Вести од Грција

H

HITCH

Гостин
темава е за тривијални вести како црквата што правела во грција, кој што истресол зелена итн не за сериозни вести .
Ама нормално не дај боже да се смени нешто бидејќи ова е свет и случувања а не Грција , бугарија и случувања
Исто така и МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА! Дијаспора се луѓе кои живеат надвор од државата, ама кој да знае...
Сериозно ти кажувам, многу е убаво што си се фатил за работа, ама погрешните работи ги спојуваш. Дај смени се со чек дис аут, таму очајно треба човек кој има намера да спојува теми.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Исто така и МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА! Дијаспора се луѓе кои живеат надвор од државата, ама кој да знае...
Сериозно ти кажувам, многу е убаво што си се фатил за работа, ама погрешните работи ги спојуваш. Дај смени се со чек дис аут, таму очајно треба човек кој има намера да спојува теми.
Девојче да не имаш пмс ?
Дали споив теми кои се екстремно сериозни како македонија се соочува со грција во хаг?
Споив само теми кои се повеќе вести и нема што да се дискутира за нив ( премногу)
Отвори си тема Македонската дијаспора во Грција ( и тие теми од тој калибар се нечепнати од мене)
И овој пат немам намера да се објаснувам со тебе, следниот оф- топик добиваш црвен картон а продолжување со ваков однос одмор на неколку дена

И доста со муабети на оваа тема дали ви се свиѓа или не имате профил кај мене имате пп научете да го користите
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Македонија и Грција да се обединат- предлагаат грчки експерти

Македонија и Грција да се обединат- предлагаат грчки експерти
Обединување на Македонија и Грција во една земја со два различни Парламента – предлага претседателот на Институтот за меѓу балкански односи.

Талис Милонас, коментирајќи ја актуелната ситуација во регионот вели дека на Македонија и се заканува опасност од Албанците од Косово кои сакаат да го земат западниот дел од земјата, но и од Бугарија која со издавањето пасоши на македонски државјани има територијални претензии.

-Да се обедини со Грција и да има дума, еден заеднички Парламент. Остануваат Парламентите од едната и од другата страна и да има еден централен парламент од Скопјани и Грци, а да постои една држава. Во основа ќе биде една држава со два различни парламенти. Заедно со Грција ќе влезете во НАТО, ќе влезете во Европската Унија, тоа ќе се случи веднаш.

Затоа што сега, кој знае дали некогаш ќе влезете. А обединети со Грција, под една заедничка дума, но со автономија, може најдобро да се решат сите проблеми, затоа што на крај ќе останете сами, вели Талис Милонас, претседател на Институтот за меѓубалкански односи.

Експертот Милонас смета дека терминот Македонија треба ексклузивно да и припаѓа на Грција, а сложеното име за кое официјално се согласува Грција може да наиде на реакции од народот.

-Грчката влада вели дека може да прифати сложено име со терминот Македонија.

-Мислам дека накрај нема да се осмели да го направи тоа. Може да го
кажува, но нема да има храброст да го направи.

- Сметате дека...

- Ќе се дигне народот. Може владата не застапува 100% од народот, ниту 50 %, а мнозинството од грчкиот народот е против.

Институтот за меѓубалкански односи постои повеќе од 20 години, познат е од Организацијата на обединетите нации, а а има за цел приближување на земјите од Балканот и нивна потесна соработка во сите области.

Сања Ристовска- дописник од Грција

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=70619
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.594
Поени од реакции
22.322
А што има Македонија од тоа? Ова е најлошо сценарио за Македонија, окупација која се декларира како обединувајне, реално ќе бидеме малцинство во таква држава и баш немаме ништо плус од тоа. Овај стварно е експерт или што?
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Друже ај смени го линкот мене нешто за бачило ми отвара :pos2:
Мада мислам дека добро иде у контекст на темава, се глупост до глупост.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.501
Поени од реакции
8.057
Експер по бернис пропаганда :pos:

Пуштање ветер и магла низ грчкиот етер додека државата им пропаѓа безнадежно.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
А што има Македонија од тоа?
Ќе си го поделиме долгот, тоа е добивката и плус, одма сме во Еу и Нато. Не, фала ама ние си ја сакаме нашата сиромаштија, каква таква наша си е, никој не ни ја бара за разлика од нивниот долг.
 

шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
Македонија и Грција да се обединат- предлагаат грчки експерти
Обединување на Македонија и Грција во една земја со два различни Парламента – предлага претседателот на Институтот за меѓу балкански односи.

Талис Милонас, коментирајќи ја актуелната ситуација во регионот вели дека на Македонија и се заканува опасност од Албанците од Косово кои сакаат да го земат западниот дел од земјата, но и од Бугарија која со издавањето пасоши на македонски државјани има територијални претензии.

-Да се обедини со Грција и да има дума, еден заеднички Парламент. Остануваат Парламентите од едната и од другата страна и да има еден централен парламент од Скопјани и Грци, а да постои една држава. Во основа ќе биде една држава со два различни парламенти. Заедно со Грција ќе влезете во НАТО, ќе влезете во Европската Унија, тоа ќе се случи веднаш.

Затоа што сега, кој знае дали некогаш ќе влезете. А обединети со Грција, под една заедничка дума, но со автономија, може најдобро да се решат сите проблеми, затоа што на крај ќе останете сами, вели Талис Милонас, претседател на Институтот за меѓубалкански односи.

Експертот Милонас смета дека терминот Македонија треба ексклузивно да и припаѓа на Грција, а сложеното име за кое официјално се согласува Грција може да наиде на реакции од народот.

-Грчката влада вели дека може да прифати сложено име со терминот Македонија.

-Мислам дека накрај нема да се осмели да го направи тоа. Може да го
кажува, но нема да има храброст да го направи.

- Сметате дека...

- Ќе се дигне народот. Може владата не застапува 100% од народот, ниту 50 %, а мнозинството од грчкиот народот е против.

Институтот за меѓубалкански односи постои повеќе од 20 години, познат е од Организацијата на обединетите нации, а а има за цел приближување на земјите од Балканот и нивна потесна соработка во сите области.

Сања Ристовска- дописник од Грција

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=70619
последната реченица да му ја кажиш на политичарите а тоа е ДЕКА ГЕРРЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ ИМЕ МАКЕДОНИЈА СО ДОДАВКИ И ТРИСТА ДРУГИ РАБОТИ .
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Шо си мислат соседиве бе? Дека нафта пиеме ние тука?!
 

MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Тој експерт нека оди да игра eRepublik. Не тука да фантазира. :)
 

Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
THIS IS SPARTAAAAAAAAAAAAAA !!!!!!!!!!!!!!

Moze be , i posle da trgneme u pohod po Persiskata drzava , slusam nogu nafta imalo tam sea :pos2:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Јас прифаќам. Ама кога сливата ќе роди круши.
 

Sipy

Dr.Sheldon Cooper
Член од
9 јануари 2011
Мислења
170
Поени од реакции
31
Ваууу...Што се нема да предложат...:nesvest:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom