07.05.2014, 20:05
"ВЕСТ" ВО ОБНОВЕНИОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ ВО 2009
Бигорски позлатен
Манастирот Свети Јован Бигорски како да се роди вторпат. Четири и пол години по пожарот, во кој речиси целосно изгоре комплексот згради на монашкиот конак, познат како Горни палат, сега повторно е истиот.
Преку дрвените широки порти повторно поминуваат и по стотици верници дневно, а неговиот нов изглед не може да издаде ниту една трага од несреќата, зад која останаа само чад и пепел.
Единствено тазе мирисот на лак и на боја и, одвреме-навреме, звукот на алат и на машини, потсетуваат на најголемата рана на манастирот, откривајќи дека некогаш нешто му се случило.
Пожарот веќе не го спомнуваат ниту монасите кои, возбудени како деца, трчаат низ манастирскиот комплекс, за да ги довршат последните задачи околу неговата обнова.
Отец Кирил нe пречека пред црквата точно напладне. Првпат за "Вест" тој се согласи да го открие новиот лик на манастирот, кој малкумина го виделе и го знаат.
Со клучот в раце, ист како во преродбенскиот период, долг дваесетина сантиметри и изработен од месинг, отец Кирил ни ги отвори манастирските врати, зад кои блескаат злато, срма, бисери....
"Бигорскиот манастир воскресна, верувајте. Кога се случи страшната несреќа и кога мислевме дека сме го загубиле манастирот засекогаш, работите почнаа да се менуваат. Со божја помош, ја почнавме обновата и успеавме да им го вративме Бигорски на верниците идентичен како порано, но се разбира и поздрав", вели отец Кирил.
Тој открива дека прва утеха после пожарот им била чудотворната икона на пресвета Богородица "Достојно ест" , целата окована во злато и сребро и украсена со драгоцени камчиња, која стигнала во манастирот два месеца по несреќата.
По нарачка на игуменот Партениј, таа се изработувала во Грција скоро цела година претходно.
"Оваа икона е идентична копија на иконата која се наоѓа во црква во главниот град на Света Гора. Бидејќи дојде многу брзо по несреќата, немам зборови да ви опишам колку $ се радувавме. Гледавме спас во неа. Таа е дело на познат мајстор во Грција, и е изработена во техника на резбање во злато и во сребро. Отец Партениј уште од мал се молел на оваа чудотворна икона, и бидејќи е заштитничка на монасите, ја ставивме на централно место во црквата", вели отец Кирил.
Прошетката низ манастирските простории, кои се наоѓаат на површина од 10.000 квадратни метри, почна токму од Горни палат. Новите темнокафеави дрвени скали, тукушто излакирани, нe одведоа до највпечатливиот дел на конакот, кај специфичниот чардак, од каде што се гледа шумата на планината Бистра и височините на Крчин. Скалите ги поврзуваат двата ката на конакот, на кои се наоѓаат монашките ќелии со живописни врати во стар македонски манастирски стил.
Од врата ѕирнавме и во владичките одаи, во заедничката соба на монасите, позната како синодикон. И во нив не влеговме, оти подот сe уште се сушеше, но резбата внатре откри скапоцен материјал и врвна изработка.
Веднаш до нив, пак, се наоѓа најсовремено опремена стоматолошка ординација.
"Ординацијата е речиси целосно опремена со најнова стоматолошка опрема. Столот работи, ни фалат уште некои инструменти, и да биде целосно комплетирана. Најчесто тука ни доаѓа доктор и ни ги правите потребните соодветни интервенции", објаснува отец Кирил.
Оттаму се упативме во параклисот посветен на св. Никола, кој интензивно се гради и е целосно живописан во стилот на православното византиското ѕидно сликарство. На другиот крај на конакот Источен палат е манастирската кула, во која е сместен часовник со осум камбани, кој отчукува на секои 15 минути. Над него е зографското ателје, во кое се цртаат икони според источната православна зографска традиција.
"Сe е направено како автентичното, само внимававме да биде колку што може поздраво. Сe што гледате е направено од најквалитетни материјали, набавени од разни места на светот. Многу работи се купувани од антикварници, а во овој дел верниците не поминуваат доколку немаат благослов од отецот Партениј", објаснува отец Кирил.
Црковните раскош и сјај особено доаѓаат до израз во библиотеката, во која има над 30.000 книги. Пред нејзината врата се наоѓа часовник од 19 век, кој работи како да е нов. На вратата на библиотеката, пак, се напишани првите зборови кои словенските просветители св. Кирил и Методиј ги превеле од грчки на словенски.
"Глаголицата е најсовршено писмо што некогаш го користело човештвото, за разлика од другите писма, кои имале историски развој и менување. Глаголицата е создадена одеднаш и секоја буква во неа, освен фонетско, има и симболично значење. Сите букви се поврзани со христијанството и со Исус Христос. На пример, буквата Иже има фонетска вредност на гласот И, и го означува името на нашиот спасител Исус, триаголникот ја означува Светата троица, а двата круга значат совршенство и бесконечност. Првата буква Аз има форма на крст, бидејќи во животот на христијаните сe започнува и завршува со крстот божји. Во чест на нашите првоучители светите Кирил и Методиј, отец Партениј сакаше да се изгравираат токму овие зборови, со глаголско писмо", објасни отецот.
Внатре во библиотеката речиси сe е од злато. На плафонот е насликан Исус Христос со 24-каратно злато од Италија, а полиците со книги се наредени на подот, кој има изглед на мозаик, изработен од четири вида дрво - даб, орев, цреша и јасен.
"Златната слика на Господ има посебен сјај од каде и да се гледа. Подот, макотрпно, дел по дел, е составуван од најдобрите мајстори од Скопје и од Тетово, а резбата ја правеа мајстори од Прилеп. Скалите и оградата ги направи мајстор Тетово. Освен со величествениот изглед, библиотеката привлекува големо внимание кај верниците и со книгите, меѓу кои книги на старогрчки, латински и старословеснки јазик, речници на разни јазици, граматики, македонска книжевност, лингвистика, историја, етнологија со фолклор, филозофија, археологија, и друга стручна литература", рече отец Кирил, кој откако ја затвори вратата со долгиот византиски клуч, нe однесе во владичката одаја.
Во неа доминираат клавир и месинган часовник, стар преку 200 години.
"Кога доаѓаат црковни или државни великодостојници, ги сместуваме овде", вели отец Кирил.
Со манастирско кафе и со локум, го завршивме разгледувањето на кујната и на трпезаријата.
Машката трпезарија има прекрасен под изработен од мермер, во неа останува да се доправат таваниците и ѕидниот живопис. Поранешната женска трпезарија ,пак, е преуредена во богата манастирска ризница, во која ќе бидат изложени ретки икони од 17, 18 и 19 век, древни црковни предмети, фрагменти од резби, стари богослужбени одежди, стари крстови и други предмети со духовна и културно-историска вредност.
"Сe што е поврзано со Бога, треба да биде величествено и достоинствено. Така го правевме и овој манастир, бидејќи е тој е жив благодарение на божјата волја и неуморните заложби на нашиот старец, игуменот Партениј, кој со својата евнагелска љубов ни собра сите нас овде, да му служиме на Бога и благочестивиот народ", рече отец Кирил.
Заминувајќи од манастирот, зад нас ги оставивме препознатливите чешми во облик на змејови, како специфичен украс на ова древно светилиште.
Отец Кирил: Обновата чини многу
Отец Кирил вели дека многу голема сума пари се вложени во обновата на манастирот. Според проценките на налдежните институции обнавата требало да чини околу шест милиони евра, но таа е направена за приближно половина од таа сума.
"Не можам да ви кажам колку точно чини обновата досега, бидејќи за тоа се грижи игуменот и манастирскиот економ. Ќе ви кажам само дека се работи за многу пари", рече отец Кирил.
Веднаш по пожарот, донации за обнова на манастирот стигаа од Владата на Македонија, верниците, поединци и од фирми, а се организираа и бројни манифестации за донирање пари, кои потоа беа искористени за санирање на штетите од пожарот
Бесплатни соби за православните
Бигорскиот манастир дневно има по најмалку педесетина гости.
За православните христијани што сакаат да преспијат во манастирот, има бесплатни соби.
"Тие се двокреветни, еднокреветни и повеќекреветни, и во нив има и тоалети. Собите се вистински рај за одмор", вели отец Кирил.
Кивот со мошти и натаму најпосетен
Реликвијарот или кивот во црквата е најпосетен од верниците оти во него има чудотворните мошти на повеќе светители, а има и честица од Чесниот крст, на кој бил распнат Господ Исус Христос.
На капакот од надворешната страна на кивотот, во медалјон од ковано сребро, е изработено распетието Христово, а од внатрешната страна зографите Михаил и Даниил ги живописале ликовите на светците, чии мошти се вградени во кивотот. Тие биле донесени од Цариград и му биле подарени на манастирот од богати трговци.[DOUBLEPOST=1399577595][/DOUBLEPOST]
Денеска е Св. апостол и евангелист Марко
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 април.
Денеска е
Св. апостол и евангелист Марко.
Марко е еден од 70-те Христови апостоли. Евреин по потекло, а припаѓал на левитскиот (свештенички) сталеж. Тој е писател на едно од четирите евангелија. Лично не бил присутен на настаните што ги опишува, туку ги дознал од апостолот Петар. Со последниов бил многу близок. Свети Марко во почетокот на апостолската проповед одел заедно со апостолите Петар и Павле, а подоцна заминува за Александрија. Така, тој е прв проповедник на христијанството во Египет и прв александриски епископ. Околу 67-мата година го наоѓаме во Рим заедно со свети Петар и Павле, пред нивната маченичка смрт, а потоа тој пак се враќа во Египет. И самиот пострадал маченички од локалните пагани. Неговите мошти биле положени во александриска црква која тој ја изградил, а подоцна (827-мата година) биле пренесени во Венеција.
Свети апостол и евангелист Марко 8.V./ 25.IV.
Именден празнуваат: Марко...
Светиот апостол и евангелист Марко е еден од четворицата евангелисти, автори на Новиот завет од Светото писмо. Роден е во Ерусалим, според едни бил ученик на светиот апостол Петар, според други е еден од 70-те Христови ученици. Мајка му била побожна христијанка, сестра на апостолот Варнава. Во нејзиниот дом се собирале христијаните за молитви, а во нејзината куќа се одржала и светата Тајна вечера на Исус со апостолите.
Светиот апостол и евангелист Марко се дружел со светите апостоли Петар и Павле, со нив прошетал многу места каде што го ширел Христовото учење како што се Кипар, Рим и дуги места. Во Рим, под директно влијание на св. Петар го напишал Евангелието, за кое се тврди дека е напишано десет години по Христово Вознесение. Истражувачите истакнуваат дека ова евангелие било напишано за читателите од нееврејско потекло. Папиј, кој пишувал околу 130-тата година од н.е. укажува на Марко како на толкувач на Петар кој пак „точно ги помнел и запишал Христовите зборови и дела. Ова е многу важно сведоштво бидејќи зборува за фактот дека Марко информациите ги добил од прва рака, т.е. од устата на еден од најблиските Исусови соработници.
По наговор на св. Петар заминал за Египет, во градот Александрија станал епископ и многу народ покрстил. Неговата популарност и особено заслугите за ширењето на христијанството не можеле да му ги простат неверниците кои насилно влегле во црквата, го врзале и го влечеле по патиштата додека не ја предал душата на Бога. Од месното население бил погребан во близината на Александрија, а подоцна побожните жители на Млетачката Република неговите мошти ги пренесле во Венеција и ги погребале во црквата изградена за таа пригода што го носи неговото име. И денес неговите мошти се наоѓаат во оваа црква, а тука има и ракопис на Евангелието по Марко за кое се смета дека е пишувано со неговата рака. Целото име на апостолот и евангелист Марко е Јован Марко, како што среќаваме сведоштво во Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука: „Откако се размисли, тој се упати кон куќата на Марија, мајката на Јована наречен Марко, каде што беа собрани многумина и се молеа.“ (Дела 12:12)
Евангелистот Марко настрадал во 68 година за време на владеењето на императорот Нерон.
Неговиот спомен се празнува на 8 мај/ 25 април и не се смета за тежок празник. Во Гевгелиско мажите работеле, а жените го држеле за празник. Се празнувал за заштита од град. Се верувало дека ако работат град ќе го отепа полето. Поради тоа никако не влегувале во бавчата или во лозјето.
Во селото Гореме, Светиврачко, овој ден бил празник на селото. Над селото имало мала височинка што се викала Кукувица и тоа место се сметало за свето место што е под заштита на светиот евангелист Марко. Не се знае од кога, но најверојатно од заселувањето на селото на овој ден, на тоа место се давало курбан за тој светител.
Курбаните се колеле денот пред празникот, односно на 7 мај. Пред да се заколеле курбаните свештеникот читал соодветни молитви. Кога ќе ги заколеле курбаните биела камбаната и престанувал секаква работа: орање, сеење, копање и др. Сите курбани се готвеле во големи селски котли под ридот Кукувица. За тоа време жените готват храна како: оризарник, баница, погача и др. Околу четири часот попладнето ја товареле храната на коњи и целиот народ одел на ридот Кукувица. Таму свештеникот светел вода и сите ги попрскувал со неа. Потоа ги кадел трпезите по што ја ставале храната. Мажите седнувале на софрите, а жените раздавале од храната. Откако ќе јаделе започнувале со ора и песни. На стемнување се враќале во селото каде што продолжувала веселбата до доцна во ноќта. Утрото на 8 мај, на денот на св. евангелист Марко, се служела божествена литургија, а потоа се правела веселба со ора и песни што траела цел ден.
Во селото постои и легенда за св. Марко. Легендата раскажува дека во турско време на селаните им било забрането на Марковден да одат во месноста Кукувица, и им било наложено вода да светат во селото. На местото Кукувица Турците направиле касарни и тука престојувала војската. Секоја ноќ на начелникот му се јавувал белобрад старец со бела капа на главата и на неа крст, во рацете држел патерица и многу го мачел неговиот син. Начелникот загрижен за страдањата на својот син пошол кај еден старец во селото и му ја раскажал својата мака. Овој веднаш се сетил дека тоа е светецот кој му се озмаздува затоа што забранил на неговиот ден да одат на местото Кукувица и да светат вода. Потоа повикале и свештеник кој му го кажал истото. Тогаш Турчинот го замолил свештеникот да свети вода на Кукувица и да ги попрска касарните и војниците со светена вода. „Се поклонувам пред тој ваш свет обред“, рекол Турчинот. Оттогаш веќе син му ништо не го мачело. Потоа на селаните им дозволил на ридот Кукувица да го изведуваат обредот и да светат вода како и порано. А кога се приближил празникот Турчинот подарил три овни да ги заколат за курбан на празникот Св. Марко.[DOUBLEPOST=1399577644][/DOUBLEPOST]
До убавините на лешочкиот манастир по нов и проширен пат
Многуте дупки на стариот, тесен и дотраен пат, веќе нема да бидат проблем, ниту за жителите, ниту за бројните туристи кои го посетуваат ова духовно светилиште.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=76231#.U2vcAKJ9bQo[DOUBLEPOST=1399577861][/DOUBLEPOST]
Ѕвоно тешко 285 килограми украдено од црква
07-Мај-2014 12:30
Ѕвоно тешко 285 килограми било украдено од црквата Св. Никола во селото Вражегрмци, Подгорица, пишува Вечерње новости.
Црквата е оддалечена од куќите во селото и се наоѓа во близина на шума, а крадците го искористиле лошото време што го погодило селото во изминатите денови. Покрај украденото се наоѓало и помало ѕвоно, но крадците не го земале.
Никој од селото не може да сфати како било можно да се симне црквеното ѕвоно тешко речиси 300 килограми и како крадците успеале да го пренесат до возилото. Затоа што, пишува Новости, ако имало механизација, мештаните би забележале.
Мештаните во вторник се собрале пред црквата и ги повикале крадците да се покаат за делото и да го вратат ѕвоното. Нивната огорченост е голема, па некои понудиле и илјада евра за било каква информација за крадците. Порачале дека уште некое време ќе чекаат реакција од полицијата, а ако нема резултати, сами ќе се организираат и ќе тргнат во потрага.
Украденото ѕвоно е излеано во 1928 година во сплитска леарница и во целиот крај било препознатливо по неговиот звук. Пред четири години провалници влегле во црквата, но не украле ништо.
http://portal.com.mk/vesti-balkan/vono-teshko-285-kilogrami-ukradeno-od-crkva.html