Не размислува во смисла дека прагматички, не може да се направи разлика меѓу таков Бог и Бог кој не постои. Ако кажеш дека Бог е таков, и ако кажеш дека Бог не постои последиците по твоето поведение тука на Земјата ќе бидат потполно исти. Ако кажеш дека постои Бог кој наградува и казнува, последиците по твоето поведение тука на Земјата ќе бидат различни...
Мислам дека Крусејдер беше експлицитен по прашањето на интервенирацки Бог.
Е, сега, колку може да се направи разлика меѓу Деистичкиот и Теистичкиот... ваљда може, ама ко што викаш и самиот, кој ку*ац ќе промени тоа, кога на темава се збори за антропоморфен Бог кој активно се меша во животите на луѓето. Што е нон-сенс, нели...
Како и да е, верувам дека после месеци поминати на оваа и сличните теми некои хард-кор теисти веќе флертуваат со идејата на деизмот, што, сепак мора да се признае, е СЕРИОЗЕН скок напред.
Еве, гледам, и Лурц почнал отворено да става прашалници на своите ставови, наместо на туѓите... од кај знаеш, може е таков патот до атеизмот