- Член од
- 13 февруари 2012
- Мислења
- 2.733
- Поени од реакции
- 1.226
Радикалниот исламист Абу Хамза тајно работел за британското контраразузнавање
Радикалниот исламистички верски лидер Абу Хамза, тајно работел за британската контрараззнавачка агенција МИ5, тврди неговиот американски адвокат на судњето во САД.
Одбраната во процесот во Њујорк во текот на сослушувањето на Хамза, откри дека британското контраразузнавање од него барало „да ги обезбедува лондонските улици за да бидат сигурни“.
Пред две години, Хамза беше екстрадиран од Велика Британија во САД, откако американските власти го обвинија за учество во киднапирањето на западни туристи во Јемен во 1998 година, како и за создавањето камп за обука на исламисти во сојузната американска држава Орегон.
Абу Хамза е обвинет за 11 разни кривични дела, но тој ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека „никогаш не им помагал на Ал Каеда и на дригите милитантни исламистички групи“, како и дека не организирал терористички камп на американска територија.
Тој ги отфрла и тврдењата за учество во киднапирањето на туристите во Јемен.
Меѓутоа, една жена од Нов Зеланд, која беше меѓу 16 киднапирани туристи, при сведочењето на процесот изјави дека Хамза бил дел од таа акција.
Четворица од туристите беа убиени за време на операцијата за спасување на заложниците, што ја извршија јеменските безбедносни сили.
Овој исламистички верски лидер, кој на едната рака наместо шака има протеза со кука, држеше жестоки исламистички проповеди во една џамија во северен Лондон, па во Велика Британија беше осуден за потикнување верска омраза, за поддршка на насилството на верска основа, како и за охрабрување на младите да се определуваат за бомбаши-самоубијци.
Тој во затвор остана осум години, пред да биде екстрадиран од Велика Британија. Неговата одбрана настојува да го прикаже овој роден Египќанец како сосема поинаква личност, а не како дел од терористички заговор, тврдејќи дека работел како „информатор“ на МИ5, а пред да му се посвети на исламот, работел како раководител на еден стриптиз бар во лондонски Сохо.
http://a1on.mk/wordpress/archives/327339