Верски вести III

Член од
14 август 2006
Мислења
45.398
Поени од реакции
84.682
Исламски милитанти зазеле село во Ирак



21.03.2014
Исламски милитанти денеска ја презеле контролата врз едно село во северниот дел на Ирак. Во ова подрачје кое е на 200 километри северно од Багдад веќе неколку недели траат борби меѓу сунитите и шиитите. Во други делови на Ирак, каде што се одбележува денот на пролета Норуз имало неколку напади при што загинале најмалку 16 луѓе.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Во напад на црква во Кенија убиени двјаца, а 10 лица се ранети
„Напаѓачите убија маж и жена, а потоа побегнаа,“ изјави Роберт Муреити, шеф на полицијата на покраината Ликони.


Најмалки две лица загинаа, а десетина се ранети кога засега непознати вооружени лица упаднале во црква во близина на кенискиот град Момбас и пукале на верниците, соопшти кениската полиција.

„Напаѓачите убија маж и жена, а потоа побегнаа,“ изјави Роберт Муреити, шеф на полицијата на покраината Ликони.

Тој додаде дека во пукање се ранети најмалку десет верници кои се однесени во блиска болница.

Кенија е често мета на напади, откако во октомври 2011 година воено интервенираше во јужниот дел на Сомалија за да го спречи напредувањето на трупите кои се борат на страна на групата Ал Шебаб, која е поврзана со Ал Каеда.


http://netpress.com.mk/vo-napad-na-crkva-vo-kenija-ubieni-dvjaca-a-10-lica-se-raneti/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Геј имам во САД
Јавно ја признал својата сексуална ориентација


Имамот Даји Абдулах од Вашингтон е првиот исламски проповедник кој јавно признал дека е хомосексуалец.

Иако муслиманските лидери и локални имами од Америка одбиваат да комуницираат со него, тој редовно се моли со група на американски муслимани кои истотака се хомосексуалци. Овој имам е специфичен по тоа што венчава геј и лезбијски муслимански двојки.



http://netpress.com.mk/gej-imam-vo-sad/[DOUBLEPOST=1395686764][/DOUBLEPOST]Исламистички терористи се закануваат со напади врз Вимблдон и Вембли
http://brif.mk/?p=140102&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%b8%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%b0[DOUBLEPOST=1395686828][/DOUBLEPOST]Џихадисти ги повикаа муслиманите да ја напаѓаат Франција и да го убијат Оланд

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=73570#.UzB6eM5MjQo[DOUBLEPOST=1395686861][/DOUBLEPOST]Ограбени четири цркви во Ресенско
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=73619#.UzBwrs5MjQo[DOUBLEPOST=1395686900][/DOUBLEPOST]Нов рекорд на судот во Египед, најмасовна пресуда на смрт

http://www.mkdpress.com/archives/1303
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Уште еден масовен процес против исламистите во Египет
Еден ден по смртните пресуди против 529 членови на Муслиманското братство, денеска пред судот во Миниа одговараат уште 683-ца приврзаници на оваа организација. Меѓу нив е и лидерот на Муслиманскот братство Мохамед Бади.


Од сите обвинети, на почетокот на процесот пред судот се појавија само 60-мина. Отворањето на судската постапка ја бојкотираат дури и адвокати на обвинетите. „Не се појавивме затоа што судијата ги прекрши кривичноправните процедури и на бранителите не им дозволи да ги изложат своите задршки“, изјави Адел Аси од групата адвокати на обвинетите. Според него, 77-мина од обвинетите се во затвор, додека другите се ослободени со кауција или се наоѓаат во бегство.

Организациите за човекови права стравуваат дека египетските власти сакаат вчерашните (24.03) стотици смртни пресуди да послужат како пример: „Сметаме со најлошото, со натамошни смртни казни“, вели Хасиба Сахаруи од Амнести Интернешнл. „Вчера со еден потег над 500 луѓе беа осудени на смрт. Такво нешто во светот досега немало. Меѓународната заендица мора да реагира итно.“

Смртните пресуди вчера беа донесени нецели 48 часа по отворањето на судскиот процес, без притоа одбраната воопшто да биде слушната. Сега одбраната најавува жалба.


Мохамед Бади, лидер на Муслиманското братство, зад решетки

Гамал Еид од Арапскиот институт за човекови права вели дека се‘ уште не докажано оти сите обвинети учествувале во насилните протести во Египет: „Во Египет има своеволни апсења и прогон на малцинствата. Вината на обвинетите воопшто не беше докажана. Многумина се уапсени и осудени на смрт неправедно“, вели тој.

По соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Мурси, египетското раководство постапува остро против Муслиманското братство. Илјадници луѓе се уапсени, задушувани се демонстрации, а Муслиманското братство е категоризирано како терористичко здружение. Одговорот на исламистите е насилство. Се‘ почесто има терористички напади врз воени бази и полициски станици. Минатата година исламистички демонстранти во Миниа напаѓаа христијански заедници, при што десетици луѓе ги загубија животите. Сега за тоа им се суди, но дали навистина сите обвинети учествувале во безредијата или има своеволни апсења е нејасно.


По соборувањето на Мохамед Мурси, против Муслиманското братство се поставува остро

Многу од граѓаните на Египет сепак се на мислење дека смртните казни се добри. Муслиманските браќа се терористи, смртта е единствена праведна казна, се повторува постојано. „Пресудата е исправна“, реагираше по вчерашните смртни пресуди еден Египќанец и додаде: „Муслиманските браќа сеат насилство во земјата и не‘ навредија нас, Египќаните.“ Друг пак, држејќи ги двата палци кренати нагоре, оценува: „Само така, тоа е казна за она што исламистите ни го направија.“ Само една жена претпазливо изразува сомнеж. Таа знае дека мора да внимава, нервозно се врти околу себе додека зборува: „Пресудите во Египет не се праведни, некои пресуди се изрекуваат според волја на судијата. Некои луѓе се казнуваат преостро, а други воопшто. И со овие пресуди нешто не е во ред.“

http://www.dw.de/уште-еден-масовен-процес-против-исламистите-во-египет/a-17518974?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.398
Поени од реакции
84.682
Вознемирувачка снимка од сексуално малтретирање во Каиро
Текст: М.Т.
Свет | 25 март 2014


Египет постојано е критикуван поради тоа што не презема мерки за да ги заштити жените од сексуално малтретирање, а видеото кое ќе го видите подолу е само еден од примерите кои покажуваат дека ситуацијата за жените во оваа земја е навистина лоша.



Станува збор за видео на кое е прикажана студентка од универзитетот во Каиро, која пред очите на сите е малтретирана од група мажи. Единствената причина за тоа е нејзината облека - тесни панталони и розова блуза. Девојката морала да се крие во тоалет од мажите кои почнале да ја малтретираат, за на крајот обезбедувањето да ја изнесе од универзитетот, пренесува i24news.

Да биде работата уште полоша, деканот изјави дека девојката била самата виновна за случајот, бидејќи се облекла несоодветно, но подоцна се извини велејќи дека погрешно бил разбран.

 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Пакистански христијанин осуден на смрт поради навреда на пророкот Мухамед

Суд во Лахор му изрече смртна казна на пакистанскиот христијанин Саван Мазих поради богохулење, кое минатата година предизвика немири во овој источен пакистански град.

Суд во Лахор му изрече смртна казна на пакистанскиот христијанин Саван Мазих поради богохулење, кое минатата година предизвика немири во овој источен пакистански град.
Пресудата на Мазих му беше изречена во затворот, каде се оддржа судскиот претрес од страв дека може да биде нападнат на пат кон судот.

Во Пакистан досега не е егзекутирано ниту едно лице според законот за богохулство, но често пати гневни толпи луѓе нештата ги земаат во свои раце и ги убиваат оние кои им ги навредуваат верските чувства.

Организациите за заштита на човековите права одамна го обвинуваат Пакистан дека законот за богохулство, што предвидува казна доживотен затвор или смрт, понекогаш се злоупотребува за личен интерес или за одмазда.

Млад муслиман минатата година го обвини Мазих дека кажал лоши зборови за пророкот Мухамед. Тој беше приведен од полицијата, но следниот ден гневна толпа луѓе упадна во квартот каде тој живеел со други христијански семејства, ги запали нивните куќи и им го оштети имотот. Многу семејства потоа се иселија од квартот, стравувајќи за својата безбедност.


http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=73888#.UzYSqqhdVXc

 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Сабота, 29 Март 2014 15:53


Фатум Ал Јасем е осудена на смрт од страна на шеријатскиот суд во сирискиот град Ал Рекаи, бидејќи, според пресудата, да се има Фејбук профил е неморално однесување.


Девојчето било приведено од сириски милитанти од групацијата ИСИС, чија бруталност е поекстремна од онаа на Ал Каеда.

Судот под овласување на ИСИС пресуди дека членовите на социјалните мрежи заслужуваат иста казна како и прељубниците.

Светот стравува дека групата ИСИС, инаку поборници на Ал Каеда и заговорници на џихадот, презела цврста контрола над делови во Сирија.

Групата настана во 2013 година по одвојувањето од ирачкиот огранок на Ал Каеда. ИСИС ја презеде контролата врз градот Ал Рекаи, прв провинциски град кој падна под контрола на бунтовиците во март 2013 година.

Бунтовниците кои се спротивставија на владеењето на ИСИС се пикнати по затвори без судење. Жените се предупредуваат со постери “да ја скриваат својата убавина“ и забрането е да го напуштаат домот без придружба на мажи.[DOUBLEPOST=1396139796][/DOUBLEPOST]29/03/2014, 17:08 Повеќе →
Се кавгаат муслиманите и будистите во Мианмар

Муслиманите во Мианмар нема да имаат можност да се самоопределуваат како “рохингја” при пописот на населението во земјата, објавија AFP.

Мианмарските власти беа принудени да ја забранат употребата на името “рохингја”, откако будистите во западниот дел на земјата најавија дека планираат да ја бојкотираат пописот, поради стравување дека тоа може да доведе до официјално признавање на “рохингја” како етничко малцинство.

Претставниците на народноста “рохингја” ќе можат да се изјаснуваат како “Бенгал” за време на пописот.
[DOUBLEPOST=1396139912][/DOUBLEPOST]Монструозно: Каменувале девојка до смрт бидејќи отворила профил на фб
http://365.com.mk/121136/monstruozno-kamenuvale-devojka-smrt-bidejk-otvorila-profil-na-fb
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226

Првиот балкански бомбаш-самоубиец
02.04.2014 15:46





Бљерим Хета од Урошевац е првиот бомбаш-самоубиец од Балканот. Пред една недела се разнесе во Багдад и притоа усмрти 52 лица. Пред заминувањето во Ирак, Хета работел во американската база Бондстил.

Косовскиот Албанец Бљерим Хета ден пред бомбашкиот чин им се јавил на домашните и им рекол дека наскоро ќе се ,,сретне со Алах“. Семејството ја потврдило неговата смрт, а косовските власти се уште не се изјаснуваат за овој случај. Веста е потврдена и на сајтот на блиска организација на Ал Каеда, а Хета се спомнува под името Абу Хабаб. Така всушност стана првиот документиран случај, иако претходно се споменуваа наводни бомбаши-самоубијци од Босна. Неговото семјство верувало дека Бљерим е некаде во Сирија. Татко му Ремзи изјавил ,,по се што се случи, не сакам да чујам за вера... Мојот син е заведен. Ние сме семејство што ги поддржува европските вредности, а не екстремистичките.“

Семејството тврди дека Бљерим пред да замине во Ирак ги слушал предавањата на Шефќет Красниќи во Косово, но и на Бекир Халими Еид Омер во Македонија.

С.С




[DOUBLEPOST=1396478191][/DOUBLEPOST]Саудиска Арабија ги прогласи сите атеисти за терористи
Саудиска Арабија вовела нова низа закони со кои атеистите се дефинират како терористи.

Атеистите, мирните проповедници и оние кои се борат во странство се нашле под закрила на новите „антитерористички закони“. Новите закони се донесени воглавно поради борба против растот на бројот на Саудијци кои учествуваат во граѓанската војна во Сирија.

Саудискиот крал Абдула настојува да ги запре сите облици на политички незадоволства кои би можеле да му наштетат на јавниот ред.

Минатиот месец прописот на саудиското министерство за внатрешни работи дефинира широк број организации кои Владата ги смета за терористики организации, вклучувајќи го и Муслиманското братство.

Една од новите одредби на Министерството под тероризам го смета и доведувањето во прашање на темелот на исламската вера на која се темели Саудиска Арабија.


http://netpress.com.mk/saudiska-arabija-gi-proglasi-site-ateisti-za-teroristi/[DOUBLEPOST=1396478292][/DOUBLEPOST]02.04.2014 | 08:00
Речиси совршена: Банка која ја водат монаси!

Монаси кои водат банка? Она што наизглед звучи неверојатно сепак постои во Санкт Августин покрај Бон и тоа веќе 50 години. И работи доста успешно.

Сите кои ќе отворат сметка во оваа банка, можат да бидат со мирна совест. Приходите од каматите можат да ги донираат на калуѓерот, за неговите мисионерски или добротворни активности. И добивката на оваа банка оди во хуманитарни цели.

“Проектот чесен трговец, особено ни е важен“, вели директорот на банката Норберт Волф.

Во време кога поради финансиската криза, довербата во банките паѓа Steyler Bank е вистинско мало чудо. Во неа нема трикови и подароци за новите клиенти, но нема ниту премии за работниците, ако во банката донесат нов муштерија.

Steyler Bank почнува да ниже профит веднаш по големата криза во 2008 година и очигледно е моделот на банка, која својата заработувачка не ја дели со менаџерите, туку ја дава во хуманитарни цели, повеќе им се допаѓа на клиентите. Од 2008 наваму Steyler Bank бележи 1.000 до 1.2000 нови муштерии секоја година. Тие, како што велат од банката, се во поодминати години и воглавно добро ситуирани.

Дејноста на сите фирми кои Steyler Bank ги нуди преку своите акциски фондови на некој начин се темели на еколошки, но и етички принципи. Во фондот се наоѓаат акции само на оние компании, кои ги задоволуваат строгите критериуми.

Сепак, вака звучи теоретски. Во пракса тешко е да се контролира секоја поврзаност на акционерските компании. Покрај тоа, за да се влезе во портфолиото на една банка, мора да се оставарува профит, а тоа секогаш не е можно, ако се држите на принципите, кои ги брани една црква.

Затоа Steyler Bank се фокусира на оние кои се најблиску со “совршени компании“, но и самите банкари признаваат дека кога се работи за економија, тешко е да се водите од етика.

Како инаку ќе се објасни тоа дека во портфолиото на банката се наоѓаат акции на БМВ, чии автомобили поради натпросечната потрошувачка се “трн“ во очите на еколозите.

http://lider.mk/2014/04/02/recisi-sovrsena-banka-koja-ja-vodat-monasi/
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Спомен на Св. Лидија Македонска
Денес се празнува споменот на Св. Лидија Македонска. По тој повод во храмот кој и е посветен на првата жена покрстена од Свети апостол Павле на нашите простори, а кој е во рамките на Храмот на сите македонски светители, за прв пат оваа година се отслужи Божествена Литургија на претходно осветени чесни Дарови. Се изврши мал Водосвет и се пресече Славски колач. Денес исто така се празнува и денот посветен на пречистанските новоканонизирани преподобни маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, како и на Света Матрона Солунска.
http://www.tera.mk/index.php/vesti/aktuel/78489-spomen-na-sv-lidija-makedonska

Денеска се Свети Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј И Аверкиј
http://www.sitel.com.mk/mk/deneska-se-sveti-prechistanski-prepodobnomachenici-evnuvij-pajsij-i-averkij

 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.398
Поени од реакции
84.682
... првата жена покрстена од Свети апостол Павле на нашите простори,
Јас колку што сум информиран, неа ја сметаат и за прва Европјанка која го примила Господ Бог Исус Христос за свој личен спасител.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Пак се резилите на синодско ниво (како отац Јоило шо ја разбра еволуцијата и ја објасни ба јутуб во монти пајтонски стил) значи нема никакви планови во програмата на Обамакер за чипување на популацијата, поштопопојте не знат енглески и не се замараат (и не смеат) подлабоко да изтражуваат нив овој член КОЈ Е ОДБИЕН од предлог закон за 2009 година за „data collection to “facilitate analysis of postmarket safety and outcomes data” from class II devices (An RFID chip is classified as a class II device “ И тој предлог кој не е чипување на популација е одбиен. Али почнаа разни групи и поединци по мејлови да праѓаат дезинформации некој таков мејл стигна и до синодот на МПЦ и овуие одма прогласија апокалипса!!
Не пишете непроверени работи или работи кои не ги разбирате.

дај му го овој линк на Гдин Гдин Стефан и нек избришѓе тие глупостите шо ги напишал

http://obamacarefacts.com/obamacare-microchip-implant.php
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom