Верски вести III

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Српски политичари вмешани во сатанистичко-порно секта
БАЛКАН | 28.04.2013 20:28

Секс На Гробишта

Секта

Србија
Секс-скандал во кој се вмешани српски политичари и личности од шоу-бизнисот поврзан со оргии на гробишта ја тресе Србија. Како што објавува спрски „Курир“ сектата ордо темпли оријентис (ОТО) чии членови имаат оргии на гробишта, користат дроги и се поколнуваат на сатаната, веќе 20 години постојат во Србија. Оваа секта од неодамна е позната на пошироката јавност, благодарејќи на музичките ѕвезди како Ријана и Џеј Зи, кои, според тврдењата на америакнските медиуми, се членови на оваа секта.
- Станува збор за една од најопасните, најперфисни сатанистички групи чии кампови, освен во Белград, има и во Трстеник, Вршац, Нови Сад, Ниш… Членовите на ОТО не се агресивни, иако пукаа на мене кога сакав да ги снимам на католочките гробишта во Панчево – изјави Димитрије Пастуовиќ од друштвото за заштита на граѓаните од секти во Србија.
  • НАЈЧИТАНИ
http://grid.mk/read/news/504920267/2702224/srpski-politichari-vmeshani-vo-satanistichko-porno-sekta
 
M

Muranyi

Гостин
Ќе се гради џамија кај висококатниците во општина Аеродром?

Изградба на џамија кај висококатниците кои ги гради Џеваир Холдинг во општина Аеродром најавува Исламската верска заедница, објавува Вест. Како што пишува весникот, од скопското муфтисто при ИВЗ најавиле дека ќе поднесат барање до општината за изградба на верскиот објект.
Инвеститорот на зградите досега не поднел барање до нас да дозволиме изградба на џамија. Но со оглед на тоа што инвестицијата е турска и таму ќе живеат и муслимани, очекуваме да добиеме такво барање, по што ние ќе побараме од Општина Аеродром да обезбеди локациски услови за изградба на верски објект. Сметаме дека за такво нешто има потреба и треба да им се излезе во пресрет на идните станари во комплексот“ - вели за Вест скопскиот муфтија Ибрахим Шабани.
Press24 ја провери информацијата во општина Аеродром. Од таму велат дека до овој момент до нив не пристигнало барање за изградба на верски објект и дека во деталниот урбанистички план, нема зацртано изградба на џамија. Од таму велат дека и во случај да добијат такво барање, истото ќе биде одбиено, бидјеќи во Аеродром само 0,5% од населението е муслиманско, со што нема потреба да се изгради џамија.
http://press24.mk/kje-se-gradi-dzhamija-kaj-visokokatnicite-vo-opshtina-aerodrom?fb_action_ids=4108299204777&fb_action_types=og.recommends&fb_source=other_multiline&action_object_map={"4108299204777":380663745381835}&action_type_map={"4108299204777":"og.recommends"}&action_ref_map=[]
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Министерот за правда на Саудиска Арабија, Мухамед ал Иса соопшти дека „колевката на светите места на исламот“ нема да дозволи во неа да има верски храмови на други религии.
Во оваа арапска земја живеат околу 1,5 милиони странски работници од немуслиманска вероисповед. Немаат ниту еден верски објект, а забранет е и увоз на Библијата или носење на неисламски симболи, пренесува верската информативна агенција ВИА.

http://republika.mk/?p=60458

Абе религии... многу се мирољубиви, толерантни... сакајте си ги... ех, штета.
Ќе негира некој муслиман ова или?
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Српски политичари вмешани во сатанистичко-порно секта

Еве уште нешто во контекст на погорнава вест:

БОГАТИТЕ ЗАБЕГАА, СЕКТАШТВО И ОРГИИ НА ГРОБИШТА


http://makborba.mk/index.php/балкан/item/3265-богатите-забегаа,-секташтво-и-оргии-на-гробишта
--- надополнето: 29 април 2013 во 16:07 ---

ПОЛИЦИЈАТА ВО ДУБАИ ВОЗИ Lamborghini Aventador






Ем покриени, ем модерни. ;)

http://www.autoexclusive.rs/vesti/interesantno/policija-u-dubaiju-vozi-lamborghini-aventador
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Маж рани четворица хористи во црква во САД
Вашингтон, 29 април 2013 (МИА) – Маж повреди четири лица од хор во католичка црква во градот Албукерк во државата Њу Мексико, јавија американски медиуми.

Лоренс Кејпнер (24) ги нападнал хористите за време на неделна служба. Полицаец кој не бил на служба и други луѓе кои следеле миса успеале да го совладаат напаѓачот до пристигнувањето на полицијата.

Четворицата повредени се хоспитализирани. Засега не е соопштено за мотивите за нападот на Кејпнер.http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/846155/index.html
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Ќе останат ли храмовите во западна Македонија и без икони и без свештенство? Откако голем дел од нив останаа без свештени лица, на православните храмови во западна Македонија им се заканува да останат и без икони.

По систематската кражба на илјадници икони од стотици цркви во Дебарско кичевската епархија сега МПЦ - ОА во соработка со министерството за култура и управата за културно наследство на Паско Кузман започнале акција за дислокација на иконите од загрозените цркви во овој крај.

Според реакцијата на министерството за култура на вчерашниот прилог на Канал 5 „ Кој ќе го спречи грабежот на културното наследство“, вкупно 341 икона од цркви во Дебарско - кичевската епархија се евидентирани, попишани и дислоцирани на безбедни места.

При реализацијата на овој проект била извршена евиденција и дислокација на вредни икони во сите села во струшко, дебарско и Мала река, и бил попишан целиот иконописен фонд. Претходно Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и синодот на МПЦ донесле одлуката сите вредни икони од црквите од западна Македонија да се соберат во епархискиот центар во Охрид, и во просториите на поранешното училиште на манастирот „Св. Јован Крстител - Бигорски”, каде треба да се отвори Музеј на Мијачијата.

Во реакцијата од министерството се признава дека во обидот иконите да се дислоцираат од црквите имало отпор од локалното население.

Верниците се противат на ова идеја затоа што сметаат дека откако во дебарско на пример на триесетина села со активни цркви остана само еден поп, дислокацијата на иконите дополнително ќе го замре црковниот живот и ќе го одврати народот од црквите.

Канал 5 дознава дека за време на средбите на претставници на МПЦ - ОА и управата за заштита на културното наследство на загрижените верници им било ветено дека црквата до Велигден ќе направи копии од украдените икони но на пет дена пред велигден нема никаков абер за ова ветување.

Притоа во убедувањето на верниците да ги предадат вредните икони за истите да се заштитат, црковни претставници се заканувале дека и црквите и иконите се сопственост на МПЦ - ОА и дека тие можат да бидат насилно одземени.

Освен свештениците од Свети Јован Бигорски и женскиот манастир Свети Ѓорѓија во селото Рајчица досега ниту еден од членовите на Светиот синод ниту владиката Тимотеј кој што е администратор на Дебарско Кичевската епархија не ги посетиле црковните одбори каде се случи кражба на икони. За жал светиот синод на МПЦ - ОА се уште не разбира дека покрај тоа што потпишува катастрофални договори со СПЦ и се занимава со административни и бизнис прашања треба да работи на ширење на духовноста и пред се да биде со своите верници секогаш кога ним им е тешко.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=5752
--- надополнето: 30 април 2013 во 00:25 ---
Ал Џазира забранета во Ирак
Објавено: пред 8 часа
Ирачките власти одзедоа лиценца за работа на арапската медиумска мрежа Ал Џазира и уште девет сателитски телевизиски канали, со образложение дека промовираат верско насилство. Ирачката медиумска комисија ги обвини медиумите дека со известувањето поттикнуваат насилства и верски судири, преувеличуваат и повикуваат на немири и одмазнички напади врз силите за безбедност. Исто така, ги обвинува и за промовирање забранети терористички организации што извршиле злосторства против ирачкиот народ. Одлуката е донесена во време кога во државата се шират судири кои почнаа минатата недела. Во вооружени борби со силите за безбедност и други напади загинаа повеќе до 180 луѓе.
http://www.plusinfo.mk/vest/90454/Al-Gzazira-zabraneta-vo-Irak
--- надополнето: 30 април 2013 во 00:29 ---
Забранети неисламски храмови во Саудиска Арабија

Објавено: 13:01, 29/04/2013

Министерот за правна на Саудиска Арабија, Мухамед Ал Иса изјави во Брисел дека неговата земја нема да дозволи ширење на друга религија.

-Тоа се однесува на христијаните, но и на будистите. Но, не значи дека не се почитуваат човековите права-истакна тој.

Државна религија во Саудиска Арабија е исламот на вехабитската ориентација, а владарот се смета за чувар на светите места, Мека и Медина.

Во Саудиска Арабија живеат околу 1,5 милиони странски вработени лица, со неисламска вероисповед.
Помеѓу христијаните најбројни се Филипинците, Палестинците и Европејците. На нив им е забранет увоз на Библијата или носење неисламски симболи, пренесе Верската информативна агенција.
http://a1on.mk/wordpress/archives/143760
--- надополнето: 30 април 2013 во 00:34 ---
Единаесет лица загинаа во напади во шиитски провинции во Ирак

29.04.2013 08:45:39

Најмалку 11 лица загинаа во експлозија на три автомобили бомби, кои избувнаа изутринава на пазари во ирачките шиитски провинции, Амара и Кадисија.
Најмалку 11 лица загинаа во експлозија на три автомобили бомби, кои избувнаа изутринава на пазари во ирачките шиитски провинции, Амара и Кадисија.

Тензиите меѓу верските заедници во Ирак, во последнот време бележат интензивирање и достигнаа кулмунација од пред една година, кога американските воени сили се повлекоа од земјата.

Ирачките сили за безбедност минатата недела растераа група демонстранти сунити. Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата загинаа над 20 лица.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=55375#.UX71J73fLTo
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
Малолетници каменувале црква за време на богослужба во Чаир

30.04.2013 - 10:12:13




Група малолетници фрлале камења и навредувале верници на време на вчерашната богослужба во црквата Свети Ѓорѓија во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, околу девет часот утрината, додека се служела богослужба во црквата Свети Ѓорѓија лоцирана на улицата Панче Неделковски во скопската населба Чаир, група лица, најверојатно малолетни, фрлале камења кон влезната врата на објекот. Покрај камењата, групата мали насилници, упатиле и навреди и пцовки кон верниците во цркавата, по што се разбегале.
Од камењата оштетена е една алуминиумска табла.

Скопската полиција трага по сторителите кои ќе одговараат за нарушување на сигурноста на граѓаните.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Датум: 30.04.2013, 12:32
Шест милиони верници го следат папата Франциско на Твитер


На Твитер профилот на папата Франциско се регистрирани над шест милиони следбеници, од кои 2,7 милиони се нови, во 48-те дена од понтификатот. Тоа претставува пораст од просечно 60.000 дневно.
Прагот од пет милиони е поминат на 4 април, помалку од еден месец по изборите на првиот аргентински папа во историјата.
Од 12 декември, датумот кога Бенедикт Шеснаесетти го испрати првиот твит на англиски јазик од својот профил @pontifex, 3,3 милиони луѓе во светот одлучија да го следат папата на девет јазици.
Папата Франциско ја испрати својата прва порака на 17 март и оттогаш напиша 27 твитови.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=614A861C74AA964190FABA0665D98091
#
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
Повеќе од половина Германци гледаат опасност во исламот


Поголем дел Германци сметаат дека ја збогатиле својата личност низ мноштво религии, но дури 51 процент од нив гледаат опасност во исламот, покажува студијата на фондацијата „Бертелсман“.


Претседателот на Централниот совет на муслиманите во Германија, Ајман Мацјек, ова го толкува како резултат на „постоењето на структурно антиисламско тло“, пренесуваат германските медиуми.
Претседателот на Советот на Евангелистичката црква на Германија, Николаус Шнајдер, во резултатите на истражувањето гледа недостиг од знаење и укажува на тоа дека причината за овој впечаток е во тоа што многу луѓе во Германија имаат „искривена“ слика за исламот и дека муслиманите во многу случаи се поистоветуваат со салафистите и со другите исламисти.
Истражувањето исто така покажало силна поддршка кон демократијата и кон одвоеноста на религијата од политиката.
Во Германија 88 проценти од христијаните, 79 проценти од муслиманите и 80 отсто од атеистите сметаат дека демократската форма на општеството е добра, а 70 отсто од католиците веруваат дека е добро што хомосексуалците можат да стапуваат во брак.
Хомосексуалните бракови добиваат поддршка од само 48 отсто од муслиманите, покажува студијата, која ја пренесоа германските медиуми
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Фаланга 2: Уапсени 19-мина за криумчарење на артефакти и икони, меѓу нив службеници и полицаец

Наместо да го чуваат и заштитуваат културното наследство, двајца вработени во Управата со која раководи Паско Кузман, криумчареле артефакти и икони од непроценлива вредност.

Тие биле дел од криминалната група составена од 19-мина што ја открила полицијата во продолжението на акцијата Фаланга.

Дел од неа биле и двајца вработени во музеите во Скопје и Демир Капија, како и еден полицаец од Чашка.

-Истите, искористувајќи ја својата службена положба и овластувања давале информации за значењето, вредноста и безбедноста на културното наследство, овозможувале непречено пренесување на археолошките предмети од една локација до друга, прикривање на предметите и овозможувале продажба надвор од Република Македонија.

Исто така, за време на преземањето на мерките утврдено е дека две лица, српски државјани соработувале со членовите на криминалната група, од нив купувале вредни археолошки предмети и истите ги препродавале во западноевропските земји – изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Предметите потекнувале од археолошките локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје, а биле откриени при претреси во 20-тина куќи и канцеларии во неколку градови и во еден автомобил, во кој биле четворица од групата.

Меѓу пронајдените артефакти има и монети со ликовите на Алексадар Македонски и Аминта, керамички садови и бронзени фигури.

Колкава е нивната вредност, ќе покаже вештачењето што во следниот период ќе го прават стручњаците.

Во акцијата биле откриени и 20-тина икони, но полицијата засега нема докази дека тие се украдени од црквите во југозападна Македонија, кои во последниот период се честа мета на крадците.

Од 19-члената група, двајца се српски државјани и тие се недостапни за полицијата.

14-мина биле уапсени синоќа, а тројца уште предходно за истите дела.

Сите ќе одговораат за „Злосторничко здружување“, „Оштетување, уништување присвојување или изнесување на културно наследство“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Дали ќе им биде одреден притвор ќе одлучува истражен судија вечерва.

Во првата акција Фаланга, спроведена пред неколку години беа уапсени и осудени над 20 лица, со затворски казни од 2 до 7 години.
Извор:http://24vesti.mk/falanga-2-otkriena-19-chlena-grupa-shto-kriumcharela-artefakti-i-ikoni
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Жител на Челјабинск си го променил името во Исус
17:27 1 мај 2013 Руска реч на македонски

Жител од Челјабинск си го сменил името на Јешуа Бен Мариам Ел Машиа (Исус, син на Марија, Месија). Ова го пренесува Chelyabinsk.ru, повикувајќи се на заменикот на началникот на Управата на Федералната служба за миграција, Јана Голдибаева. 49-годишниот маж, кој порано се викал Вјачеслав, ги добил документите на 24 април.

„Овој граѓани веќе пет пати го менува пасошот,а четири пати ги менува своите податоци. Сметам дека тоа е уникатен случај“, изјави Голдибаева. Според нејзините зборови, жителот на Челјабинск го сменил името поради религиозни причини.

Самиот тој тврди дека „секогаш зборувал со светиот дух“, а личната карта и пасошот со името Исус му е потребна за да биде „социјално активен, да живее некаде, да патува во Ерусалим“.

Според податоците, жителот кој го променил своето име има жена и 8-годишен син Давид. Притоа, Chelyabinsk.ru пренесува дека самиот Исус нема деца, и иако се смета себе си за Месија, тој е разведен.
http://ruskarec.mk/news/2013/05/01/zitel_na_celjabinsk_si_go_promenil_imeto_vo_isus_21223.html
--- надополнето: 1 мај 2013 во 23:41 ---
Девојката на терористот: Не заплакав кога дознав дека е мртов, бидејќи ме тепаше
30.04.2013 | 16:57

Девојката на бостонскиот бомбаш, Тамерлан Царнаев, Надин Асценакао, раскажала дека нејзиното момче, инаку радикален исламист од Чеченија, честопати ја тепал и затоа не и' било жал кога полицијата го убила.

„Тренираше бокс. Во еден момент беше нормално момче и спортист, а во друг се претвораше во сосема друга личност и гледаше видео снимки од радикалните исламисти. Со текот на времето стана радикален и ми нареди да преминам во ислам доколку сакам да бидам со него. Ме тераше да ја мразам Америка и ми забрануваше да гледам телевизија и да слушам поп музика“, рекла несреќната девојка, која додала дека иако ја тепал, таа била смртно заљубена во него, бидејќи и' бил прво момче.



Подоцна дознала дека се гледа со друга девојка, Кетрин, за која подоцна се оженил.

„На секое место пробуваше да ме направи љубоморна. Ме тераше да учам молитви, а кога ќе погрешев, ми велеше дека Кетрин го прави тоа подобро од мене. Се случуваше да облечам тесни фармерки или кратки маички. Тој тогаш ме тепаше, бидејќи сакаше да носам само долги фустани“, рекла Надин за лондонски „Sun“.

„Кога слушнав на телевизија дека Тамерлан е мртов, воопшто не ме погоди и не заплакав. Сепак ме чуди тоа што Џохар му помогнал, бидејќи тој е навистина добро дете“, открила Надин.

http://tocka.com.mk/1/93998/devojkata-na-teroristot-ne-zaplakav-koga-doznav-deka-e-mrtov-bidejki-me-tepase
--- надополнето: 1 мај 2013 во 23:43 ---
Свет
Спречен напад на радикални муслимани во Британија

Шестмина осомничени исламски радикали пред судот во Британија признаа дека планирале терористички напад за време на одржувањето на протестен марш на десничарска партија.

Шестмина британски муслимани признаа денеска на судење во Лондон дека планирале бомбашки напад врз учесниците еден од маршевите на движењето Англиска одбранбена лига (ЕДЛ). Во јуни минатата година, тие самите изработиле бомба што требало да биде фрлена меѓу учесниците на маршот на ЕДЛ во англискиот град Дјузбери, но додека стигнале до таму од Западен Мидлендс, каде живеат, собирот веќе бил завршен.

Шестмината бомбаши беа откриени сосема случајно при една рутинска контрола, кога нивното возило било запрено затоа што не било осигурено за 2012 година. При претресот на автомобилот, полицијата ја нашла рачно изработената експлозивна направа, па тие беа уапсени под обвинение за тероризам. Претставник на полицијата на судењето изјави дека доколку заговорниците успееја во нивниот план, на маршот во Дјузбери во Западен Јоркшир, сигурно ќе имало мртви и ранети лица. Само за еден од оваа група, полицијата имала досие за поврзаност со друг исламистички заговор. Британското контраразузнавање го надгледувало неговото движење и однесување, но тој не бил уапсен.

Судот ги осуди сите шестмина за обид за терористички напад, а казните ќе им бидат определени на почетокот од јуни.

Англиската одбранена лига е десно ориентирано движење на главно млади од Англија, која во текот на минатата и предминатата година, изведува маршеви низ улиците на англиските градови против „исламизацијата“ на земјата. Нивните маршеви беа осудувани од британските левичарски движења и организации, а некои градови во земјата не дозволија такви собири.
Датум 30.04.2013
http://www.dw.de/спречен-напад-на-радикални-муслимани-во-британија/a-16781889?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
--- надополнето: 1 мај 2013 во 23:44 ---
вторник, 30 април 2013, 14:52
Во Италија откриена исламистичка келија која поттикнувача на самоубиствени напади
Обвинителствоо во Бари издаде шест налози за апсење поради меѓународен тероризам и поттикнување на расна омраза во Италија и во странство.
Италијанската полиција откри една исламистичка келија во Пуља, која има ограноци во странство и ги поттикнувала своите членови на самоубиствени напади.
Лицата по кои е издаден налог за апсење обвинети се дека повикувале на џихад и на самоубиствени напади во западите земји и во воените зони.
Полицијата наведе дека групата била тесно поврзана со важи луѓе од светот на меѓународниот тероризам, привлекувала антисемитисти и дејствувала против „неверничките држави“ меѓу кои се САД и Италија.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/svet/79875/vo_italija_otkriena_islamistichka_kelija_koja_pottiknuvacha_na_samoubistveni_napadi.aspx
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
СМК: ИВЗ нема право на џамиите од Отоманската Империја




Светскиот македонски конгрес (СМК) ги повикува Владата, антикорупциската комисија, јавниот правобранител и јавниот обвинител да го заштитат државниот интерес и да ги прекинат сите постапки за враќање на џамии и вакафи од времето на Отоманската Империја, изградени пред 2 август 1944 година, и да ги вратат во државната сопственост оние што се денационализирани во спротивност на Законот за денационализација.


http://www.mkd.mk/28315/makedonija/smk-basibozukot-ne-smee-da-se-tolerira
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
четврток, 02 мај 2013, 20:43

Европа
Бенедикт 16 се врати во Ватикан

Поранешниот папа Бенедикт 16 денес се врати во Ватикан каде разговараше со својот наследник, папата Франциск, прв пат откако тој се повлече од функцијата на 28 февруари


Папата Франциск, го дочека поранешниот поглавар на Римокатоличката црква во новата резиденција на Бенедикт 16, во близина на Ватиканската градина. Поранешниот и актуелниот папа, по средбата заедно се помолија во околната капела.

Враќањето на Бенедикт во Ватикан е преседан во историјата, затоа што никогаш не се случило поранешен и актуелен папа да живеат еден крај друг.

Папата Франциск веќе еднаш се сретна со Бенедикт, кој пак е првиот папа кој се повлекол од функцијата.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=17821
--- надополнето: 3 мај 2013 во 01:59 ---
Датум: 02.05.2013, 16:02

Германците го сметаат исламот за закана

Околу 51 отсто од Германците го доживуваат исламот како закана, а половината од германската нација смета дека оваа религија не се вклопува во западниот свет. Според резултатите од истражувањето на фондацијата „Бертелсман“, исламот се смета за закана повеќе во источниот дел на Германија отколку во западниот, иако во источниот живеат само два отсто од сите муслимани во земјата, пренесе „Дојче веле“. Социолозите сметаат дека за таквата слика на исламот одговорен е недостигот од лични контакти меѓу муслиманите и христијаните.

Првите резултати од ова истражување беа објавени оваа недела, а за значењето на религијата и вредностите во Германија и уште 12 земји, испитани се вкупно 14.000 луѓе. И во другите земји многу луѓе го доживуваат исламот како закана. На пример, во Израел 76 отсто од испитаниците се изјасниле дека исламот е закана, а истото го сметаат 60 отсто од Шпанците, 50 отсто од Швајцарците и 42 отсто од жителите на САД.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C105DB5B7B03FD4EA247DF7EFB60D765
--- надополнето: 3 мај 2013 во 02:03 ---
Иран ги обвинил Евреите дека користат магии против нив :pos:

Официјален претставник близок до врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го обвинил еврејскиот народ дека користи магии против Иран, пишува во извештајот на Истражувачкиот медиа-институт на Средниот Исток, пренесува Џерусалем пост.

„Евреите имаат најголеми магични моќи и тие и ја користат таа алатка“, им рекол исламскиот свештеник Мехди Таеб на студентите на еден верски семинар на 20 април.

Тој истакнал дека тие, за среќа, не ја користат во целост својата магична моќ против нив и ги обвинил израелските „маѓепсници“ за „сите мерки што му се наметнати на Иран“, истакнувајќи дека „волшебниците“-Евреи ја употребиле својата магија и за да се замешаат во изборите во Иран во 2009 година.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/iran-gi-obvinil-evreite-deka-koristat-magii-protiv-niv


--- надополнето: 3 мај 2013 во 02:08 ---
Свет
Опасноста од Ал Каеда останува и две години по убиството на Бин Ладен

http://www.dw.de/опасноста-од-ал-каеда-останува-и-две-години-по-убиството-на-бин-ладен/a-16783766?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
Пред точно две години, на денешен ден американските војници го убија лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен. Терористичката мрежа Ал Каеда по неговото убиство е заслабната, но се’ уште претставува опасност.

Во 2001. светот го обиколија сликите на урнатиот Светски трговски центар во Њујорк. Убиени беа околу три илјади луѓе, откако 19 припадници на терористичката мрежа Ал Каеда киднапираа, а потоа и насочија авиони кон Њујорк и Вашингтон.

САД потоа тргнаа во војна против тероризмот. Армијата и тајните служби ловеа организатори и помагачи на дотогаш најголемиот терористички напад. Се трагаше пред се’ по Осама Бин Ладен, основачот на Ал Каеда. Речиси десет години подоцна американскиот претседател Барак Обама соопшти: „САД изведоа операција во која е убиен Осама Бин Ладен, лидерот на Ал Каеда“.

Нова форма

Но, Ал Каеда се’ уште постои иако не во истиот облик како во 2001. „Ал Каеда е активна во сите северноафрикански земји, некаде повеќе, некаде помалку. И многу се мобилни. Постои цврсто вкоренета група во Мали, а има доста членови и во Алжир и во Либија“, вели Јасин Мушарбаш, политиколог и експерт за Ал Каеда. Таа група е собрана околу наследникот на Бин Ладен, Ајман Ал Завахири и голем број нејзини припадници се наоѓаат на пакистанско-авганистанската граница.
Ајман Ал Завахири

„Денес Ал Каеда има нов водач. Тоа е Египќанецот Ал Завахири. Никој не знае каде се наоѓа тој. Поаѓам од тоа дека е сокриен во Пакистан, но не во главната команда“, вели Гидо Штајнберг од германската Фондација за наука и политика во Берлин.

Овој експерт за ислам смета дека Ал Каеда од смртта на Бин Ладен е значително заслабната. Организацијата повеќе нема харизматичен лидер бидејќи Завахири во рамките на групата секогаш бил спорен. „Сепак, Завахири и неговите следбеници се наоѓаат на чело на терористичка мрежа, шират видео-пораки на Ал Каеда, со што на следбениците им го покажуваат правецот“, вели Јасин Мушарбаш.

Поддршка од различни движења

Покрај официјалното јадро на Ал Каеда, во светот постојат и движења кои се блиски до терористичката мрежа, вели Мушарбаш и наведува дека тие можат да се најдат во Ирак и во северна Африка. Покрај тоа, една од организациите блиски на Ал Каеда е и Шабаб милицијата во Сомалија.

Слична е состојбата и во Сирија. Таму разни бунтовнички групи се борат против режимот на претседателот Башар Ал Асад. Најзначајна џихадистичка борбена група во таа земја во моментов е Фронтот Џабат ал Нусра. Овој фронт би можел да се обиде да создаде некој вид емират, и да го нападне Израел, предвидува Мушарбаш.

Експертите не се согласни во оценката за тоа колку членови има Ал Каеда. Мушарбаш смета дека бројката во светски рамки не надминува 10 илјади. Тој проценува дека има околу 5 илјади луѓе активен кадар, и значителен број помагачи.
Куќата во Пакистан во која се криеше Бин Ладен

Во западните земји, благодарение на успесите на американската борба против тероризмот, опадна бројот на напади на Ал Каеда. Повеќето лидери на мрежата беа убиени во целни напади на американските беспилотни летала. Затоа, вели Мушарбаш, се смета дека опасноста која се заканува од Ал Каеда е задушена, иако реалноста покажува нешто друго.

„Ал Каеда во арапскиот свет е сто пати поактивна отколку надвор од него. Постојат истражувања кои покажаа дека таа организација осум пати повеќе убива муслимани, отколку други луѓе“. Терористичката мрежа во рамките на бројните востанија во арапскиот свет, доживува некој вид „нова пролет“. „Затоа таа група не смее да се потцени“, нагласува Мушарбаш.

Датум 02.05.2013

 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Македонија | 3. мај 2013 - 16:45
Велики Петок во Прилеп

Велики Петок – ден на строг пост, денеска спасителот Исус Христос, по распетието, е положен за погребение.

Страсната, според Библијата, а Страшната, според народот, седмица – привршува. По вчерашното вапсување на велгденските јајца, како симбол на воскресението Христово, денешниот ден, Велики Петок, всушност е и последно земно простување на верниците од архипастирот Исус Христос, кој на крст пострада заради човечките гревови.

По повеќе од 2000 години, христијанските верници, на овој ден ја целиваат Исусовата плаштеница. Понизно, со многу тага и во строг пост, но, и со исконска радост заради најавеното воскресение, и прилепчани, денеска, масовно ги посетуваа Божјите храмови.

Вака беше годинава, така беше лани, така беше и во претходните години, а така е веќе две ери. Верниците, а меѓу нив и се повеќе млади, кои со силна понизност, но, и со исконска верба во Бога, свесни дека светот се повеќе се губи во критериумите за моралното, покајанието и прошката ја бараат во духовното смирение и кртокост на Божјите храмови.
http://www.sitel.com.mk/veliki-petok-vo-prilep
--- надополнето: 3 мај 2013 во 17:33 ---
Благодатниот оган доказ дека Бог е со православните
пред 2 часа

Веќе две илјади години православните христијани го пречекуваат својот најголем празник – Воскресение Христово (Пасха) во храмот на Господовиот Гроб во Ерусалим. Секој пат сите кои на Пасха биле внатре во храмот или блиску до него, стануваат сведоци на слегувањето на Благодатниот оган (Светлина).



Интересно е тоа што во оние години кога Велигден сите христијански верници го празнуваат во ист ден, а со самото тоа и припадници на различните христијански вери се во храмот Христово Вскресение благодатниот оган се симнува само на православните патријарси.

Литанијата (црковната церемонија) на Светиот оган започнува приближно 24 часа пред почетокот на Православната Пасха, која, како што е познато е подвижен празник.

Во храмот на Господовиот Гроб се собираат поклоници, кои сакаат со свои очи да го видат слегувањето на Благодатниот оган. Меѓу присутните има многу инославни христијани, муслимани, атеисти. Церемонијата е следена од еврејската полиција. Во самиот храм се собираат до 10 илјади луѓе, целиот плоштад пред него и галериите на околните згради се исполнети со народ.

Во храмот влегува литијата. На крајот од литијата врви православниот Патријарх придружуван од ерменскиот Патријарх и свештенослужители. Литијата минува покрај сите значајни места во храмот: светата гора, каде што бил предаден Христос, местото каде што бил биен од римските војници, Голгота – каде што бил распнат, каменот на Помазанието, на кое телото Му било приготвено за погребение. Литијата стигнува до Кукувлијата и ја обиколкува три пати. После тоа православниот Патријарх пред влезот во Кукувлијата ги соблекува одеждите и останува само по подрасник за да се види дека не внесува во пештерата кибрит или што и да е друго што може да запали оган. Во турско време вообичаената „контрола“ се спроведувала од турските јаничари кои го претресувале патријархот пред неговото влегување во Кукувлијата. Со надеж дека ќе ги фатат православните во измама, градската муслиманска власт поставувала насекаде низ храмот турски војници со голи јатагани, спремни да му отсечат глава на секој што ќе го забележат дека внесува или пали оган. Но, никој не бил фатен во тоа, во целата историја на турското владеење.

Потоа Патријархот поминува низ контрола на израелските полицајци. Малку пред влегувањето на патријархот еден служител внесува во пештерата големо кандило, во кое треба да се запали главниот оган, и 33 свеќи – според бројот на годините на земниот живот на Спасителот. После тоа, православниот и ерменскиот Патријарх (последниот исто така го соблекува горното одејание пред да влезе во пештерата) влегуваат внатре. Однадвор ги запечатуваат со големо парче восок и ставаат црвена лента на вратата; православните свештенослужители ги ставаат врз восокот своите печати. Во тоа време во храмот се гаси светло и настапува напрегната тишина – се чека. Присутните се молат и ги исповедаат своите гревови, молејќи се на Господ да даде Благодатен оган. Сите, кои се наоѓаат во храмот очекуваат трпеливо Патријархот да излезе со Оган во рацете. Впрочем, мнозина чекаат не само со трпение, но и со страв и трепет: според преданието на Ерусалимската Црква се смета дека денот кога Благодатниот оган нема да слезе, ќе биде последен за луѓето во храмот, а самиот храм ќе биде разрушен. Поради тоа поклониците вообичаено се причестуваат пред доаѓањето на ова свето место.

Молитвата и обредот продолжуваат до моментот кога се извршува чудото, очекувано од сите. Во различни години, мачното чекање траело од пет минути до неколку часа.
Слегувањето на Огнот

Пред слегувањето на Огнот храмот започнува да се озарува со блескави пламени на Благодатна Светлина, тука и таму се појавуваат мали светкавици. При забавен кадар се гледа многу подобро дека тие излегуваат од различни места во храмот – од иконата, која стои над Кукувлијата, од куполата на храмот, од прозорците и други места, и исполнуваат сѐ наоколу со силна светлина. Освен тоа, меѓу столбовите и карпите блеснуваат молњи, кои не ги повредуваат луѓето што стојат во храмот.



Само за миг целиот храм се исполнува со молњи и светкавици, кои струјат по карпите и столбовите надолу и се собираат во подножјето на храмот и се разлеваат по плоштадот меѓу луѓето што се молат. Истовремено се палат свеќите на луѓето во внатрешноста на храмот и на оние однадвор од храмот, кандилата на двете страни од Кукувлијата се запалуваат сами (со исклучок на 13-те католички) како и некои други во самиот храм.

„…Огнот пулсира и дише, а од отворот во куполата на храмот од небото врз Гробот се спушта вертикален широк сноп светлина“. Храмот или одделни негови места се исполнети со светлина, која не се споредува со ништо – тоа е светлината за која се верува дека се јавила за прв пат на самото Воскресение Христово. Во тој момент дверите на Гробот се отвораат и излегува Патријархот, благословувајќи ги собраните и раздавајќи им од Благодатниот оган.

За тоа како се запалува Благодатниот оган раскажуваат самите Патријарси: „Кога вратите зад мене се затворија, внатре владееше потполна темнина. Светлина се провлекуваше само преку две мали странични дупки. Одеднаш врз мермерната плоча на Господовиот Гроб забележав посветла точка. Го отворив молитвеникот и видов дека спокојно можам да читам. Плочата врз Гробот стануваше посветла. Потоа, врз неа почнаа да засветлуваат разнобојни бисерчиња. Тие се соединуваа едно со друго. Од целата плоча струеше светлина. Го допрев памукот по неговата површина и тој беше загреан. Се допрев до него со крајот на свеќа и се запали, мислиш беше барут“.

Јеромонах Мелетиј ги цитира зборовите на архиепископот Мисаил: „Откако влегов во Светиот Гроб Господов, видов врз целата гробна плоча да блешти светлина, подобна на распрснати ситни бисери, обоени во бело, сино, црвено и други бои; тие се слеваа во едно, поцрвенуваа и стануваа пламен… и токму од тој пламен се палат приготвените
кандила и свеќи“.

Уште кога Патријархот е во Кукувлијата, служителите земаат од него оган низ специјални отвори и го разнесуваат низ храмот; огнениот круг постепено се распространува низ целиот храм. Иако не сите ги запалуваат свеќите од Патријархот, кај некои тие се палат сами.

Еден од присутните забележува дека свеќите на жената која стои до него се запалуваат три пати сами, и таа два пати се обидувала напразно да ги изгаси.

Првите 3 до 10 минути Благодатниот оган има восхитувачки својства – апсолутно не гори, независно од која свеќа и каде бил запален. Може да се види како луѓето буквално се мијат во овој Оган – си го допираат лицето, го земаат во раце, и тој не нанесува никаква повреда, дури ни косата не ја гори.

„Запалив на едно место 20 свеќи и си ја горев брадата со нив, и ниедно влакно не ми изгори; и ги изгаснав сите свеќи и ги запалив пак од други луѓе, и за трет пат ги запалив – и исто беше…“, пишува еден поклоник од пред четири века.

Капките восок кои паѓаат од свеќите, се нарекуваат од поклониците: „Благодатна роса“. Како спомен за чудото Божјо тие ќе останат на облеките на луѓето засекогаш, никакво перење и прашоци нема да ги измијат.

Луѓето, кои во тоа време се наоѓаат во храмот, се исполнети со неискажливо и со неспоредливо чувство на радост и духовно спокојство. Според зборовите на оние кои биле на плоштадот или во самиот храм во моментот на слегувањето на Огнот, чувствата во тој момент се фантастични – од храмот очевидците излегуваат како повторно родени. Особено интересно е дека рамнодушни не остануваат дури ни оние за кои чудото противречи на нивните убедувања.

Се случуваат и поретки чуда. Кадрите на еден од снимените филмови сведочи за направени исцеленија. Визуелно камерата демонстрира два такви случаеви – кај човек со деформирано распаднато уво, раната намачкана од Огнот заздравува пред нашите очи и увото добива нормален надворешен облик. Покажан е и случај на прогледување на слеп на двете очи после „миењето“ со Огнот.

Понатаму со благодатниот Оган ќе бидат запалени кандилата низ целиот Ерусалим, а со специјални авионски летови Огнот се доставува до Русија, Кипар, Грција и низ целиот свет.

Во блиските области до храмот на Божјиот Гроб свеќите и кандилата во храмовите се запалуваат сами.
http://denesen.mk/web/2013/05/03/blagodatniot-ogan-dokaz-deka-bog-e-so-pravoslavnite-2/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Епископ Сејднајски Лука
Прогонот на православието во Сирија

Објавено на 02.04.2013
Во интервју дадено за средствата за масовно информирање, ерархот на Антиохиската Православна Црква, епископот Сејднајски Лука го открива размерот на прогонот што го трпат православните христијани од самиот почеток на востанието против реживот на Башар Асад во Сирија, пишува agionoros.ru.

До сега од своите домови се протерани 138.000 христијани, а паралелно со тоа се рушат и христијански храмови. „Тие убиваат луѓе. Човечкиот живот за нив нема никаква вредност“, со овие зборови владиката Лука ја опишува сложената ситуација во неговата земја.

Во градот Хомс противвладините сили извршиле масакр врз христијаните, при што погинале стотици луѓе. Исто така, пријавени биле и десетици случаи на силување.

„Штетата нанесена на нашите храмови е огромна. Ги палат, ги рушат нивните ѕидови, ги ограбуваат. Штом човечкиот живот нема никаква вредност пред овие злочинци, зарем ќе ги поштедат нашите светињи? Нашите парохјани се претепувани и напаѓани секој ден“, вели православниот епископ.

„Нашите предци се населиле на оваа земја многу пред да се појави исламот. Мноштво светители, проповедајќи ја љубовта, примиле маченичка смрт во оваа земја“, продолжува епископот Лука, кој и покрај сите ужаси коишто ги опишува, муслиманите сè уште ги нарекува браќа.

За жал, православните христијани во Сирија денес се препуштени на судбината. Тие се беспомошни жртви на исламските фанатици. Единственото нешто со што можат да му се спротивстават на насилството е молитвата и надежта во Бога, Кој не ги остава оние кои се надеваат на Него.
http://agapi.mk/episkop-sejdnajski-luka-progon-vo-sirija/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom