Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Лекар лечи рак, сида и други болести само со древни рецепти запишани во библијата


Доктор кој лечи заболувања како рак, сида и сите останати болести тврди дека користи стародревни рецепти од Библијата.
Доктор Ричард Шултз станал светски познат доктор со примена на древните и едноставни техники на лечење, кои уште пред 3500 години се запишани во Библијата.

„Добивам писма од целиот свет и луѓето се задоволни со примената на едноставните техники за лечење кои ги опишувам во мојата книга и на видео материјалите. Јас не сакам да го кријам моето знаење. Во книгата детално има објаснето така што секој може да оздрави доста брзо и во домашни услови, а јас да не бидам присутен. Во прашање се едноставни техники за чистење на организмот, а оние кои се малку повредни, можат сами да си создадат препарати од билки, облоги, тинктури влошки и др. Ги има сите рецепти и обајснувања.

Овој доктор тврди дека не постојат неизлечиви болести. Овој доктор исто така тврди дека некои луѓе кои што не се опоравуваат од нивните болести се оние кои што не сакаат да ги променат нивните лоши навики. Верувале или не, овој доктор како основа на својата медицинска дејност користи антички принципи за хигиена и за лекување, кои биле напишани пред илјадници години во Библијата.
Според него главните причини на болеста се несоодветните живеалишта, нездравата исхрана и пропуштената цел во животот. Човекот бил создаден да живее во природата, да се занимава со физичка работа, да се храни со свежи билки и да ужива во амбиентот на своето семејство.

Современиот човек избрал да живее надвор од природата, во загадени градови, без физичка активност, да се храни со преработена и отровна храна, која во голема мера е од животинско потекло, а главната цел му е трчање по пари, со кои ќе купи отров кој го уништува неговото здравје и неговиот живот. Во таквиот живот човекот нема пријатели и затоа што живее целосно неприродно, логично е да заболува од депресија, која всушност претставува предупредување на телото.

Најтежок облик на болест е кога човекот ќе пропадне духовно и ќе посака да умре.

Во селата луѓето не страдаат од депресија, таму тешко дека ќе пронајдете човек кој е депресивен, затоа што тие се физички активни. Но постојат други болести, затоа што луѓето во руралните области не конзумираат брза храна, туку пушат тутун, пијат алкохол, се нервираат поради разни работи, а поради тоа што животот во природата е искомпромитиран, од страна на медиумите и составот на образование, тогаш селата се напуштаат, а оние кои остануваат да живеат во природа немаат со кого да создадат семејство.

Хидротерапијата е моќна техника но не е доволна. Првиот чекор во лекувањето на болеста е чистењето. Телото треба да се прочисти од токсините за да може да оздрави. Главниот загадувач најчесто е дебелото црево. Некои од пациентите кои ги имав и кои се жалеа на главоболка, повеќе од седум години, откако го прочистија дебелото црево, болката веднаш исчезна.
Само затворот може да биде причина за главоболка.
Потоа се чистат другите органи, црниот дроб, кој е главен филтер на телото, жолчната кеса, бубрезите, мочниот меур и друго.
Најсоодветна техника за прочистување на телото се растенијата во дивината и нивната конзумација. Јаболките сливите, чаеви од билки, мечкино грозје се најдобрите решенија за прочистување на организмот. Може да се користат и сокови од портокал и лимон во мешавина со маслиново масло. Тоа е одличен начин за исфрлање на каменчиња.

Човекот по својата анатомија е конзумент на билки и растенија. Самото готвење, печење и пржење на ваквите состојки, ги уништуваат хранливите материи во нив.
За оние со сериозно нарушено здравје препорачливо е да пијат природни сокови. Првите 30 дена да се конзумира исклучиво негазиран сок, односно природни сокови и природна вода. Тоа ќе претставува инфузија на организмот. На овој начин дигестивниот систем ќе работи ефикасно. Со тоа се добива заштеда на енергија на имунолошкиот систем и другит механизми кои водат кон исцелување, а телото ги добива сите хранливи материи.

Потоа се преминува на растителна храна. Омилената храна на Шултз е лукот и топлата црвена пиперка. Лукот е најмоќниот природен антибиотик и е дел од било кој медицински третман.
Биберот исто така ја подобрува циркулацијата на крвта. Што се однесува до потешките заболувања, како што е сидата, некои од пациентите кои што ги имал Шултз, по седумдневна терапија, резултатите биле веднаш видливи. Што се однесува пак до заболувањата како ракот, срцевите заболувања, шеќерната болест, Паркинсовата болест, доколку пациентот е дисциплиниран и ги практикува советите, процесот на лекување е видлив.
Доколку пациентите се опкружени со негативни луѓе кои го обесхрабруваат нивното однесување, тогаш и тоа може да стане главен проблем при нивното заболување. Важно е и да не се размислува за лошите работи од минатото. Во неговата книга се наведени едноставни и антички техники кои луѓето ги користеле со векови.
http://mkd-news.com/lekar-lechi-rak-sida-i-drugi-bolesti-samo-so-drevni-retsepti-zapishani-vo-biblijata/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Подметнат пожар во исламско училиште во Лондон
09.06.2013 | 16:01

Во едно исламско училиште-интернат во источен Лондон доцна синоќа избувна пожар за кој полицијата вели дека се сомнева оти може да е подметнат.

Противпожарната служба била повикана да интервенира во интернатот Дарул Улом, во лондонскиот кварт Числхарст, непосредно пред полноќ.

Во тој момент на спиење во интернатот имало околу 130 ученици и помошен персонал, кои итно биле евакуирани.

Полицијата соопшти дека во инцидентот нема повредени,освен што две лица побарала лекарска помош,поради проблеми со дишењето.

Пожарот е брзо локализиран,па на зградата на училиштето-интернат,отворано во 1988 година, не е направена поголема штета.Во објектот има 130 соби во кои може да се сместат по две машки деца,но во моментот на избувнувањето на пожарот интернатот не бил целосно исполнет.

Претставник на полицијата објасни дека постои основано сомнение околу пожарот,па е наложена детална истрага за да се утврди што е причина за појавувањето на огнот. Ова е втор ваков инцидент по пожарот од минатата недела во еден исламски центар во северен Лондон,каде беше сместена џамија за муслиманите од Сомалија.

Асоцијацијата на британските муслимани стравуваат дека ваквите инциденти се одмазда за убиениот британски војник во источниот лондонски кварт Вулич, од двајца домашни муслимани.
http://24vesti.mk/podmetnat-pozhar-vo-islamsko-uchilishte-vo-london
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Владика позајмува пари на свештеници, но наплаќа и камата
Белград, 10 јуни 2013 (МИА) – Банатскиот владика Никанор наплатува камата на пари што свештеници ги добиваат од црковниот Фонд за солидарност, објави Блиц. Договорот за кредит-заем во кој весникот имал увид, се исти како од банка, а не како да станува збор за црковен документ.

Имено, весникот тврди дека се наплаќа камата од пет отсто. Владиката парите ги исплаќа во евра, а рокот на отплата е 18 месеци. Како што објави Блиц, во тој фонд на епархијата свештениците уплаќаат годишно од 170 до 240 евра. Целта при основањето била свештениците да си помагаат едни на други.

– Тоа е фонд да помогнеме едни на други, Претходно се трудевме секогаш во т.н. управен одбор на Фондот да бидат млади свештеници..Така беше се додека владиката не загосподари и со Фондот, изјави епархиски свештеник.

Од епархијата за весникот велат дека владиката и таквиот антицрковен кредит го дава со камата само на оние за кои тој ќе се одлучи.

– Дава до 2.000 евра и буквално пред УО сам одлучува, вели соговорникто на Блиц. Репотерот на Блиц запрашал и за тоа каде оди каматата од заемите, но според свештеници од таа епархија на СПЦ, тоа е непознато.

- Досега не сме го виделе ни Статутот, бидејќи ги кријат. Кога се работи за парите, тоа е недопирлива зона штитена од владика, вели еден од свештениците
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
10 јуни 2013 - 18:33
Новинари во Германија нападнати од исламисти

Радикални исламисти во германскиот град Офенбах нападнаа трочлена екипа на телевизијата SWR која подготвувала прилог за учество на припадници на муслиманската заедница од тој град во граѓанската војна во Сирија.

Нападот се случил пред една џамија, а екстремистите му задале повреди на помошникот на камерманот кој е префрлен во болницата, пренесуваат германските медиуми, наведувајќи дека е истрагата е во тек.

Новинарите сакале да известуваат за наводите дека некои муслимани од исламската заедница во Офенбах се подготвуваат за учество во сириската граѓанска војна, а екипата на SWR по тој повод имала договорено интервју со имамот.

Кога новинарот по договор дошле да го почекаат имамот пред џамијата, биле нападнати од група момчиња.

Имамот во интервјуто рекол дека е шокиран од нападот и потврдил дека одделни членови на исламската заедница се подготвуваа на пат за Сирија. /крај/
http://makfax.com.mk/311784/novinari_vo_germanija_napadnati_od_islamisti
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 19:23 ---
Остри казни за учесниците во муслиманскиот заговор против англиската одбранбена лига


Шестмина британски муслимани денеска се осудени со остри затворски казни, за планираниот заговор за бомбашки напад врз учесниците на маршот на Англиската одбранбена лига (ЕДЛ), одржан во јуни минатата година, во англискиот град Дјузбери.

Сите шестмина се осудени, секој на по 19,5 години затвор, откако на судењето во април оваа година, тие признаа дека вооружени со бомби и пушки заминале за ова место во Западен Јоркшир за да извршат терористички напад, додека приврзениците на крајнодесничарската ЕДЛ протестираа против „преголемата исламизација“ на Англија.

Бомбашкиот напад не успеа само затоа што шестмината заговорници задоцнија за маршот. Кога групата стигнала во Дјузбери, учесниците на протестниот марш веќе се разотишле. Доколку успееше заговорот, тој ќе предизвикаше голем број убиени и повредени демонстрати и жители на градот.

Заговорот беше откриен сосема случајно, за време на враќањето на заговорниците од Дјузбери, при една рутинска проверка на документите за регистрација на нивното возило и за платеното задолжително осигурување. Кога полицајците од сообраќајната патрола побарале да го видат багажникот на возилото, во него ги откриле бомбите и пушките, па сите шестмина биле веднаш уапсени.
http://www.press24.mk/ostri-kazni-za-uchesnicite-vo-muslimanskiot-zagovor-protiv-angliskata-odbranbena-liga
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 19:24 ---
Четворица тинејџери уапсени за пожарот во исламскиот интернат во Лондон
Објавено: 13:07, 10/06/2013

Четворица тинејџери се уапсени денеска во Лондон, во врска со пожарот што во ноќта меѓу саботата и неделата избувна во едно исламско училиште-интернат, во британскиот главен град.

Полицијата соопшти дека се уапсени двајца млади на 17-годишна возраст и други двајца кои имаат по 18 години кои се задржани на сослушување, но засега не се даваат детали за нивниот идентитет.

Во моментот на избувнувањето на пожарот, во интернатот Дарул Улом, во југоисточен Лондон на спиење биле околу 130 машки деца, како и помошен персонал. Брзата интервенција на противпожарната единица го спречи ширењето на огнот, па во овој инцидент никој не е повреден.

Само две лица побараа лекарска помош поради проблеми со дишењето.

Во пожарот што за полицијата од почетокот беше сомнителен и за кој се веруваше дека е подметнат, зградата на интернатот претрпе само мали оштетувања.

- Имавме среќа во овој случај, затоа што огнот е забележан на самиот почеток, како и затоа што тој не успеа брзо да се раширо до интервенцијата на противпожарната единица – изјави претставник на лондонската полиција.

Тој побара од јавноста да не се прават, како што рече шпекулации и приказни за тоа кои се мотивите за пожарот во интернатот.

Полицијата сепак го засили присуството на „потенцијално ранливите локации“ во општината Бромли, каде се наоѓа интернетат Дарул Улом, како и низ другите делови на Лондон.

Медиумите и претставници на британската исламска заедница веруваат дека овој втор по ред напад со подметнување пожар, е одмазда за убиството на британскиот војник Ли Ригби, кој на 22 мај беше брутално искасапен на улица, во лондонскиот кварт Вулич, од двајца млади муслимани.
http://a1on.mk/wordpress/archives/162547
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 19:25 ---
Закани за муслиманите во Риека?


Инцидентот од минатиот месец во Риека, кога група млади вандали ги каменуваа просториите на новоотворениот исламски центар, сѐ уште ја бранува јавноста во Хрватска. Од Мешихатот на Исламската заедница во Хрватска велат оти е прв организиран напад врз нивните објекти


ХРВАТСКА ГО ОСУДИ КАМЕНУВАЊЕТО НА НОВИОТ ИСЛАМСКИ ЦЕНТАР

Неодамнешното каменување на новата џамија во Риека, една од трите во Хрватска, според досегашните многубројни коментари и написи, не смее да се драматизира, но не смее ни да се игнорира. Инцидентот од минатиот месец во Риека, кога група млади вандали ги каменуваа просториите на новоотворениот исламски центар (наречен архитектонско чудо), сѐ уште ги бранува јавноста и политичките кругови во Хрватска. Впрочем, како што велат во Мешихатот на Исламската заедница во Хрватска, станува збор за прв забележан организиран напад врз нивните објекти.

Полицијата сѐ уште е воздржана и енергично одбива настанот да го доведе во врска со терористички чин, но сепак не исклучува ниту едно можно сценарио. Човечки жртви, како што е веќе објавено, немаше, но нанесена е голема материјална штета, искршени се големи стаклени површини. Инаку, не само во Хрватска туку и многу пошироко, Риека е позната како мултирелигиозен и мултинационален град, кој функционира како вистинска парадигма на толерантни и релаксирани меѓучовечки односи. Оттука, во Исламската заедница во Хрватска се прашуваат дали е во прашање изолиран инцидент или сериозна порака дека џамијата, односно Исламскиот центар во Риека не е добредојден. Се очекува опфатната истрага наскоро да го реши тоа. Главниот имам во Риека, Хајрудин еф. Мујкановиќ, потврди дека Исламската заедница во Риека дејствува подолго од половина век и дека никогаш немало проблеми.
- Ова може да се толкува како некој вид закана, но ние не го доживуваме така. Уверени сме дека делото е сторено под влијание на алкохол или дрога. За мотивите сѐ уште не можеме да зборуваме, не сакаме да креваме тензии, доволно е да им порачаме на сите дека сакаме да бидеме уште подобри и ваков инцидент никогаш повеќе да не се повтори - изјави Мујкановиќ.

Политичката коментаторка од Загреб, Јелена Ловриќ, остро го осуди настанот, сугерирајќи дека е доволен еден лудак да го загрози или урне тоа што го граделе илјадници луѓе. Според неа, многу е битно како државата и општеството се однесуваат кон такви ексцеси. Од хрватските власти пристигнуваат смирувачки тонови и решителност да се казнат виновниците. Сепак, во објавените соопштенија од министерствата и од другите институции, граѓаните се потсетуваат на сличните негативни трендови во многу европски престолнини и се апелира Хрватска да ги задржи статусот и угледот на земја што може да биде пример за европските држави во односите кон муслиманското малцинство, но и пример за муслиманските држави како се решава прашањето на малцинските христијански заедници.

Автор: Сашо Георгиевски, наш дописник од Хрватска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61013109588&id=11&setIzdanie=22900
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 19:27 ---
Папата: Потрошувачкото општество ги отфрла луѓето како ѓубре


„Културата на ѓубриште значи дека човечкиот живот повеќе не се смета за темелна вредност, која треба да се почитува и да се штити“, навел папата на својот твитер-профил.



Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, ја осуди модерната, како што рече, „култура на ѓубриште“, која ги дели луѓето врз основа на тоа колку се корисни за потрошувачкото општество.

„Културата на ѓубриште значи дека човечкиот живот повеќе не се смета за темелна вредност, која треба да се почитува и да се штити“, навел папата на својот твитер-профил, кој го следат шест милиони луѓе на девет јазици.

Папата и во средата, говорејќи пред верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан, го изразил истиот став, велејќи дека човечкото суштество повеќе не важи за вредност што треба да се штити, „особено кога некој е сиромашен или хендикепиран, или ако не е корисен (за потрошувачкото општество), како новороденчето или старецот“.

„Човечкото суштество денес се жртвува за профитот и потрошувачката. Често се отфрла како ѓубре“, рекол тој тогаш папата Франциско.

Во времето кога беше надбискуп на Буенос Аирес, сегашниот папа исто така ги осудуваше сите форми на експлоатација, како и трендот на општеството да ги отфрла најслабите и незаштитените.

Објавено на

09 Јуни 2013 - 23:00

http://www.mkd.mk/svet/vesti/papata-potroshuvachkoto-opshtestvo-gi-otfrla-lugjeto-kako-gjubre
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
ФОТО +18: Застрелале дете со изговор дека го навредило пророкот Мухамед


Членови на исламистичка група поврзана со Ал Каеда во сирискиот град Алепо убиле 14- годишно момче пред неговите родители како казна за, според групата навредливи коментари за верата.
Малечкиот Мохамед Ката е застрелан во лицето и во вратот во неделата, соопшти сириската група за заштита на човековите права кои ја публикуваа фотографијата од егзекуцијата.

Според оваа група за човекови права момчето продавало кафе на улица и се расправало со некој човек при што извикало: И пророкот Мухамед да се симне од рајот, јас нема да станам верник!
Момчето веднаш било собрано од исламистичката група, но по неколку часа е вратено живо пред куќата, со видливи рани по телото од тепање и камшикување.

Откако излегле родителите на детето и други луѓе, исламистите јавно го обвиниле за ерес и го застрелале пред нив, по што заминале.
Од минатата година Алепо е под контрола на исламистичките бригади, како што е Нусра Фронтот кој е поврзан директно со Ал Каеда.//м.д.

http://www.sitel.com.mk/foto-18-zastrelale-dete-so-izgovor-deka-go-navredilo-prorokot-muhamed
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Нов закон против „верски навреди“ во Русија
пред 9 часа

Руските власти донесоа закон со кој се одредува затворска казна до три години за навреда на верници, пишува „Сандеј Морнинг Хералд“.


Минатогодишниот перформанс на панк групата „Пуси Рајот“ во московската црква „Христос спасител“ го подели мислењето на јавноста во Русија.

Новиот закон предвидува санкционирање на „јавни изјави што покажуваат непочитување на општеството и имаат намера да ги навредат религиските чувства на верниците“ со затворска казна до една години и парична казна до 300.000 рубли, околу 7.000 евра.

Вакви изјави направерни во црква или друг верски објект се казнува со затворска казна до три години и парична казна до 500.000 рубли, околу 11.500.
http://denesen.mk/web/2013/06/12/nov-zakon-protiv-verski-navredi-vo-rusija/
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 23:02 ---
РПЦ ги повика верниците да дозволат посмртно да ги донираат органите за трансплантација
14:49 12 jуни 2013 Газета

Руската православна црква ги замоли верниците да дадат согласност за посмртно донирање на органите за трансплантација. Црквата исто така ја замоли државата да внесе поправи во законот за донаторство.

РПЦ ја смета доброволната желба на човекот за донирање на дел од своето тело заради спасување на животот на друг човек „за вистинска христијанска постапка“.
http://ruskarec.mk/news/2013/06/12/rpc_gi_povika_vernicite_da_dozvolat_posmrtno_da_gi_doniraat_organite_za__22989.html
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
За многу години Спасовден- Ден на Спасителот на светот
Четврток, 13 Јуни 2013 10:35


Празникот на Христовото вознесение - Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе" (Христос воскресна) и си отпоздравуваат со „Воистину воскресе" (Навистина воскресна).



Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се обесил) и им соопштил дека се уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила. Со таа сила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до Богот Отец. На местото пак, каде што стоел останала длабнатина од неговите стапала.

Во спомен на овој настан Светата христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Вознесение Господово кој уште се вика и Спасовден, зашто се празнува денот на Спасителот на светот - Исус Христос. Иако е востановен уште во апостолски времиња, празникот на вознесението не се празнувал одделно на четириесеттиот ден по Велигден туку во Педесетницата биле слеани повеќе спомени и тука бил стопен и овој спомен. Дури во крајот на ИВ век тој спомен е одделен од Педестиницата, кога се празнува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, празник познат и под имињата Духовден (Дуовден) и Света Троица.

Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука" се зборува и за вознесението на Исус. Притоа се вели дека Исус на апостолите им се јавил жив, како што им се јавувал за време на четириесетте дена кога им зборувал за царството Божјо. „И собирајќи ги Он им заповеда: Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене. Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух". Со ова Исус го најавил слегувањето на Светиот Дух врз апостолите како и она што подоцна ќе се случи и во кое тие ќе бидат активни учесници. „...но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата. И штом го рече тоа, додека тие го гледаа, Он се подигна и облак Го подзеде од пред очите нивни. И додека гледаа кон небото, кога се вознесуваше Он, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото ќе дојде пак по истиот начин, како што Го видовте да оди на небото". (Дела 1/1-11)

Овој настан се споменува и во евангелските текстови, поточно во Евенгелијата на Марко и на Лука. „А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога. Тие пак отидоа и проповедаа насекаде: и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин." (Марко 16/19-20) Овој настан се споменува и во Евангелието според Лука: „И ги изведе надвор од Витанија, па кога ги подигна рацете ги благослови. И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; тие му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. И беа постојано во храмот, каде што го прославуваа и благословуваа Бога. Амин." (Лука, 24/50-53) Така според овие сведоштва Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале во храмовите.

Местото од кое Исус се вознесол на небото веднаш станало култно место. Светото предание запаметило дека на тоа место долго се познавале оттисоците од неговите стапала, а царицата Елена (мајката на царот Св. Константин) наредила тука да се изгради голема и убава црква која што подоцна била урната од Сарацените.

Светиот Епифаниј, епископ Кипарски, анализирајќи ги величината и вредностите на празникот Вознесение, вели дека многу луѓе, бидејќи не ја познаваат величината на овој празник, го сметаат по низок од другите. Меѓутоа како што е главата украс на телото, така и празникот Вознесение е украсот на сите празници, односно тоа е полнотата на сите Господови празници. Прв празник е страшното и чудесно раѓање Христово во тело. Втор е празникот Богојавление, кој има поголемо созерцание од првиот. Трет празник е Воскресението, кој се покажа пославен од претходните, затоа што беше победена смртта, но и тој ја немаше полнотата на радоста бидејќи Христос се уште се наоѓаше на земјата. Меѓутоа, празникот Вознесение исполни се со радост, затоа што Христос, откако ги отвори небесата, ни покажа чудна глетка, т.е. нашето тело издигнато на царски престол. Следствено, вредноста на Вознесението се наоѓа во тоа дека човечкото тело, кое беше обожено преку неговото соединување со Божјата природа од личноста на Логосот, седи на царскиот престол, оддесно на Бога Отецот. Кога Исус се родил, дури и кога почнал да го проповеда своето учење луѓето не го гледале во него Спасителот. Како што беше споменато на едно место тие очекувале поинаков спасител, човек што ќе ги ослободи од ропството. Го исмевале, го клеветеле, дури и го распнале на крст како што им се правело на најголемите злосторници. Дури со неговото вознесение многу тајни се разјасниле, многумина се увериле дека тој е Спасителот на светот.

Но и светиот Атанасиј Велики осврнувајќи се на два Господови празници, т.е. на Воскресението и Вознесението, вели дека Воскресението им ја дарува на луѓето победата над смртта, а Христовото вознесение го воведува човекот на Небото и, менувајќи го човековиот начин на живот на земјата, го прави небото пристапно за него. Следствено, едно е победата над смртта, а друго е издигнувањето на човечката природа на Божјиот престол. Токму затоа и можеме да ја видиме и возвишеноста на Вознесението, или, за да се изразиме подобро, совршеноста и полнотата на Божјиот Домострој со овој настан.

Интересни се гледањата на некои свети отци поврзани со Вознесението. Така на пример светиот Григориј Палама вели дека Воскресението е поврзано со сите луѓе, а Вознесението е поврзано само со светителите. Тоа се вели од аспект дека со своето воскресение Христос ја победи смртта и на сите им го даде дарот на воскресението. Сите ќе воскреснат во денот на Христовото второ доаѓање, и праведници и грешници, но нема сите да се вознесат. Само праведниците, обожените, ќе се удостојат со тој голем опит.

Светиот Григорој Палама уште вели дека и пред Христа имало и вознесенија. Во Стариот завет се вели дека дух го зел пророкот Еремија, ангел го зел Авакум, повеќе од сите, пророкот Илија се вознел на огнена кола. Вознесението на сите овие било на некој начин преместување кое ги издигнало од земјата, но не ги извело од неа. Значи, никој од нив не ја надминал земната атмосфера. Исто така, оние кои воскреснале и се вратиле на земјата, по некое време пак умреле. Меѓутоа, Христос воскресна и смртта нема власт над Него, а бидејќи се вознесе на небесата, секое издигнување е пониско од Него.

Црковните песни што се исполнуваат на овој ден како и во деновите на претпразненството и попразненството се исполнети со радост и тага. Радосни се апостолите зашто до крај се исполниле зборовите на Исус. Песните што се пеат во оваа прилика содржат радост зашто Исус заминал на небото, но содржат и тага зашто апостолите и народот остануваат сирачиња без својот Господ на земјата. Во таа смисла и во тропарот посветен на овој ден се пее: „Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги израдувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Син Божји, Избавителот на светот".

Со празникот Спасовден се поврзани голем број обичаи и верувања од кои поголемиот број имаат претхристијанско потекло. Во таа смисла истражувачите на празничните обичаи и верувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанскиот период се празнувал празникот на божеството Спас, кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето. Се верувало дека врховниот бог Перун од небото испраќал молњи и громови како и градоносни облаци, а божеството Спас со житен клас во раката ги спасувало посевите.

Во таа смисла е и песната „Свети Спас го обиколува полето" во која се опева токму ваквата улога на светецот што ја наследил од старото паганско божество.

Свети Спасе зелен класе!
Свети Спасе коња кове,
коња кове за полето,
да си иде ју полето,
да си види берикето,
арен ли е, добар ли е,
или си е како што е?
Море мале, стара мале,
есеното са класуе,
пролетното са никнуе.
Љутен ојде смешен дојде,
свети Спасе зелен класе!

На овој ден луѓето ги посетуваат црквите што го носат името „Свети Спас" и носат разни подароци. Некои за здравје преспиваат под иконата, а други кога ќе се разболат се ветуваат (се таксуваат) дека еден период ќе служат во црквата. Во радовишкото село Ињево, како што е забележано во некои записи, на овој ден се правел голем собор. За курбан се колел бик кој се готвел на средселото и се послужувале сите присутни. Во Гевгелиско пак, се верувало дека Свети Спас е тежок празник и аталија, дека тој може да спаси, но и да казни. Луѓето што одгледувале свилена буба на овој ден береле шума и кога ќе дојдело времето на свилената буба да и се дава шума најпрвин ја давале шумата набрана на овој ден.

Меѓу верувањата поврзани со овој ден се и оние запишани од М. Цепенков. Имено тој на едно место запишал дека „нефелало да се работи навечер од Велигден до Спасовден, за да биди добар бериќетот и да не биди скапија", а на друго место во врска со баењата запишал дека водата од Кривата Воденица што се наоѓала на патот кон Магарево, најлековита била од Величетврток до Спасовден. „Од ден Величетврток ќе заватат да одат кај Кривата Воденица битолчани и од селата да се мијат од водата и да се вртат на колцето, до ден Спасоен".

Во еден запис за црквата „Свети Спас" во Штип се вели дека е изградена „во времето на северномакедонскиот кнез Константин во втората половина на ЏИВ век, поточно во 1369 година", односно дека е изградена од Димитар, војвода на Константин, а Константин во 1388 година и подарил на црквата неколку села заедно со селаните. Во овој запис уште се истакнува дека на празникот Спасовден камењата на црквата однадвор ги завивале со волнени конци. Тоа го правеле жените без деца кои што верувале дека Господ ќе ги удостои со рожба ако на празникот црквата ја замотаат со волнени конци.

Во минатото интересни обичаи поврзани со овој празник се одржувале во Голо Брдо, област со македонско население што по поделбите на Македонија останала во Албанија. Во селото Дренок на Спасовден носеле крсти (литии). Секоја куќа крстите ги пречекувала со софра на гумното. На софрата задолжително имало леб, а врз лебот каленица со пржени јајца со сирење. Лушпите од јајцата ги ставале на гранки и ги фрлале во оган „за од очи", но и за црви да не го јадат пиперот. Поворката со крстите три пати обиколувала една смрека, каде што имало и капела, а учесниците во обредот земале од смреката по едно парче кое им служело за лек, кога некој ќе се разболел го каделе со тоа дрво. На Спасовден литии носеле и во селото Стеблево. На секоја нива крстите ги чекал домаќинот, а попот пеел молитви. Во секој дом пак, имало поставена трпеза. Тоа го правеле и христијаните и муслиманите. Кај местото Чукнитопан поворката одмарала, а тука се играло и оро. Местото така го викале бидејќи некогаш тука имало стража која со удирање во тапан давала знак дека патот низ Дервен (над Јабланица), што водел од Голо Брдо кон Струга е слободен.

Кога станува збор за празникот Спасовден и народните обичаи и верувања поврзани со него, интересно е празнувањето на четвртоците од Велигден до Спасовден што се викаат Велики четвртоци. Тогаш не се работи особено не се прега јарем, за да не го уништува град полето. Ова верување е остаток од претхристијанскиот период кога кај Словените четвртокот бил ден посветен на врховното божество громовникот Перун и бил нарекуван Перунов ден. Овие пагански верувања црквата настојувала да ги искорени и преку свештениците постојано му укажувала на народот.така на пр. Кирил Пејчиновиќ во своето дело „Огледало" на овој проблем му посветил поголемо внимание. „Во едно село видох поп ореше во четврток, а прости сиромаси христијани некнижни отидоа да му строшат ралото и го учат попотого, му велат: „Денеска ли најде да работиш, поп чоек и книга знаеш!" И попот им вели това: „Дека знам книга, знам зошто не се држит денес. Ем сом прашал духовници, сом прашал и владика, ми рекле: четвртоци не се држат, ни петоци, салт недели и други велики празници.„ Они му велат: „Кога така, от сега не слушамо никого, ни духовник, ни владици, салт што сме нашле ќе држимо. Кога ќе ни утепат град, попови што ќе ни поможат после и владици? И ти попе ако држиш ка што држимо мије, ако ли не, а ти стани од селово, мије таков поп неќемо." Пак попот виде не виде стори се каил да држит како ќе го учат мирјаните. Со све знаеќи, се стори ка да не знае, со све очи се стори како слеп, отиде не слеп по слепого, туку окат по слепого, помниште ради суетнаго века сего. Олеле безумие! Олеле безверие! Олеле безстрашие!"

И јеромонахот Јосиф од Кичевскиот манастир Пречиста во една беседа кажувана во цветоносната недела против некои суеверија што фатиле корен меѓу народот, ги споменува и величетвртоците чие држење како празник, исто така го нарекува суеверие. Во ова беседа објавена во цариградскиот весник „Новини" во 1893 година се вели: „А за празниците Господски од неделите башка сме разбрали оти појќето рисјани не прашуат попот, али некој книжоен црковник, да им кажет кои сет за држење кои не, туку сами по свое знаење си наредиле и свои празници: Летник (1-иј март), Чуруци (Св. м-ци Кирик и Јулита). Седум величетвртоци по Велигден за град да не биел по бериќетот, Прокопија, за да не се прокопат седбите..." Итн.

Очигледно е дека празникот Вознесение Христово - Спсовден е голем празник кој има значајно место во животот на нашите православни христијани. Но очигледно е дека во народните верувања поврзани со овој период од годината среќаваме остатоци од претхристијанско време, многу суеверие кое се одржало до денес и покрај настојувањето на црквата да го искорени. Сепак дури во најново време овие суеверија исчезнуват со забрзано темпо зашто „наглавата урбанизација ги корне древните обичаи посилно од секаква проповед."

Тропар

Вознесение Христово

(Спасовден)

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Син Божји, Избавителот на светот.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/119471-Za-mnogu-godini-Spasovden--Den-na-Spasitelot-na-svetot
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ФОТО: Погребан Владиката Кирил

Владиката Полошко-кумановски Кирил денеска беше погребан во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во кумановско Дељадровце. Тоа била последната желба на митрополитот што Синодот на МПЦ-ОА ја прифати на последната седница.

Претходно во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се изврши опелото, со кое чиноначалствуваа митрополитот европски Пимен, митрополитот повардарски Агатангел и викарниот епископ лешочки Јосиф.

http://www.press24.mk/node/14086
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Жива сварена бидејќи молела за храна на венчавка

пред 1 ден

Недостатокот и загрозувањето на основните човекови права во муслиманските земји се повеќе го привлекува светското внимание. Светската јавност деновиве беше згрозена кога 6 годишно девојче беше убиено во Пакистан на свадбена церемонија.



Девојчето Калсум ги молела за храна сватовите во пакистанскиот град Руџан, но келнерот ја одбил неколку пати. Во еден момент тој збеснал и го фрлил девојчето во врела вода и така ја убил.

Сиромашни и гладни питачите, покрај тоа што мораат да просат за да заштедат на храна, тие мораат голем дел од својата заработка да и ја даваат на полицијата и членовите на банди. Просењето во Пакистан станува се повеќе контролирано од мафијата, која вработува луѓе кои просат, при што им го зема поголемиот дел од заработката.

Според извештајот на Обединетите нации 49 проценти од пакистанското население живее во сиромаштија.

http://denesen.mk/web/2013/06/15/ziva-svarena-bidejci-molela-za-hrana-na-vencavka/
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Колкаво е богатството на МПЦ?

17/06/2013 // Пред 4 часа // ПОЛИТИКА vs ЕКОНОМИЈА // Коментирај

Во македонските цркви се слеваат огромни пари по разни основи. Но кога и да се отвори ова прашање во јавноста, тоа секогаш предизвикува остри и жестоки реакции од црквата. Зошто македонските свештени лица не сакаат да зборуваат на оваа тема. Дали религиските организации станаа економски институции?
Секогаш кога граѓаните ќе влезат во црковен објект и сакаат да извршат некој религиски обред за коишто им е потребен одреден предмет кој што ја означува симболиката на обредот до него стои ценовник за тој предмет или ценовник за соодветната религиска услуга, за соодветниот религиски ритуал. Токму тие ценовници ги иритираат граѓаните бидејќи канонски не можеш и не смееш да дадеш вредност за религискиот ритуал.
За венчавка, крштевка или погреб од 2500 до 6000 денари
Иако, според религиските норми, светите книги, никаде не се фаворизира плаќање за одреден обред, туку напротив се оди по правилото верникот да плати кој колку има, сепак во голем дел од македонските црковни храмови можете да најдете ценовник за извршување на одреден обред. На пример, чинот на венчавката кој ќе го изврши еден свештеник чини 4.000 денари, а со тројца свештеници околу 100 евра. За крштевка потребни се 3.000 денари, а за погреб – 2.500 денари. Дополнително иритирачки за македонските верници е што сепак ова е ценовник кој не е по правилото кој колку има и уште повеќе што и оние кои ќе платат за ова не добиваат фискална сметка. Токму неодамнешниот обид за фискализација и оданочување на црковните обреди од страна на државата наиде на жестоки реакции пред се од црковната јавност.

Од мерцедеси преку џипови до цитроени – возниот парк на владиците
Дополнителен фрустирачки момент кога станува збор за црквата е возниот парк кој го поседуваат македонските владици. Иако во последно време избегнуваат да се појавуваат во јавноста. Македонските владици низ земјава се возат во речиси нови автомбили (не постари од 10 години) но изгледаат поприлично луксузно. Според информациите кои за Фактор ги потврдуваат црковни извори, Поглаварот на МПЦ Охридска Архиепискппија, гг Стефан се возел во Мерцедес од висока класа, но и во џип Гранд чироки. Митрополитот Агатангел се возел во џип Тојота ленд крузер. Владиката Иларион имал исто така џип, но се откажал од него, го продал. Според нашите информации, Владиката Петар наводно се возел во Ауди А6 или А8, но имал и Берлинго. Владиката Наум имал Фолксваген пасат. Владиката Пимен возел Ауди А4, а владиката Методиј наводно има евтин стар американски џип. Во црковната ергела ги немало повеќе крајслерите, велат нашите црковни извори.

Речиси никој не знае со колкав имот располагаат македонските верски заедници
Со завршување на процесот на денационализацијата МПЦ-Охридска Архиепископија и ИВЗ немаат пресметки со што сé располагаат. Црковни извори велат дека досега е вратен и не толку мал дел од целиот црковен посед. Во голем дел имот се враќа и преку обврзници, што според црквата се намалува вистинската вредност на имотот на црквата. ИВЗ исто така располага со не така мал имот. Се претпоставува дека на крајот од денационализацијата двете најголеми верски заедници ќе бидат меѓу најголемите земјопоседници во Македонија.
Евангелие по Матеј, Библија Нов Завет
„Не собирајте богатства на земјата, кадешто ги јаде молецот и рѓата и кадешто крадците ги поткопуваат и крадат, но собирајте си богатства на небото, кадешто ни молец, ниту рѓа не ги јаде и каде што крадци не ги поткопуваат и крадат.“
Редакција Фактор
http://faktor.mk/archives/53586?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=kolkavo-e-bogatstvoto-na-mpc
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.604
Поени од реакции
82.307
Жесток терор врз христијаните во муслиманските земји
Среда, 19 Јуни 2013 12:35
Секојдневните убиства, протерувањето, насилната исламизација, државна дискриминација и нападите врз црквите се дел од секојдневието за милиони христијани кои живеат како малцинство во муслиманските земји. Познатиот Гејтстон институт донесува детална листа за месец март за насилствата врз христијаните во Пакистан, Иран, Египет, Сирија, Турција, Либија, Нигерија, Судан и Индонезија, а напади врз христијаните зачестено се случуваат во Холандија, Шведска и Велика Британија.


Шведска ќе ги враќа христијаните од Иран кои бараат азил назад во земјата, а таму им се заканува измачување и убивање поради напуштање на исламот. Исто така, владата во Нигерија се обиде да ги сопре џихадистите од Боко Харам, но државниот секретар на САД, Џон Кери, ги прекори за ова велејќи дека е загрижен оти безбедносните сили од Нигерија „ги прекршуваат човековите права“ кои ги имаат овие масовни убијци, џихадистите.
Исламистичкиот џихад врз христијаните во Нигерија е најварварски. Најновиот извештај вели дека 70% од христијаните убиени во 2012 година низ целиот свет се убиени во Нигерија. Само во март годинава во експлозија на бомба поставена во автомобил загинаа 41 лице во една христијанска населба. Според христијанските организации во Нигерија, овие напади „се знак за намисленото уништување на христијаните и христијанството од северна Нигерија“.
Свештеникот Џером Итвах вели дека „од 52 цркви во Мадигури, уништени се 50 од страна на терористите од Боко Харам. Кога двајца браќа христијани се враќале дома по неделната богослужба во црква, џихадистите отвориле оган врз нив и ги убиле, исто како и тројца други минувачи, а ранети се уште неколку христијани“.
Други 13 работници во фабрика во Кано биле грозоморно убиени. Според локалниот бискуп „извештаите велат дека кобната сабота околу 19 часот група муслимани се молеле во близина на месноста каде живеат христијани. Сопреле две такси возила пред населеното место и бесно прашувале зошто останатите жители не се приклучиле во молитвите на муслиманите. Луѓето одговориле дека не се молат затоа што се христијани и затоа не се дел од муслиманскиот собир. Тогаш ги одделиле мажите од жените и децата и ги убиле на лице место, а жените и децата ги задржале“ како робови.
Бискупот додаде дека „владата треба да биде позагрижена, како во случајот кога се работи за муслимани. Не сум видел ваков случај 13 христијани да се убијат во еден напад, а владата да преферира селективна правда затоа што се свесни поради компензацијата која се плаќа на муслиманските семејства во ваков случај“.
Но нигериската влада се обидела да ги задржи џихадистите во северна Нигерија, но наишле на критикување од администрацијата на Обама, односно секретарот Џон Кери „во форма на строга изјава во која рекол: ’Длабоко сме загрижени поради обвиненијата дека нигериските безбедносни сили извршуваат сериозно прекршување на човековите права’, односно правата на џихадистите убијци.
Категоризирани се според тематиката, ова се дел од прогонствата на христијаните низ целиот свет коишто се случиле во месец март, подредени под азбучен ред на земјата, не според сериозноста на нападот.

Напади на цркви

Египет: Според Ел ватан њуз, тројца браќа христијани биле убиени во својот дом со автоматско оружје неколку недели пред двајца од нив да се оженат. Семејството на жртвите било обвинето дека сакаат да изградат црква на свој плац. Овие гласини се рашириле за време на петочната молитва во џамија, по што 2.000 муслимани упаднале на имотот и се обиделе да ја уништат куќата, колата и тракторот, по што ги убиле и тројцата браќа христијани.
Индонезија: Властите уништиле црква со булдожер во западна Јава, а муслиманите кои го гледале ова навивале и ги нарекувале христијаните „неверници“. Според пасторот Леонард Набах, владата ја „криминализира религијата“. Конгрегацијата се собрала околу црквата во обид да ја спаси, а муслиманите постојано извикувале „тие се неверници, ја изградија црквата без наша дозвола“. „Срушете ја црквата веднаш“, како и „Алах е голем“.
Ирак: Според Фокс њуз, пред инвазијата на САД врз Ирак, во земјата имало над 300 христијански цркви. Денес, една деценија по започнувањето на џихадот врз христијаните и нивните цркви, остануваат само 57 цркви во земјата. А „црквите коишто останаа се постојана цел на исламистичките екстремисти, кои од земјата истераа над милион христијани“. Една организација за човекови права од Ирак вели дека „последните 10 години се најлоши за иранските христијани. Повеќе од две третини од христијаните имигрирале“. Еден од најдраматичните случаи за прогонство на христијани се случи во октомври 2010 година, кога членови на Ал-Каеда ја опседнале црквата во Багдад, при што убиле 58 лица, а 78 биле ранети. Според еден извештај, „Католиците од Ирак оделе во црква да го прослават Велигден со молитва, пеење и радување за христовото воскресение, додека биле притеснети од безбедносни кордони“.
Либија: Една коптска христијанска црква во Бенгази била нападната од вооружени муслимани. Џихадистите сериозно го претепале отец Пол и му ја избричиле брадата во знак на понижување. Претепале и деветмина верници, како и клисарот. А бидејќи Муслиманското братство доминирало со Владата, тие ништо не презеле за да престане злоупотребувањето на граѓаните на Либија, како и убиството на еден човек по измачување. Коптите демонстрирале пред либиската амбасада во Каиро, што довело до нов напад на црква во Бенгази, којашто била запалена.
Пакистан: Откако еден христијанин бил обвинет за богохулство на исламскиот пророк, илјадници муслимани ја нападнале црквата Сент Џозеф во Лахор. Запалиле две цркви, што е честа глетка во Пакистан како начин за казнување на христијаните.
Судан: Според Морнинг њуз стар, џихадот во Картум продолжува да „ја чисти областа од неарапско население и христијанство“. Евангелистичката црква во Нуба „била претворена во пепел“ по едно бомбардирање на христијанскиот регион, по што двајца починале, а 12 лица биле повредени. „Овие бомбардирања“, рече црковниот лидер, „се причина за страв помеѓу луѓето во Јужен Кардофан“.
Турција: Еден манастир од петтиот век посветен на Свети Јован Крстител, од дел од Аја Софија, најголемата христијанска катедрала, која била пренаменета во џамија, а моментално е музеј, стана активна џамија. Многу муслимани од Турција уште бараат Аја Софија повторно да стане џамија.

Апостазија, богохулство и прозелитизам
Холандија: Еден 43-годишен Иранец којшто преминал кон христијанство бил пронајден убиен. Според локалните медиуми, жртвата попладнето била во црква, по што бил убиен. „Овие шокантни вести за нечувствителното убиство донесе тага и жал кај локалните христијани, иранско-христијанската заедница и азилантите низ земјата“. Христијаните кои од Иран бараат азил во Холандија се многу бројни. (Исламскиот закон Шеријат бара убивање на оние кои ја напуштаат верата, во исламскиот свет оние кои преминуваат во христијанство постојано се убивани).
Иран: За време на една голема конференција еден шиитски лидер тврдеше дека исламот е под напад од христијанството во Иран. „Христијанските брошури со години бесплатно се делат на луѓето, а христијанството се проповеда во многу места во исламскиот град Машад. Христијански материјал се испраќа до луѓето без никакво ограничувања“. Но спикерот за Мохабат њуз рече „секако дека исламскиот клерик не поднесе докази за ова тврдење. Но тие изгледа постојано ги повторуваат овие тврдења за да се стави притисок врз Иранците кои се преобратиле во христијанство“.
Казахстан: Вјачеслав Черкасов, христијанин, бил затворен поради ширење христијанска литература на минувачи и бил казнет со една месечна плата поради „прекршување на правилата“ во врска со „увезување, објавување и дистрибуција на религиозна литература“, правило кое стапи на сила на 2011 година. Судот нареди да се уништат 121 парче христијанска литература, вклучувајќи Библии и детски Библии. Вакво правило немало уште откако нацијата доби независност од Советскиот Сојуз во 1991 година. Локалниот совет на цркви во јавна изјава рече „шокирани сме, ова е сквернавење и нелегално е“.
Пакистан: Случајот со богохулството на Римша Масих, 14-годишна христијанка која беше уапсена за „богохулство“ откако еден муслимански клерик лажно тврдеше дека го запалила Куранот, повторно е отворен. „Полициски истражител побарал од Врховниот суд во Исламабад повторно да го отвори случајот против христијанското девојче „велејќи дека бил под притисок од страна на владата против неа по интернационален бунт“.Таа и нејзиното семејство моментално се кријат. Судот разгледува и смртна каза на 47-годишната Марта Биби, христијанка и мајка, која е обвинета за „давање омаловажувачи забелешки“ во врска со пророкот Мухамед. Друг христијанин бил уапсен откако некој муслиман го обвинил за богохулство. Но неговото апсење не беше доволно за да се смири толпата од 3.000 муслимани, која колективно сакала да ги казни христијаните, па запалиле две цркви и околу 200 христијански домови, а и го ограбиле имотот на црквата.
Сомалија: Муслиманските милитанти убиле друг христијанин, Ахмед Али Химале, 42, којшто бил убиен од двајца мажи додека си стоел пред својата куќа, во близина на полициска станица. Покрај други обвиненија, човекот бил обвинет за апостазија, поради неверојатната претпоставка дека сите луѓе родени во Сомалија се муслимани, а бидејќи тој бил учител „ги учел децата за христијанската религија“. Муслиманските милитанти го предупредиле дека „ќе дојдеме по твојата глава“. Пријател на убиениот вели „Химале беше добар човек којшто и помагаше на заедницата. Неговата вдовица е многу исплашена и не знае што ќе се случи“. Тој зад себе остави осум деца на возраст од 10, 8, 6 и 4 години.

Дискриминација
(Општа злоупотреба, понижување и угнетување на немуслиманите како „толерирани“ граѓани)
Египет: Муслиманите бунтовници од градот Ком Омбо фрлале бомби и камења врз полицијата за да влезат во црква во која сметале дека има 36-годишна муслиманка која била исчезната пет дена. Неколку дена подоцна, стотици муслимани протестирале за исчезнувањето на друга млада муслиманка и обвинувале дека свештеникот „со црна магија“ ја намамил кон христијанството. Фрлале со камења по црквата, продавниците биле затворени, а имало закани за киднапирање на христијанско девојче доколку муслиманката не се врати дома. Но во весниците се пишуваше дека муслиманката на семејството му испратила писмо преку интернет во кое вели дека избегала затоа што била сексуално злоупотребувана од нејзините чичковци, а ја присилувале да се омажи за човек што не го сака. Рекла дека заминала од Египет, но се омажила за муслиман. Извештаите на Фокс њуз велат дека „тврдокорните исламисти влегле во џамија во Каиро и ја претвориле во просторија за мачење на христијани кои демонстрирале против Муслиманското братство“. Според извештаите на Voice of Russia, „околу 100.000 христијани заминале од Египет по доаѓањето на Муслиманското братство на власт. Дел од нив заминале во Москва“.
Иран: Според Фокс њуз, извештај од ОН вели дека „строгиот режим на Иран поттикнува насилства врз христијаните и религиозните малцинства, па доведува до заробување на мајки поради нивната вера“. Извештајот за март нуди „детален поглед на шокантниот третман на христијаните во Иран, каде што американскиот пастор Саид Абедини служи 8-годишна затворска казна поради работа со христијани“. Според експерт за човекови права од ОН „прогонството на христијани е зголемено. Целта им се преобратените верници и оние кои имаат домови адаптирани на црква. Повеќе од 300 христијани се уапсени од јуни 2010 година, се вели во извештајот“.Петмина христијани членови на црквата во Иран „се обвинети за нарушување на јавниот мир, проповедање и делување против националната безбедност и интернет активност против системот“, ќе се појават пред судот.
Пакистан: Откако 3.000 муслимани нападнале христијанско село и запалиле две цркви и 200 христијански домови, владата ги казни христијаните поради протестирање. Според Дејли тајмс „христијаните низ земјата шират богохулство, што доведува до палење на нивните ранливи општини. Тие одржувале протести ширум земјата за да го изразат својот бес и да покажат солидарност со жртвите. Полицијата од Лахор ја искористи шансата да ги претепа невините демонстранти. Но кога муслиманите нападнале, полицијата стоела и гледала од страна. Општината живее во стрв поради последици од нивното осудување на насилството и законот за богохулство во Пакистан“.
Шведска: Според Харизма њуз, „христијаните во Иран се соочуваат со апсење, измачување и смрт. Но тоа не им е важно на шведските власти. Шведска сака да ги врати азилантите од Иран назад во земјата, каде што може да бидат убиени. Иран е еден од најопасните места во светот за христијаните. Како луѓе кои го напуштиле исламот, се соочуваат со смртна опасност во нивната земја. Но нивните барања за азил кои може да им го спасат животот, се одбиваат“.
Сирија: според католичкиот лидер, околу 30.000 христијани избегале од Алепо, а двајца свештеници се киднапирани за откуп од 15 милиони сириски фунти за секој од нив. Христијаните редовно се киднапирани и обезглавувани од џихадистите бунтовници. Христијаните дошле во Сирија 600 години пред исламот да ја освои нацијата.

За оваа серија
Прогонствата на христијаните од исламскиот свет достигнува максимум, ја направивме оваа листа за да се истакнат неколку, но не сите, напади коишто се случуваат секој месец. Тоа има две цели:
1. да се документираат настаните на начин на којшто медиумите не можат да го направат тоа: прогонствата се по хроничен редослед.
2. да се покаже дека овие прогонства не се „случајни“, туку систематски и поврзани, инспирирани од Шеријатот.
Според тоа, каква и да е целта на нападите, обично одговара на конкретна тематика којашто се темели на омраза спрема црквите и други христијански симболи; сексуална злоупотреба на христијанските жени; присилно преобратување во ислам; кражби и грабежи како финансиски придонес од немуслиманите; очекувања од христијаните да се однесуваат како граѓани од втора класа, односно како „толерирани“ граѓани; како и насилство и убиства. Некогаш се работи за комбинација од наведените работи.
Овие прогонства опфаќаат различни етнички групи, јазици и локалитети – од Мароко до Запад, од Индија до Исток, па и преку Западот каде што живеат муслимани – треба да разјасниме дека една работа ги поврзува сите прогонства: исламот. Без разлика дали станува збор за исламскиот закон Шеријат или за расистичката нација којашто се раѓа од него.
Автор:Рејмонд Ибрахим, член на Центарот за слободи Дејвид Хоровиц и член на Форумот на Средниот Исток.





Со протестни писма би било добро на овие да им се посочи на флагрантно изоставување на нападите врз Христијаните во Македонија.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Либански министер го обвини сирискиот режим за етничко чистење на сунитите
Објавено: 08:27, 19/06/2013

Либанскиот министер за социјални прашања Ваел Абу Фаур ги обвини властите во соседна Сирија дека почнале етничко чистење на сунитите и дека смислено ги принудуваат бегалците да заминуваат за Либан, пренесоа британските медиуми.

Режимот во Дамаск, чија главна потпора се алавитите – шиитска секта, води борба против бунтовниците, кои се главно сунити.

Фаур, кој е друз, ги обвини силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, дека спроведуваат етничко чистење на сунитите во реоните во близина на границата со Либан.

„Асад се обидува да ги пресели сите сунити во Либан и затоа очекувам уште бегалци“, рече тој по средбата со високиот комесар на ОН за бегалците Антонио Гутереш.

Фаур забележа дека на почетокот Сиријците бегале спонтано во Либан, но „ова што сега се случува е нешто наполно различно целно преселување на сирискиот народ, организирано врз основа на религиозни и политички мотиви“.

Гутереш ги повика светските сили да им дадат помош на сириските бегалци во Либан и на земјите кои ги прифатиле.

Конфликтот во Сирија избувна пред 27 месеци, кога почнаа мирни протести против режимот, што постепено прераснаа во крвава граѓанска војна. Тој доби религиозен предзнак откако шиитски Иран и либанското шиитско движење Хезболахго поддржаа Асад, додека сунитските земји, како Саудиска Арабија, ги поддржуваат бунтовниците.
http://a1on.mk/wordpress/archives/166936
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 19:44 ---
Муслимани го тужат Њујорк поради шпионирање

Неколку муслимански организации за заштита на човековите права и слободи поднеле тужба против њујоршката полиција поради незаконско следење и шпионирање на муслиманите во тој град.
Во тужбата е наведено и дека полицијата на Њујорк веќе подолго време ги вознемирува муслиманите што живеат во Њујорк и истакнува дека поради тоа многумина се обесхрабрени во практикувањето на религијата.

„Нашата џамија треба да биде отворен, верски и духовен центар, а полицијата со шпионирањето ја претвори џамијата во место на сомнеж и прислушување“, изјавил имамот на њујоршката џамија Хамид Хасан Раза.

Раза за американските медиуми изјавил дека чувствува страв и загриженост дека неговите верски предавања што ги држи во џамијата ќе бидат погрешно протолкувани па затоа веќе со години ги архивира сите говори.

Сѐ помалку луѓе во џамијата

Тој додал дека сѐ помал број луѓе ја посетуваат џамијата бидејќи, наводно, се плашат да не бидат следени и шпионирани од страна на полицијата што може да им направи проблеми на работните места.

Тужбата била поднесена во име на многубројни функционери на верски и општествени организации, џамии и муслимански хуманитарни организации кои биле жртви на шпионирање и надзор на полицијата во Њујорк.

Во тужбата се бара американскиот суд да утврди дека шпионирањето на муслиманите во Њујорк бил неуставен и незаконски чин и да се нареди уништување на сите снимени и напишани материјали од шпионирањето.

Полицијата во Њујорк веќе подолго време тврди дека контроверзната програма за надгледување на одредени граѓани е неопходна за да се спречи можен терористички напад.

Меѓутоа, жртвите на програмата на посебното набљудување веруваат дека њујоршката полиција отишла предалеку, што влијаело многумина да го сменат начинот на живот за да избегнат ситуации да бидат цели на понатамошни испрашувања и надгледувања.

„Кога полицијата ќе претвори лојални и чесни граѓани во осомничени само поради тоа што одат во џамија, а не во црква или синагога, тогаш тоа е отворено кршење на правото на еднаквост и верски слободи кои ги гарантира американскиот устав“, изјавил лидерот на муслиманската заедница во Њујорк, Хина Шамси.
Објавено на

19 Јуни 2013 - 15:09
http://www.mkd.mk/svet/vesti/muslimani-go-tuzhat-njujork-poradi-shpioniranje
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Во петокот свечено отворена џамијата хоџа Фетах ефенди
Понеделник, 17 Јун 2013 | Прочитано 276 пати.
На свеченото отварање присуствуваа неколку стотици верници, а џамијата со пресекување на лентата и текбири ја отвори реис улема Сулејман еф. Реџепи и министерот за економија Ваљон Сараќини.

На присутните пред џума намазот им се обратија градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, министерот за економија Ваљон Сараќини, битолскиот и скопскиот муфтија, а на крајот реисот им се обрати на присутните со поздравен говор и честитки.

Ова е втора и помала џамија во овој дел од оваа општина каде мнозинството од население своите верски потреби и должности ги извршува во приватни станбени објекти. Сега тој проблем е решен со оваа модерна џамија која ги исполнува условите за извршување на намаз на два спрата, а има и посебен влез за жени кој освен место за молитва на истиот спрат со мажите, имаат и абдестхана, тоалет и училница.

Иако технолошки модерна и софистицира, џамијата е изградена во традиционален османлиски стил со прекрасно осветлено минаре во текот на целата ноќ.
http://daily.mk/cluster/ddb5c43f69073576b4bf457a4355d3d0/vo-petokot-svecheno-otvorena-dzamijata-hodza-fetah-efendi?about=true
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 20:22 ---
uste eden svetec,
Папата Јован Павле Втори ќе биде прогласен за светец

19.06.2013 | 13:43
Извор: Точка
Покојниот папа Јован Павле II, според најавите од Ватикан, би требало да биде прогласен за светец во октомври оваа година.

Покојниот папа Јован Павле II, според најавите од Ватикан, би требало да биде прогласен за светец во октомври оваа година. Имено, папата Војтила беше беатифициран на 1 мај 2011 година, откако чесната сестра Марија Симон Пјер, која боледувала од Паркинсонова болест, чудесно оздравила.
Меѓутоа, Теолошката комисија на Конгрегацијата за прашањето за светци признала и второ необјасниво оздравување, засега на анонимна личност, а личноста го молела Јован Павле II за помош, пренеле италијанските медиуми.
Папата Војтилa би можел да биде канонизиран на 20 октомври, помеѓу 35-годишнината од неговиот избор за папа (16 октомври) и датумот на неговата инаугурација шест дена подоцна.
За завршување на процедурата потребна е уште потврда од Конгрегацијата за прашањето за светци, и потпис од актуелниот папа Франциско.
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
помалку јадење :гомце:
:facepalm: ne zabelezuvas deka preteruvas
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 21:31 ---
Куманово и Тетово ќе добијат нови владици
Полошко-кумановската епархија, со која долги години раководеше починатиот владика Кирил, ќе се дели на две посебни епархии

Едната ќе биде кумановско-осоговска со седиште во Куманово, а другата ќе се именува како тетовско-гостиварска, со седиште во Тетово. Оваа одлука беше донесена на вчерашната седница на Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, со што се очекува да се реши статусот на оваа епархија, како и тоа кој ќе раководи со неа.

- Синодот оцени дека овие два подрачја треба да имаат поприсутен архиереј, затоа и донесе одлука за поделба на епархијата на две посебни. Црковно народниот собор, во текот на годинава треба да ја легализира оваа одлука на Синодот-изјави г. Тимотеј, портпаролот на МПЦ-ОА.
Се очекува, како што нагласи г. Тимотеј, на следната синодска седница во септември да се прогласат владиците кои ќе раководат со двете епархии. Засега, како што велат од МПЦ, не станало збор за тоа кој од владиците ќе го наследи г. Кирил.
Од МПЦ, официјално, велат дека сите владици можат да учествуваат во изборот на нови владици на поделената полошко-кумановската епархија. Сепак, според проценките, во игра остануваат епископите Јосиф Велички и Јосиф Лешочки (кој пред осум месеци беше хиротонисан од г. Кирил) и г. Климент, секретарот на Синодот. Тука се и двајцата владици, што ги раководат епархиите во дијаспората, г. Методиј, на канадско-американската епархија и г. Пимен, на европската епархија. Тие можат да влезат во кандидатите за епархија, единствено ако изразат желба владичкиот позив да го носат во татковината
Сега Синодот на МПЦ брои 12 владици, а со деветте епархии на МПЦ управуваат девет епископи на кои моментално им помагаат околу 600 активни свештеници..http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=20037
 

Kajgana Shop

На врв Bottom