Овде навистина има премногу да се пишува. Затоа нема да пишувам многу ќе оставам простор за да пишувам филм по филм, кога ќе се сетам на некој или ќе изгледам некој подзаборавен вестерн.
Секако дека нема меѓу љубителите на вестерни такви кои не ги сакаат шпагети вестерните на
Sergio Leone, во главно пратени од прекрасната музика на
Ennio Morricone, кој за своето музичко филмско творештво доби и награда за животно дело, која му ја додели легендарниот
Clint Eastwood.
Од овие филмови вистинска класика претставуваат:
Per un pugno di dollari (1964)
( За грст долари )
Per qualche dollaro in più (1965)
( За долар повеќе )
Buono, il brutto, il cattivo., Il (1966)
( Добар, Грд и Лош )
Една незаборавна сцена од последниот филм:
Понатаму, стари филмови колку сака човек... Ако почнам да набројувам не е фер ќе заборавам многу, затоа за почеток само неколку:
High Noon (1952) - “Точно на пладне“, еден од најдобрите вестерни што сум ги гледал, со Гари Купер и принцезата Грејс Кели во главните улоги.
The Man Who Shot Liberty Valance (1962) - “Човекот кој го уби Либерти Валанс“, со Џон Вејн и Џејмс Стјуарт во главните улоги. За овој филм сакав повеќе да пишувам во темата за црно-бели филмови, но може и овде некој ден.
Gunfight at the O.K. Corral (1957) - “Пресметка кај ОК Коралот“, со Берт Ланкастер и Кирк Даглас.
Во поново време откако заврши ерата на вестерн-филмовите повторно се појави стариот добар
Clint Eastwood и освои оскар за најдобар филм со
Unforgiven (1992).
Mи оставија впечаток, иако не станаа огромен хит, филмовите “Младите Револвераши“ 1 и 2,
Young Guns (1988),
Young Guns II (1990) - "Blaze of Glory". Приказната за Billy the Kid, со одлична актерска екипа:
Emilio Estevez,
Kiefer Sutherland,
Lou Diamond Phillips,
Charlie Sheen... Филм кој плаче за римејк, иако не се прославија оние кои прават преработки во последно време.
И за крај,
3:10 to Yuma (2007), со
Russell Crowe и
Christian Bale кој е навистина добар римејк со многу акција и навистина добра завршница како што доликува на еден вестерн.
Толку за сега па ќе пишам кратки рецензии за повеќе филмови наскоро.