Првиот балкански бомбаш-самоубиец
02.04.2014 15:46
Бљерим Хета од Урошевац е првиот бомбаш-самоубиец од Балканот. Пред една недела се разнесе во Багдад и притоа усмрти 52 лица. Пред заминувањето во Ирак, Хета работел во американската база Бондстил.
Косовскиот Албанец Бљерим Хета ден пред бомбашкиот чин им се јавил на домашните и им рекол дека наскоро ќе се ,,сретне со Алах“. Семејството ја потврдило неговата смрт, а косовските власти се уште не се изјаснуваат за овој случај. Веста е потврдена и на сајтот на блиска организација на Ал Каеда, а Хета се спомнува под името Абу Хабаб. Така всушност стана првиот документиран случај, иако претходно се споменуваа наводни бомбаши-самоубијци од Босна. Неговото семјство верувало дека Бљерим е некаде во Сирија. Татко му Ремзи изјавил ,,по се што се случи, не сакам да чујам за вера... Мојот син е заведен. Ние сме семејство што ги поддржува европските вредности, а не екстремистичките.“
Семејството тврди дека Бљерим пред да замине во Ирак ги слушал предавањата на Шефќет Красниќи во Косово, но и на Бекир Халими Еид Омер во Македонија.
С.С
[DOUBLEPOST=1396478191][/DOUBLEPOST]
Саудиска Арабија ги прогласи сите атеисти за терористи
Саудиска Арабија вовела нова низа закони со кои атеистите се дефинират како терористи.
Атеистите, мирните проповедници и оние кои се борат во странство се нашле под закрила на новите „антитерористички закони“. Новите закони се донесени воглавно поради борба против растот на бројот на Саудијци кои учествуваат во граѓанската војна во Сирија.
Саудискиот крал Абдула настојува да ги запре сите облици на политички незадоволства кои би можеле да му наштетат на јавниот ред.
Минатиот месец прописот на саудиското министерство за внатрешни работи дефинира широк број организации кои Владата ги смета за терористики организации, вклучувајќи го и Муслиманското братство.
Една од новите одредби на Министерството под тероризам го смета и доведувањето во прашање на темелот на исламската вера на која се темели Саудиска Арабија.
http://netpress.com.mk/saudiska-arabija-gi-proglasi-site-ateisti-za-teroristi/[DOUBLEPOST=1396478292][/DOUBLEPOST]02.04.2014 | 08:00
Речиси совршена: Банка која ја водат монаси!
Монаси кои водат банка? Она што наизглед звучи неверојатно сепак постои во Санкт Августин покрај Бон и тоа веќе 50 години. И работи доста успешно.
Сите кои ќе отворат сметка во оваа банка, можат да бидат со мирна совест. Приходите од каматите можат да ги донираат на калуѓерот, за неговите мисионерски или добротворни активности. И добивката на оваа банка оди во хуманитарни цели.
“Проектот чесен трговец, особено ни е важен“, вели директорот на банката Норберт Волф.
Во време кога поради финансиската криза, довербата во банките паѓа Steyler Bank е вистинско мало чудо. Во неа нема трикови и подароци за новите клиенти, но нема ниту премии за работниците, ако во банката донесат нов муштерија.
Steyler Bank почнува да ниже профит веднаш по големата криза во 2008 година и очигледно е моделот на банка, која својата заработувачка не ја дели со менаџерите, туку ја дава во хуманитарни цели, повеќе им се допаѓа на клиентите. Од 2008 наваму Steyler Bank бележи 1.000 до 1.2000 нови муштерии секоја година. Тие, како што велат од банката, се во поодминати години и воглавно добро ситуирани.
Дејноста на сите фирми кои Steyler Bank ги нуди преку своите акциски фондови на некој начин се темели на еколошки, но и етички принципи. Во фондот се наоѓаат акции само на оние компании, кои ги задоволуваат строгите критериуми.
Сепак, вака звучи теоретски. Во пракса тешко е да се контролира секоја поврзаност на акционерските компании. Покрај тоа, за да се влезе во портфолиото на една банка, мора да се оставарува профит, а тоа секогаш не е можно, ако се држите на принципите, кои ги брани една црква.
Затоа Steyler Bank се фокусира на оние кои се најблиску со “совршени компании“, но и самите банкари признаваат дека кога се работи за економија, тешко е да се водите од етика.
Како инаку ќе се објасни тоа дека во портфолиото на банката се наоѓаат акции на БМВ, чии автомобили поради натпросечната потрошувачка се “трн“ во очите на еколозите.
http://lider.mk/2014/04/02/recisi-sovrsena-banka-koja-ja-vodat-monasi/