Верски вести III

Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Качавенда: На видеото не сум јас, туку мој двојник


Пензионираниот епископ Василије Качавенда тврди дека геј аферата му била наместена и дека на снимката која била објавена не се појавува тој, туку негов двојник, пренесува РТЦГ.

Качавенда во разговор со владиците, кои овие денови на состанокот на СПЦ треба да одлучат за неговата судбина, рекол дека ќе ги тужи сите кои го обвиниле за геј аферата и дека на крајот ќе докаже дека зад се' се крие "моќното лоби", кое сака да го сруши угледот на црквата, пренесува Информер.

Официјално никој не сакал да ги коментира овие сознанија, а поранешниот декан на Теолошкиот факултет Димитрие Калезиќ вели дека аргументите на пензионираниот владика мора добро да се истражат.
"Качавенда го тврди тоа што го тврди, тоа треба да се истражи на крај да се каже дали станува збор за двојник. Од каде да знаеме кој кого овде лаже, се додека не се докаже?", истакнува Калезиќ.


Верскиот аналитичар Мирко Џорџевиќ вели дека секој има право да се брани на било кој начин.

"Ако на тие снимки навистина има двојник, тоа мора да се докаже, да се пронајде тој човек и да се анализираат снимките", вели тој.

Извор: http://tocka.com.mk/1/96053/kacavenda-na-videoto-ne-sum-jas-tuku-moj-dvojnik
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
да бе тројникот ц ц цц ајван



Свет
Ново крвопролевање поради религиозна војна во Ирак

Во Багдад повторно беше извршена серија напади во која загинаа голем број луѓе. Целта овојпат беа пред се' населбите со шиитско население. Со тоа дополнително ескалира религиозната војна.

Во серија напади во ирачкиот главен град Багдад загинаа најмалку 75 лица. Повеќе од 200 се повредени. Службите за безбедност и спасувачките екипи информираа дека во повеќе делови на градот експлодирале автомобил-бомби, најчесто на полните пазари.

Сунитите наспроти шиитите

Од нападите беа погодени претежно населби во кои живеат шиити. По нападите беа затворени многу продавници, додека голем број жители од страв од нови напади се повлекоа од улиците во своите домови.

Во Ирак се води борба за превласт меѓу сунитите и шиитити, два правци на исламот. Многу сунити сметаат дека не ги претставува владата на шиитскиот премиер Нури ал Малики. Кон сунитите меѓутоа припаѓаат исто и екстремисти од опкружувањето на терористичката мрежа Ал Каеда.

Религиозна војна

Тензијата последен пат беше зголемена откако армијата беше ангажирана за сунитска протесна манифестација на 23 април. Потоа следуваа редица крвави одмазднички напади врз шиитиите. Но и од страна на шиитите во последно време се изведуваат напади врз сунити. Според агенцијата АФП, само во месец мај во Ирак биле убиени повеќе од 500 луѓе. Насилството се' уште е под нивото од 2006 и 2007 година, но во рок од два месеци се убиени речиси илјада луѓе.
Датум 28.05.2013
Во Багдад повторно беше извршена серија напади во која загинаа голем број луѓе. Целта овојпат беа пред се' населбите со шиитско население. Со тоа дополнително ескалира религиозната војна.

Во серија напади во ирачкиот главен град Багдад загинаа најмалку 75 лица. Повеќе од 200 се повредени. Службите за безбедност и спасувачките екипи информираа дека во повеќе делови на градот експлодирале автомобил-бомби, најчесто на полните пазари.

Сунитите наспроти шиитите

Од нападите беа погодени претежно населби во кои живеат шиити. По нападите беа затворени многу продавници, додека голем број жители од страв од нови напади се повлекоа од улиците во своите домови.

Во Ирак се води борба за превласт меѓу сунитите и шиитити, два правци на исламот. Многу сунити сметаат дека не ги претставува владата на шиитскиот премиер Нури ал Малики. Кон сунитите меѓутоа припаѓаат исто и екстремисти од опкружувањето на терористичката мрежа Ал Каеда.

Религиозна војна

Тензијата последен пат беше зголемена откако армијата беше ангажирана за сунитска протесна манифестација на 23 април. Потоа следуваа редица крвави одмазднички напади врз шиитиите. Но и од страна на шиитите во последно време се изведуваат напади врз сунити. Според агенцијата АФП, само во месец мај во Ирак биле убиени повеќе од 500 луѓе. Насилството се' уште е под нивото од 2006 и 2007 година, но во рок од два месеци се убиени речиси илјада луѓе.
Датум 28.05.2013
--- надополнето: 28 мај 2013 во 12:08 ---
http://tocka.com.mk/1/96077/avstraliski-bolnicar-ubil-11-lugje-8219-nagovoren-od-gjavolot

Австралиски болничар убил 11 луѓе "наговорен од ѓаволот"

Еден од најфаталните масовни убијци во Австралија, болничарот Роџер Дин (35), украл стотини таблети против болка “оксидон” на база на опијати, во старечкиот дом Квејкерс Хил во Сиднеј, ноември 2011, покажала истрагата. За да избегне да биде уапсен го запалил домот, при што починале 11 лица.

Кога кражбата била откриена, никој не знаел дека Дин е вмешан во неа. Дин дури им ја отворил вратата на полицајците кои дошле да ја испитаат кражбата. Недолго подоцна, после полноќ подметнал пожар во старечкиот дом, што го претворило во масовен убиец.

Дин вчера на суд се изјаснил за виновен за убиство на 11 лица и ужасно повредување на уште осум луѓе, поврзано со пожарот.

Дин, кој е инаку христијанин, и’ рекол на полицијата дека ѓаволот го натерал да го стори тоа. Како што е прецизно истакнато во полициските документи, Дин после кражбата по доаѓањето во домот да ја превземе својата смена добил извештај за исчезнатите лекови.

“Додека го читаше, рацете му се тресеа” – рекол друг болничар, а пишува во документот.

Полицијата дошла за неколку часа, но набргу морале да си одат поради повик за семејно насилство. Убеден дека полицијата ќе се врати, Дин зел запалка и отишол во крило на домот каде знаел дека нема камера. Таму прво го запалил креветот во празна соба, а неколку минути подоцна и друг кревет, овој пат во собата во која имало две пензионерки, Дороти Стерлинг и Дороти Ву.



И двете убиени жени биле неподвижни и не можеле да побегнат од огнот без помош, наведуваат судските документи. Дин потоа почнал да помага на другите станари на домот да излегуваат од зградата, поради што прво го поздравиле како херој. Тој пред зградата во пламен дури дал и интервју.

“Здраво, јас сум Роџер, еден од болничарите. Дојде до пожар и јас бргу направив што можам да ги извадам луѓето надвор. Чадот е густ, но извадивме многу луѓе, а тоа е најважно” – рекол тој за локална телевизиска станица.

Дин со себе тогаш носел два регистри за лекови, за кои барал од пожарникарите да му помогнат да ги изнесе од домот. Трите регистри, за кои тужителот тврди дека ги украл, се потоа уништени.

Дин прво не признал дека го подметнал пожарот. Откако дал изјава за полицијата, побарал насамо да разговара со двајца пријатели. Според судските документи, еден пријател го прашал Дин дали тој го направил тоа и тој признал. Потоа болничарот и’ рекол на полицијата дека сакал нешто да запали, дека имал неколку кошмари и дека се обидел да го скрати својот живот.

На крај истакнал дека ѓаволот му рекол да го направи тоа, и ова е официјалниот исказ кој стои во документите.

28.05.2013 | 11:00
--- надополнето: 28 мај 2013 во 12:09 ---
Крвта е додадена или одземена?

28 Мај 2013 - 11:55

http://off.net.mk/vesti/svet/krvta-e-dodadena-ili-odzemena
--- надополнето: 28 мај 2013 во 12:13 ---
По убиството на војникот во Лондон: Забрана и за ненасилни исламистички групи

28.05.2013 | 10:23

http://tocka.com.mk/1/96101/po-ubistvoto-na-vojnikot-vo-london-zabrana-i-za-nenasilni-islamisticki-grupi

Радикалните исламистички групи кои проповедаат омраза, а не се насилни, би можеле да бидат забранети во Британија во склоп на мерките кои владата ги подготвила како одговор на минатонеделното убиство на војникот Ли Ригсби во Лондон.

Ригсби минатата среда во населбата Вулвич, на сред бел ден, прво бил удрен со автомобил, а потоа и нападнат со нож и секира од страна на двајца Британци со нигериско потекло - Мајкл Олумиде Адебојало и Мајкл Олуватоби Адебовале, кои притоа им се заканиле на Британците дека ќе платат за сите муслимани кои биле убиени од британската војска во Авганистан.



Контрола на интернетот

Министерката за внатрешни работи Тереса Меј предупредила дека уште илјадници млади лица се закануваат со слична радикализација и дека тоа ширење на омраза мора да се запре. Покрај забраната за работа на организациите кои промовираат омраза, новите правила би вклучувале и забрана за посета на радикални проповедници во Универзитети и затвори, кои се сметаат за најплодни места за регрутација на потенцијални терористи. Би се засилила и контролата на интернет - полицијата полесно би ги бришела пораките во кои се промовира џихад.

Предлозите сигурно ќе предизвикаат реакции меѓу оние кои сакаат право и слобода на говорот, но и обвинувања до владата која сака да направи цензура. И експертите за борба против тероризмот предупредуваат дека владата не смее да реагира емотивно бидејќи не мора да значи дека на тој начин би спречиле слични инциденти. Според некои, доволно би било да се следат и досегашните прописи.

Моментално Министерството за внатрешни работи може да забрани организации поврзани со тероризам, како што е Ал-Мухајируна, во која припаѓал и Адебојало и која во Британија била забранета од 2010-тата година.
--- надополнето: 28 мај 2013 во 12:21 ---
Дух на убиена жена шета низ улиците – населението живее во страв (Видео) 18+

Чуден феномен се случува на улиците на Богота Карера во Колумбија. Случајот го привлече вниманието на граѓаните и го привлече вниманието на локалните медиуми и на истражувачите на паранормалните феномени.

Се се случува во ноќните часови, каде што во споменатата улица веќе неколку пати се случило да биде силувана женска личност, која потоа без никаква трага исчезнува.
Еден таков случај е забележан и на безбедносната камера, каде што мистериозната жена оддеднаш исчезнува од кадар.

Се слушаат и приказни за жена која е оддамна убиена токму на таа улица, но во изјавите за колумбијските медиуми, некои понудиле и рационално објаснување.

Имено станувало збор за краткотраен прекин во протокот на струја на безбедносните камери, па поради тоа се чини дека жената исчезнала.
http://mkd-news.com/duh-na-ubiena-zhena-sheta-niz-ulitsite-naselenieto-zhivee-vo-strav-video/
--- надополнето: 28 мај 2013 во 12:32 ---
Исповед на свештеник: Живеев со дух – никогаш нема да се вратам во таа куќа

Во малото село во Загорје – Пољане многумина веруваат дека дух живее во една куќа повеќе од дваесет години. За духот зборува целото локално население, но еден од нив – кој живеел во куќата раскажа од прва рака што се случувало. И тоа не се работи за некој си селанец кој сака слава или туристи – приказната ја раскажа свештеник кој во куќата живеел со семејството кога дошол на служба во парохијата во селото.

Чудни звуци, удирање, немир, тегнење на чаршавот – се само дел од ужасите кој ги минал свештеникот. Преку ден парохиската куќа изгледа распаднато, тивко, во неа никој не живеел веќе осум години. Се наоѓа на ридот и гледа преку зелените поља на селото. Недалеку е црквата Св Ана. Се е спокојно и тивко но само до полноќ.

“Од подрумот на полноќ почнуваат да ссе слушаат тапи удари. Често пати тие беа проследени со гребење на креветот. Најлошо нешто е кога се обидов да се покријам со ќебе, но колку и да влечев силно, другата страна беше посилна”, се сеќава свештеникот Стипе еден од сведоците на чудните појави. Тој и неговото семејство живееле во оваа куќа десет години.

По војната тој дошол во селото со семејството и ги сместиле во куќата. Сите ме прашуваа како спијам, знаев зошто ме прашуваат ама велев добро, мирно. Стипе и сега живее во селото, и вели никогаш нема да се враќа во стариот дом.

“Кога паѓа ноќта, јас не се осмелувам да одам надвор. И сега се плашам од она што се случува по полноќ”, вели Стипе.

Локалните жители велат дека пред повеќе од сто години во селото пристигнал млад свештеник. Сите го сакале, бил многу добар. Но, по некое време, паднал болен. Според сегашниот свештеник Милан Јураниќ веројатно имал рак, но тогаш тоа не било познато. Неможејќи да издржи се самоубил.

Јураниќ во селото пристигнал 50 години подоцна. И тој прво бил сместен во куќата и тој ги чул звуците – неговата спална била над третиот подрум.
“По полноќ, ме будеше удар како со чекан. Не можеше да е однадвор – надвор немаше никој, вели свештеникот кој одлучил да ја истражи историјата на куќата. Нашол низ архивите информации за неговиот претходник, неговата болест и самоубиство. Се самоубил во третиот подрум – оној над кого се наоѓала спалната на свештеникот.

По 10 години се навикнал на ударите. Тој никогаш не се обидел да комуницира со духот на својот претходник или да го истерува.

“Тоа не е практика на Црквата. По таквите вечери јас се молев за починатиот брат на миса”, објаснува свештеникот.

И откако се преселиле ударите продолжиле. житли на селото не му верувале па одлучиле да седнат крај куќата една ноќ. По полноќ, дојде првиот удар, не обрнувавме многу внимание на звукот кој беше како некој да удира во буре. Кога звукот почна да се повторува се почесто, бевме многу исплашени. Иако немаше никој во околина звукот беше се погласен – на крај трчајќи избегавме и повеќе нема да ни текне да одиме по зајдисонце во близина на куќата.
http://mkd-news.com/ispoved-na-sveshtenik-zhiveev-so-duh-nikogash-nema-da-se-vratam-vo-taa-kuka/
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.860
Поени од реакции
4.797
Нападот врз францускиот војник бил религиозно мотивиран

Според француските власти, конвертиран муслиман е напаѓачот со нож на војникот во близина на Париз и веројатно тоа го направил од радикални верски побуди. Обвинител Франсоа Mолин изјави дека осомничениот, уапсен и идентификуван како Александар, го признал нападот.
Војникот Седрик Кориде беше прободен со нож во вратот додека патролирал во саботата. Неколку дена пред тоа еден британски војник беше измасакриран до смрт на улица во Лондон. Засега нема потврда за поврзаност меѓу овие напади.

http://www.macedonia.eu.org/vesti/?id=12324841&t=/Napadot vrz francuskiot vojnik bil religiozno motiviran
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Околу 100.000 христијани се убиваат годишно поради религиозни причини

30. 05.2013 - 08:52:04

Околу 100.000 христијани се убиваат секоја година поради религиозни причини, изјавил висок претставник на Ватикан.

Тој потенцирал дека блискиот Исток, Африка и Азија постојано се најпроблематичните зони во светот. Монсињорот Силвано Марија Томази ја оценил бројката на убиените како „шокантна“ и „неверојатна“.

Според него, христијаните во критични посочените точки постојано се присилувани да ги напуштаат своите родни места и да гледаат како се унипштуваат нивните цркви. Исто така, тој дополнил дека тие честопати се жртви и на силувања, грабнувања и на дискриминација. Во контекст на тоа, официјалниот претставник на Ватикан го посочил примерот со грабнување на двајца православни епископи, во близина на сирискиот град Алепо, минатиот месец.

Монсињорот Томази изразил жалење што наместо религиска слобода се соочуваме со нетолерантност. Но, тој рекол дека сепак има и исклучоци, како на пример Бангладеш, каде религиозните права се заштитени.

Друг висок функционер на Ватикан, секретарот на Папскиот совет за праведност и мир, Марио Тосо, изјавил дека против дискриминацијата врз христијаните треба да се дејствува на ист начин, исто како и против антисемитизмот и исламофобијата.
Автор на веста: Нетпрес

http://www.netpress.com.mk/m/vest.asp?id=129777&kategorija=6
--- надополнето: 30 мај 2013 во 15:51 ---
Исламистите се зацврстуваат во јужна Либија

29.05.2013, 16:08

Франција повикува на акција против исламистите кои стануваат закана за регионот

НИЈАМЕЈ - Франција ги повика африканските нации да преземат здружени напори за да се справат со растечката исламска закана во пустините на јужна Либија. Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус, во изјавата при посетата на Нигер, каде што бомбаши-самоубијци минатата недела нападнаа рудник за ураниум, воден од Французи, рече дека има знаци дека јужниот дел на Либија, каде што владее беззаконие, станува засолниште за исламистички групи во Сахара.

„Се чини дека треба да преземеме посебни напори за јужниот дел на Либија – како што, исто така, сака Либија“, изјави Фабиус по средбата со претседателот на Нигер, Махамаду Исуфу. „Зборувавме за иницијативи кои соседните земји можат да ги преземат во врска со Либија“.

Петмесечна воена кампања, предводена од Франција, ја разби контролата на исламистите над северните две третини од Мали, при што загинаа стотици борци поврзани со Ал Каеда и натераа други да заминат во соседните земји.

Нигер изјави дека исламистите кои го извршиле двојниот напад во четвртокот врз рудник на „Арева“ и касарна, при што загинаа 25 луѓе, ја минале границата од Либија. Триполи ги негираше тие информации. Фабиус изјави дека за напорите за решавање на проблемот во јужниот дел на Либија ќе треба поддршка од Тунис, Алжир, Чад, Мали и Египет.

„Бидејќи, како што често се вели, голем дел од Либија би можел да дејствува како прибежиште за терористичките групи, сите земји мора да дејствуваат заедно“, рече Фабиус, додавајќи дека Франција ќе им помогне со „многу решителност, многу солидарност“.

Либија стана пат за шверцот со оружје за милитантите на Ал Каеда во Сахара, од соборувањето на Муамер Гадафи во 2011 година. Триполи се бори да ги контролира вооружените групи кои помогнаа за соборување на Гадафи и сега одбиваат да го положат оружјето. Парламентот во декември го прогласи јужниот дел за воена зона, но контролата на нејзините граници останува огромна задача за слабите државни сили.

Фабиус отпатува за Мали каде што ден претходно владата го одреди 28 јули како датум за избори. (Ројтерс)


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=199C12B5AF57804EB74B9776A2B7B053
--- надополнето: 30 мај 2013 во 15:59 ---
Нови судири меѓу будистите и муслиманите во Мјанмар

29-05-2013 15:37:14

Во Мјанмар во напади врз муслимани беа опожарени џамија, муслиманско сиропиталиште и продавници во североисточниот град Лашио, по непотврдени информации дека муслимани запалиле будистка.




Според полицијата, нема жртви во насилствата кои избувнаа синоќа.

Властите воспоставија полициски час во Лашио, откако разгневена толпа ја опколи локалната полициска станица со барање да и биде предаден приведен муслиман.

Во градот живеат под 2.000 муслимани од вкупно население од 130.000 лица.

Во Мјанмар од минатата година има судири меѓу будистите, кои се мнозинство од населението, и муслиманското малцинство.

http://libertas.mk/нови-судири-меѓу-будистите-и-муслиман/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
четврток, 30 мај 2013, 20:43

Свет
Во Турција уапсени 12 лица, осомничени дека се членови исламистичка група
По сослушувањето петмина од уапсените се ослободени, останатите седум се во притвор и против нив ќе бидат покренати обвиненија


Турските сили за безбедност уапсија 12 лица, за кои се претпоставува дека се членови на сириската исламистичка група „Џебхат ан Нусра“, што се бори на страната на сириските бунтовници.

Според турските медиуми, операцијата е спроведена во градот Адана во јужниот дел на Турција.

При апсењето се конфискувани контејнери со два килограми гас сарин, што се верува дека бил наменет за сириските бунтовници.

Полицијата, исто така, запленила и голем број документи. По сослушувањето петмина од уапсените се ослободени, останатите седум се во притвор и против нив ќе бидат покренати обвиненија

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=19166
 
D

dystopian

Гостин
ЕДНА ЗЕМЈА, ДВЕ ВЕРИ И ТРИ ФОТОГРАФИИ КОИ ШТО МНОГУ ГОВОРАТ ( Во Англија црквите се се попразни, а џамиите се пополни)




Извор:http://www.vijesti.ba/vijesti/svijet/149031-Jedna-zemlja-dvije-vjere-tri-fotografije-koje-mnogo-toga-govore.html
Па нормално, во Британија има голем број на нерелигиозни луѓе, и нивната бројка постојано расте.
In the United Kingdom, a 2007 survey found 15% of the population attends church more than once per month.[46] A poll in 2004 by the BBC put the number of people who do not believe in a God at 39%,[47] while a YouGov poll in the same year put the percentage of non-believers at 35% with 21% answering "Don't Know".[48] In the YouGov poll men were less likely to believe in a god than women, 39% of men as opposed to 49% of women, and younger people were less likely to believe in a god than older people.
Џамиите се полни со имигранти, што и не кажува нешто позитивно за исламот. Во една напредна и слободна земја како Велика Британија, луѓето одат кон атеизам и агностицизам со што црвките се празнат, додека џамиите се полнат со имигранти а не со британски конвертити. Како што гледаш, има очигледна корелација меѓу исламот и степенот на заостанатост.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.326
Поени од реакции
81.567

Jedan od najvećih promotera radikalnog islama Alija Šukri (38), rođen u kosovskom selu Donja Bitinja, napokon je iza rešetaka. Njega je po međunarodnoj poternici uhapsila kosovska policija i, pod jakim obezbeđenjem, u sredu kasno posle podne predala makedonskim pravosudnim vlastima.


Alija je direktno odveden u skopski zatvor gde treba da odleži trogodišnju kaznu, koju mu je lane potvrdio Apelacioni sud, zbog nasilja nad nekoliko imama, što je protumačeno kao pokušaj radikalne strukture da preuzme prevlast nad Islamskom zajednicom Makedonije.


Ovaj opasni ekstremista poznat je po tome što je svojevremeno bio desna ruka Ramadana Šitija, koji je pre nekoliko godina bio ubijen u policijskoj akciji Planinska bura kod sela Brodec, na Šar-planini, konačno se našao iza rešetaka.

Pomagao ubistva​




Makedonska policija ga sumnjiči da je svom bliskom kriminalnom saradniku Ramadanu Šitiju pomogao u ubistvu policajca u skopskom selu Vizbegovo 2005. godine. Godinu dana ranije, u automobilu u kome su se nalazili Alija i Šiti policija je otkrila veću količinu eksploziva. Na dušu mu se stavljaju i napadi na dve policijske stanice.
Makedonska policija ne isključuje mogućnost da je Šukri Alija bio povezan i sa ubicama, koji su uoči pravoslavnog Uskrsa, 12. aprila ove godine počinila petostruko ubistvo makedonskih ribolovaca na obali Željezarskog jezera u ataru skopskog sela Smiljkovci. Neposredno nakon tog monstruoznog zločina, u velikoj policijskoj akciji nazvanoj Monstrum bilo je uhapšeno dvadesetak Albanaca za koje se verovalo da su teroristi i sledbenici radikalnog islama koji su ratovali protiv NATO trupa u Avganistanu i Pakistanu.

Da li je Šukri Alija jedna od "NN" osoba koje se pominju u optužnici protiv egzekutora petorice Makedonaca, dopunski će se ispitivati uoči sudskog procesa koji treba da počne za dve sedmice. U policiji kažu da za sada nemaju direktne dokaze kojima bi ga mogli povezati sa optuženima u slučaju Monstrum, i on ne figurira u krivičnoj prijavi MUP-a.

- Prema operativnim saznanjima, Šukri Alija je jedan od najvećih ideologa i promotera radikalnog islama ne samo u Makedoniji, već i šire, i zato ne možemo da isključimo mogućnost da je mentor i ideolog osumnjičenih u Monstrumu. Alija je bio jedan od inicijatora protesta nakon policijske akcije Monstrum i na razne načine je pozivao na osvetu prema policijskim službenicima albanske nacionalnosti - rekao je Ivo Kotevski, portparol makedonske policije.

Za vreme antivladinih protesta Albanaca u Skoplju organizovanih zbog hapšenja osumnjičenih za ubistvo petorice Makedonaca, Šukri Alija je pozivao na "Arapsko proleće" u Makedoniji i na Balkanu. Osuđen je na tri godine zatvora za nasilje otkako je pretukao nekoliko imama u skopskom selu Kondovo u pokušaju da preuzme Islamsku versku zajednicu Makedonije i u njoj instalira radikalni islam. Zbog teških krivičnih dela privođen je u više puta, a na teritoriji Evropske unije je proglašen za "nepoželjnu osobu".

http://www.vesti-online.com/Vesti/Ex-YU/275515/Alija-Sukri-konacno-na-robiji-
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Француската полиција стравува од радикалните исламисти
Петок, 31 Мај 2013 12:22

Француската полиција стравува од радикалните исламисти кои можат да преминат кон насилнички акции, меѓу овие радикални исламисти се наоѓаат и триесетина кои се бореле во Сирија.

Овие стравувања се појавија веднаш по терористичките акции на Мохамед Мера кога тој уби седум лица во Тулуз и Монтобан и се актуализира со минатонеделниот напад на францускиот војник во Париз.

Француската правосудна полиција забележа успех со брзото откривање и апсењето на напаѓачот врз војникот, идентификуван како Александар Доси. Но со неговото апсење се отвори полемиката околу ефикасноста на полициските служби за следењето на реадикалните исламистички елементи, бидејќи тој на повеќе пати бил контролиран на улични молитви во придружба на радикални елементи.

Овие информации биле доставени до контраразузнувачките служби, кои не отишле подалеку во истрагата. Една нова единица на полицијата регистриала околу 500 белешки за лица чие религиозно однесување го „запалило црвеното светло“.

Според Министерството за внатрешни работи на Франција, контраразузнувачката служба се концентрира на „приоритетни мисии“, кои имаат за цел да се следат ислмисти-џихадисти, кои се препознаваат во џихадистичките движења инкарнирани од Ал каеда во сајберкриминалитетот или во филијалите кои испраќаат борци во странство.

Според француските медиуми, француската полиција во моментов следи околу стотина лица со ваков профил, од кои околу триесетина се Французи кои се бореле во Сирија. Целта на следењето е да се пресретнат, пред да поминат во акција

http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=23684:2013-05-31-12-27-49&catid=111:svet&Itemid=136&lang=mk
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Ефенди Сулејман Реџепи - Власта ја фаворизира МПЦ



МПЦ е фаворизирана верска заедница во Македонија и тоа по сите нишани. Тоа е однос кој не е во согласност со Уставот на Република Македонија, обвинува поглаварот на ИВЗ во Македонија, Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Г
осподине Реџепи, неодамна битолскиот муфтија испрати писмо со наслов „Раната не мртовецот не боли“, алудирајќи на МПЦ. Зошто?


По мое длабоко мислење апсолутно вистината не е во тоа дека алудира на МПЦ, туку веројатно алудира на религиската Конференцијата, ми се чини. Инаку битолскиот муфтија не е тој кој ја претставува Исламската верска заедница, Исламската верска заедница на Македонија ја претставувам јас. Меѓутоа со оглед дека писмото на битолскиот муфтија беше насочено и кон премиерот и особено кон директорката на Комисијата за односи со верските заедници, госпоѓа Валентина Божиновска, во реакцијата тие се обидуваат некако да го девалвираат тоа писмо, или да го игнорираат или да го замислуваат како невистина.

Како ја коментирате таа изјава на госпоѓа Божиновска?

Што ќе ја коментирам. Апсолутно нема врска со здравиот разум, таа треба тоа да го аргументира. Има една права вистина, за прв пат ниеден политички субјект откако се дозна дека ние ќе ја бојкотираме Конференцијата не се јави да каже – Одете бојкотирајте ја или не ја бојкотирајте! За прв пат ова се случи и јас почитувам едно такво однесување на политичките партии да не се мешаат во внатрешните работи на верските заедници. Единствена точка која можеби ни ги замаглува односите и со Македонската православна црква е политиката.

Зошто?

Таму има политички диктат.

Во МПЦ?

Да. Со оглед дека е фаворизирана верска заедница во Македонија. Фаворизирана е и тоа по сите нишани. Тоа е однос кој не е во согласност со Уставот на Република Македонија, тоа е едно. Второ, не и прави добро на државата, не е во интерес на државата, со оглед на тоа што односот на државата и на државните институции треба да биде ист со овие уставни верски заедници. И сега државата ја дискриминира Исламската верска заедница, тоа отворено го кажувам и потоа како ние да бидеме авторитет, да влијаеме на муслиманите во Македонија, кога ќе има потреба за тоа, кога самата држава сака да не разобличи. Самата држава сака да ни го наруши авторитетот што го имаме кај верниците, не знам зошто им е потребно тоа. Со МПЦ имаме почит и мене ме почитуваат и јас ги почитувам личностите таму, но за жал тоа е тоа.

Велите дека власта ја дискриминира Исламската верската заедница. Дали соработувате со ДУИ која е дел од владејачката коалиција за да ви помогне да ги решите прашањата по кои сметате дека сте дискриминирани како верска заедница?

Ние од политичките партии ги почитуваме тие што нè почитуваат, без оглед на тоа дали се албански или не. Со политичка партија која партиципира во власта, ако е дел од власта, ние бараме друга одговорност, не како политичка партија, туку како дел од власта. Ако јас со некој министер или вицепремиер од овие партии контактирам за потребите на ИВЗ, веднаш ќе ме обвинат дека сум соработник со ДУИ или со ДПА. Зашто луѓето не се подготвени да сфатат дека политичка партија си е политичка партија, а откако ќе влезе во владата, таа е дел од власта на Република Македонија.

Тоа значи дека и таа учествува во дискриминацијата?

И поради тоа ние немаме никаква хипотека да ѝ се обратиме на некоја личност од ДУИ ако има некоја надлежна функција, меѓутоа ние нашите права не ги бараме од ДУИ како партија и како партиципиент во Владата, ги бараме нашите права од Владата на Република Македонија. Ние секогаш сме биле подготвени да соработуваме со Владата, но не како досега, навистина сме уморни од таа маршрута без резултати. Како може на Македонската православна црква да и се врати речиси цел имот, плус им дадоа нов вакув како што беше случајот со хотелот Изгрев, па сега неодамна е и случајот со касарната која им е дадена на користење на 99 години. Ние не сме против тоа, треба да им се дава, но треба да размислува истата влада и за муслиманите во државава. Како е можно тоа, ние не можеме никако да го повратиме нашиот имот.

Во владата има министри муслимани, тоа значи дека тие не прават ништо или не прават доволно за правата на муслиманите во земјава?

Не, зависи каква функција има муслиманот, каква функција врши во државата.

Па добро, но ДУИ се претставници на Албанците во владејачката коалиција.

Јас имав веќе средба со првиот човек на ДУИ, разговарав. Човекот многу фино ме прими, разговаравме, ми рече – господине Реисе, ние не можеме, јас и ти, тука да ги разрешиме сите проблеми, туку ќе формираме заеднички тела во наредниот период и полека, полека ќе ги разрешуваме проблемите. Чекаме, но нема ништо од тоа. Сега дали се сите искрени како што сум јас искрен? Тие не велат ни пречи ова или ни пречи она, само велат ние сме немоќни, значи некој ги обесхрабрува и нив, но тие треба сами да си кажат, не јас да зборувам во нивно име. За мене постои Влада која ја сочинуваат коалициони партнери, мене не ме интересира, јас барам моите права да ги остварам преку државните органи. Замислете сега, со владата дури имавме конкретни договори, а тоа се случи пред втората светска конференција, имавме заедничка средба со премиерот каде што се договоривме да се реновира Чарши џамија и тоа да почнува да се работи за три месеци. Финансирањето да биде пола од Владата, пола од ИВЗ. Сите ги прифативме сите солуции и на крај го потпишавме, текстот беше подготвен од Министерство за култура, поконкретно од Паско Кузман. Еве помина три години, а не три месеци, три години поминаа, ништо нема од тоа. Зошто? Па така сакал господинот Марјан Ристевски. Сега треба Исламската верска заедница да биде жртва на Марјан Ристевски, затоа што нему не му се допаѓа да се реновира таа џамија која што беше изгорена во 2001 година. Исто така имавме една спогодба со битолскиот митрополит да изградиме на наш имот и црква и џамија, да бидеме еден пример за соживот, и тоа не го прифатија. Два, три пати бевме на средба во кабинетот на премиерот и таму беа поканети и луѓето од месната заедница, не знам што бараа таму, не ми е јасно како функционира правно политичкиот систем.

Во реакцијата, по изјавата на Божиновска, едно од оправдувањата зошто не присуствувавте на Конференцијата ви беше дека верскиот соживот во Македонија е фарса. Зошто велите дека е фарса?

Фарса е. Нека некој потврди дека Исламската заедница нема дадено свој придонес во тој дијалог за толеранција, соживот. Ние сметаме дека од сите верски заедници ние сме авангарда во таа насока. Меѓутоа ова со рекламите, ова што се организира, ова што Владата организира таква Конференција односно Министерството за култура под покровителство на премиерот, верувајте дека тоа е чиста пропаганда, нема врска со вистината и јас не прифаќам да бидам декор во една средина во која политика е да се зборува убаво, да се каже сè што е добро и таму каде што ќе се каже тоа и таму ќе остане. Нема примена во пракса и нели е тоа фарса, ако нема резултати, ако нема ништо, тоа е фарса.

Во изминатиов период со загинувањето на гостиварецот во Сирија, повторно се отвори прашањето за постоењето на радикални исламски структури во земјава, а досега често пати бевме сведоци на изјави од типот „ те има, те нема“ радикални структури во земјава. Кој е вашиот конечен одговор, дали има во земјава радикални исламски структури?

По ова прашање, има контроверзни изјави од самите надлежни институции во државата со оглед на тоа што постојат служби за безбедност кои треба да ги следат таквите структури. Треба да ни верувате дека и ние некогаш се сомневавме и баравме од страна на надлежните да ни кажат дали има или не. Тие нè убедуваат дека нема такви структури. По извесно време се појавија, па дури јас се обратив до Министерството за внатрешни работи и побарав да ми одредат лице за мое лично обезбедување како Поглавар на ИВЗ и тие ми одредија тројца.

До толку бевте уплашени што побаравте обезбедување?

Па не бев уплашен, јас не се плашам, ама работите се такви, јас сум јавна личност, мене ми беше сугерирано и од некои странци тука во Македонија, дека треба да побарам од МВР. По извесно време некои луѓе кои ги третирале како радикални, велам ајде да видиме што размислуваат тие луѓе, ги поканив на разговор, гледам луѓето ги прашувам „Вие сакате да работите за ислам?, ми велат „да“. „Ја признавате институцијата Исламска верска заедница, нормативите, актите на чело со уставот на оваа заедница? Ми рекоа „да“. Е па тогаш повелете, ова не е моја приватна куќа. И од тука некој се налутил.

Кој е заклучокот, има ли радикални исламски структури во земјава?

Нема, надлежните велат дека нема, и нема што да коментирам јас. МВР како надлежно министерство да ги следи сите работи, тврдат дека нема, што имам јас да коментирам нешто што нема.

А од вашето искуство на терен во разговори со жители во Гостивар, па и во Македонија?

Овој случај што го спомнавте, гостиварскиот, откога слушнав веднаш стапив во контакт со нашето муфтиство таму и прашав за карактеристиките на таа личност. Апсолутно не е во склоп на тоа што зборуваме, ниту може да биде предмет за разговор. Човекот не бил никогаш некој со радикална идеологија. Веројатно не е само тој, веројатно има многу луѓе, не само од Македонија, туку од секаде кои што сакаат да му помогнат за загрозениот народ во Сирија. И сега од која причина, со кои мотиви одат не знам, но целта им е тоа, тие се на страна на алијансата, на страна на западните сили. Но оваа личност од Гостивар врска нема со такво нешто, не држи тезата дека треба да ја поистоветиме со радикален ислам, не држи.

Во едно од последните интервјуа, господинот Јакуп Селимовски посочи на еден проблем во Прилеп каде што е формирана паралелна верска сунитска заедица и истакна дека доколку се продолжи со таквите поделби на ИВЗ ќе настанат сериозни последици во општеството. Дали се прават уште такви поделби?

Па вие пред малку ме прашавте што прави политика, ова е политички акт. Тоа што се случи во Прилеп со Ромите, тоа е голема активност на господинот Марјан Ристевски кој со години работи на тоа да ги манипулира Ромите и навистина успеал во тоа. Тоа не се сите Роми во Прилеп, бидејќи сите не се согласуваат со таквата одлука. Па со благослов на Валентина Божиновска тие се регистрираат како посебна религиозна група. Овој акт не само што е политички, тој е во спротивност со законот на државата. Јас не знам навистина, немам толку сила да објаснам што се случува во оваа држава, луѓето што се надлежни, луѓето што ги донесуваат законите, истите не ги почитуваат. Па нели е тоа обид за создавање нереди, меѓу религиите, меѓу верските заедници, меѓу една верска заедница. Тоа е интенција да ја распарчат ИВЗ, да ја ослабат, а од друга страна Јован Вранишковски шета од затвор во затвор со оглед на тоа што тој сака да ја распарчи Македонската православна црква. Има една изрека, вели „кој на друг гроб копа сам во него паѓа“. А целта на случувањата во Прилеп е само да не се поврати Чарши џамија со оправдување, мисли Ристески дека ќе се оправда пред внатрешна и надворешна јавност, дека таму каде што има муслимани градиме џамија, па ќе си речат „што бара ИВЗ“. Па после ќе испадне дека има конфликт и недоразбирање меѓу ИВЗ и МПЦ. Не стојат така работите, далеку од тоа е.

Велите дека немате конфликт, дека немате проблем, но се добива впечаток дека функционирате во паралелни светови и не се обидувате заедно да помогнете во подобрување на меѓуверскиот и меѓуетничкиот соживот. Што прави ИВЗ за да ја подобри сликата?

Видете ние имавме една активност, формиравме совет меѓурелигиски, преку кој нашите права заеднички ќе ги бараме, заедно да се појавиме пред државните институции како религиски совет, но ни го растурија.

Кој го растурил?

Не знам, политика.

Кoj конкретно?

Па не знам конкретно, што мислите кој води политика во државата? Не функционира советот, тоа за мене значи дека е растурен. Дури требаше да имаме статут, го зготвивме статутот, без никаков притисок, го потпишавме текстот и кога требаше финалниот текст да се потпише и да стапи во сила, МПЦ се повлече. А зошто, би требало нив да ги прашате.

Кои се вашите конкретни чекори за подобрување на соживотот во земјава?

Па треба тој што те кара, тој треба да те помири, ако е ова последица на една дискриминаторска политика, таа треба да се поправи, откога ќе се поправи јас верувам дека работите ќе се подобрат.

Еден од индикаторите дека меѓуетничкиот и меѓуверскиот соживот не се на вистинска патека се спортските терени каде што во изминатиов период нетрпеливоста меѓу навивачите доби на интензитет. Како делува ИВЗ за да помогне во справувањето со овој проблем?

Залудно е да се бара од една верска заедница да делува во, како што се на пример спортските недоразбирања и непријатности. ИВЗ, МПЦ, Методистичка и Католичката црква како и Еврејската заедница заеднички ако настапат, јас верувам дека така можеме да влијаеме. Но затоа и го формиравме тој совет тоа беше правен, административен инструмент преку кој што заедно бевме на ручек, доручек, средби. Јас отсекогаш сум бил за тоа, и за поддршка на МПЦ, јас сум бил меѓу првите кои го поддржале тоа. Јас не знам зошто од другата страна нема таква поддршка. Жал ми е, нека ме сфатат како сакаат, но тоа е тоа, интерес си е интерес. Таа е фаворизирана, на пример двата теолошки факултети немаат ист третман, на пример богословскиот факултет е целосно финансиран од буџетот на државата, а исламскиот теолошки факултет немаше ни денар примено, после пуштија нешто за лице што се вика и ништо повеќе од тоа.

Во дел од медиумите неодамна беа објавени информации дека дел од политичките структури се незадоволни од комуникацијата со ИВЗ, па би му помогнале на битолскиот муфтија да стане ваш наследник. Дали тоа значи дека вие размислувате за оставка или имате други планови?

Такво нешто во Исламската верска заедница ниту се зборува, ниту има вистина во тоа. А дека битолскиот муфтија треба да биде, врска нема, тој може да се кандидира според правниот систем на исламската верска заедница доколку има таков вакуум, да нема поглавар во верската заедница. Никој не може да му го оспори таквото право, меѓутоа тој не би прифатил во својот живот додека сум јас поглавар да се занимава со таква работа. Во ИВЗ никој нема такви амбиции, не само битолскиот муфтија.

Во тој контекст, кои се вашите идни планови?

Немам јас никакви планови, од мене кога ќе бараат надлежните со уставот на ИВЗ, јас сум спремен и да одам во пензија и да прифатам нешто друго, сè што е во интерес на ИВЗ.

Извор: http://www.makdenes.org/content/article/25004358.html
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Папа: Киндаперите да покажат хуманост

Недела, 02 Јуни 2013 20:16
http://sky.mk/index.php/svet/18159-papa-kindaperite-da-pokazhat-humanost
Папата Францис ги повика денеска киндаперите во Сирија да „покажат хуманост“ и да ги ослободат заробените деца.

Папата во обраќањето до верниците, од прозорецот кој гледа на Плоштадот Свети Петар ги повика присутните да се молат за Сирија и изрази жалење што војната во таа земја го погодила беспомошниот народ.

Тој укажа на „наездата на киндапирања“, при што и бунтовниците и прорежимските сили киндапираат политички непријатели, членови на ривалски секти и други, вклучувајќи и новинари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom