- Член од
- 8 јули 2015
- Мислења
- 118
- Поени од реакции
- 53
Секако со предозирање од протеини може да настанат здравствени проблеми. Еве јас на пример порано јадев месо колку бев тежок и поради тоа јас имав неверојатно тврда столица, се мачев по саат време во тоалетот. Не помагаа ниту лекови ниту сирупи нити ништо. Одкако станав вегетаријанец за 2-3 недели столицата почна да се нормализира за да на крај биде како што изгледа нормална столица. Месото прави и други проблеми, но да не пишувам веднаш овие ке се нафрлат. Така да исправна ти е одлуката да го намалуваш месото, да не ширам пропаганда за нејадење месо ке ти кажам само да го намалиш внесот на месо и да пиеш повеќе чаеви како нане, камилица и мајчина душица чисто за прочистување на организмот. Бидејќи прочитав дека имаш и други здравствени проблеми, ке те советувам да се консултираш со нутриционист. Тој ке ти одреди колку и што да јадеш и во која доза. Тоа ти е најсигурен извор. Тука по форумов знаеш како е да напишеш нешто одма ненормален те прават. Затоа најубаво нутриционист.Гледам има повеќе мислења околу тоа што прашав, и истите се различни. Најпрво да кажам дека не сум влезен во лош филм добро сум упатен во се. Само прашав за некој практично што го применува тоа околу искуство за совет, инаку теоретски и јас знам ама не е секогаш како теоријата.
Јас не сум престанал да јадам месо и млечни производи 100%, но ми се намалени на минимум и некогаш по неколку недели се случува да не пробам нешто такво а тоа е случај и во овој период. До тоа дојде поради преголемо конзумирање на протеини и протеински продукти ми се поремети метаболизмот. Иако за ова бев опоменат и од страна на доктор уште пред 5 години јас не придадов значење. Сега имам одредени здраствени проблеми кој што пробувам да ги средам преку исхрана. Инаку после дисбаланс е многу тешко назад, еве како јас што направив сега па затоа целиот метаболизам и имунитет ми се пореметени а на сето тоа кога ќе се додаде и стресот можете да замислите што се случува. А на сетоа ова јас направив уште еден пропуст не пиев доволно вода, поточно се случуваше да има денови јас да поминам со една до две чаши вода.
Затоа само побарав совет, зошто пробувам да се вратам во нормала.