Имам кучка германски териер стара 12 год. и денеска ја слушнав почна да лае чудно ( инаку додека е затворена си лае на се што мрда, а кога ке ја пуштам веднаш губи интерес за тоа за што лаела предходно и само по мене иде ), но денеска ми звучеше чудно некако, лаеше некако изнемоштено, како едвај да пушта глас, не беше чисто и одсечно лаење, туку некако како да се жали на нешто, нешто измеѓу лаење, квицкање и завивање.. Отидов до кај неа, ја видов дека се тресе, ја пуштив и неможеше да оди нормално, туку се тетерави како пијана да е, де лево де десно. Ја внесов внатре, да се стопли, викам да не е од времево студено, ама никош досега преку зима се нема однесувано така, башка и има еден куп партали ( ќебиња, сунѓери и сл. ) во куќарката, плус и самата куќарка е изолирана со стиропор, опшиена со алуминиумски лим да нема влага и слично, заграден бокс и ред други работи, значи за 12 год ова сега вака прв пат се однесува. И еве веќе 3 часа поминаа, таа уште се тресе и уште е дезориентирана, уште неможе да оди право, се тетерави, се занесува, а кога ќе ја повикнам, реагира, ме слуша, сака да дојде до мене... како пијан човек е - свесна, ама немоќна за ништо... и ме плаши... ветеринарната станица е веќе затворена, докторот што го познавам неможам да го добијам на тел. ке чекам до утре од сабајле да ја однесам... дали има некој што му е познато сево ова, дали знае што може да и се случува, никогаш порано несум видел куче вака да се однесува, а сум чувал разно-разни... знам како изгледа и како се однесува отруено, затруено куче, не е вака...
--- надополнето: 2 декември 2013 во 17:43 ---