Вегетеријанство

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
А шо ви е на сите филмот со глутенот??
Глутенот е најобичен протеин. Само кај оние кои имаат celiac disease има смисла избегнувањето на консумирање производи што содржат глутен. А такви се помалку од 1% од популацијата.
Секој организам си е башка природа колку и да сме исти, од луѓе и од лекари сум слушнал најразлични подобрувања и промени на телото од кога се оградиле од глутен.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Воспален дигестивен систем има проблем со многу типови на храна не е само глутенот
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718

Воспален дигестивен систем има проблем со многу типови на храна не е само глутенот
Јас прашав што е фората со глутенот. А за други состојки кои можат да предизвикаат проблеми може да зборуваме. Но секогаш треба да се направи добра проценка кои се плусовите а кои недостатоците на конзумирање или неконзумирање одреден вид на храна.

Секој организам си е башка природа колку и да сме исти, од луѓе и од лекари сум слушнал најразлични подобрувања и промени на телото од кога се оградиле од глутен.
Тоа што секој организам е посебен сите го знаеме.
Сепак, тие ефекти на "многу подобри чувства" од слухови, макар биле и лекари, не мора воопшто да значат дека глутенот предизвикува тешкотии.

Еве уште еден текст за еден од првите истражувачи коишто опишале присуство на некаква нетолеранција кон глутен, но при повторното и строго контролирано спроведување на истражувањето самиот го отфрла таквото нешто и "чувствата" ги дефинира како плацебо/ноцебо (при истражувањето) ефект.

http://www.sciencealert.com/scientists-who-found-evidence-for-gluten-sensitivity-have-now-shown-it-doesn-t-exist

Исто така тврди дека субјективните чувства на подобрување најверојатно се должат на намален внес на FODMAPs (Fermentable, Oligo-, Di-, Mono-saccharides And Polyols), а не поради неконсумирање на производи кои содржат глутен.

Хранете се здраво, ама не дозволувајте парите да ви ги земаат бајачи и гатачи во докторски мантили.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Ок прашање, што е за тебе симптом на не толеранција?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Ок прашање, што е за тебе симптом на не толеранција?
Гасови, дијареа, подуеност, грчеви...

Сигурно мултиплекс склероза и аутизам не се симптоми.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Ок. Е сега те молам објасни ни што се случува кај добар дел од населението после јадење на грав.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Topovi pukat, sho moze :D tuku zabeguvate malce od temata. Gluteno si e potreben na organizmo, samo sho u denesno vreme previshe go unasame.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Во продолжува следува еден текст којшто го превземав од фб. Некој се трудел да го направи пристапен за сите. После ваков текст нема простор за да се каже јас што мислам, ти што мислиш или Петко што мисли...Едноставно аргументите се прејјаки, поткрепени со наука...Сепак би сакала да прочитам мислења што не се лаички, туку компетентни ликови да коментираат...



Време во кое секој може да се става во улога на доктор или нутриционист и по медиумите да кажува со што да се храниме и како, па дури и шеми за исхрана да им прави на луѓето за да заработи...Во продолжение следува еден текст чиј автор е доктор Наташа Кембел Мекбрајд, докторка со две специјализации по неврологија и нутриционизам. Статијата беше преведена и малку скратена за да биде приемлива за секој. Нешто најквалитетно до сега што било објавено на интернет (вистинско сведоштво поткрепено со цврсти научни аргументи) и вредеше да се преведува. Вреди да се одвојат 5-10 минути.

ВИСТИНА И ЛАГА ЗА ХРАНАТА
Во клиниката на д-р Наташа Кембел Мекбрајд во Англија е донесена 21-годишната студентка Хелен. Некогаш убава и здрава девојка, а сега неухранета, слаба, бледа ( висока 185 см, а тежи само 51 кг).
Хелен пораснала во САД. Во куќата на нејзините родители индустриски преработена храна воопшто не била достапна. Хелен била одгледана со домашна храна подготвувана од свежи, локално произведени намирници (свежото месо, свежите јајца и домашното млеко имале голем удел во нејзината прехрана). Хелен секогаш била здрава.
Набрзо после доаѓањето во Англија, Хелен имала одбивност кон начинот на исхрана на нејзините колеги студенти и така се одлучила да се храни максимално здраво. Со кратко истражување низ популарната литература за здрава храна, доаѓа до заклучок дека најздраво е да се храни вегетаријански и тоа со храна со најнизок удел на масти. Така Хелен почнува самата на себе да си приготвува храна од целозрнести житарки, грав, леќа, јаткасти плодови и многу овошје и зеленчук. Единствени масти кои ги користела биле маслиновото масло и малку путер од кикирики. Потполно се откажала од било каква храна од животинско потекло и тежнеела да јаде само органско. Започнува да вежба јога и ваквиот начин на живот и се допаѓа во целост.
После неколку месеци на ваква исхрана, Хелен ја губи менструацијата и почнува да слабее. Кога си оди дома за празниците, нејзината фамилија е ужасната од нејзиниот изглед. За кратко време ја контактираат нејзината тетка во Англија и ја носат во клиниката на д-р Кембел Мекбрајд откако веќе поминува преку една година откако Хелен е на т.н здрава исхрана.
Што всушност се случи со Хелен и каде таа згреши? Нели користеше стриктно онаква храна, за која говорат разни медицински авторитети и мејнстрим медиуми? Што е со оние истражувања кои покажуваат дека веганската исхрана го намалува високиот крвен притисок, помага при дијабет и многу други хронични болести? Што е со Герсоновиот протокол за лекување на рак, исклучиво вегански? Овие протоколи и пристапи имаат евидентирано успех.
Да пробаме да го разбереме овој проблем.
Хелен е интелигентна девојка и првата добра работа којашто ја направи е што престана да јаде индустриски преработки. Тие вештачки творби, завиткани во шарени амбалажи немаат право да се наречат храна, тие се корен на проблемот на сите модерни епидемии и дегенеративни болести.Тука следи и еден многу популарен цитат- ‘човекот е единствено живо суштество доволно паметно да си создаде храна, но истовремено и доволно е глупав за таа храна да ја јаде’. За индустриската храна – толку.
Природата нас ни осигурала два вида храна: растителна и животинска, кои во телото имаат две посебни и неизбежни функции.
Животните кои се предатори како лавот, тигарот и волкот немаат способност за варење на растителна храна. Човечкиот систем за варење на храната е сличен на оној на месојадните животни (релативно кратко црево со само еден желудник без бактерии во него). Имено желудникот на човекот е дизајниран да произведува киселина и пепсин, кои служат единствено за разградување на месо, риба, јајца и млечни производи.
При лабораториска анализа на разни растенија и плодови, се покажуваат разни хранливи материи. Тие податоци после тоа се објавуваат во нутриционистичка литература. Нажалост тие таблици со прехрамбени вредности не важат во целост за човечкиот организам бидејќи во лабораториите за да се екстрахираат разни хранливи материи од растенијата, се користат најразлични хемиски методи и хемикалии, кои во нашиот систем за варење НЕ ПОСТОЈАТ.
Човечките црева имаат ограничена способност за варење на растителната храна и екстракција на хранливите материи од истата.
Човечкото тело (без водата) содржи воглавно масти и протеини, тие се градбени блокови од кои се изградени нашите коски, мускули, срце, мозок, бели дробови итн. Составот на аминокиселините од животинските протеини е во потполност исправен за човечкиот организам. Исто е и со мастите- животинските масти имаат правилен состав на масни киселини потребни за човечкото тело, за разлика од неприкладните растителни масти. Затоа, кога говориме за ХРАНЕЊЕ на човечкото тело и ИЗГРАДБА на ткива, животинската храна е најдобра и најприкладна. Човечкото тело поседува фантастичен процес, кој се одвива од самиот зачеток па се до смртта и се нарекува РЕГЕНЕРАЦИЈА НА КЛЕТКИ И ТКИВА. За овој процес непречено да се одвива, на телото му е потребен градбен материјал – протеини и масти. Освен што нас не хранат, квалитетните животински намирници ни обезбедуваат и енергија и се најдобриот извор на енергија за скоро сите ткива. Пример, мозокот е еден од најзахтевните органи кај човекот и истиот црпи од 25-45% од сите нутритиенти од крвотокот. Тој е доста масен орган и потребни му се соодветни количини на масти за да функционира правилно, а покрај тоа тој произведува разни неуротрансмитери и хормони кои имаат протеинска структура и затоа животинската храна е најдобрата храна на мозокот. Во клиничката пракса има евидентирано дегенеративни мозочни заболувања кај луѓе кои се на строга веганска исхрана- имено најпрво исчезнува смислата на хумор, потоа личноста станува црно-бела во своето размислување и однесување, исчезнува острината на умот, се влошува меморијата, настапува депресија итн. Овие се знакови на изгладнување на мозокот.
Е сега се поставува прашањето- што е со сите ладно цедени растителни масла? Што е со сите антиоксиданси, ензими, витамини, минерали, био-флавоноиди, кои ги има исклучиво во растителната храна? Тие се ЧИСТАЧИ на токсини. Иако растенијата не се во состојба правилно да не прехранат, тие се одлични чистачи одвнатре, особено кога се јадат сирови. Нивната главна цел е да не прочистуваат од токсини. Кога тие се готват и термички се обработуваат, губат добар дел од детоскификационата моќ, но затоа како такви се полесни за варење во организмоти и во овој случај даваат некои хранливи материи. Нажалост овие хранливи материи не претставуваат градбени блокови, бидејќи главно се јаглехидрати кои даваат одредена количина на енергија. Силно процесираните растенија како житариците, даваат погрешен градбен материјал кој допринесува за дебелина.
Прочистеното тело секогаш се чувствува подобро отколку телото преполно со токсини. Тоа е причината зошто голем број на луѓе се чувствуваат подобро кога с ена растителна храна, а посебно првите неколку недели. Но, кога телото ќе заврши со чистење , треба да почнеме да го храниме. Што се случи со Хелен? Со веганска храна го чистела телото, пропуштајќи ја точката кога чистењето завршува и треба да започне хранењето.
Никогаш не занемарувајте што ви бара телото во одреден момент! Ниту една лабораторија, доктор, ниту еден научник или книга не може да ви пресмета што и колку да јадете наутро, на пладне или навечер. Секој организам е индивидуален. Единствено вашето тело има ненадминлива интелигенција за тоа што ви треба во одреден момент и единствено вашето тело знае како вашите нутритивни потреби се менуваат од час во час, од минута во минута. Мајка природа ни дала сетило за мирис, вкус и осет и желба за одредена храна во даден момент, како и чувство за ситост после одредена храна. Кога на вашето тело ќе му треба храна со одреден состав, ќе ви даде знак преку моментална желба за таква храна. Бидете во постојан контакт со вашите сетила!
 
Последно уредено:

Ne0

上帝的僕人
Член од
15 март 2019
Мислења
67
Поени од реакции
33
Не мешајте глутен у темава, не му е местото тука...него кажете по некој омилен вегетаријански рецепт. :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.541
Поени од реакции
21.481
Не мешајте глутен у темава, не му е местото тука...него кажете по некој омилен вегетаријански рецепт. :)
Пипер-патлиџан. Попозната како летна манџа.
Треба ли да се пишува рецептот? :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Ne0

Kajgana Shop

На врв Bottom