Овердрајв
Модератор
- Член од
- 5 ноември 2005
- Мислења
- 4.255
- Поени од реакции
- 569
Оваа тема нека биде за вести и настани поврзани со игрите, без разлика на платформата. Доколку играта во прашање има своја тема (или подфорум), мислењата ставајте ги таму. Во продолжение следат неколку вести, како пример за типот на мислења кои би стоеле во темава.
Како за почеток, две интересни работи:
Прво, пред некој ден беше објавено интервју соTim Schafer во кое тој изјавил дека би сакал да направи продолжение на Psychonauts, но дека го одбиле сите издавачи кај кои се обратил за помош за финансирање на играта. По ова на Twitter се јави Notch (Markus Persson, авторот на Minecraft, indie игра која има направено ~60 милиони долари) и му предложи на Tim тој да биде инвеститор. Последна вест е дека двајцата веќе преговараат, па супер би било нешто да излезе од ова
И второ, истиот тој Tim Schafer заедно со Ron Gilbert, легендите кои ги имаат создадено (или работеле на) Maniac Mansion, Monkey Island, Full Throttle, Grim Fandango, Psychonauts и куп други игри, и останатите вработени во студиото Double Fine Productions пред ~12 часа започнаа акција/проект на Kickstarter. Kickstarter е сервис преку кој било кој може да инвестира одредена сума пари во проект по избор, а за возврат (и во зависност од висината на инвестицијата) да добие готов производ и други привилегии. Во овој случај, Double Fine поставија цел од $400,000 од кои $300,000 им се потребни за да направат old-school авантура, а $100,000 за снимање документарен филм за процесот на создавање игра во нивното студио. Сите средства собрани над таа сума би отишле за подобрување на играта (локализација на повеќе јазици, снимање повеќе дијалози, верзии за MacOSX и iOS..).
За разлика од останатите проекти на Kickstarter, и благодарение на тежината на имињата на вклучените во проектот, Double Fine Productions ја постигнаа целта за само 8 часови, а до сега имаат собрано $558,000, па се` што ќе соберат во наредните 33 денови (кога завршува периодот за собирање инвестиции) е бонус.
Инаку, најмалку $10,000 од до овој момент собраните $601,000 се од notch