Уапсен исламист кој планирал напад во Москва
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=9216
Руска полиција го уапси Јулај Давлатбајев, шеф на една екстремистичка исламска група која планирала серија напади во Москва.
Федералната служба за безбедност го уапсила Давлатбајев во Москва, откако минатиот месец уништила група припадници на Исламската партија на Туркестан што тој ја предводел.
Според соопштение на руската агенција за борба против тероризмот што го пренесе Ројтерс, групата планирала напади во Москва на Денот на победата, 9 мај.
Датум на објава: четврток, 06 јуни 2013 во 16:59
www.kanal5.com.mk
--- надополнето: 6 јуни 2013 во 23:38 ---
Македонија | 6. June 2013 - 8:49
Денеска е Преподобен Симеон Дивногорски
http://www.sitel.com.mk/deneska-e-prepodoben-simeon-divnogorski
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 мај.
Денеска е Преподобен Симеон Дивногорски.
Свети Симеон се роди во Антиохија во 522 година. Рано остана без татко, а рано и го започна својот подвижнички живот од својата шеста година го воспитуваше некој духовник пустиножител Јован. По некое време започна со подвиг на столпништво, а во последните години од животот се повлече на гората наречена Прекрасна. Неговите големи подвизи толку го доближија до Бога, што Симеон имаше добиено големи духовни дарови исцелуваше луѓе, скротуваше ѕверови, проѕираше во далечните краишта на земјата, како и во срцата на луѓето. Откако добро му послужи на Бога, се упокои во мир во 596 година, а во својата 75.година.
--- надополнето: 6 јуни 2013 во 23:39 ---
Македонија | 6. June 2013 - 8:48
Обичаи и верувања: Од историјата на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Лазарополе
Подготовки за градење на црквата „Свети Ѓорѓија“
Жителите на Лазарополе, од сред сите христијани, од секогаш си ги сакале верските светилишта. И не само што ги сакале, ги посетувале, палеле свеќи за здравје на своите и најблиските од фамилијата, за спомен на мртвите, туку и одвојувале од она што имале за да ги изградуваат, да ги украсуваат и да ги обновуваат по земјотресите или по опустошувањата. Тоа го чинеле од сознанието дека токму во овие свети места, во нивната содржина се проповеда, а со тоа и се изградува духовниот и морален лик на човекот.
Селаните од Лазарополе вероисповедта ја искажувале со посета на селската црква, како и во неколку помали црквичиња што се изградени во околината на селото на четири места (на сите страни по една) во форма на крст. Тоа се: на исток црквичето „Св. Танас“, на запад црквичето „Св. Петка“, на север месноста Соколица и на југ, црквичето „Св. Ѓорѓија“ во Ѓурепи.
Идејата за градење на големата селска црква „Св. Ѓорѓија“ од страна на селаните била родена уште на почетокот на деветнаесеттиот век, многу порано одошто во другите мијачки села на Мала Река.
Уште во 1807 година Ѓурчин Кокалески Лазоровец, истакнат претставник на македонската трговска буржоазија, човек од перо, борец против турската политика и грчката културна доминација, заштитник на христијаните, а особено на своите соселани од зулумите на арнаутите разбојници, авторот на првата македонска проза, во долгите зимски ноќи додека престојувал со своето големо стадо овци на зимување во денешна Грција, правел планови за градба на голема црква во своето родно Лазарополе, црква што ќе може да ги собере сите верници, дури и по неколку години, кога селото ќе нарасте со жители. А поседувал и материјални можности да биде главен ктитор на божјиот храм. Во тие негови размисли дури нашол и време да препојде до Света Гора на Атос и во Зографскиот манастир да го посети и да си поприкаже со соселанецот, јеромонахот Анатолиј Зографски. Најверојатно таму и е роден проектот на црквата „Свети Ѓорѓија“. При оваа посета Ѓурчин се советувал со својот сомисленик за тоа како да издејствуваат царски ферман за градба на црква во Лазарополе. И двајцата дошле до заклучок дека легален не може да се добие, па затоа намерата за градење црква била одложена за подобри времиња.
Не дека немало и дотогаш црква во Лазарополе. По кажување на стари лазоровци пред да биде изградена сегашната црква, на местото што се вика Оралишта, од каде што како на дланка се гледа секоја куќа во селото, постоела мала црквичка која не ги задоволувала верските потреби на селаните. И не е како што пишува д-р Александар Матковски во својата докторска дисертација посветена на Ѓурчин Кокалески дека билка изградена од дрво. И таа била изградена на свето место, од цврста градба и со убав живопис. Единствен недостаток и бил што била премалечка за од нараснатото население да ги собира сите верници, особено на големите верски празници како што се Велигден, Божик или Водици. Таа мала црквичка била многу хармонично вклопена при градбата на сегашната црква. Дури и живописот, велат, бил зачуван и успешно вклопен во живописот на новата црква. Така по кажувањето на зографот Крсте од тајфата Коловци (сега веќе покоен), живописот од стариот дел на црквата (двете кубиња при влезот) биле обновени од рацете на неговиот татко.
Тој не упати и на еден материјален доказ за погоре кажаното посочувајќи ни дека ако се погледне западната страна на сегашната црква, убаво ќе се забележат контури на изѕидана врата (ниско вземи) што служела за влегување во малата црква.
Околу ова малечко црквиче имало и гробишта. Кога се градеше селскиот водовод главната водоводна цевка минуваше низ овој дел и при копањето на каналот на повеќе места беа откопани коски од стари гробови. И тоа е доказ за постоење гробишта околу црквичето. Овој простор е во месноста Оралишче по тоа што токму овде, скоро на сите верски празници, по завршувањето на верските обреди се пеело, се веселело и се виеле танци. Најчесто тоа го правеле жените лазоровки со ороводни песни. Дури имало и прочуени ороводки, кои први го започнувале орото. По тоа биле и познати и почитувани. Последната омилена ороводка на Оралишче била нашата соселанка Ката Наумчевска. На неа многу од поостарите соселани убаво си спомнуваат.
Од книгата „Црквата Св. Ѓорѓија во Лазарополе“ од Блаже Смилевски, Куманово 1997 година.(Подготви Марко Китевски)
http://www.sitel.com.mk/obichai-i-veruvanja-od-istorijata-na-crkvata-sv-gjorgjija-vo-lazaropole