Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Христијаните исчезуваат од муслиманските земји ВИДЕО +

Свет | 20. June 2013 - 17:07

Убиени христијани, ,свештеници во затвор, насилна исламизација, постојана дискриминација, протерување , запалени цркви.

Тоа секојдневно им се случува на милиони христијани кои живеат како малцинство во муслиманските земји. Нападите се најчести во Пакистан, Иран, Египет, Сирија, Турција, Либија, Нигерија , Судан и Индоненезија .

За насилствата врз христијани секој месец детален извештај обајвува познатиот Гејтстоун инсититут. Од таму произлегува дека Христијаните се убедливо најпрогонета религија на светот.

Состојбата добива се подраматични димензии особено по порастот на радикалните иусламистички структури во земјите.
http://www.sitel.com.mk/hristijanite-ischezuvaat-od-muslimanskite-zemji
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 18:23 ---
Свет | 20. June 2013 - 15:07
Аш Шабаб со закани за нови напади во Сомалија

ash-shabab.jpg


Сомалиската исламистичка група Аш Шабаб се закани дека ќе ги продолжи нападите против „неверниците додека не бидат прогонети од муслиманските држави“.


Исламистички екстремисти вчера го нападнаа претставништвото на Програмата за развој на ОН во Могадишу. По судирите што траеја повеќе од еден час, силите на сомалиската армија и на Мисијата на АУ во Сомалија, успеаја да воспостават контрола врз комлексот згради на ОН.

Во нападот загинаа 22 луѓе меѓу кои четворица странци.

Пред околу две години сомалиските владини сили и африкански мировници ги протераа екстремистите кои имаа врски со Ал Каеда од Могадишу.
http://sitel.com.mk/ash-shabab-so-zakani-za-novi-napadi-vo-somalija



--- надополнето: 20 јуни 2013 во 18:26 ---
ФОТО: Човек со големо срце - Папата се возеше со дете кое боледува од Даунов синдром

Папата додека се возеше со своето возило, забележал детенце кое боледува од Даунов синдром, па уште еднаш докажа дека е човек со големо срце откако го покани да се вози заедно со него.

Папата го повикал детето да се вози со него, а тоа веднаш прифатило, па двајцата се возеле низ Ватикан.

Ова не е прв пат Папата да направи вакво нешто. Претходно му дозволи на изнемоштен старец да седне во неговиот престол, а тој седна на обична столица, бидејќи тоа место беше поудобро за старецот.
Category:
Свет

http://makfax.com.mk/312498/kina_zatvori_19_ujguri_pod_obvinenie_za_ekstremizam
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 18:30 ---
Папата: Корупцијата е крива за гладта на луѓето

Папата Франциско рече дека финансиските шпекулации и корупцијата се виновни за гладот на милиони луѓе.

„Добро е познато дека тековното производство е доволно, но милиони луѓе и понатаму гладуваат. Ова е навистина скандалозно“, им рекол папата на учесниците на конференцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) во Рим, пренесува Ројтерс.

Папата истакнал дека мора да се најде начин сите да имаат придобивки од „плодовите на земјата, а не само да се премости јазот помеѓу богатите и оние што мора да се задоволат со трошките што ќе паднат од трпезата.“

Ова е најновата во низата критики на првиот латиноамерикански папата на сметка на „диктатурата на економијата“ и на ширењето на консумеризмот, пренесе Ројтерс.

Објавено на

20 Јуни 2013 - 16:20

http://www.mkd.mk/svet/vesti/papata-korupcijata-e-kriva-za-gladta-na-lugjeto
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 18:43 ---
извор: Макфакс
20 јуни 2013 - 16:20







Кина затвори 19 Ујгури под обвинение за екстремизам

http://makfax.com.mk/312498/kina_zatvori_19_ujguri_pod_obvinenie_za_ekstremizam


Судовите во регионот Синџианг во западна Кина осудени се 19 лица етнички Ујгури на затворски казни до шест години поради поттикнување верска нетрпеливост и религиозен екстремизам на интернет, во серијата пресуди за дела кои кинеските власти ги карактеризираа како населен сепаратизам.



Сите осудени, освен едно лице, потекнуваат од јужниот дел на провинцијата Синџианг во кој Ујгурите се мнозинство, вклучувајќи и осуммина од Кашгар, град на ткн Пат на свилата, објави весникот Legal Daily на својата интернет страница.


Во еден од случаите на кои се однесуваат пресудите, осудениот е осомничен дека посетувал илегални мрежни страници и од нив „симнувал" материјали кои „поттикнуваат верски занес и пропагираат света војна, и поттикнуваат на етничко непријателство", наведува весникот Legal Daily. „Тоа доведе до ефекти во општеството кои заслужуваат презир", се наведува уште во цитираната пресуда.


Друг обвинет е осуден поради ширење преку интернет материјали коишто „застапуваат верски екстремизам и тероризам", пишува натаму весникот, кој не ја објавува етничката припадност на осудените, но како што забележува Reuters таа е видлива од имињата на осудените.


Ујгурите сочинуваа повеќе од 40 отсто од вкупно 21 милиони жители на овој регион. Повеќето од нив се населени во Кашгар и другите јужни делови на провинцијата и во последните години искажуваат незадоволство од нивниот статус во општеството


Покраината Синџианг зазема една шестина од вкупната државна територија на Кина граничи со Авганистан, Пакистан, Индија и Централната Азиска Република, а богата е со нафта, гас и јаглен. Автохтоното население се туркофони муслимани Ујгури, но во децениите населување на покраината со мнозинскиот кинески народ Хан од другите делови на Кина, денес во Синџианг Ујгурите се помалку од половината од населението.


Постојаните тензии поради големите рестрикции на ујгурската јазична, културна и верска автономија кулминираа во јули 2009 година, кога во насилните судири меѓу Кинезите од народот Хан и етничките Ујгури во главниот град на провинцијата Уримкви, загинаа околу 200 луѓе, претежно припадници на народот Хан. Од тогаш кинеските власти погубија десетина лица осудени за поттикнување на насилни судири, уапсени и кривично гонети се стотици други, а безбедносните мерки се заострени во целата покраина. Во април 2013 година во близина на Кашгар, пак, во меѓуетничките судири загинаа 21 лице.


Кина тврди дека вооружени групи Ујгури се поврзани со исламските милитанти во централна Азија и во Пакистан и ги обвинува дека вршат напади чија цел е да формираат независна држава која би ја именувале Источен Туркистан. Ова тврдење не е далеку од вистината, бидејќи последните години повеќе ујгурски активисти ги потенцираат нивната етничка поврзаноста со турската популација.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Полицаец кај Ѕидот на плачот убил човек откако извикнал „Алаху акбар“

Еден израелски полицаец денеска убил еден еврејски посетител кај Ѕидот на плачот во Ерусалим, светото место на јудаизмот, мислејќи дека е палестински борец, соопштила полицијата.



„Еден Евреин, Израелец, се наоѓал во секторот на тоалетот. Тој од непознати причини извикнал ‘Алах акбар!’ (Алах е голем). Еден од чуварите потоа го извадил своето оружје и пукал неколку пати кон осомничениот“, рекол портпаролот на полицијата Мики Розенфелд.

Несреќата се случила во 8 часот по локално време, додека пред Ѕидот на плачот имало многу верници на утринската молитва спроти Шабат, денот на одмор.

Чуварот по несреќата ѝ рекол на полицијата дека помислил оти човекот (46) сакал да извади нешто од џебот додека извикувал: „Алах акбар!“, што e чест повик за собирање на муслиманите.

Израелското радио јавило дека кај Ѕидот не било најдено ништо сомнително. Ѕидот на плачот е во близина на плоштадот на џамиите, третото свето место на исламот.
Објавено на

21 Јуни 2013 - 13:25

http://www.mkd.mk/svet/vesti/policaec-kaj-dzidot-na-plachot-ubil-chovek-otkako-izviknal-alahu-akbar
--- надополнето: 21 јуни 2013 во 21:06 ---
Осуммина сириски џихадисти уапсени во Шпанија
21.06.2013 | 12:51
Свет
Прочитано: 132
Полицијата во шпанската енклава на мароканскиот брег, Сеута, рано утринава уапси осум под обвинение дека регрутирале џихадисти и доброволци за војување во Сирија.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи во Мадрид, уапсените се обвинети за собирање пари, за индоктринирање на младите, како и за организирање на патувањата за регрутираните исламисти.

Полицијата верува дека сите уапсени се поврзани со терористичката мрежа на Ал Каеда.

Уапсените биле дел од тајна база за регрутација на исламисти во Сеута, од каде биле испраѓани да се борат на страната на бунтовниците во Сирија, но и во други воени жаришта во светот.

Шпанската полиција верува дека десетици млади исламисти, меѓу кои има и помлади од 18 години, веќе се испратени во Сирија и на други локации, како и дека некои од нив веќе учествувале и во разни самоубиствени бомбашки операции.

Министерството за внатрешни работи во Мадрид соопшти дека истрагата за овој случај продолжува.
http://24vesti.mk/osummina-siriski-dzihadisti-uapseni-vo-shpanija
--- надополнето: 21 јуни 2013 во 21:08 ---
петок, јуни 21, 2013 Скопје 21:07

Бомбашки напад врз шиитска џамија во Пакистан




21.06.2013
Најмалку 10 лица загинале, а над 25 се ранети при бомбашки напад врз шиитската џамија и верско училиште.
Пакистанската телевизија објави дека експлозијата била предизвикана од бомбаш-самоубиец кој нападот го извршил за време на петочната молитва.
Засега никој не веднаш ја презеде одговорноста за нападот во Пешевар каде се чести верските насилства.

http://www.makdenes.org/archive/news/20130621/428/428.html?id=25023866
--- надополнето: 21 јуни 2013 во 21:17 ---
Исламската мода сè попопуларна во Москва
21 jуни 2013 Максим Легуенко
Руските дизајнери се подготвени да ги облекуваат муслиманките според сите правила

На 15 јуни во Москва во рамките на меѓународната изложба Moscow Halal Expo се одржа четвртиот Меѓународен фестивал на модата „Исламски стил“. Со свои колекции се претставија седум руски дизајнери, кои се специјализирани во областа на исламската мода и на исламскиот стил.

Демократски стил на муслимански начин
За муслиманската облека постои мноштво стереотипи. Еден од нив е ..............................................................................................................................................

http://ruskarec.mk/arts/2013/06/21/islamskata_moda_se_popopularna_vo_moskva_23317.html
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
http://republika.mk/?p=85281
--- надополнето: 22 јуни 2013 во 10:56 ---
Денес е Задушница, ден пред Духовден
Објавено: пред 1 час

Православните христијани денеска го празнуваат празникот Задушница, ден пред Духовден. Според народните верување на Задушница душите на покојните доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалок, затоплување, чистење. Средбата на душите на починатите се обавува на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, со молитво, пченица и лепче осветено со вино. Верниците на овој ден им даваат милостина на сиромашните во помен на покојниот и се молат за нивните души.
Задушница се празнува во пресрет на Духовден, наречен уште и Педесетница, кој е еден од најрадосните празници во православието бидејќи со него се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение. Духовден исто така се нарекува и Роденден на Црквата.
Една од тие задушници е токму саботата пред Духовден – слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што светите отци љубат за овој празник да кажат: „Роденденот на Црквата“. Целата проткаена со човекољубие и сострадание, Христовата Црква токму во предвечерието на својот роденден, како да сака да ни каже дака во Христа се сите живи, не повикува да направиме помен на сите, од века, благочестиво упокоени луѓе. Пред погледот на Црквата минуваат милијардите и милијарди упокоени отци, браќа и сестри наши, сите оние на кои не им ги знаеме имињата, кои одамна веќе немаат овде меѓу нас пријатели, за да бидат спомнати во нивните молитви. Не заборавајќи никого во овој заеднички, соборен и молитвен помен, Црквата ги спомнува своите од почетокот починати чеда, и богати и сиромашни, и мирјани и монаси, и цареви и слуги – сите оние кои веќе не напуштиле.

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи.

Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците порзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.


http://www.plusinfo.mk/vest/96632/Denes-e-Zadushnica-den-pred-Duhovden
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Чувар убил Израелец кај Ѕидот на плачот, бидејќи изговорил "Allahu Akbar"

21.06.2013 | 12:26
Извор: Точка
Израелецот бил убиен кај Ѕидот на плачот, светото еврејско место. Чуварот пукал кон него откако слушнал дека вели "Allahu Akbar", што на арапски значи "Бог е најголем".

Израелецот бил убиен кај Ѕидот на плачот, едно од најсветите еврејски места. Чуварот изјавил дека го убил бидејќи мислел дека станува збор за палестински милитант, јавува Ројтерс, кој притоа го цитирал портпаролот на тамошната полиција, Мики Росенфелд: Изгледа дека чуварот го извадил оружјето и неколку пати пукал во него поради фактот што викал "Allahu Akbar".


Убиениот маж бил Евреин во 40-тите години. Лекарите се обиделе да го спасат, но тој сепак починал
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Свет | 23. June 2013 - 17:25
Либан: Тројца војници загинаа во престрелка меѓу приврзаници на Хезболах и на сунитски свештеник

Најмалку тројца либански војници загинаа, а четворица се повредени денеска во либанското пристаниште Сајда во судири меѓу приврзаници на Хезболах и на сунитски свештеник, кој е противник на шиитското движење.


Судирите настанеле откако следбеник на шеикот Ахмед ал Асир бил уапсен на контролен пункт во Сајда, на 40 километри јужно од Бејрут, соопштија локалните власти. Луѓето на шеикот отвориле оган врз војниците, кои биле на контролниот пункт. Набрзо пристигнале борци на Хезболах и меѓу нив настанала жестока престрелка со автоматско оружје и рачни минофрлачи.

Следбениците на Ал Асир ги поддржуваат сунитските бунтовници во Сирија, додека приврзаниците на Хезболах се борат на страната на режимот во Дамаск.

Најмалку тројца либански војници загинаа, а четворица се повредени денеска во либанското пристаниште Сајда во судири меѓу приврзаници на Хезболах и на сунитски свештеник, кој е противник на шиитското движење.


Судирите настанеле откако следбеник на шеикот Ахмед ал Асир бил уапсен на контролен пункт во Сајда, на 40 километри јужно од Бејрут, соопштија локалните власти. Луѓето на шеикот отвориле оган врз војниците, кои биле на контролниот пункт. Набрзо пристигнале борци на Хезболах и меѓу нив настанала жестока престрелка со автоматско оружје и рачни минофрлачи.

Следбениците на Ал Асир ги поддржуваат сунитските бунтовници во Сирија, додека приврзаниците на Хезболах се борат на страната на режимот во Дамаск.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Прв ден од христијанскиот празник Духовден
23.06.2013 | 12:14
Македонија
Прочитано: 407

Светата честичка од крстот на кој бил распнат Исус христос, а која од америка ја донесе студент по теологија, денеска на поклонение ќе биде изложена во соборниот храм „св. Климент охридски“.

На литургиската служба, на првиот ден од христијанскиот празник духовден, верниците ќе имаат можност да се поклонат пред оваа реликвија.

Заедно со светата честичка се и мошти на светители кои до сега не биде претставени пред верниците во македонија. Со службата во соборниот храм од утринава чиноначалствува архиепископот Охридско - македонски г.г. Стефан.

Утре, на вториот ден од духовден, реликвиите ќе бидат пренесени во црквата рождество на пресвета богородица, на 30-ти јуни реликвиите ќе можат да ги видат верниците од скопската населба ѓорче петров кои ќе бидат изложени во храмот „св. Петар и Павле“. Моштите остануваат во сопственост на скопската епархија и под надзор на архиепископот г.г. Стефан.
http://24vesti.mk/prv-den-od-hristijanskiot-praznik-duhovden
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.035
Поени од реакции
83.470
Сирија: Нападнат манастир, исламистите егзекутираа христијански свештеник
Вторник, 25 Јуни 2013 13:48
Сирискиот свештеник Франсоа Мурад беше убиен во северна Сирија. Ова е потврдено од Чуварот на светата земја. Според локалните извори, манастирот каде што престојувал Мурад бил нападнат од исламистички милитанти поврзани со џихадистичката група Јабат ал-Нусра.


Свештеникот беше убиен во неделата, на 23 јуни, а околностите под кои настапила смртта не се потврдени.
Отец Франсоа имаше 49 години и зачекоруваше во религиозен живот со Францисканските чувари на Светата земја, а со нив и продолжи да споделува блиска духовна поврзаност.
Откако бил именуван за свештеник, започнал да гради манастир посветен во селото Гасани, Сирија.
По почетокот на граѓанската војна, манастирот бил бомбардиран и свештеникот Мурад се преселил во манастирот на Чуварите поради својата безбедност и да даде поддршка на останатите членови, помеѓу кои имало религиозни лица и калуѓерки.
-Да се помолиме за наскоро да заврши овој апсурд и луѓето на Сирија повторно да живеат нормално, рече надбискупот Жак Бехан Хиндо.
Тој додаде дека вербата на христијаните е зацврстена поради крвта на мачениците и прогонетите жители.
Отец Мурад подоцна му испратил на Хиндо порака во која покажува дека бил свесен за опасната ситуација во која се наоѓа и го понудил својот живот во замена за мир во Сирија и низ целиот свет.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Либан-16 војници загинале во судир со сунитски муслимани

25.06.2013
Најмалку 16 либански војници загинале во судирите со сунитските муслимани во градот Сидон. Националната агенција јави дека во борбите со автоматско оружје и ракетни гранати биле повредени 50 лица. Се уште не се знае колку припадници на вооружените напаѓачи загинале или биле повредени.
Според извештаите, војниците ја опколиле џамијата каде се наоѓале поддржувачите на сунитскиот муслимански свештеник Ахмед ал Асир.

http://www.makdenes.org/archive/news/20130625/428/428.html?id=25026905
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
ВИДЕО: Американците тврдат дека со куршуми со свинска маст кои ќе ги испратат муслиманите директно во пеколот

26.06.2013 - 14:36:05




Група ентузијасти за оружје, лути и гневни што ќе се гради исламски центар во Ајдахо креираа специјални куршуми кои ќе ги испратат муслиманите директно во пеколот.

Според „Хафингтон пост“ овие мажи решиле да се борат против исламот со куршуми во кои има свинска маст.

Овие куршуми се специјални бидејќи во бојата за оружјето содржи и свинска маст, која што инаку муслиманите според религијата не ја користат.Доколку еден таков куршум рани или убие еден муслиман тој не може „ да отиде на небото бидејќи телото му е загадено со свинско“. Тие велат дека со Jihawg Ammo не само што се убива еден муслиман, тој директно се праќа во пеколот, а тоа е двојна добивка.

Но, нивната теорија ја разби Шенон Дан, асистент на религиските студии на Универзитетот Гонзаг, кој вели дека тие не го разбираат Куранот. Дан појаснува дека муслиманите ќе одат во пеколот ако конзумираат свинско месо,а кога, не по своја волја, доаѓаат во контакт со него, пишува „Хафингтон пост“.



Abe cudo od luge :pos::pos::pos::pos:
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Авганистан: 50 девојчиња отруени во училиште
Објавено: 14:53, 26/06/2013


Околу 50 авганистански девојчиња утрово се хоспитализирани, поради труење со токсичен гас, за кој се претпоставува дека се одговорни екстремисти кои што се против образование на жените во Авганистан.

-Педесетина ученички од средно училиште, од истокот на државата утрово се примени во болница, затоа што се жалеле на главоболка и вртоглавица-изјави порпаролот на локалната власт, Рохулах Самон.

Се уште никој не презеде одговорност за труењето на ученичките, а истрагата за инцидентот е во тек.

Во текот на изминатите две години, имаше повеќе од десетина вакви напади во Авганистан. Минатата година полицијата приведе повеќе од 18 осомничени, поврзани со нападите.

Властите веруваат дека ова е дело на исламски екстремисти кои што се против образование на девојчињата.
http://a1on.mk/wordpress/archives/170102
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 22:36 ---
Видео: Во Кина муслимански Ујгури со ножеви убиле девет полицајци -27 убиени

http://primetime.mk/index.php/vesti/svet/item/1433-vo-kina-ubieni-27-lugje-od-niv-devet-policajci
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.035
Поени од реакции
83.470
Вооружен напад врз црква, две лица тешко ранети
Четврток, 27 Јуни 2013 15:36
Седумдесет и три цркви се нападнати или бомбардирани од јуни 2004 година до денес, вклучувајќи го и денешниот напад. Четириесет и пет цркви биле во Багдад, 19 во Мосул, 8 во Киркук и 1 во Рамади. Од 2004 година бројот на христијаните во Ирак од 1,4 милиони паднал на 600.000.


Вооружени лица отвориле оган врз црквата Сент Мери во вторникот утрото, при што двајца чувари беа ранети. Напаѓачите патувале во цивилна кола, вели извор од министерството за внатрешни работи, кога почнале да пукаат кон црквата, која се наоѓа во источен Багдад.
Чуварите на црквата биле однесени во болницата Ал Кинди, а еден е во сериозна состојба.
Од 2004 година наваму нападнати се и бомбардирани 73 цркви, од кои 45 во Багдад, 19 во Мосул, 8 во Киркук и 1 во Рамади.
Првата црква беше бомбардирана на 26 јуни 2004 година, со што започна геноцидот на христијаните во Ирак.
Од 2004 година наваму, христијаните во Ирак од 1,4 милиони паднаа на само 600.000 лица.
Повеќе од половина од нив се иселиле во Јордан, Турција и Сирија.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.035
Поени од реакции
83.470
Мајка и ќерки убиени затоа што се појавила снимка, каде се прикажани како уживале во дождот:

Two girls, mother killed over family video


GILGIT: A family video showing two teenage girls enjoying rain in their house led to their murder in Chilas on Sunday night. Their mother was also gunned down allegedly by her stepson and his four friends.
Five masked men barged into the house of retired police officer Rehmat Nabi and started firing, killing his wife and daughters, aged 15 and 16.
According to police, the crime was motivated by a video clip circulated on mobile phones and showing the girls overjoyed by rain in the lawn of their bungalow.
The video, recorded six months ago, was circulated in the area four months later probably after a relative sent it to his friends.
Police believed that the girls’ stepbrother Khutore took it as an “assault on the honour of his family” and tried to “restore the family’s honour” by killing the girls.
Khutore escaped when police tried to get in touch with him for investigation. But, his four friends were arrested and, according to a senior police official, they have confessed to the crime. A case has been registered against the five.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Четворица христијани убиени во самоубиствен напад во Дамаск

Четири лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во христијански кварт во Дамаск.

Во експлозијата пред црквата биле повредени уште неколкумина , соопшти државната сириска телевизија.

Бунтовниците го потврдуваат нападот и бројот на загинати , но наместо самоубиствен напад , го нарекуваат оружен напад со рачен фрлач.

Според очевидците и странските медиуми , бомбаш самоубиец носел појас со експлозив што бил активиран точно пред православната црква, а од експлозијата биле оштетени и околните продавници.

Досега никој не ја презел одговорноста за самоубиствениот напад.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=11081
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 23:54 ---
Свет | 27. June 2013 - 20:04
Доживотен затвор за петтемина британски муслимани за насилство врз малолетнички

Седумина британски муслимани од реонот на Оксфорд се осудени денеска од судот во Лондон на долгогодишни казни, а петмина од нив и на доживотен затвор за сексуално насилство и за садистичко малтретирање и изживување врз малолетнички и девојчиња.


Меѓу петмната осудени со казна доживотен затвор се и два пара браќа. Лондонскиот суд Олд Бејли пресуди тие да не можат да бидат помилувани или порано ослободени, во следните 20 години за првообвинетиот и пред истекот на 17 години за другите четворица.

Сите тие се обвинети за силување на девојчиња и за нивно присилување да се занимаваат со проституција. Сите злосторства на оваа банда се регистрирани во период од осум години, меѓу 2004 и 2012 година, кога бандата е откриена и сите се уапсени.

Меѓу жртвите на сексуалното насилство има девојчиња на возраст меѓу 11 и 15 години. Тие прво биле опивани со алкохол, па дрогирани, а потоа присилувани да имаат секс со членовите на бандата. Некои од девојчињата биле тепани, горени и изложени на најразлични садистички изживувања. Дел од жртвите подоцна биле нудени на нивни пријатели за пари, како малолетни проститутки.

Девојчињата биле наоѓани меѓу оние малолетнички кои се целосно неподготвени за да се спротивстават на лажните понуди од бандата која им нудела мали и евтини подароци или и самите веќе имале тежок живот, па биле лесен плен.

http://www.sitel.com.mk/dozhivoten-zatvor-za-pettemina-britanski-muslimani-za-nasilstvo-vrz-maloletnichki

http://brif.mk/svet/dozivoten-zatvorn-za-petmina-britanski-muslimani-za-nasilstvo-vrz-maloletnicki/
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 00:04 ---
Муџахедините се обиделе да ја бомбардираат Германија
пред 8 часа

Специјалните единици на германската полиција разбиле две ќелии на радикалната исламистичка организација „Војници на Алах“, чии припадници се сомничат дека подготвувале бомбардирање на цивилни цели во Минхен и во Штутгарт.


За разлика од воздушниот напад во САД во 2001 година, кога терористите самоубијци ги навеле патничките авиони на одбрани цели, џихадистите во Германија се определиле за современо оружје – тие имале намера да извршат напад со беспилотни летала, така наречени дронови.

Акцијата на германските специјалци е спроведена на повеќе локации во покраината Баварска и Баден – Виртемберг. За само неколку минути е срушен отпорот на наводните терористи. При претресот се запленети механички компоненти кои не се дефинирани, соодветна електроника, системи за далечинско упрвување и планови за монтажа на леталата.

Во официјалното соопштение се наведува дека главни осомничени се двајцата лидери на ќелијата, но не се соопштува дали истите се лишени од слобода, ниту пак дали уште некои лица се уапсени.

Во блиските кругови на централата на известувачката служба во минхенското предградие Пулах, надлежна за разбивање тероризам се вели дека вчерашната акција била само почеток на посложена акција со која треба да се искорени „опасноста со која Германија се соочува“. Стравувањата на надлежните служби, имено, се засноваат на проценката од 2011 година, по која Германија, покрај САД би можела да стане еден од приоритетните цели на терористички напади од воздух.

Поразлично од донеодамна, кога се превземани мерки на претпазливост поради таканаречената латентна опасност, овој пат поводот беше конкретен. Врз база на претходни информации, заклучено е дека терористите во две јужни германски покраини подготвуваат акција во знак на одмазда за „германското бомбардирање “ во Сомалија и Јемен.

Терористите, како и германската јавност, неодмана дознале дека сите напади со беспилотни летала на САД на цели на Арапскиот полуостров и Африка се подготвени и со нив се раководи од елкторнската централа на Африканска команда на САД која е сместена во предградието на Штудгарт Меринген. Повеќе од илјада службеници – аналитичари, воздухопловни офицери и техники персонал – го анализираат движењето на лица кои ЦИА ги прогласил за припадници на Ал Каеда или само „потенцијални“ терористи. Службениците од ова централа далечински ги наведуваат американските дронови на одредени локации и со притисок на копче одлучуваат за судбината на наводните џихадисти.

На Американците им оди од рака се што се случува далеку од САД, па нема потреба за одобрување од правосудни органи… Од друга страна, базата во Штутгарт има статус на екстериторијална локација, па се што е внатре во неа се случува надвор од домашното германско правосудство.

Во круговите на германското правосудство, но во кабинетите на опозицијата, може да се дознае, дека Германија сепак би можела да биде повикана на одговорност. Пред се затоа што без малку осумстотини од илјада вработени во американската база во Штутгарт се германски државјани со препорака.

Интересен е податокот дека дроновите убијци кои на тлото на Африка и во Јемен ги користат САД, не се со американско производство, туку станува збор а беспилотни хеликоптери произведени во Австрија.

http://denesen.mk/web/2013/06/27/mudzahedinite-се-обиделеda-j-a-bombardiraat-germanija/
 
Член од
31 август 2011
Мислења
5
Поени од реакции
11
Javno secenje na glavi od miroljubivata religija. PREDUPREDUVANJE: Videovo ne e nameneto za lugje so slab stomak ili slabo srce.

.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom