Вестерн филмови

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Вестерните се едни од најстарите филмови. Филмови кои се сметаат за најдолги и едни од најфлексибилните во филмската, особено америчката индустрија. Ја прикажуваат втората половина на 19 век, некои се сместени порано, некои подоцна. Од овој жанр се излезени уште многу други подвидови меѓу кои:
Classical Westerns
Spaghetti Westerns
Osterns
Revisionist Western
Acid Western
Contemporary Westerns
Science fiction Western

Жанр кој најмногу ме одмара, особено оние 10 минутни погледи, прекрасна филмска музика, сцена и слично.
До ден денес не се забораваат класиците како
The good, the bad and the ugly

Once upon a time in the west

High noon


Има љубители на вестернот овде на кајгана?
Омилен филм, режисер, глумец, сцена?
Зошто ги сакате, зошто не?
Сепак ова е жанр скоро е изумрен, но има оставено големи траги во филмската индустрија.


http://en.wikipedia.org/wiki/Revisionist_Western
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Јас бев љубител на вестерн своевремено, ги имам гледано сите филмови со мојот омилен вестерн глумец, единствениот Џон Вејн!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Уф, уф ..овде има и премногу за пишување, но сега во овој момент набрзина..

Филмови за сеќавање!

Шејн, Точно на пладне, Моја драга Клементина, Платеник, За грст долари, Танц со волците.....и др.

Незаборавни серии!

Бонанца, Винету....
 

candybabe

~ПЛАВУШКА~
Член од
16 јули 2008
Мислења
588
Поени од реакции
9
еее тоа си е посебна класа на филмови мислам стварно доообар жанр ама кој ако не Џон Вејн да направи добар вестерн филм хехее
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Обожавам вестерни, особено со Клинт Иствуд... "The good, the Bad and the Ugly", и "A Fistfull of Dollars", класика.
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
znaci da sigurno deka ima :)

eve ti predlog prijatele : the proposition

ke se seknes od filmov , a kako protiv sila na vestern - japonskite na kurosawa so samurai praveni paralelno so toj zanr -
ova ko predlogce :)

pozZ
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Според мене најдобриот вестерн со Клинт Иствуд

А од помодерните вестерни дефинитивно
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Судијата Рој Бин, како ли само го заборавив во погорната моја листа, пооткачен вестерн нема.

Го додавам на листата и филмот со Ли Марвин...Кој го уби Либерти Валас.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.010
Вестернот е жанр на моето детство...во осумдесеттите кога постоеја само 2 тв канали и нон стоп даваа вестерни...ни сам незнам колку пати сум ги гледал Ел Дорадо , Рио Браво , Рио Негро , Моја драга Клементина и се разбира еден од најдобрите вестерни Човекот кој го уби Либерти Валас...истото се однесува и на италијанските шпагети вестерни режирани од легендарниот Серџо Леоне и музиката на Енио Мориконе...Џон Вејн беше херој на моето детство...штета шо во последниве 2 децении се помалку се снимаат вестерни...последен добар вестерн кој сум го гледал е Непростено од Клинт Иствуд ( а и тоа беше пред повеќе од 10 години )...некој погоре спомна за јапонските самурајски филмови ( таканаречени Easterns )...сум гледал неколку од нив и навистина се одлични...на пример легендарниот вестерн Седумте величенствени е всушност римејк на јапонскиот Седумте самураи ( со Тоширо Мифуне во главна улога )
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Нема човек што сака и гледа филмови а да ги нема гледано сите погоре наведени но со напредок на технологијата овој вид на уметност полека но сигурно изумира.
Пријатно ме изненади овој филм

Стварно добар вестерн иако е римејк.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.010
А дали ти е гледан оригиналот ? Одличен е и тој ( заборавив кој глуми во оригиналот, одамна ми е гледан )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom