Прават магии во црква и за живите палат свеќа кај мртвите
Наместо во црква да влезат со чиста душа и да се помолат за здравје, за решавање на некоја мака, македонските свештеници често забележуваат луѓе, како нешто чудно зборуваат, а место горе, свеќите за живите ги палат кај мртвите, за да се фатела клетвата, пишува Нова Македонија.
Свештениците велат дека наоѓаат разни предмети на иконите и покрај олтарот, кои ги оставаат верниците. Понекогаш наоѓаат конци во различни бои закачени на иконите, но една од најчудните слики била кога виделе како парите што се оставаат во црквите се врзуваат со конец.
За весникот свештените лица раскажале дека се почесто верниците правата магии за некому да му наштетат.
“Еден литар масло и еден килограм шеќер треба да се остават пред олтарот во една православна црква. Потоа ќе запалите свеќа за вашиот непријател, но обратно, треба да се забоде со фитиљот надолу, во садот со песок наменет за починатите. Наместо вам да ви се случи нешто лошо, тоа ќе го снајде оној што сметате дека ви наштетува. Само така ќе успеат зборовите на клетвата“, објасниле свештениците за Нова Македонија.
Некои верници сметаат дека токму во црквите се прават најтешките клетви. Тоа најчесто се случува за време на големите празници, бидејќи кај луѓето има верување дека ќе се фати кажаната клетва.
“Има многу посетители на верските објекти што доаѓаат со лоши намери. Една од најчудните појави е кога луѓето палат свеќа, ја нарекуваат со името на тој кому сакаат да му наштетат и ја ставаат на местото за покојници, но не да гори, туку со пламенот надолу. Продавачите на свеќи во црквите се директни сведоци на таквите активности “, велат свештениците.
Овие суеверни појави се чести меѓу народот, кој верува дека со клетви и магии, може да се предизвика зло. Од цркавата велат дека овие суеверни појави не се запишани никаде во светите книги и дека се појава кога народот ја негува.
Професори од Богословскиот факултет во Скопје за Нова Македонија објасниле дека црквата се бори да го отстрани суеверието, зашто тоа нема никаква врска со православието и со библиското и светоотечко учење .
Кога ќе почине некој важно е да се запали свеќа, за да не скита неговата душа. Со палење свеќа за жив човек, но во делот за покојници, му се фрла клетва да нема светлина кога ќе почине. Клетва или колнење е форма на говор што е спротивен од благословите. Според народното верување, клетвата е само збор со негативна желба некому да му се случи несреќа. Тоа го сметаат за тежок облик на нанесување зло поради омраза, одмазда или некоја друга причина. Етнолозите велат дека најтешки клетви биле крвните од родителот, братот, сестрата.
Свештениците велат дека таквите сфаќања можат да се сменат само со изучување на веронауката.http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/829669/index.html
--- надополнето: 16 февруари 2013 во 21:21 ---
--- надополнето: 16 февруари 2013 во 21:33 ---
Со исламско банкарство да му се стави крај на хаосот во Европа
oсновните принципи на банкарството, според исламските закони, се дека трансакциите мора да бидат бескаматни, секој кредит мора да биде имотно покриен и да не се преземаат високоризични финансиски работи.
БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ
Банките во светот се борат со кризата и со нејзините последици уште од 2008 година, додека таканаречените исламски куќи за пари се движат во целосно спротивен правец. Нивната актива непрекинато расте и, според процените на експертите, достигнува 1.800 милијарди долари. Исламското банкарство се зајакна во последните две-три децении и досегашната просечна стапка од околу 15 отсто пораст на годишно ниво го направи исламското банкарство еден од најпопуларните феномени на 21 век.
Македонската регулатива не дозволува вакво работење и се водиме според западните искуства. Во книгата „СУКУК - муслимански бескаматни обврзници“ на професорот Мирољуб Шукаров од Универзитетот на ЈИЕ се третираат прашањата како овој начин на финансирање никогаш не подлежи на кризи. Кај овој вид банкарство основа е еднаквоста и е забранета каматата. Во спротивното, како што вели Шукаров, тогаш не би се почитувала рамноправноста.
Кредит без камата
- Нашиот закон не дозволува ваков вид банкарство, туку се заснова на конвенционалното банкарство.
Исламското банкарство се повеќе е застапено во Европа и во Америка. Кај ваквиот вид банкарство еднаквоста е основа, овој систем на работење е стабилен и не дозволува постоење на должници - вели Шукаров.
Основните принципи на банкарството, според исламските закони, се дека трансакциите мора да бидат бескаматни, секој кредит мора да биде имотно покриен и да не се преземаат високоризични финансиски работи. Токму затоа, појаснува Шукаров, се забранети зделки што се насочени кон проституција и оружје, камати, договори во кои постои несигурност за реализација. На пример, доколку некој сака да купи стан, оди во исламска банка да побара кредит. Банката го одобрува кредитот, со што го купува станот, но тој имот е во нејзина сопственост, а барателот плаќа станарина. Со секоја година се зголемува и сопственоста што ја има, а банката заработува од киријата што кредитобарателот ја плаќа додека живее во станот и додека не го отплати во целост. Шукаров појаснува дека во почетокот банката е 100 отсто сопственик, а потоа се помалку, се додека комплетно не биде отплатен станот. На овој начин во ниту еден момент никој не е должник.
- Во нашето законодавство не се вметнати механизмите на исламските закони, банкарската регулатива кај нас се води според западните искуства. Доколку постои и дојде до ваков интерес, најверојатно би имало измени. Ние како земја немаме такви искуства, но со последните контакти и најавените инвестиции од Катар можно е да дојде до некоја форми на овој вид банкарство, но тоа би било мотивирано од политички цели - вели Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии и економски аналитичар.
Нема манипулации
Активата на исламските банки изнесува 1.800 милијарди долари и забележува скок од дури 38,5 отсто во однос на крајот на 2011 година, пишува во најновата студија на консултантската куќа „Ернест и Јанг“.
Тајната на овој банкарски систем, како што се смета, не е целосно во огромните нафтени профити.
Системот на „халал-финансирање“ почнува со неколку основни тврдења, во кои нема големи тајни, но ги нема ниту западните манипулации поради нечии интереси. Исламското финансирање се базира на принципите на забрана на плаќањата или наплата на камати во кој било облик, задолжителна поделба на профитот или загубата, на неможноста за заработка без преземање ризик и на забрана за вложување во вооружување, порнографија, алкохол и игри на среќа.
Со оглед на успешноста на овој начин на финансирање, честа тема за експертите е зошто ваквиот систем нема подлабоки корени на Запад. Во Велика Британија, која меѓу првите ја согледа предноста на овој систем, вредноста на влоговите достигна дури 19 милијарди долари. Во Франција принципите на исламското финансирање и понатаму се на скромно ниво, поради нагласената потреба на малите и на средните претпријатија за нови видови инвестиции, пишува престижниот француски портал „Бизнис-клуб“.
Некои земји, како Пакистан, Иран или Судан, во целост ги конвертираа некогашните конвенционални економски системи во исламски. Во развојот на исламскиот финансиски систем клучната улога ја имаат исламските финансиски институции. Во светот денес постојат повеќе од 200 различни исламски финансиски институции, инвестициски банки и финансиски и осигурителни компании во повеќе од 50 земји на сите пет континенти.
Најраспространети се на Блискиот Исток, во Африка и Југоисточна Азија, а се повеќе присутни во Северна Америка и Европа. Системот го сочинуваат и низа небанкарски институции, исламскиот пазар на пари, исламската берза, фондови и исламски осигурителни компании што работат по шеријатскиот принцип. Една од најголемите исламски банкарски групации на светот е „Ал Рајхи бенкинг и инвестмент“, со седиште во Саудиска Арабија.
Исламските банки се присутни на Балканот
Прва исламска банка во Југоисточна Европа е Босна банк интернационал, која планира отворањето подружница во Хрватска.
Првата банка од овој тип Исламик фајнанс хаус е основана во Луксембург во 1978 година, а притоа се отворени низа институции кои работат на истиот принцип во другите европски земји. Покрај тоа, некои западни конвенционални банки даваат услуги според шеријатскиот принцип на барање на своите клиенти.
Интересот на западните банки за воспоставување односи и соработка со исламските банки е во пораст, а некои од големите банкарски групации, како Сити банк, Морган Стенли и Голдман Сакс, почнаа да даваат финансиски услуги според начелата на исламското банкарство.
Автор: Маја Трајковска