Ништо нема да изгубиш и веган да станеш друже. Јас сум вегетерјанец, со цел да станам веган хаха. Нон стоп качувам килажа, мускулчиња излегуваат уште, 2 години веќе. Гарантирам дека нема да изгубиш ништо, ќе добиеш само среќа...Не се сложувам со целосно исфрлање на цела една голема група на храна како што е месото.
Во животот треба да се има умереност во се, така е најдобро и во конзумирањето на храна. Да се разбереме, на сите ни е јасно дека конзумирање на фабрички шунки, сувомеснатици и сомнителни мелени меса не е здраво и треба да се избегнува, но од корист на организмот е повремено да се конзумира прибрано убаво телешко мевце, некое коковче или се разбира најбитното, риба.
Прво, ваква радикална промена со целосно исклучување на една голема и битна хранлива група бара и организираност. Незнам колку луѓе се спремни да земат да се занимаваат и по дома да цртаат графикони од типот „од ваму ќе надоместам ваков витамин од ваму ќе го надоместам овој минерал, ова ќе јадам за омега масти, итн“. Друго, треба да се спреми и џебот за да се тераат вакви модерни ќејфови. Убаво од Анима Мунди на фејсбук кажуваат да користиме млеко од бадем за кафето, ама нејќат да ми дадат 200 денари за да го купам.
Ја не разбирам тука на пример во темава што ја прочитав три или четири форумџии сами се побија. Прво, кажува како е одлично таа промена што ја преземал и станал вегетеријанец а после тоа вели „ве молам кажете што да земам за да не добијам витамински и минерален дисбаланс“. Во две реченици човекот несвесно признава дека се спрема да изгуби витамини и минерали и бара како да ги замени... Со тоа наместо месната индустрија ќе ја појачува фармацевтската индустрија со купување на разно разни хемикалии.
Не гледам ништо лошо, туку напротив гледам само корист за здравјето на човекот во повремено и умерено конзумирање на прибрано месо и риба.
Настрана коментарите за штетноста на месото, незнам па како не им смета на тие најгласните за лошо месо кога одат на пазар и купуваат марули кои се наводнувани со вода од Вардар, моркови и цвекло растени во загадена почва, јаболки полни со пестициди, патлиџани зреени во приколката на некој камион со амонијак.
Лошото месо е подеднакво лошо за човекот како и зеленчукот и овошјето полно со хемикалии.
На крај краева, храната и кулинарството кои постојат и сме ги издигнале на ниво на уметност, ние како луѓе ги конзумираме и за наше задоволство, исполнетост каде што преку нив се будат хормони на среќа во нашето тело. Поради тоа постојат илјадници рецепти за сите видови на храна, за тоа постои кулинарството. Да бевме поинакви тогаш три пати дневно ќе конзумиравме некој блуткав сив милкшејк без вкус кој што единствено ќе ги содржи дневно потребните нутритиенти.
Ќе изгубам од среќа и уживање посебно во делот сирењаНишто нема да изгубиш и веган да станеш друже. Јас сум вегетерјанец, со цел да станам веган хаха. Нон стоп качувам килажа, мускулчиња излегуваат уште, 2 години веќе. Гарантирам дека нема да изгубиш ништо, ќе добиеш само среќа...
Консултација со медицинско лице е задолжителна при вакви промени ако човекот сака да има здрав живот понатаму.Дури и да се одлучам да направам некоја голема промена во мојата исхрана, сигурно би се консултирал со медицинско лице. Нема да ме убедат форумски гаранции дека ќе ми биде подобро бидејќи тие пробале
Немој да се лутиш, овде разменуваме мислења.Ме интересира кога ви е роденден, што принесувате на гостите? Јас секој родендн го правам без месо, е сеа знам дека тие не се вегетерјанци ама како јас како вегетерјанец да им пренесам прасе или кокошка или риба?
Не гледам никаква поента во ова што си го напишал. Не се лутам, разменувам мислења, им давам на гостите што сакам. Се тоа точно ама нема никаква врска, не разменувај бош мислења.Немој да се лутиш, овде разменуваме мислења.
А ти, што сакаш давај им на гостите, можеш и витамински таблети да им даваш
Не разменувам бош мислења. И јас им давам на моите гости што сакам, а ти за тоа се интересирашеНе гледам никаква поента во ова што си го напишал. Не се лутам, разменувам мислења, им давам на гостите што сакам. Се тоа точно ама нема никаква врска, не разменувај бош мислења.
Вегетерјанец ли си ти? Доколку си и им даваш што сакаш, ме интересира. А ако не, не гледам некаква поента да правам вегетерјански муабет со некој што ждере месо.Не разменувам бош мислења. И јас им давам на моите гости што сакам, а ти за тоа се интересираше
Па немој да правиш. Разменувај си рецепти, може ќе ми се допадне нештоВегетерјанец ли си ти? Доколку си и им даваш што сакаш, ме интересира. А ако не, не гледам некаква поента да правам вегетерјански муабет со некој што ждере месо.
Немој така луѓето нема да ми го видат мислењето и нема да ми одговорат на прашањето кое го прашав со цел да се консултирам со другите вегетерјанци. ЧаоПа немој да правиш. Разменувај си рецепти, може ќе ми се допадне нешто
Еве, бидејќи си љубезен, и јас да ти одговорам:Немој така луѓето нема да ми го видат мислењето и нема да ми одговорат на прашањето кое го прашав со цел да се консултирам со другите вегетерјанци. Чао
Вака е подобро.Еве, бидејќи си љубезен, и јас да ти одговорам:
Сестра ми е вегетаријанец, зетот не. Не му забранила да јаде месо. Кога родителите им одеа на гости, за ручек имаа и кокошка нормално, надвор приготвена. Јас сум непушач, ама дозволувам дома кај мене да се пуши. Инаку, не би требало пушач да поканам на гости.
чао