Вчера, на 24 мај 2018, после неколку годишна битка со рак на дебелото црево почина John 'TotalBiscuit' Bain на 33 години.
Џон стана популарен на Youtube со неговите видеа поврзани со гејминг. Играше, правеше рецензии итн.
Ракот го победи во 2015 но за жал, подоцна метастазираше во неговиот црн дроб и рбетот.
Џон го пратев повремено, последниве 6-7 години. Мислам дека првпат го запознав токму преку Кајгана, го спомна некој член.
Во последните неколку години, често се фокусираше на зголемување на популарноста кај инди игрите. Учествуваше и во подкасти со други Јутубери.
Знаеше да биде остар критичар без разлика колку популарна игра рецензира.
Се бореше за нет неутралноста.
Она што го работеше, сега го остави на жена му Џена.
Се сеќавам на ова видео, мислам дека тука првпат спомна за неговите здравствени проблеми, и препорачувам да се ислуша цело.