- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.398
- Поени од реакции
- 84.682
Сеа нешто друго (што веќе еднаш го имав споменато другде):Чипот не ни мораат да го воведат, бидејќи веќе ретко да може да се купи или продаде нешто преку каса, а тоа да не биде без бројот на ѕверот!
![]()
Парите. Тоа е моќта денес (секако - моќ за слепците, моќ на мамон, но тоа е друга приказна...).
Парите кои циркулираат во општеството се повеќе се насочуваат да минуваат низ банките - ФАКТ
Глеаме дека од пред дваесет и кусур години, па до денес, има голема разлика во секојдневниот платен и друг промет. Порано парите циркулираа вистински. Денес, стигнавме до тоа да, за се нешто, што и да сакаш сакаш да платиш - преку банка. Многу од плаќањата порано, се извршуваа помеѓу субјектите (без разлика дали се фирми, поединци или држава) и надвор од банковниот систем. На пример, на врата ти доаѓаше инкасатор за струја, порано имаа фирмите благајници и многу други примери, да не набројувам (ама ако сакате можам).
Приметливо е дека постепено целиот платен и друг промет се насочува да преоѓа низ банкарскиот систем. Пластично, денес не купуваме со пари, туку само пишуваме бројчиња на компјутери. Парите се у банка. Плаќаш ли на држава, на луѓе, на фирми, све тоа постепено се насочува да иде низ некоја од неколкуте банки тука (главно низ Стопанска, Комерцијална,Тутунска...). Плата више никој не прима. Платата им е у банка и си ја трошат преку картици*. Така е и низ светот. Тоа е глобален тренд кој на светско ниво се спроведува веќе неколку децении.
Сите пари се у банка, - тоа е интенцијата, а ние ќе си подаваме со бројчиња на компјутер, кои се proxy на нашите пари.
Некои оваа состојба ја нарекуваат напредок.
Е сега - to the point (две работи):
- Види чии се банките, прати ја трагата на сопствеништво и ќе видиш дека секогаш на крајот, од прилика завршуе у Швајцарија со инкогнито сопственици, за кои нема информации.
- Целиот промет на пари, за кој зборев, кој иде низ банките е организиран преку шифри. Ако плаќаш струја на ЕВН преку фирма, шифрата е 811, за вода е 813 и тн. Тие се веројатно универзални шифри.
Меѓу нив е и шифрата со која и плаќаш провизија на банката, шифрата преку која се извршува бизнисот помеѓу тебе и банката. Секој субјект кој плаќа провизија на банка иде низ та шифра. Провизија плаќаме сите, пошто сите сме насочени да работиме со банката, ако сакаме било кому, да платиме било што. Во Комерцијална плаќањето кон банката се нарекува: провизија за налози. Значи налог да се платат пари на Станко или на ЕВН или на што и да е, не е бесплатен, туку банката ти зима провизија за било што да сакаш да исплатиш.
Која ли е шифрата преку која банките ни зимаат провизија при нашите трансфери? А? Што мислите?
* - за кои плаќаат провизија. Имено, платата им ја оставам у банка, ја вадам преку картица (коа ќе треба да трошам), и за тоа замисли, место они мене, ја на нив им плаќам провизија, што е uber-смешно