Посилно беше од тебе, нели?Jakov напиша:Да верувам.
За сите кои го протолкувале мојот претходен пост - буквално:Ninja напиша:Целта на темата е да се развие поширока дискусија; оние кои немаат што да додадат на своето "Да" или "Не", може да се изјаснат на анкетата.
Нека биде ова напомена за сите :wink:.
Ninja напиша:Целта на темата е да се развие поширока дискусија; оние кои немаат што да додадат на своето "Да, верувам" или "Не, не верувам" (одговори кои, всушност, ги нуди анкетата), може да се изјаснат на анкетата.
Нека биде ова напомена за сите :wink:
Дарвин е бајаги оспоруван во последно време. Не му држи теоријатаMetamorphosis напиша:Не верувам, така ме воспитале. Атеистичка фамилија, биолози, технолози, партизани, во Тито се колнеме, посветени на природата, сме еволуирале од мајмун, таму горе на небото не постои ништо.
Да се променам, да почнам да верувам сега, не, не на старост веќе кога сум се изградил со таа идеја дека уствари се е лажги со опашки.
Си читала нешто не си дочитала, теоријата на дарвин е застарена и има доста пропусти и недообјаснети раобти, ама за сметка на тоа се има развиено новата модерната синтетичка теорија на еволуција, која е многу попрецизна, ама сепак почнала да се развива од теоријата на дарвин, така да Дарвин го дал само почетокот чија теорија исто така била под многу силно влијание на Ламарк.JASMIN напиша:Дарвин е бајаги оспоруван во последно време. Не му држи теоријата
Bacillus gagous напиша:......
Никогаш не реков дека сте во криво, реков дека сте во право, секој си има право да верува во нешто за да со помош на таа верба се здобие со самодоверба и и надеж дека може да го постигне тоа што си го има претставено себеси за цел, јас сум едноставно еден од тие кои веруваат едноставно во своите способности, ти си од тие што веруваат во господ. Изгледа пак ме разбра погрешно, сакав да нагласам дека вербата во постоење на нешто и дали тоа невистина постои се две различни работи, па на крај краева за џабе не се вика на кој вера припаѓаш.JASMIN напиша:Во што е моето напишано поразлично од твоево? Време беше да се каже дека Дарвин не важи во целост, луѓето не го знаат тоа, премногу силен е митот. Во последно време-последниве децении, тоа се погласно се зборува.
Ако ја знаеш новата синтетичка, па сподели ја со нас. Не не’ држи нас не-биолози во мрак за настанувањето на човекот; и црквата тоа го прави и ти и’ го замераш тоа, не?
Него, ајде на друга тема за Дарвин и компанија.
Ако не примети, не ја оспорувам јас науката. Напротив, јас сум најголем залагач за еволуција и развој од секој аспект.
Но, ја ставам под прашање екстремноста.
Ти веруваш и се крстиш во Менделеев систем, во Дарвин или Тесла, исто ко луѓето во бога. На времето биле убедени дека земјата е рамна и ја носат 2 кита на грб, а оно немало врска, елипсовидна била. Или се смета дека диносаурсите изумреле, а најновите сознанија велат дека еволуирале- и тоа во денешниве птици. И Тесла бил голем фраер- и нели најголем хакер на сите времиња, ама шо пишуваше во Библијата, ти текнува? ’’И бидна светлина’’.
Ако ми кажеш дека науката е врвот на знаењето и вистината, во заблуда си. Секој научен интелект треба да ја познава и библиската приказна.Науката не цели да се претстави како конечна и апсолутна вистина, и постојано подлежи на проверка - ако не, тогаш е догма, а не наука. А човек како што има потреба да учи и проучува и спознава итн; има потреба и од апсолутното и вечното, и догматското ако сакаш.
Затоа, не е фер да напишеш, во смисла, вие верувајте си ако сакате, ама да знаете, во криво сте.
Јас одлично те разбирам тебе, не знам дал ти ме разбираш мене.Bacillus gagous напиша:Никогаш не реков дека сте во криво, реков дека сте во право, секој си има право да верува во нешто за да со помош на таа верба се здобие со самодоверба и и надеж дека може да го постигне тоа што си го има претставено себеси за цел, јас сум едноставно еден од тие кои веруваат едноставно во своите способности, ти си од тие што веруваат во господ. Изгледа пак ме разбра погрешно, сакав да нагласам дека вербата во постоење на нешто и дали тоа невистина постои се две различни работи, па на крај краева за џабе не се вика на кој вера припаѓаш.
Па не знам што дефинираш под екстремности.JASMIN напиша:Јас одлично те разбирам тебе, не знам дал ти ме разбираш мене.
Мојата верба е специфична. Библијата е приказна, вербата и надежта се потреби, способностите си се факти, научно мерливи варијабли
Реков, не прифаќам екстремности
Човекот апсолутно нема никаква потреба од догми. Токму тие догми го уназадиле до овој степен што е сега. Да не беа тие догми и религијата да не го држеше во пранги интелектот цели 800години, неможам ни да замислам до каде ќе бевме стигнати сеа. Никој не вели да не веруваш во религија. Верувај но верувај во нешто што не ти е сервирано на тецна и нешто што не преставува догма. „Така мора да биде така рекол господ“ Ова е речемицата што го уназадувала светот, ова е реченицата заради која се водат војни (господ може да биде и алах само во друга религија). На таа религија и требаа цели 15 века да го промени своето мислење за хелиоцентричноста на нашиот сончев систем, зашто - затоа што таа религија се води од догми.JASMIN напиша:Ако ми кажеш дека науката е врвот на знаењето и вистината, во заблуда си. Секој научен интелект треба да ја познава и библиската приказна.Науката не цели да се претстави како конечна и апсолутна вистина, и постојано подлежи на проверка - ако не, тогаш е догма, а не наука. А човек како што има потреба да учи и проучува и спознава итн; има потреба и од апсолутното и вечното, и догматското ако сакаш.
Затоа, не е фер да напишеш, во смисла, вие верувајте си ако сакате, ама да знаете, во криво сте.