Вегетеријанство

Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Прашање: како внесуваш вит. Б12, витД, омега3, омега 6?
витемин б12 го внесувам преку јајца, млечни производи и житарици
витамин д преку сонце,а во исхрана преку млечни призводи и житарици
омега 3 и омега 6 преку ленено семе и јајца
ај да ве видам сега
[DOUBLEPOST=1440014514][/DOUBLEPOST]
Тие влезените во вегетаријански филм некој, нека земат нека прочитаат што значи тоа синџир на исхрана како прво? Потоа нека прочитаат малку повеќе за планетава на којашто живеат, како еден глобален еко-систем, во којшто и човекот е дел и тоа значаен, нека прочитаат за еволуција, адаптација, анатомијата на дигестивниот систем кај човекот итн...И како нешто најбитно- дали вие уопште сте информирани за значењето на храната од животинско потекло којашто човекот ја внесува? Знаете ли повеќето доктори специјалисти што мислат за вас? Од врата велат дека кога ќе влезе вегетаријанец или веган по фацата го познаваат...
И каква фаца имаат тие? По што тоа докторите ги препознаваат?
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
витемин б12 го внесувам преку јајца, млечни производи и житарици
витамин д преку сонце,а во исхрана преку млечни призводи и житарици
омега 3 и омега 6 преку ленено семе и јајца
А ти си вегетаријанец, мислев веган да не си. Инаку витД не се внесува преку сонцето, туку сонцето помага во синтезата. Прекурсор за продукција на вит Д е холестеролот.

Чекај, а ако си против суровоста на животните, зошто конзумираш млечни производи и јајца? Знаеш низ каква тортура минуваат тие за да се добие млеко и јајца?
 
Вегетаријанството се залага за неубивање на животни, а навистина незнам низ каква тортура минуваат животните за да се добие млеко и јајца.. Баба ми на село чува и крави и кокошки, кога кокошката ке снесе јајце, таа го зема и става во фрижидер, а кравата ја молзат само кога има млеко не ја хранат со концентрати за да добива млеко. Сум присуствувал и на двата настани и не гледам каква тортура има тука.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Вегетаријанството се залага за неубивање на животни, а навистина незнам низ каква тортура минуваат животните за да се добие млеко и јајца.. Баба ми на село чува и крави и кокошки, кога кокошката ке снесе јајце, таа го зема и става во фрижидер, а кравата ја молзат само кога има млеко не ја хранат со концентрати за да добива млеко. Сум присуствувал и на двата настани и не гледам каква тортура има тука.
Не знаеш затоа што немаш познавање на физиологијата на животните. Несењето на јајца е исцрпувачки метаболички процес. Со самото молзење баба ти ја поттикнува кравата да лачи млеко, што повторно е еден исцрпувачки процес. А вие мислите дека колењето е тортура...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
витемин б12 го внесувам преку јајца, млечни производи и житарици
витамин д преку сонце,а во исхрана преку млечни призводи и житарици
омега 3 и омега 6 преку ленено семе и јајца
ај да ве видам сега
[DOUBLEPOST=1440014514][/DOUBLEPOST]

И каква фаца имаат тие? По што тоа докторите ги препознаваат?
Замисли си ја пред тебе Јадранка Бибан само...
И откако ќе прочиташ она горе во постот што препорачувам, тогаш цитирај ме... :)
 
Член од
14 август 2015
Мислења
33
Поени од реакции
14
За да не го читам цел форум наназад (односно делот за Вегетаријанство) само неколку совети ако може. Јас во последно време скоро и ич да не јадам месо и млечни производи иако порано се давев но вака подобро се осеќам. Што значи не сум вегетаријанец али 70% до 80% проценти јадам веге кујна, дури и поголемиот дел сирово.

Ме интересира само на што да пазам за да не направам дисбаланс на витамини и минерали, а воедно да си го подобра и имунитетот.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Се може да се јаде ако се прима со благодарност за тоа
што Бог ни обезбедил да имаме храна, така се осветува тоа што се јаде .
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
За да не го читам цел форум наназад (односно делот за Вегетаријанство) само неколку совети ако може. Јас во последно време скоро и ич да не јадам месо и млечни производи иако порано се давев но вака подобро се осеќам. Што значи не сум вегетаријанец али 70% до 80% проценти јадам веге кујна, дури и поголемиот дел сирово.

Ме интересира само на што да пазам за да не направам дисбаланс на витамини и минерали, а воедно да си го подобра и имунитетот.
Ај врати си се во колосек и почни нормално да си јадеш како човек...Си знаеш како...Листови и семки не можат ни во сон да заменат: шопска салата со еден куп рендано овчо сирење, печено свинско со сенф, јајца на око, пршута, манџа со телешко мевце, пилешки прсти и останата храна за нормални луѓе... :)
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Ај врати си се во колосек и почни нормално да си јадеш како човек...Си знаеш како...Листови и семки не можат ни во сон да заменат: шопска салата со еден куп рендано овчо сирење, печено свинско со сенф, јајца на око, пршута, манџа со телешко мевце, пилешки прсти и останата храна за нормални луѓе... :)
Убаво ти пишува човекот подобро се чувствува откако не јаде месо, ако немаш нешто паметно да му кажеш зошто воопшто се мешаш во разговорот и го правиш ненормален??
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Убаво ти пишува човекот подобро се чувствува откако не јаде месо, ако немаш нешто паметно да му кажеш зошто воопшто се мешаш во разговорот и го правиш ненормален??
И самиот длабоко во себе знае дека е влезен во лош филм...Иначе не би прашувал за џабе: што да прави за да нема дисбаланс на минерали и витамини...
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
И самиот длабоко во себе знае дека е влезен во лош филм...Иначе не би прашувал за џабе: што да прави за да нема дисбаланс на минерали и витамини...
Не е работата во тоа дали влегол во лош или добар филм, работата е во тоа што се грижи за своето здравје иако тоа на вас ви звучи "ненормално". Сигурно е почетник и уште не се организирал околу комбинациите со храната. Не го разбрав дали е вегетаријанец или веган. Сигурно е едно од овие двете но се исплашил човекот да каже бидејќи видел со какви ке си има работа ако отворено каже, па затоа заобиколува.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Не е работата во тоа дали влегол во лош или добар филм, работата е во тоа што се грижи за своето здравје иако тоа на вас ви звучи "ненормално". Сигурно е почетник и уште не се организирал околу комбинациите со храната. Не го разбрав дали е вегетаријанец или веган. Сигурно е едно од овие двете но се исплашил човекот да каже бидејќи видел со какви ке си има работа ако отворено каже, па затоа заобиколува.
Ти најверојатно од некои т.н морални кодекси спрема животните, типични само за вас, си вегетаријанец...? И твое право, биди си што сакаш али немој да ширите пропаганди кај стигнете дека оној што јаде живи листови и семки е здрав, а останативе се бездушници, плус болни...Од стручен аспект, значи медицински, биолошки немате појма кое е значењето на храната од животинско потекло...А, ако има некој предизпозиции да се разболе, без разлика на тоа како се храни, ќе го мавне болеста...
И не ми одговоривте на прашањето погоре вие веганите...- Имате ли информации што мислат докторите за вас, посебно специјалистите...?
 
Никој тука на никого не му шири пропаганди освен ти кој велиш дека тие што не јадат месо се ненормални. А од каде ти е таа глупава идеја дека јадеме живи листови? Од што? Нели човекот е сештојадец значи јаде и животинска и растителна храна. Епа еве ние вегетаријанците сме одлучиле да го отфрлиме месото од исхраната и со тоа автоматски ни останува растителна храна што воопшто не покажува на тоа дека сме болни а уште помалку ненормални. Ти не јадеш пиперка, домат, морков, зелка?? Не ли јадеш растителна храна?
Ајде те молам јас не сум веган ама ај кажи ми што мислат докторите за нив? Живо ме интересира.
 
Член од
14 август 2015
Мислења
33
Поени од реакции
14
Гледам има повеќе мислења околу тоа што прашав, и истите се различни. Најпрво да кажам дека не сум влезен во лош филм добро сум упатен во се. Само прашав за некој практично што го применува тоа околу искуство за совет, инаку теоретски и јас знам ама не е секогаш како теоријата.

Јас не сум престанал да јадам месо и млечни производи 100%, но ми се намалени на минимум и некогаш по неколку недели се случува да не пробам нешто такво а тоа е случај и во овој период. До тоа дојде поради преголемо конзумирање на протеини и протеински продукти ми се поремети метаболизмот. Иако за ова бев опоменат и од страна на доктор уште пред 5 години јас не придадов значење. Сега имам одредени здраствени проблеми кој што пробувам да ги средам преку исхрана. Инаку после дисбаланс е многу тешко назад, еве како јас што направив сега па затоа целиот метаболизам и имунитет ми се пореметени а на сето тоа кога ќе се додаде и стресот можете да замислите што се случува. А на сетоа ова јас направив уште еден пропуст не пиев доволно вода, поточно се случуваше да има денови јас да поминам со една до две чаши вода.

Затоа само побарав совет, зошто пробувам да се вратам во нормала.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom