да бе тројникот ц ц цц ајван
Свет
Ново крвопролевање поради религиозна војна во Ирак
Во Багдад повторно беше извршена серија напади во која загинаа голем број луѓе. Целта овојпат беа пред се' населбите со шиитско население. Со тоа дополнително ескалира религиозната војна.
Во серија напади во ирачкиот главен град Багдад загинаа најмалку 75 лица. Повеќе од 200 се повредени. Службите за безбедност и спасувачките екипи информираа дека во повеќе делови на градот експлодирале автомобил-бомби, најчесто на полните пазари.
Сунитите наспроти шиитите
Од нападите беа погодени претежно населби во кои живеат шиити. По нападите беа затворени многу продавници, додека голем број жители од страв од нови напади се повлекоа од улиците во своите домови.
Во Ирак се води борба за превласт меѓу сунитите и шиитити, два правци на исламот. Многу сунити сметаат дека не ги претставува владата на шиитскиот премиер Нури ал Малики. Кон сунитите меѓутоа припаѓаат исто и екстремисти од опкружувањето на терористичката мрежа Ал Каеда.
Религиозна војна
Тензијата последен пат беше зголемена откако армијата беше ангажирана за сунитска протесна манифестација на 23 април. Потоа следуваа редица крвави одмазднички напади врз шиитиите. Но и од страна на шиитите во последно време се изведуваат напади врз сунити. Според агенцијата АФП, само во месец мај во Ирак биле убиени повеќе од 500 луѓе. Насилството се' уште е под нивото од 2006 и 2007 година, но во рок од два месеци се убиени речиси илјада луѓе.
Датум 28.05.2013
Во Багдад повторно беше извршена серија напади во која загинаа голем број луѓе. Целта овојпат беа пред се' населбите со шиитско население. Со тоа дополнително ескалира религиозната војна.
Во серија напади во ирачкиот главен град Багдад загинаа најмалку 75 лица. Повеќе од 200 се повредени. Службите за безбедност и спасувачките екипи информираа дека во повеќе делови на градот експлодирале автомобил-бомби, најчесто на полните пазари.
Сунитите наспроти шиитите
Од нападите беа погодени претежно населби во кои живеат шиити. По нападите беа затворени многу продавници, додека голем број жители од страв од нови напади се повлекоа од улиците во своите домови.
Во Ирак се води борба за превласт меѓу сунитите и шиитити, два правци на исламот. Многу сунити сметаат дека не ги претставува владата на шиитскиот премиер Нури ал Малики. Кон сунитите меѓутоа припаѓаат исто и екстремисти од опкружувањето на терористичката мрежа Ал Каеда.
Религиозна војна
Тензијата последен пат беше зголемена откако армијата беше ангажирана за сунитска протесна манифестација на 23 април. Потоа следуваа редица крвави одмазднички напади врз шиитиите. Но и од страна на шиитите во последно време се изведуваат напади врз сунити. Според агенцијата АФП, само во месец мај во Ирак биле убиени повеќе од 500 луѓе. Насилството се' уште е под нивото од 2006 и 2007 година, но во рок од два месеци се убиени речиси илјада луѓе.
Датум 28.05.2013
--- надополнето: 28 мај 2013 во 12:08 ---
http://tocka.com.mk/1/96077/avstraliski-bolnicar-ubil-11-lugje-8219-nagovoren-od-gjavolot
Австралиски болничар убил 11 луѓе "наговорен од ѓаволот"
Еден од најфаталните масовни убијци во Австралија, болничарот Роџер Дин (35), украл стотини таблети против болка “оксидон” на база на опијати, во старечкиот дом Квејкерс Хил во Сиднеј, ноември 2011, покажала истрагата. За да избегне да биде уапсен го запалил домот, при што починале 11 лица.
Кога кражбата била откриена, никој не знаел дека Дин е вмешан во неа. Дин дури им ја отворил вратата на полицајците кои дошле да ја испитаат кражбата. Недолго подоцна, после полноќ подметнал пожар во старечкиот дом, што го претворило во масовен убиец.
Дин вчера на суд се изјаснил за виновен за убиство на 11 лица и ужасно повредување на уште осум луѓе, поврзано со пожарот.
Дин, кој е инаку христијанин, и’ рекол на полицијата дека ѓаволот го натерал да го стори тоа. Како што е прецизно истакнато во полициските документи, Дин после кражбата по доаѓањето во домот да ја превземе својата смена добил извештај за исчезнатите лекови.
“Додека го читаше, рацете му се тресеа” – рекол друг болничар, а пишува во документот.
Полицијата дошла за неколку часа, но набргу морале да си одат поради повик за семејно насилство. Убеден дека полицијата ќе се врати, Дин зел запалка и отишол во крило на домот каде знаел дека нема камера. Таму прво го запалил креветот во празна соба, а неколку минути подоцна и друг кревет, овој пат во собата во која имало две пензионерки, Дороти Стерлинг и Дороти Ву.
И двете убиени жени биле неподвижни и не можеле да побегнат од огнот без помош, наведуваат судските документи. Дин потоа почнал да помага на другите станари на домот да излегуваат од зградата, поради што прво го поздравиле како херој. Тој пред зградата во пламен дури дал и интервју.
“Здраво, јас сум Роџер, еден од болничарите. Дојде до пожар и јас бргу направив што можам да ги извадам луѓето надвор. Чадот е густ, но извадивме многу луѓе, а тоа е најважно” – рекол тој за локална телевизиска станица.
Дин со себе тогаш носел два регистри за лекови, за кои барал од пожарникарите да му помогнат да ги изнесе од домот. Трите регистри, за кои тужителот тврди дека ги украл, се потоа уништени.
Дин прво не признал дека го подметнал пожарот. Откако дал изјава за полицијата, побарал насамо да разговара со двајца пријатели. Според судските документи, еден пријател го прашал Дин дали тој го направил тоа и тој признал. Потоа болничарот и’ рекол на полицијата дека сакал нешто да запали, дека имал неколку кошмари и дека се обидел да го скрати својот живот.
На крај истакнал дека ѓаволот му рекол да го направи тоа, и ова е официјалниот исказ кој стои во документите.
28.05.2013 | 11:00
--- надополнето: 28 мај 2013 во 12:09 ---
Крвта е додадена или одземена?
28 Мај 2013 - 11:55
http://off.net.mk/vesti/svet/krvta-e-dodadena-ili-odzemena
--- надополнето: 28 мај 2013 во 12:13 ---
По убиството на војникот во Лондон: Забрана и за ненасилни исламистички групи
28.05.2013 | 10:23
http://tocka.com.mk/1/96101/po-ubistvoto-na-vojnikot-vo-london-zabrana-i-za-nenasilni-islamisticki-grupi
Радикалните исламистички групи кои проповедаат омраза, а не се насилни, би можеле да бидат забранети во Британија во склоп на мерките кои владата ги подготвила како одговор на минатонеделното убиство на војникот Ли Ригсби во Лондон.
Ригсби минатата среда во населбата Вулвич, на сред бел ден, прво бил удрен со автомобил, а потоа и нападнат со нож и секира од страна на двајца Британци со нигериско потекло - Мајкл Олумиде Адебојало и Мајкл Олуватоби Адебовале, кои притоа им се заканиле на Британците дека ќе платат за сите муслимани кои биле убиени од британската војска во Авганистан.
Контрола на интернетот
Министерката за внатрешни работи Тереса Меј предупредила дека уште илјадници млади лица се закануваат со слична радикализација и дека тоа ширење на омраза мора да се запре. Покрај забраната за работа на организациите кои промовираат омраза, новите правила би вклучувале и забрана за посета на радикални проповедници во Универзитети и затвори, кои се сметаат за најплодни места за регрутација на потенцијални терористи. Би се засилила и контролата на интернет - полицијата полесно би ги бришела пораките во кои се промовира џихад.
Предлозите сигурно ќе предизвикаат реакции меѓу оние кои сакаат право и слобода на говорот, но и обвинувања до владата која сака да направи цензура. И експертите за борба против тероризмот предупредуваат дека владата не смее да реагира емотивно бидејќи не мора да значи дека на тој начин би спречиле слични инциденти. Според некои, доволно би било да се следат и досегашните прописи.
Моментално Министерството за внатрешни работи може да забрани организации поврзани со тероризам, како што е Ал-Мухајируна, во која припаѓал и Адебојало и која во Британија била забранета од 2010-тата година.
--- надополнето: 28 мај 2013 во 12:21 ---
Дух на убиена жена шета низ улиците – населението живее во страв (Видео) 18+
Чуден феномен се случува на улиците на Богота Карера во Колумбија. Случајот го привлече вниманието на граѓаните и го привлече вниманието на локалните медиуми и на истражувачите на паранормалните феномени.
Се се случува во ноќните часови, каде што во споменатата улица веќе неколку пати се случило да биде силувана женска личност, која потоа без никаква трага исчезнува.
Еден таков случај е забележан и на безбедносната камера, каде што мистериозната жена оддеднаш исчезнува од кадар.
Се слушаат и приказни за жена која е оддамна убиена токму на таа улица, но во изјавите за колумбијските медиуми, некои понудиле и рационално објаснување.
Имено станувало збор за краткотраен прекин во протокот на струја на безбедносните камери, па поради тоа се чини дека жената исчезнала.
http://mkd-news.com/duh-na-ubiena-zhena-sheta-niz-ulitsite-naselenieto-zhivee-vo-strav-video/
--- надополнето: 28 мај 2013 во 12:32 ---
Исповед на свештеник: Живеев со дух – никогаш нема да се вратам во таа куќа
Во малото село во Загорје – Пољане многумина веруваат дека дух живее во една куќа повеќе од дваесет години. За духот зборува целото локално население, но еден од нив – кој живеел во куќата раскажа од прва рака што се случувало. И тоа не се работи за некој си селанец кој сака слава или туристи – приказната ја раскажа свештеник кој во куќата живеел со семејството кога дошол на служба во парохијата во селото.
Чудни звуци, удирање, немир, тегнење на чаршавот – се само дел од ужасите кој ги минал свештеникот. Преку ден парохиската куќа изгледа распаднато, тивко, во неа никој не живеел веќе осум години. Се наоѓа на ридот и гледа преку зелените поља на селото. Недалеку е црквата Св Ана. Се е спокојно и тивко но само до полноќ.
“Од подрумот на полноќ почнуваат да ссе слушаат тапи удари. Често пати тие беа проследени со гребење на креветот. Најлошо нешто е кога се обидов да се покријам со ќебе, но колку и да влечев силно, другата страна беше посилна”, се сеќава свештеникот Стипе еден од сведоците на чудните појави. Тој и неговото семејство живееле во оваа куќа десет години.
По војната тој дошол во селото со семејството и ги сместиле во куќата. Сите ме прашуваа како спијам, знаев зошто ме прашуваат ама велев добро, мирно. Стипе и сега живее во селото, и вели никогаш нема да се враќа во стариот дом.
“Кога паѓа ноќта, јас не се осмелувам да одам надвор. И сега се плашам од она што се случува по полноќ”, вели Стипе.
Локалните жители велат дека пред повеќе од сто години во селото пристигнал млад свештеник. Сите го сакале, бил многу добар. Но, по некое време, паднал болен. Според сегашниот свештеник Милан Јураниќ веројатно имал рак, но тогаш тоа не било познато. Неможејќи да издржи се самоубил.
Јураниќ во селото пристигнал 50 години подоцна. И тој прво бил сместен во куќата и тој ги чул звуците – неговата спална била над третиот подрум.
“По полноќ, ме будеше удар како со чекан. Не можеше да е однадвор – надвор немаше никој, вели свештеникот кој одлучил да ја истражи историјата на куќата. Нашол низ архивите информации за неговиот претходник, неговата болест и самоубиство. Се самоубил во третиот подрум – оној над кого се наоѓала спалната на свештеникот.
По 10 години се навикнал на ударите. Тој никогаш не се обидел да комуницира со духот на својот претходник или да го истерува.
“Тоа не е практика на Црквата. По таквите вечери јас се молев за починатиот брат на миса”, објаснува свештеникот.
И откако се преселиле ударите продолжиле. житли на селото не му верувале па одлучиле да седнат крај куќата една ноќ. По полноќ, дојде првиот удар, не обрнувавме многу внимание на звукот кој беше како некој да удира во буре. Кога звукот почна да се повторува се почесто, бевме многу исплашени. Иако немаше никој во околина звукот беше се погласен – на крај трчајќи избегавме и повеќе нема да ни текне да одиме по зајдисонце во близина на куќата.
http://mkd-news.com/ispoved-na-sveshtenik-zhiveev-so-duh-nikogash-nema-da-se-vratam-vo-taa-kuka/