Верски вести III

Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
Чипот не ни мораат да го воведат, бидејќи веќе ретко да може да се купи или продаде нешто преку каса, а тоа да не биде без бројот на ѕверот!


Сеа нешто друго (што веќе еднаш го имав споменато другде):

Парите. Тоа е моќта денес (секако - моќ за слепците, моќ на мамон, но тоа е друга приказна...).
Парите кои циркулираат во општеството се повеќе се насочуваат да минуваат низ банките - ФАКТ
Глеаме дека од пред дваесет и кусур години, па до денес, има голема разлика во секојдневниот платен и друг промет. Порано парите циркулираа вистински. Денес, стигнавме до тоа да, за се нешто, што и да сакаш сакаш да платиш - преку банка. Многу од плаќањата порано, се извршуваа помеѓу субјектите (без разлика дали се фирми, поединци или држава) и надвор од банковниот систем. На пример, на врата ти доаѓаше инкасатор за струја, порано имаа фирмите благајници и многу други примери, да не набројувам (ама ако сакате можам).
Приметливо е дека постепено целиот платен и друг промет се насочува да преоѓа низ банкарскиот систем. Пластично, денес не купуваме со пари, туку само пишуваме бројчиња на компјутери. Парите се у банка. Плаќаш ли на држава, на луѓе, на фирми, све тоа постепено се насочува да иде низ некоја од неколкуте банки тука (главно низ Стопанска, Комерцијална,Тутунска...). Плата више никој не прима. Платата им е у банка и си ја трошат преку картици*. Така е и низ светот. Тоа е глобален тренд кој на светско ниво се спроведува веќе неколку децении.
Сите пари се у банка, - тоа е интенцијата, а ние ќе си подаваме со бројчиња на компјутер, кои се proxy на нашите пари.
Некои оваа состојба ја нарекуваат напредок.

Е сега - to the point (две работи):

- Види чии се банките, прати ја трагата на сопствеништво и ќе видиш дека секогаш на крајот, од прилика завршуе у Швајцарија со инкогнито сопственици, за кои нема информации.

- Целиот промет на пари, за кој зборев, кој иде низ банките е организиран преку шифри. Ако плаќаш струја на ЕВН преку фирма, шифрата е 811, за вода е 813 и тн. Тие се веројатно универзални шифри.
Меѓу нив е и шифрата со која и плаќаш провизија на банката, шифрата преку која се извршува бизнисот помеѓу тебе и банката. Секој субјект кој плаќа провизија на банка иде низ та шифра. Провизија плаќаме сите, пошто сите сме насочени да работиме со банката, ако сакаме било кому, да платиме било што. Во Комерцијална плаќањето кон банката се нарекува: провизија за налози. Значи налог да се платат пари на Станко или на ЕВН или на што и да е, не е бесплатен, туку банката ти зима провизија за било што да сакаш да исплатиш.

Која ли е шифрата преку која банките ни зимаат провизија при нашите трансфери? А? Што мислите?



* - за кои плаќаат провизија. Имено, платата им ја оставам у банка, ја вадам преку картица (коа ќе треба да трошам), и за тоа замисли, место они мене, ја на нив им плаќам провизија, што е uber-смешно
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Сеа нешто друго ...
.

Така е Beric, но ѕверот (за жал) не седи само у швајцарија, туку и насекаде во светот, освен во срцата на вистинските чеда БОЖЈИ!

.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
Исламски екстремисти убиле двајца Нигеријци, оти уживале во мечевите од ЛШ!?

Двајца фудбалски фанатици во Нигерија биле убиени од исламски екстремисти затоа што уживале во „забавата на Западот“, гледајќи ги мечевите од Лигата на шампионите!?

Според полициските извештаи во градот Потискуму, во центар за гледање на мечеви биле собрани бројни Нигеријци и тие уживале во фудбалската пресметка завчера во мечевите ан Баерн со Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид со Барселона. Нападот се случил ненадејно, по што двајца фудбалски навивачи го загубиле животот по огнената престрелка.

„Вооружени напаѓачи дошле со автомобил и пукале од огнено оружје кон центарот, по што побегнале. Едно лице загина на лице место, а другто во болница, додека неколкумина се ранети. Некои од нив се со тешки прострелни рани“, рекол Јобе Сануси Руфаи, полицискиот комесар на областа во Северна Нигерија.

Очевидци велат дека центарот бил полн со луѓе и дека од преголемата гужва некои луѓе стоеле и надвор од центарот, оти внатре немало место. Зад нападот, според Руфаи, стои терористичката организација Боко Харам, која е составена од исламски екстремисти кои се борат за создавање на муслиманска држава во северна Нигерија.

Групата од поодамна е против фудбалот, т.е. против „секаков облик на забава на западот“, а се претпоставува дека е одговорна за смрт на над десет илјади луѓе во последната деценија. Лидерот на организаицјата, Абубакар Шекау фудбалот и музиката ги објаснил како „западни перверзии“, кои се против исламот.

Ваков напад не е првпат да се случи врз ценарот, затоа што во април 2012 година, екстремисти убиле исто така двајца фудбалски навивачи, неколку дена откако претходни со летоци побарале да се затвори центарот.

Нигерија е една од најфудбалските земји во Африка, редовен учесник на светските првенства, неколкукратен шампион на континентот. Африканците освен ЛШ уживаат да гледаат и англиска Премиерлига.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
...



- Види чии се банките, прати ја трагата на сопствеништво и ќе видиш дека секогаш на крајот, од прилика завршуе у Швајцарија со инкогнито сопственици, за кои нема информации.

...

Јас се извинувам што вака офтопик, но само што ја “завршивме“ дискусијата за банките, на телевизија (германска pro 7) се вртеше филмот The International.





.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Започнува Страдната недела - Денес е Лазарева сабота, утре се Цветници

Македонската православна црква денес го прославува Воскресението на Лазар или Лазарева сабота, споменот на последното Хрисово чудо пред Страдната недела и Воскреснувањето.

Лазаревото воскресение, според евангелијата, се случило во Витанија и всушност е своевиден вовед во новата вера во воскреснувањето.

Според преданијата, Исус стигнал во Витанија, четири дена после смртта на Лазар и го оживеал. Во христијанството овој празник ја означува победата на животот над смртта. Меѓу народот овој празник е познат уште и како Врбица, затоа што во храмовите се носат врбови гранки кои ги симболизираат палмините гранки со кои христијаните го поздравиле Спасителот кога влегувал во Ерусалим.

Православните верници утре го прославуваат Цветници, кој според црковните канони е празник на детската радост, затоа што според евангелијата, Исус, во Ерусалим рекол: „Пуштете ги децата кај мене, затоа што нивно е царството небесно".
http://ohridpress.com/index.php/ohrid/14841-започнува-страдната-недела-денес-е-лазарева-сабота,-утре-се-цветници.html
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
Православните верници утре го прославуваат Цветници, кој според црковните канони е празник на детската радост, затоа што според евангелијата, Исус, во Ерусалим рекол: „Пуштете ги децата кај мене, затоа што нивно е царството небесно".
http://ohridpress.com/index.php/ohrid/14841-започнува-страдната-недела-денес-е-лазарева-сабота,-утре-се-цветници.html
На денешен ден, пред две години, Муслиманите ни масакрираа деца, а потоа излегоа да ги бранат извршителите. Сите до еден (тука на форумов).
Ниту еден медиум, сеуште гледам дека не ја одбележа оваа грозоморна годишнина. Ги заборавија под хитно.
(тогаш беше ден пред Велики Петок)
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
На денешен ден, пред две години, Муслиманите ни масакрираа деца, а потоа излегоа да ги бранат извршителите. Сите до еден (тука на форумов).
Ниту еден медиум, сеуште гледам дека не ја одбележа оваа грозоморна годишнина. Ги заборавија под хитно.
(тогаш беше ден пред Велики Петок)
ajde da receme deka muslimani gi ubile no sto ke bese , ako na primer, ne me svakaj pogresno, ubijcite bea hristijani dali ke napisese hristijaniski fanatici ubija cetvorica luge vo smilkovcko ezero, ili toj slucaj ke go stavese vo crna hronika , , no vidi sega sto se slucuva ako nekoj musliman ubie hristijanin odma se obvinuva islamot i muslimanite kako terorizam, ili pak ako hristijanin ubie musliman odma se kreva prasina , deka muslimanite se diskriminirani od strana na hristijanite, no ako nekoj musliman ubie musliman , nikomu nisto , ako hristijanin ubie hristijanin , pa golema rabota, seto toa vleguva vo crna hronika,, razberi samo edno ubiecot ke si ostane ubiec bes razlika koj e i sto e i sekoj koj napravil takov zlocin neka se kazni bez razlika dali e musliman ili hristijanin ili bilo sto,i site nie kako muslimani go osuduvame sekoe nasilstvo i sekoe ubistvo,,
zosto ti ne se buntuvas protiv toj covek po vera hristijanin sto si go ubil pobratimot negov so sekira ,ili toj sto si ja ubil sostvenata majka zarem toa nee ubistvo , zosto toa ne go narekuvas hristijanski terorizam , tuku ke velis deka on bil psihopat,pa ajde neka bide obratno zosto muslimanot koj si go ubil svojot pobratim po vera musliman ne go narekuvas terorist,no ako ubie hristijanin ete se kreva golema vreva , i se obvinuvaat site muslimani za toa zlodelo , neznam kako ke me razberes, no ti izgleda ja pretera seta granica. daj majkomu stara bidi malku po realen pa sme gi branele ubijcite pa tie od kosovo ne gi pustale vinovnicite , pa sto ima toa vrska so islamot i muslimanite toa resetego so kosovo, pa uste tvrdis deka nasite braka od kosovo ne gi pustale vinovnisite , pa od kade nasi braka koga site tie vo kosovo koi se na vlast se so katolicka veroispoved.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
Вторник, 15 Април 2014 23:48


Повеќе од сто девојчиња се киднапирани од училиште во градот Шибок, во североисточната нигериска држава Борно, од исламистичката група Боко харам.


Според очевидци, киднаперите со камиони и мотори ги одвеле девојчињата.

Исламистичката група Боко харам, што значи „Западното образование е грев", за време на востанието во 2009 година често ги напаѓаше училиштата.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
На денешен ден, пред две години, Муслиманите ни масакрираа деца, а потоа излегоа да ги бранат извршителите. Сите до еден (тука на форумов).
Ниту еден медиум, сеуште гледам дека не ја одбележа оваа грозоморна годишнина. Ги заборавија под хитно.
(тогаш беше ден пред Велики Петок)
.
Јас лично на голем четворток - непосредно пред зајдисонце - бев во газибаба, општината при која припаѓа и смилковското езеро.

Злосторството е случено на голем четворток после зајдисонце, што (библиски) значи дека е сторено на голем петок. Истиот ден на кој што беше умртвено телото на Мудроста БОЖЈА, од страна на нечистиот и неговитезаслепени чеда.


Без разлика кој (име, презиме, националност, религија, раса, класа, ...) ги уби младинците на смилковското езеро, тој (тие) беше (беа) водени од отецот на лагата и убиството, кој што постојано се обидува да Ја негира и девалвира Светлината на вечното Евангелие БОЖЈО!

Вторник, 15 Април 2014 23:48


Повеќе од сто девојчиња се киднапирани од училиште во градот Шибок, во североисточната нигериска држава Борно, од исламистичката група Боко харам.


Според очевидци, киднаперите со камиони и мотори ги одвеле девојчињата.

Исламистичката група Боко харам, што значи „Западното образование е грев", за време на востанието во 2009 година често ги напаѓаше училиштата.
.
Овие злосторци се под влијание на култура и образование која подекнува од лукавиот. Тој е тој кој што гЈа негира и девалвира Единствената Спасителна Светлина на вечното Евангелие БОЖЈЕ!

Жално е што во овој свет има многу антихристи, а некои од ними дури (свестно или несвестно) се преправаат дека се пријатели Христови.
Најжалното (бар за мене) е што некои од ними се наречуваат верници , додека под влијание на лагата која што се преставува како вистина, прават вакви или слични антихристијански гризотии!...:(

.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
Црквите ги крадат, надлежните рамнодушни

Според податоците на МВР од 2001 година до сега, 770 пати мета на арамиите биле црквите, а во 53 случи биле ограбени џамии. Причините за кражбите, верските заедници ја гледаат пред сè во сиромаштијата и падот на моралот.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Христијаните го одбележуваат Велики петок – денот на Христовото Распетие

Денеска Христијаните го одбележуваат Велики петок, тоа е денот кога е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.


Според преданието, Христос починал на крст во шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале. Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела, кога за првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.

Со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота, каде што е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: „Оче, прости им зашто не знаат што прават".

Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение. Обичај е на тој ден да се вапсаат велигденски јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Христијаните го одбележуваат Велики петок – денот на Христовото РаспетиеВознемирувачки фотографии: Ужасни ритуали на распнување на Филипинците за Велики петок

18.04.2014 | 13:10
Извор: Точка
Верските фанатици во северните филипински села го одбележуваат Велики петок во таа најголема азиска римокатоличка нација со симулирање на распнувањето, додека илјадници локални и странски набљудувачи ги гледаат крвавите ритуали на дрвените крстови.


Црковните лидери и здравствените работници веќе долго агитираат против оваа пракса која претставува мешавина од римокатоличката посветеност и народното верување.


Меѓутоа, тој обичај кој секоја година се изведува на Велики петок продолжува да привлекува голем број учесници и уште поголем број набљудувачи, посебно во северната провинција Пампанга.


53-годишниот Рубен Енаје, веќе 28 години се "распнува" себе на крст во селото Сан Педро Кутуд во Пампанга. Тој го започнал ритуалот откако преживеал пад од зграда.


Мажите облечени како римски војници, коваат челични шајки во неговите дланки и стапала, спојувајќи го на крстот.


Се смета дека ритуалот придонесува за простување на гревовите, односно самоказнување за извршените гревови и можност да се добие прочка.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
СВЕТ
Сѐ посилен притисок врз христијаните во светот
Иако христијанството е најголемата религија на светот, нејзините верници дури во 130 земји се под голем притисок. Не се навестува подобрување на ваквата состојба.


Христијаните на африканскиот континент често се прогонувани и злоставувани. Така е и во муслиманската северна Нигерија. Таму реалност се нападите на црквите, училиштата, селата и семејствата. Само оваа година во тоа подрачје се забележани 400 смртни случаи, главно на христијани и муслимани. Иако е основана посебна полициска служба за борба против насилството, а ангажирани се дури и припадници на војската, сепак нападите не запираат. Напаѓачите главно се членови на радикалната исламистичка група „Боко Харам“, која поттикнува насилство меѓу христијаните и муслиманите.

Сѐ почесто нападите им се припишуваат и на припадниците на муслиманската етничка група на номадските селани Фулани. Но, дали овие напади се поврзани со религијата на жртвите? Експертите велат дека мотив за нападот е спор за територии.

На 25 февруари оваа година исламистите заземаа едно училиште во Јобе и запалија 43 млади луѓе. Претходно беа нападнати осум села и беа убиени најмалку 200 лица. Децата се присилени да учат исламска вера, а девојчињата присилно се мажат и исламизираат. Во Нигерија живеат околу 80 милиони христијани, а тоа е речиси половина од целото население. Десетици илјади луѓе веќе побегнаа на југот на земјата, каде што оваа вероисповед е мнозински застапена.

Сѐ почест прогон на христијаните


Теодор Ратгебер

За сѐ повеќе такви напади информираа двете најголеми германски цркви пред неколку месеци во заедничкиот „Екуменски извештај за религиските слободи на христијаните во светот“.

Од 2007-ма година „повредите на правото на слобода на вероисповед и на погледот на светот значително зачестија“, дали преку државни закони или преку општествена нетрпеливост, која државата не ја спречува. Тоа се однесува на сите религии и на сите континенти. Според наведениот извештај, муслиманите се под притисок во 117 земји. Така исламот е втората најзагрозена религија во светот. На тажното прво место сепак се наоѓа христијанството. На најголемата светска религија и припаѓаат околу 2,18 милијарди луѓе. Нејзините следбеници трпат различни облици на притисок и прогон во дури 130 земји.

Нарачателите на извештајот, претседателот на Советот на евангелистичката црква Николаус Шнајдер и претседателот на Германската бискупска конференција, надбискупот Роберт Цолич појаснија дека извештајот бил создаден за на „христијанските браќа и сестри, кои се жртви на омраза, страдање и прогон, да им се посвети посебно внимание“.

„Тоа е работа од општ интерес, бидејќи каде и да постои прогон на христијаните, таму е загрозена слободата и на другите религии“, нагласија Шнајдер и Цолич во воведот на истражувањето.


Христијаните во различни делови од светот под притисок

Не страдаат само христијаните

Автор на истражувањето е експертот за човекови права Теодор Ратгебер од Гетинген. Своите сознанија тој ги темели на истражувањата напраправени од американскиот „Истражувачки центар ПЕВ“, кој пак располага со податоци од американскиот Стејт департмент и други меѓународни регистри на податоци, како и врз основа на податоците од меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“.

„Ограничувањата во најголем дел од случаите не се однесуваат исклучително на христијаните“, вели Ратгебер.

Истражувањето ги издвојува Египет, Индонезија, Саудиска Арабија, Русија, Мјанмар, Иран, Виетнам, Пакистан, Индија, Бангладеш и Нигерија како земји со најголеми ограничувања на верските слободи. Во 64 земји се откриени притисоци кои ги правеле владите, на пример преку закон против богохулење или преку фаворизирање на одредени заедници. Бидејќи тука се наоѓаат и земји со голем број на население, како што се Кина, Индија или Русија, може да се заклучи дека околу 70 проценти од светското население трпи големи, па дури и преголеми притисоци.

Истражувањето не наведува број на жртви, но германската хуманитарна организација „Опен дорс“ наведува бројка од 100 милиони прогонети христијани во светот.

Напад врз христијани со кесиња со урина

Според црковниот извештај, притисоци врз христијаните се забележани во многу земји, но пред сѐ во муслиманските. Во Египет муслиманите не смеат формално да преминат во христијанство, бидејќи им се заканува притвор и не можат да добијат документи во кои би била наведена нивната нова религија.

Во Индонезија протестантската заедница Филаделфија не може да изгради црква југозападно од главниот град Џакарта, иако има право на тоа.

„Пасторот добивал закани со смрт, а верниците се напаѓани со камења, кесиња со урина и расипани јајца, а влезот во црквата често им е оневозможен со блокади. Полицијата во сето тоа е многу пасивна, а округот не ги спроведува пресудите на Управниот суд“, стои во извештајот.

Според извештајот, во Пакистан е многу опасно да се биде христијанин, како што е опасно да се биде припадник на слободната црква во Иран. Евангелистичката црква во Виетнам е во исклучително неповолна состојба, а во Северна Кореја се протерани речиси сите христијани. Таму имало и рехабилитациски центри во кои на истакнати членови на религиските групи им се „пере мозокот“. Во Турција, пак, и денес можат да се најдат погрдни изјави за немуслиманските верски заедници во учебниците, додека присуството на христијаните и евреите во медиумите е сведено на минимум.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
Саудиски имам наредил и бебињата да носат бурки


Саудискиот имам шеикот Абдула Дауд издал фатва која наложува сите женски деца, дури и бебињата, да носат бурки за да се заштитат од сексуално насилство.


Фатвата која ја издал Дауд за време на гостувањето во исламската телевизиска станица Ал мајд ја вознемирила јавноста и наишла на остри критики.

Поранешниот судија на Саудискиот одбор за поплаки, шеикот Мухамед ал Јазлана, изјавил дека оваа одлука е лоша за исламот и шеријатскиот закон и дека ги прикажува во негативно светло.

Тој ги повикал муслиманите да ги игнорираат таквите фатви објаснувајќи дека постојат посебни прописи кои одредуваат кој има право да ги издава.

Тој истакнал и дека го растажуваат глетките кога ќе види семејство што шета со покриени деца и оценил дека тоа е неправда кон најмладите, пренесуваат светските агенции.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom