Верски вести III

Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
ШТО САKА ДА ПРЕДИЗВИKА ПРВИОТ ЧОВЕK НА ИВЗ
И ГОЛЕМА АЛБАНИЈА НА „ФЕЈСБУК“ НА РЕИСОТ РЕЏЕПИ


http://dnevnik.mk/?ItemID=D22729A98919134C928F63CD639AEFFE


Оскрнавени муслиманските гробишта во Струга
Муслиманските гробишта во Струга повторно се мета на вандалско однесување. Овојпат оштетени се десеттина канделабри кои ги осветлуваат гробиштата како и дел од оградата, а во минатото на неколку пати исто така имаше оштетување на околината на гробиштата кои граѓаните на своја иницијатива ги одржуваат

http://a1on.mk/wordpress/archives/290340


ОТЕЦ ПАРТЕНИЈ ЌЕ ГРАДИ ПАНДАН НА БИГОРСКИОТ МАНАСТИР - КАРАУЛАТА ВО БИТУШЕ ЌЕ СТАНЕ ЦРКВА

Старата напуштена караула над село Битуше ќе стане црква. Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, најави дека на местото на пограничната караула ќе крене храм "Св.Кирил и Методиј", кој треба да биде готов до крајот на годинава...
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=EB96C9813A275C4B92A820ECEF1FFD74

 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Во Русија и Украина во неколку храмови истовремено од иконите почнало да тече миро, за свештениците и народот тоа е знак дека пред нив е нова трагедија.


Според верниците вакво масовно течење на миро од иконите е забележано во пресрет на некои големи катастрофи, на пример истото се случувало пред големата револуција во 1917-тата година.

Ова појава е забележана во неколку градови во Русија и Украина.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Во Русија и Украина во неколку храмови истовремено од иконите почнало да тече миро, за свештениците и народот тоа е знак дека пред нив е нова трагедија.


Според верниците вакво масовно течење на миро од иконите е забележано во пресрет на некои големи катастрофи, на пример истото се случувало пред големата револуција во 1917-тата година.

Ова појава е забележана во неколку градови во Русија и Украина.
ЗАПЛАКАА ИКОНИТЕ ВО УКРАИНА (ВИДЕО)


http://mkd-news.com/zaplakaa-ikonite-vo-ukraina-video/
[DOUBLEPOST=1393678764][/DOUBLEPOST]Папата Франсис: Не осудувајте го разводот

http://a1on.mk/wordpress/archives/291056

http://republika.mk/?p=210157
[DOUBLEPOST=1393678805][/DOUBLEPOST]Како Давид Г. стана Абу Давуд и загина во Сирија

http://www.dw.de/како-давид-г-стана-абу-давуд-и-загина-во-сирија/a-17450035?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
ИСКРШЕНИ КРСТОВИТЕ НА ХРИСТИЈАНИТЕ ГРОБИШТА ВО ЛОКВЕНИ
Непознати сторители ги искршиле речиси сите крстови на христијански гробови во крушевското село Локвени. Жителите тоа го забележале вчера изутрината кога според обичаите дошле на задушница на ова светилиште, по повод верскиот празник Проштени поклади.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=35493
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Апокалипса пред прагот: Невидена бура го завиткала Сиднеј во темнина!



Силна бура пропратена со грмотевици и дожд денес го зафатила источното и јужното предградие на Сиднеј. Пред да се засолнат, Австралијанците и туристите успеале да направат фотографии од апокалиптичните глетки кои ретко каде можат да се видат.


Граѓаните на Сиднеј велат дека не паметат ваква бура.

Облаците дошле од југ и сосема го прекриле небото над дотогаш ведрите плажи. Посетителите, кои дотогаш се капеле и сончале, биле сосема изненадени од наглата промена на времето.





Дали ова е Божји знак? Иконите во Русија и во Украина почнале да крварат!

Во повеќе од десет манастири низ Русија и Украина иконите на светците во исто време почнале "да плачат". Дали ова e предупредување за катастрофата што ги очекува во случај на војна?

Дали Бог ги предупредува луѓето од Русија и Украина за големата катастрофа што ги очекува наскоро? "Тоа не е исклучено", изјави Томас Терликовски, главниот уредник на полскиот Католички портал Fronda.
Во повеќе од десет манастири низ Русија и Украина иконите на светците во исто време почнале "да плачат", а солзите им се во црвена боја. Овој феномен бил забележан во градовите Одеса и Ровно во Украина и Ростов-на-Дону и Новокузнецк во Русија.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226


08.03.2014 - Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон


Во чест на празникот посветен на светиот великомаченик Теодор Тирон, во населеното место Јанчиште денес се одржа голем црковно-народен собир на кој присуствуваа голем број верници.

Во црквата Свети великомаченик Теодот Тирон во Јанчиште Неговото преосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски Г. Јосиф отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија.

За значењето на празникот потсети и парохискиот свештеник отец Жарко Мицковски.

На оваа Света Литургија ќе настапи хорот Воскресение од Тетово под Раководство на хороначалникот Милош Дрпа. На литургијата сите верници коие се подготвувале согласно учењето на Светата Црква пристапија да се причестат со Светото Тело и Крв на нашиот Спасител Господ Исус Христос.

Од Црковниот Одбор се задоволни од посетеноста на овој свет храм во нивното село. Особена чест им е што на овој голем ден за Јанчиште присуствува и митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Веднаш по празничната литургија во храмот Свети великомаченик Теодот Тирон во Јанчиште беше приредена братско-сестринска трпеза на љубовта која ја благослови владиката Јосиф, на кого му беше врачен и пригоден подарок.

Првата сабота од Светата Четириесетница Православната Црква му ја посветува на споменот на чудесното јавување на Христовиот воин Теодор Тирон за избавување на христијаните од неумолливата скверност на царот Јулијан Отстапник. Свети Теодор Тирон во времето на гонењата на царот Максимијан маченички пострада за верата Христова во 306 година.

Соња Стрезовски

http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=19119[DOUBLEPOST=1394287483][/DOUBLEPOST]ВО ОВОЈ ГРАД ЌЕ ЖИВЕАТ САМО ЖЕНИ

Саудиска Арабија има намера да создаде индустриски град во кој ќе живеат и работат само жени, на овој начин сака да направи компромис меѓу строгиот Шеријатски закон и желбата на жените да градат деловни кариери.

Се очекува женската општина лоцирана на истокот на земјата да привлече инвестиции тешки околу 100 милиони евра, и да обезбеди 5.000 работни места во текстилната, фармацевтската и прехрамбената индустрија. Иако Шеријатскиот закон формално не им забранува на жените да работат, статистиката покажува дека жената зазема само 15 насто од работната сила во оваа земја. Најновиот план на владата е да им овозможи на жените поактивно да се вклучат во развојот на земјата.

Идејата е за почеток вработување на жените на местото на досегашните работници од странство. Летово почнаа како продавачи во парфимерии и слични продавнички, пред половина година ги заменија мажите во одделот -продажба на женска долна облека.
Сепак и покрај ваквиот напредок, жените во Саудиска Арабија остануваат лишени од основните човекови права и слободи.
Во септември минатата година кралот Абдула најави дека жените ќе можат да гласаат и да бидат дел од локалните избори 2015 година, но Саудиска Арабија и натаму е единствената земја во светот која им забранува на жените да возат автомобил, а Меѓунардниот олимписки комитет едвај ја убеди државата да им дозволи на спортистките да учествуваат на Олимпијадата.

http://mkd-news.com/vo-ovoj-grad-ke-zhiveat-samo-zheni/

[DOUBLEPOST=1394287518][/DOUBLEPOST]Саудиски активистки потпишаа петиција против апсолутниот машки авторитет


Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, десет саудиски активистки потпишаа петиција, упатена до консултативното собрание Шура, со која бараат поголеми права за жените.

Активистката Азиза Јусеф изјави дека тие „бараат да престане апсолутниот авторитет на мажите над жените и да се воведат законски мерки со кои женските права ќе бидат заштитени“.

Во Саудиска Арабија е на сила строга интерпретација на исламското право, поради што жените не можат да работат или да патуваат без дозвола или придружба од маж.

Во петицијата, меѓу другото, се бара да им се дозволи на жените да управуваат со моторни возила, што три членки на собранието Шура го предложија и во октомври, меѓутоа беа надгласани во 150-членото собрание во кое доминираат мажи.

Иако собранието Шура не е легислативно тело, може да предложува и да интерпретира закони, а со зголемувањето на бројот во жените во собранието, може да се надеваме на придвижување и подобрување на полето на женските права во Саудиска Арабија.
http://okno.mk/node/36090

[DOUBLEPOST=1394287667][/DOUBLEPOST]Сириските монахињи заложнички на џихадистите го напуштиле градот Јабруд

Сириските монахињи од манастирот Маалулија кои се наоѓаат во заложништво на милитантите од исламистичката групација Џебхат ан-Нисра (Фронтот ал-Нусра), го напуштиле во петокот градот Јабруд кој е под опсада на војските на сириската влада, пишува онлајн изданието на панарапскиот весник Al-Sharq al-Ausat.
Според весникот, тринаесетте жени предводени од игуманијата Пелагија (Сајаф) биле преместени на безбедна локација, подалеку од локацијата на која се водат жестоки судири, во близина на границата со Либан. Врската со нив преки мобилните телефони била загубена, што предизвикало стравувања кај свештенството на Антиохиската православна црква.



Портпаролот на сириската вооружена опозиција во областа Калјамун, крај либанската граница, изјавил за весникот дека „монахињите во моментов се наоѓаат на безбедно место". „сите се здрави и тие не се во опасност", потврдил.



Според него, групата во чиишто раце сега се заложничките ја сметаат за своја најголема должност „да ги заштитат нивните животи". Затоа била донесена одлука „калуѓерките да бидат однесени подалеку од Јабруд, каде што втора седмица се одвиваат засилени борбени дејствија од страна на владината армија", рекол неименуваниот опозициски портпарол.



Во февруари катарската сателитска телевизија Al Jazeera ја емитуваше последната снимка на којашто беа прикажани групата монахињи од манастирот Света рамноапостолка Текла, на 50 километри од Дамаск, коишто беа земени во заложништво на почетокот од ноември 2013 година. Снимката беше без звук, но на неа можеа да се забележат милитантите на Фронтот ал-Нусра облечени во црни униформи кои ги чуваат заложничките и како разговараат со нив.



Монахињите и искушениците веќе четврти месец беа во домот на Хасвани во месноста на Јабрида под стража, Овој град, оддалечен 57 километри северозападно од Дамаск, е опсаден од сириската војска, но таа не презема операција против милитантите поради стравување за животите на заложничките.



Своите барања до сириските власти џихадистите ги пренесоа преку сирискиот бизнисмен Џорџ Хавсани. Монахињите беа сместени во неговата резиденција крај Јабруд. Во моментов не е познато каде тие се наоѓаат. Грабнувачите за ослободувањето на монахињите бараа од затворите да бидат ослободен 500 нивни соборци, како и повлекување на сириската армија од Сејднаи, соседен на христијанскиот гра

http://makfax.com.mk/330875/siriskite_monahinji_zalozhnichki_na_dzhihadistite_go_napushtile_gradot_jabrud[DOUBLEPOST=1394287738][/DOUBLEPOST]И ТОЈ Е САМО ЧОВЕК


Папата Франциско: Украдов крст од покоен свештеник!


Папата Франциско вчера призна дека потклекнал пред искушението и дека ја има прекршено седмата божја заповед "не кради".
Во разговор со група свештеници, римокатоличкиот поглавар раскажал дека во родниот Буенос Аирес бил на погреб на еден свештеник кого го сметал за свој идол и дека положувајќи цвеќе во неговиот ковчег забележал дека покојникот во раката држи бројница.
"Ненадејно, крадецот, кој лежи во сите нас, ми се појави во мислите. И додека го спуштав цвеќето во сандакот го откинав крстот од бројницата", рекол папата кој не прецизирал кога се случил овој настан.
Папата додал дека оттогаш секогаш со себе го носи тој малечок крст кој го потсетува на свештеникот и неговата милосрдност што ја покажувал кон другите луѓе.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2E9C81BF09C952498454EA5A8E36C49A[DOUBLEPOST=1394289042][/DOUBLEPOST]Поглаварот на ИВЗ фрли клетва врз стотици Албанци и муслимани

Според познавачи на исламската религија, поглаварот на ИВЗ својата клетва врз градоначалникот на Прилеп ја темели врз анатемата што, според традицијата, ја испратиле неимарите на Чарши-џамијата при нејзината градба со жртвата изразена преку работата на изградба на џамијата и жртвата изразена преку курбанот, кој, како и во христијанската религија, се вградува во темелите на објектот. Но клетвата важи и за сите други што уништиле верски објект, не само за тие што уривале џамии


повеке на линкот

http://republika.mk/?p=213692[DOUBLEPOST=1394289236][/DOUBLEPOST]Според дел од исламските теоретичари и практичари, во изворниот текст на „Фејсбук“ напишан од Реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи нема посакување смрт. Неговите изјави, всушност, треба да се толкуваат како знак дека евентуалните и потенцијални жртви ги фатила некоја клетва. Според нив, во сите вери има одредена божја казна за зулумот, односно за нанесената неправда, во случајов палењето храмови. Клетвата како институција исламот ја смета за ефективен механизам, односно смета дека таа ги стигнува неправедниците што ќе нанесат зло. Во исто време, исламот не препорачува верникот да биде тој што ќе колне. Дополнително стои еден податок што е повеќе историски отколку што е верски. Имено, во документите за вакафите, во завештанијата на имотот што се дарувал да биде на божјо име има еден дел што се вика дел на клетви. Во него тој што завештува фрла клетва над секого што ќе го уништи, ќе ја промени функцијата, ќе го узурпира или како било ќе го оштети тоа добро што му го отстапил на бога.

Други верски стручњаци, кои инсистираат на анонимност, велат дека овие правила врз основа на кои поглаварот на ИВЗ ги проколна сите што учествувале во палењето на прилепската Чарши-џамија важат за сите верски објекти, а не само за исламските. Тоа е една од причините што во османлискиот период во Македонија и секаде каде што имало христијански верски објекти тие ретко биле палени или уништувани на кој било начин. Стравот дека уништувачите ќе ги стигне клетвата на неимарите и на ктиторите на верските објекти со векови ги штител и православните цркви и манастири. На прашањето дали според таа логика од анатемата на ефенди Сулејман Реџепи треба да се плашат и тие што ги запалија Лешочкиот манастир, што го осквернавија манастирот во кумановското село Матејче во 2001 година или тие што ја запалија црквата во селото Лабуништа пред една година, тие немаат дилема, секој што свесно и со намера направил штета на верски објект, ако го следи принципот на кој се повикува Реџепи, треба да живее во страв од божја одмазда.

Со тоа ефенди Сулејман Реџепи, всушност, не го проколна само градоначалникот на Прилеп туку и сите Албанци што биле членови на ОНА и муслимани што палеле или на кој било начин уништиле христијански верски објекти.


Сите што не ги казниле институциите, и христијани и муслимани, ќе ги казни господ
Портпаролот на ИВЗ Абаз Ислами индиректно потврдува и верува дека покрај сите христијани што уривале исламски верски објекти, клетвата ќе ги стигне и сите Албанци и муслимани што уништувале неисламски верски објекти. Тој иако се согласи да одговори на директните прашања на „Република“ на оваа тема, сепак до затворањето на овој број не одговори на прашањата што беа доставени до неговата лична пошта и до службената електронска пошта на Исламската верска заедница. Во изјава за дел од македонските медиуми што побараа објаснување за радикалните изјави на поглаварот, Ислами порача дека поглаварот не напишал ништо лошо и секако дека стои зад тоа што е напишано на „Фејсбук“. „Ако некои луѓе не се казнети за тоа што го направиле, тогаш работата е оставена во рацете на господ“ (локално.мк, 19 февруари 2014 година). Со тоа и портпаролот на ИВЗ ја потврди тезата на дел од верските активисти дека реисот со фамозната изјава фрлил клетва на стотина припадници на ОНА што палеа и уништуваа христијански објекти во 2001 година и подоцна.




Само во Тетовско стотици „неверници“ треба да живеат во страв од бога
Според извештајот објавен на веб-страницата на тетовското архијерејско намесништво при Полошко-кумановската епархија на МПЦ ОА во 2001 година (сега Тетовско – гостиварска епархија), членови на ОНА од тетовското Кале извршија напад со огнено оружје на Тетово, во неговиот западен дел каде што се наоѓаат црквите „Света Богородица“, „Свети Никола“, соборната црква „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Димитриј“. Со куршуми од тешко стрелачко оружје и со минофрлачки гранати терористичките банди оштетија дел од споменатите цркви уште првиот ден. А потоа, како што се распламтуваше агресивноста во „борбата за човекови права“, така се напаѓаа, сквернавеа, уриваа, палеа и минираа цркви и манастири, па дури и такви што имаат нагласена културно-историска вредност и се под посебна заштита на државата. Таков е случајот со манастирскиот комплекс „Света Богородица“ и „Свети Атанасиј“ во селото Лешок, каде што црквата „Свети Атанасиј“, возобновена во 1924 година врз темелите на разурнатата црква за време на Отоманската империја, на 21.8.2001 година е разурната до темели со минирање. Освен споменатиот Лешочки манастир, запалени се и манастирот „Свети Ѓорѓи“ во село Мала Речица и црквата „Свети Никола“ во селото Слатина. Осквернати, оштетени и опустошени се црквите и манастирите во речиси целото тетовско архијерејско намесништво, и тоа манастирската црква „Света Богородица“ во село Џепчиште, црквата „Свети Кузман и Дамјан“ во село Једоарце, црквата „Свети Ѓорѓи“ во село Отуње, црквата „Света Богородица“ во село Сетоле, црквата „Свети Архангел Михаил“ и манастирот „Свети Ѓорѓи“ во село Непроштено; црквите „Свети Спас и свети Атанасиј“ во село Долно Палчиште, манастирот „Свети Атанасиј“ во Балтепе, на тетовското Кале, црквата „Свети Ѓорѓи“ во село Лавце со конакот, црквата „Свети Никола“ во село Долна Лешница, црквите „Свети Димитриј Солунски“, „Света Богородица“ и „Света Марена“ во село Теарце, манастирската црква „Свети Атанасиј“, позната како стар Лешочки манастир; црквата „Света Петка“ во село Варвара, црквата „Света Богородица“ и манастирот „Свети Илија“ во село Брезно, црквата „Свети Јован Богослов“ во село Отушиште, црквите „Света Богородица“ и „Свети Спас“ во село Јелошник, и црквата „Свети Никола“ во село Доброште, се вели во извештајот на Полошката епархија.

Во анализата се нагласува и дека штетите и разурнувањата на православните светилишта во Долни Полог воопшто не биле предизвикани како „колатерална штета“ при воени дејства (освен дел од оштетувањата на црквата „Свети Атанасиј“ на Балтепе) туку како резултат на активности мотивирани од најниски побуди на етничка и верска исклучителност и омраза, како очигледни антицивилизациски геноцидни средства за етничко чистење и искоренување на трагите на автохтониото население, а сето тоа во функција на деструктивната идеја за остварување на големоалбанските цели, се наведува во извештајот што е направен заедно со претставниците на ОБСЕ и со воената мисија „Конкордија“.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.397
Поени од реакции
84.678
АкциЈа на српското МВР во Нови Пазар

Вехабисти наместо во Сирија, завршија в затвор



Специјалната противтерористичка единица на МВР на Србија во саботата во Нови Пазар уапсила двајца вехабисти, пренесува „Вечерњи лист“. И двајцата приведени долго се активисти и водачи на локалниот разгранок на терористичка група, а, според неофицијални информации, и двајцата се товарат за терористичко здружување.

Во новопазарската полиција не коментираат за случајот зашто со уапсените вехабисти се занимаваат антитерористичките експерти од Белград, кои ја извеле акцијата на апсење со молскавична брзина и ги префрлиле уапсените во српскиот главен град. Неофицијално, се дознава дека вехабистите се уапсени за организирање и испраќање млади Санџаклии на сириското боиште. Еден од уапсените вехабисти наводно се спремал да тргне за Сирија за некој ден, но не е потврдено дали одел да војува или да води група нови борци.

За групата од Нови Пазар прв пат се слушна кога нивниот пријател и поранешен член Мевлид Јашаревиќ, по раѓање новопазарец, пукаше врз американската амбасада во Сараево. Челниците на „Фуркан“ тогаш се оградија од Јашаревиќ и го осудиија, барем формално, неговиот чин.

Вехабистичкото движење во Санџак дејствува последниве две-три децении и во еден период имало и повеќе од 1.000 члена и тренд на ширење. Меѓутоа, по откривањето на терористичкиот камп на планината Нинаја, на границата меѓу Нови Пазар и Сјеница, апсењето на неколку вехабистички групи што планирале терористички акции во Нови Пазар и во Белград и по убиството на муфтијата Муамер Зукорлиќ, еден дел од вехабистите сфатиле дека целото движење нема многу врска со верата и оти се вовлечени во криминал. Вехабистите во Нови Пазар и во другите градови на Санџак повторно стапија на сцена со разгорувањето на војната во Сирија, кога нивните водачи, по инструкции и со пари добиени надвор од Србија, почнаа да регрутираат доброволци за војската на Исламската држава Ирак и Шам (ИДИШ), поврзана со Ал-каеда. Според неофицијалните податоци, во Сирија во моментот војуваат триесетина Санџаклии, од кои петмина загинале.

 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.863
Поени од реакции
4.815
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
ФАТВА ЗА РАСЕЛ КРОУ И НЕГОВИОТ НАЈНОВ ФИЛМ ЗА АРКАТА НА НОЕ



Една од најистакнатите исламски институции во светот Ал Азхар упати фатва против најновиот холивудски филм на актерот Расел Кроу за библиската арка на Ное, објаснувајќи дека станува збор за филм кој е „спротивен на учењето на исламот“.

Фатвата која според исламското право претставува судска наредба е издадена од влијателниот каирски Универзитет Ал Азхар, формиран заедно со истоимената џамија уште во 970 година. Угледните личности од сунитскиот ислам од оваа институција сметаат дека филмот на Кроу „ги провоцира чувствата на исламските верници, што исламот го забранува, па затоа претставува насилство врз исламското право“.

Три арапски земји од Персискиот Залив - Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати го забранија прикажувањето на овој филм уште пред неговата светска премиера, а треба да се очекува дека нивниот пример ќе го следат и други земји, како Египет, Јордан и Кувајт.

Арката на Ное ја има во Библијата и во христијанството, но и во еврејското учење, како и во исламот, кој и посветува цело едно поглавје во Коранот.

Во образложението за фатвата од Ал Азхар се наведува дека оваа исламска институција „се противи на секое сликање или отсликување на божјите пратеници (како Ное) и на божјите пророци“.

Американската компанија „Парамаунт“ која има вложено во филмот 75 милиони долари соопшти дека таа претходно побарала и добила „уметничка дозвола“ за снимање на филмот, но инсистира дека филмот претставува само компјутерско отсликување на Ное кој со меч во раката се бори против тоа на неговата арка да се качат и грешниците.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=20E366C0CF4173498F9A4EBAFF9D1FC1&arc=1
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Оневозможен пристап до црква во Тетово
Уништувањето на површините пред еден од влезовите за во црквата Свети Никола во Тетово е причина членовите на црковниот одбор да се одлучат да проговорат преку медиумите за појавата која со години се одвива пред нивните очи
Според нив, раскопувањето на неколкуте скалести нивоа со калдрма пред влезот е ескалација на појавата на потегот
помеѓу црквата и реката Пена да се градат куќи со што на тој предел е создадена дива
населба. Се плашат дека со најновиот потег на нивните “соседи” постои опасност да се
затвори влезот како и дека најверојатно имаат намера да градат нов објект и на тоа место.

Ова е влез изграден уште пред повеќе стотини години кога е напрвена црквата и се користел постојано. Ние повикавме инспекција која му посочи на сопственикот дека не смее да го уништува просторот но продолжува. Бараме да се врати во првобитна состојба, истакна Трпе Ѓорѓевски

Во општина Тетово потврдија дека инспекторат извршил увид како за најновиот случај, така и заостанатите објекти. Засега нема да дејствуваат

Инспекторите направиле увид и утврдиле дека не се работи за градежни дејствија, но ако се
превземаат тогаш општинскиот инспекторат ќе реагира. Што се однесува до дивоградбите што
се во спротивност со законот за легализација и законот за урбанизам нема да бидат
легализирани. Така да сите градби кои се изградени во спротивно со законите ќе се дејствува
во согласност со нормативите, изјави
Љуме Хусеини портпарол на општина Тетово.
Градењето покрај река е забрането со неколку законски одредби.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=32074
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.397
Поени од реакции
84.678
Браковите меѓу деца во Пакистан се законски?!

Пакистанското врховно верско тело објави дека забраната за склучување бракови меѓу децата не е во согласност со исламот и побара владата да ги измени своите закони, што предизвика негодување на борците за заштита на човековите права




Со пакистанските закони за забрана на малолетничките бракови предвидено е жените да можат да стапат во брак кога ќе наполнат 16 години, а мажите 18.

Тахир Ашрафи, член на Советот за исламска идеологија, истакна дека во шеријатот нема специфични граници за брак, бидејќи според тој закон лицето може да стапи во брак кога ќе влезе во пубертет, а пубертетот не може да се одреди со години, како и членовите на семејствата можат да го венчаат детето ако сметаат дека достигнало пубертет. (МИА)
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
13 март 2014 - 08:47
Имами од Албанија регрутирале верници да војуваат во Сирија

Полициските сили во Албанија во координирана акција уапсиле седум лица осомничени за регрутирање на Aлбанци за војување во Сирија. Меѓу уапсените се и двајца имами во џамии во Тирана.


Албанското обвинителство соопшти дека се сомнева оти уапсените лица до сега регрутирале 70 исламски верници, албански државјани, и ги испратиле да војуваат во Сирија.



Полицијата и Албанската тајна служба ШИК ги следела четири месеци и притоа открила дека тие отвориле нелегални верски училишта во две периферни џамии во албанскиот главен град, каде што повикувале на џихад, пишува тиранскиот весник Панорама.



Според весникот, кој се повикува на информации на јавното обвинителство, покрај седумте уапсени лица уште по пет други е распишана потерница .



Во Албанија се тврди дека во борбите во Сирија до сега загинале седум албански државјани.



Инаку групата која вршела регрутирање на верници кои потоа се упатувале во Сирија за да војуваат имала тесни врски до организација во Турција ,наведуваат албанските медиуми[DOUBLEPOST=1394723009][/DOUBLEPOST]Русија отсекогаш го штитела македонскиот народ“ - Грците бесни на рускиот патријарх



Неколку седмици по посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Москва, каде што се сретна и со патријархот московски и на цела Русија, грчките медиуми се уште ги коментираат изјавите на г.г. Кирил, јави дописникот на МИА од Атина.

- Пријатели, пријатели, но Русите кога ќе најдат можност, особено во прашањето за Скопје, не пропуштаат прилика да зададат удар, коментира „Парон“ потсетувајќи на изјавата на московскиот патријарх дека „македонската територија е духовниот Ерусалим на Словените“ и оти „Руската Империја отсекогаш го штитела македонскиот народ“.

„Но она што навистина предизвика негативен впечаток е што рускиот патријарх изјави дека позицијата на Русија од почетокот од дваесеттиот век беше да се избегне разделувањето на Македонија“, додава весникот.

„Парон“ во овој контекст ја повикува грчката Влада дека „должи на Патријаршијата во Москва да и објасни оти оваа изјава на патријархот, иако тој е сакан и почитуван во Атина, не помага за соживот на православните на Балканот, ниту за добрите односи меѓу Грција и Русија“.

Познавачите на состојбите коментираат дека во екот на кризата во Украина, кога Атина како претседавач со ЕУ секојдневно балансира меѓу тоа што се случува и обидот да ги заштити руските интереси во Грција, тешко дека грчките власти ќе прокоментираат ваква изјава, за која вообичаено би имало некаква реакција

Македонија
13.03.2014 - 13:17

http://www.press24.mk/rusija-otsekogash-go-shtitela-makedonskiot-narod-grcite-besni-na-ruskiot-patrijarh[DOUBLEPOST=1394723052][/DOUBLEPOST]Православни светители кои ги празнуваме денес
четврток, 13 март 2014, 09:37

http://denesen.mk/web/2014/03/13/pravoslavni-svetiteli-koi-gi-praznuvame-denes-2/[DOUBLEPOST=1394723100][/DOUBLEPOST]Исламски џихад прогласи прекин на огнот со Израел

http://www.plusinfo.mk/vest/129148/Islamski-gzihad-proglasi-prekin-na-ognot-so-Izrael[DOUBLEPOST=1394723603][/DOUBLEPOST]Скандалозно барање: Да се овозможи брак помеѓу деца

Од владата на Пакистан, врховно верско тело побара да се направат измени во законот, кои ќе дозволуваат склучување на бракови помеѓу деца.
Ова предизвика негодувања кај голем број на организации за заштита на човековите права.

Сегашниот закон предвидува можност за стапување во брак за девојки постари од 16 години и мажи постари од 18.

Тахир Ашрафи, член на Советот за исламска идеологија, истакна дека во шеријатот нема специфични граници за брак, бидејќи според тој закон лицето може да стапи во брак кога ќе влезе во пубертет, а пубертетот не може да се одреди со години, како и членовите на семејствата можат да го венчаат детето ако сметаат дека достигнало пубертет.


http://sky.mk/svet/411802-skandalozno-baranje-da-se-ovozmozhi-brak-pomegju-deca
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.397
Поени од реакции
84.678
Саудиска Арабија ја забрани Маја

Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија издаде листа на непожелни имиња кои не смеат да им бидат давани на новороденчиња. Што навредливи за муслимани, што онака, нејасно.


Листата содржи 50 забранети имиња меѓу кои, според властите, или се спротивни на религиозната култура во кралството или се странски па затоа и несоодветни затоа што немаат корен во арапската и муслиманската култура.



Линда, Маја, Лорен, Сенди, ама или Абдул Насер, Амир или Бинџамин се наоѓаат на листата имиња кои не ѝ требаат на Саудиска Арабија.

На пример, Бинџамин (арапската верзија на Бенјамин) не е сам по себе навредлив за муслиманите. Се работи за синот на Јакоб, но истовремено, ова име го носи и израелскиот премиер кого Арапите го сметаат за свој најголем непријател.



Абдул Насер пак, е владетелот на Египет кој своевремено не стоеше добро со Саудиска Арабија.

Забранети се и сите имиња и титули кои се поврзани со кралското семејство па не можат да бидат користени од обични луѓе, какви што се Суму (Височество), Малек (крал), Малика (кралица) или Ал Мамлака (кралство).

Еве ја целата листа:

Malaak (Ангел)

Abdul Aati

Abdul Naser

Abdul Musleh

Nabi (пророк)

Nabiyya (женскиот пророк)

Amir (принц)

Sumuw (Височество)

Malika (Кралица)

Mamlaka (Кралство)

Tabarak (Благословен)

Nardeen

Maya

Linda

Randa

Basmala (Господ, говорно)

Taline

Aram

Nareej

Rital

Alice

Sandy

Rama (Хинду божество)

Maline

Elaine

Inar

Maliktina

Lareen

Kibrial

Lauren

Binyamin (арапски за Бенјамин)

Naris

Yara

Sitav

Loland

Tilaj

Barrah

Abdul Nabi

Abdul Rasool

Jibreel (Габриел)

Abdul Mu'een

Abrar

Iman

Bayan

Baseel


Wireelam
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
СЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ СТАНУВААТ МОНАСИ – ЗЕМЈАВА ИМА НАД 200 ЗАМОНАШЕНИ ВО МАНАСТИРИ
Неофицијалната статистика вели дека приближно еден од 10 илјади Македонци е монах. Се смета дека во земјата има речиси 200 монаси што живеат во братства и сестринства.
Најмногу монаси има во струмичката и во дебарско-кичевската епархија. Манастирот во Велјуса и во Хамзали, Струмичко, се полни, а постојано се јавуваат нови искушеници. Во Бигорскиот манастир, Дебарско, има над дваесет монаси, а во манастирот во Рајчица живеат 12 монахињи.
http://mkd-news.com/se-poveke-makedontsi-stanuvaat-monasi-zemjava-ima-nad-200-zamonasheni-vo-manastiri/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom