Човекот апсолутно нема никаква потреба од догми. Токму тие догми го уназадиле до овој степен што е сега. Да не беа тие догми и религијата да не го држеше во пранги интелектот цели 800години, неможам ни да замислам до каде ќе бевме стигнати сеа.
....
Можеби е така, Маите се смета дека биле страшно интелигентни луѓе, тоа што тие го изградиле денес не може ми да се замисли и со најсовремена машинерија.
Мислиш дека религијата е виновна за тоа, или за средновековното лудило? Масло на црквата е тоа, на институцијата.
Она што сакав да го кажам е дека ако веќе веруваш барем биди сигурна дека веруваш во нешто сопствено а нешто што ти е сервирано од некој.
.....
Колку посто тврдиш дека се’ во твојот живот е твое сопствено, проверено, потврдено, а не сервирано, догматско?
Реков претходно ми се чини со Бацилус, како науката која за да биде наука треба постојано да се проверува за да се потврди, те прави повеќе да се ’’крстиш’’ во неа, а не во Бог, кој е апсолутна категорија?
Мислам на крај краева пола библија и стари и нови завет се препишани од други религиии или стари натписи од некоја цивилизација што постоела мн пред нив (Старо сумерската цивилизација). Има една книга што се вика „Кога сонцето беше бог” во која се објаснува од каде потекнуваат поедини делови од библијата. На пример потопот на Ное е препишан од вистинска случка на потоп на Вавилон кој се случил многу одамана. Или пак прикаската за Ева дека настанала од ребро не е ништо друго туку само лош превод од старо Сумерски каде зборот ребро(на старо сумерски) бил името на божицата на плодноста додека пак истот збор на хебрејски означувал „ребро”.
.....
Тоа ништо друго не покажува освен фактот дека корените влечат уште од исконско време. А тоа е целта на приказната, нели? ’’Бог го создаде светот”. Приказните се приказни бидејќи изобилуваат со метафори и персонификации, а уште повеќе, бидејќи се бесмртни.
На крај краева создади си сопствена хипотеза за тоа што е господ и што тој претставува во универзумот
....
Токму така.:wink: