Вести од Грција

Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Nisto novo, kolku sto mene mi e poznato vakov slicen predlog imalo uste na pocetokot na devedesetite koga se osamostoivme i nastana problemot koj trae i deneska.
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Одличен предлог. Новата држава ќе се вика Цела Македонија. Оти е обединување на Северна и Јужна Македонија.
 
Член од
21 декември 2010
Мислења
147
Поени од реакции
6
Ќе си го поделиме долгот, тоа е добивката и плус, одма сме во Еу и Нато. Не, фала ама ние си ја сакаме нашата сиромаштија, каква таква наша си е, никој не ни ја бара за разлика од нивниот долг.
Ти долгот не го гледај ќе го платат. Средно семејство мајка дете и татко, во кое само родителите работат заработува 32000 евра годишно

Невработеноста е под 10%
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Не, благодарам. Нека си најдат Скопјани ако постојат и со нив нека се обединуваат.
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
Кога тај Талис Милонас ќе ми ја даде ќеркаму да и се истурам...(Базец не примам) тогај може да правеме моабет за името.. :)) ама спојување со Гејада у никој случај..
 
Член од
21 декември 2010
Мислења
147
Поени од реакции
6
Ќе си го поделиме долгот, тоа е добивката и плус, одма сме во Еу и Нато. Не, фала ама ние си ја сакаме нашата сиромаштија, каква таква наша си е, никој не ни ја бара за разлика од нивниот долг.
Ништо не можете да подели


Macedonia

GDP (purchasing power parity):

$19.46 billion (2010 est.)


Greece

GDP (purchasing power parity):

$321.7 billion (2010 est.)

https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/gr.html
https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/mk.html
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Македонија и Грција да се обединат- предлагаат грчки експерти
Обединување на Македонија и Грција во една земја со два различни Парламента – предлага претседателот на Институтот за меѓу балкански односи.

Талис Милонас, коментирајќи ја актуелната ситуација во регионот вели дека на Македонија и се заканува опасност од Албанците од Косово кои сакаат да го земат западниот дел од земјата, но и од Бугарија која со издавањето пасоши на македонски државјани има територијални претензии.

-Да се обедини со Грција и да има дума, еден заеднички Парламент. Остануваат Парламентите од едната и од другата страна и да има еден централен парламент од Скопјани и Грци, а да постои една држава. Во основа ќе биде една држава со два различни парламенти. Заедно со Грција ќе влезете во НАТО, ќе влезете во Европската Унија, тоа ќе се случи веднаш.

Затоа што сега, кој знае дали некогаш ќе влезете. А обединети со Грција, под една заедничка дума, но со автономија, може најдобро да се решат сите проблеми, затоа што на крај ќе останете сами, вели Талис Милонас, претседател на Институтот за меѓубалкански односи.

Експертот Милонас смета дека терминот Македонија треба ексклузивно да и припаѓа на Грција, а сложеното име за кое официјално се согласува Грција може да наиде на реакции од народот.

-Грчката влада вели дека може да прифати сложено име со терминот Македонија.

-Мислам дека накрај нема да се осмели да го направи тоа. Може да го
кажува, но нема да има храброст да го направи.

- Сметате дека...

- Ќе се дигне народот. Може владата не застапува 100% од народот, ниту 50 %, а мнозинството од грчкиот народот е против.

Институтот за меѓубалкански односи постои повеќе од 20 години, познат е од Организацијата на обединетите нации, а а има за цел приближување на земјите од Балканот и нивна потесна соработка во сите области.

Сања Ристовска- дописник од Грција

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=70619

pametna idea..:smir:
 
Член од
3 април 2010
Мислења
260
Поени од реакции
41
Гледајте малку позитивно на веста...излез на море, ЕУ, НАТО, наште прчли у Солун на шопинг секој ден не едншка неделно...:vozbud: шала нормално :tv:
Нека не тресе зелени оввај експерто а и овие па канал5 шо вест објавиле глупости...
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
а бе тури му пепел на грците,наште револуционери загинаа за името и другите идеали за македонија,ако се вклучиме со грците тогаш нашата историја би изгубиле смисла за нашето постоење,а ако пак се вклучиме со нив тогаш цела земја ќе се вика Македонија сигурно грците не би имале против па нели МК е и нивно;)
 
H

HITCH

Гостин
И Циле имаше една ваква идеја на времето кога се одвоивме од Југославија, не знам колку е сеќавате. Народот ќе го убедеа дека Солун пак ќе биде наш. Кога народот ќе се запали за Солун тогаш средена е работата. Целиот план беше, да бидеме конфедерација и тајно да си работиме ние на признавање на Македонија и кога ќе дојде вистинско време со референдум да се одвоиме.
Јас имам друг план. Да ја поделиме Гејлада! Ние да ја земеме Беломорска, они нек си ги земат Пелопонез и Атина и сите среќни и задоволни! Што со нивниот долг? Па ќе им напишеме еден неважечки чек. :pos:

Ах, Циле, Циле не си бил сам на светов. :pos:
 
С

сашенко

Гостин
И Циле имаше една ваква идеја на времето кога се одвоивме од Југославија, не знам колку е сеќавате. Народот ќе го убедеа дека Солун пак ќе биде наш. Кога народот ќе се запали за Солун тогаш средена е работата. Целиот план беше, да бидеме конфедерација и тајно да си работиме ние на признавање на Македонија и кога ќе дојде вистинско време со референдум да се одвоиме.
Јас имам друг план. Да ја поделиме Гејлада! Ние да ја земеме Беломорска, они нек си ги земат Пелопонез и Атина и сите среќни и задоволни! Што со нивниот долг? Па ќе им напишеме еден неважечки чек. :pos:

Ах, Циле, Циле не си бил сам на светов. :pos:
НЕ му била лоша идејата на Албанците во косово им успеа, сме можеле и ние.Ништо не губиме пошто и онака ни ги пцујат мајките каде и да стигнат вака барем ке имаа причина поголема за тоа.И ке си бевме поголема MAKEDONIA
 
C

cige

Гостин
Ќе ни фали уште Пирин. Во тој случај повеќе ќе не засакаат и европјаните. Ќе имаме излез на море. Солун ќе ни биде слободен. Нема да се пцуеме на јутуб. Ќе престанат главоболките. Ќе има наплив на инвестиции. Стандардот значително ќе се зголеми. Егејците пак ќе се чувствуваат како да се дома. Ќе се отвори многу поголем пазар на производителите. Може да почнеме со планови за освојување на Троја, а здравје понатаму и на Персија, Египет сам ќе се предаде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom