект врз енергетската слика врз Македонија. Ние сме држава што не може да си го дозволи лукзусот да промовира чиста енергија. И на крајот Франција е добар пример од кој што можеме да научиме нешто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom