извор: Associated Press, AFP
05 мај 2013 - 21:56
Еден загинат и 44 ранети во експлозија во црква во Танзанија
Најмалку 30 лица се повредени од кои три се во критична состојба објави полицијата додека очевидци тврдат дека најмалку едно лице загинало во неделата во експлозија во христијански храм во Аруша во северна Таназанија. Најмалку 30 лица се повредени од кои три се во критична состојба објави полицијата додека очевидци тврдат дека најмалку едно лице загинало во неделата во експлозија во христијански храм во Аруша во северна Таназанија.
„Има 30 ранети, а три се во критична состојба, едно лице е уапсено", изјави за AFP началникот на покраинската полиција Либератус Сабас.
Како што за Associated Press изјавил Магеса Мулого, во локалната болница во Аруша од повредите починала една жена, а бројот на ранетите во експлозијата изнесува 44. Тој додал дека бомбата во црквата била фрлена од мотоцикл во движење. Мулого додал дека мотоциклистот е уапсен.
Амбасадорот на Ватикан во Танзанија, бискупот Франсиско Монтесио Падиља бил на официјалното отворање на црквата во Ариша во неделата кога одекнала експлозијата но тој останал неповреден, пишува Associated Press.
Причината за експлозијата засега не е позната и никој не ја преземал одговорноста за нападот.
Експлозијата одекнала по утринската литургија на влезот во католичката црква во Аруша, град во кој инаку доаѓаат многу туристи коишто ги посетуваат блискиот национален парк Серенгети и планината Килиманџаро.
Последните месеци и во оваа африканска земја ескалираат тензиите меѓу христијанската и муслиманската заедница.
Во февруари беше убиен католички свештеник од огнено оружје во архипелагот Занзибар, полуавтономен регион на Танзанија населен претежно со муслиманско население. На почетокот од април во Тундума, на крајниот југ од Танзанија, полицијата со солзавец растера 200 христијани кои се обидоа да запалат џамија поради недоразбирањата со муслиманите коишто според традицијата го вршат колежот на стоката за месарниците.
http://makfax.com.mk/309284/eden_zaginat_i_44_raneti_vo_eksplozija_vo_crkva_vo_tanzanija
--- надополнето: 6 мај 2013 во 15:39 ---
Свет
Обама предупредува на прогон на православните христијани
Американскиот претседател Барак Обама испрати честитка до православните христијани низ светот, во која предупредува на прогонот на православните христијани во повеќе земји во Блискиот Исток.
„За милиони православни христијани ова е радосен празник, но и потсетник на жртвите кои Исус ги направи за да имаме вечен живот. Неговата одлука да одбере љубов, соочен со омраза, надеж соочен со очај, е пример кој секогаш треба да го следиме. Но, еднакво важно е да запомниме дека оваа година членови на православната заедница се соочени со прогонство и насилство, особено на Блискиот Исток и во Северна Африка. Со децении овој дел на светот беше збогатен со присуството на православните заедници во земји како Египет, Либан, Сирија и Ирак. Како нација, ние ја потврдуваме нашата посветеност на заштитата на универзалните човечки права, како што е правото на вероисповед“, пишува во велигденската порака на Обама.
Се проценува дека половина од еден и пол милионската христијанска заедница во Ирак побегнала од земјата по крвавата граѓанска војна, која следеше по американското уривање на режимот на Садам Хусеин во 2003 година. Животот на коптската православна заедница во Египет, чија бројност се проценува меѓу пет и 15 милиони, станува се потежок по Арапската пролет, која на власт во Египет го донесе исламистичкото Муслиманско братство.
Датум 05.05.2013
http://www.dw.de/обама-предупредува-на-прогон-на-православните-христијани/a-16792319?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
--- надополнето: 6 мај 2013 во 15:41 ---
Откриени стотина мистериозни ,,златни топки,, под храм (Видео)
http://mkd-news.com/otkrieni-stotina-misteriozni-zlatni-topki-pod-hram-video/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=otkrieni-stotina-misteriozni-zlatni-topki-pod-hram-video
Археолозите мексиканскиот Национален институт за антропологија и историја откриле стотици мистериозни “златни” топки во комора под храмот на Quetzalcoatl, во античкиот Teotihuacan.
топките ги откри робот Tlaloc II-Т, кој беше испратен да истражува тунел во кој на крајот на комората се “златните” топки. Како што е соопштено топките се со жолто-златна боја, со пречник од 10 до 30 см и направени од глина, бојата на материјалот се должи на jarosite – формиран со оксидација на пирит, познат како “злато за будали”.
Истражувачот Серџо Гомез изјави дека целата комора е наредени со пирит, а се претпоставува дека комората на топки сe користиела од свештениците да вршат обреди. Но, за какви ритуали, истражувачите се уште не знаат.
Истражувањето започна во април, и иако на робот е доволно мал за да влезе во тунелот, кој беше запечатен повеќе од 1800 години, неговото истражување не одело лесно: се заглавувал во кал 20-30 см длабока.
Инаку, се претпоставува дека градот Теотихуакан бил изграден околу 200 години пне, и на својот врв беше во 5 век кога во него живееле 200.000 луѓе. Тој исчезнал век и половина подоцна, по што го презеле Ацтеките.
--- надополнето: 6 мај 2013 во 15:42 ---
Мали: Во напад на исламисти седум загинати
Објавено: 12:43, 05/05/2013
Во бомбашки напад кој исламистичките бунтовници го изведоа вчера на една воена патрола, во близина на градот Гао на север на Мали, загинаа двајца војници и петмина напаѓачи.
За агенција „Франс прес“, анонимен извор од армијата на Мали рече дека бомбаши самоубијци активирале експлозив, во момент кога покрај нив поминувала воена патрола.
Франција во јануари започна воена интервенција во ова западноафриканска држава за да ги спречи групите поврзани со Ал Каеда, кои веќе ја имаа контролата над северниот дел на Мали.
Во француската воена компанија уништени се бази на вооружените исламистички групи на север на државата, но бунтовниците и понатаму изведуваат напади на малиските и француски војници.
http://a1on.mk/wordpress/archives/146104
--- надополнето: 6 мај 2013 во 15:43 ---
05 мај 2013 - 16:26
Алжир бара смртни казни за исламистите обвинети за масакр и силувања
Смртни казни се побарани во Алжир во неделата на почетокот од судењето на двајца исламисти обвинети за повеќе од 50 0убиства и силувања на повеќе од 60жени во текот на граѓанската војна во оваа северноафриканска земја која се водеше од 1996 до 2004 година.
Судењето започна во неделата на судот во главниот град Алжир. Обвинетите Антар Али и Џилали Кури признале дека биле припадници на исламистичка вооружена група чиешто седиште било во градот Шлеф, 200 километри оддалечен од престолнината Алжир.
Алжирските медиуми наведуваат дека обвинетите во истрагата признале дека убивале војници и припадници на цивилните самоодбранбени милиции кои се формирале за да локалното население да се брани од нападите на исламистите.
Двајцата за коишто сега е побарана смртна казна, исто така според домашните медиуми, во истрагата признале дека учествувале во групни силувања на жени коишто потоа ги убивале.
Извршувањето на смртната казна во Алжир не се применува откако во 1993 година беше донесен мораториум за ваквиот вид казна за чие применување протестираат организациите за заштита на човековите права.
Граѓанската војна започна кога алжирската армија на почетокот од 1990-те ги поништи резултатите на коишто требаше да победи Исламскиот фронт на спасот (FIS). Потоа оваа партија беше забранета, а исламистите за одмазда започнаа со атентати врз војници и цивили. Според официјалните податоци, во алжирската граѓанска војна биле убиени повеќе од 200 илјади луѓе.
http://makfax.com.mk/309275/alzhir_bara_smrtni_kazni_za_islamistite_obvineti_za_masakr_i_siluvanja