Вегетеријанство

Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Исто е и со мачките да не се повторувам
Мачката ќе умре од недостаток на арахидонска киселина, и тоа поприлично брзо, ако не ја храниш со месо.
но кучето е ноќно животно и тоа ЛОВИ инсекти
најчесто муви и комарци јадат кучињата, понекогаш и пеперуги, за празник најчесто.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.857
Поени од реакции
6.003
Епа ај те молам зошто ти не се вратиш на стариот начин на исхрана со месо? Зошто си вегетаријанец кога толку ги напаѓаш и ги советуваш вегетаријанците да се вратат на исхраната со месо? Значи кога си бил мал демек си добил алергија од месо ама подоцна било докажано дека не е точно, е зошто тогаш не се вратиш на месо? Зошто си и понатаму вегетаријанец?
Затоа што имам одбивност кон месото и не ми е вкусно, не ми се допаѓа и затоа не го јадам. Ако тебе ти се допаѓа и ти е вкусно, при тоа го конзумираш во одредени количини и не ти штети на здравјето, јади си го слободно, ако не ти се свиѓа, не го јади, само немој поради тоа што ги сакаш животните и квази ставови и размислувања..
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Не ми е јасно зошто некои членови (одраз на глупиот менталитет на нацијава) не си гледаат за себе и доаѓаат на темава само да ги плукаат оние што се решиле на вегетаријанство/веганство. Абе ако вас не ви се допаѓа тоа не го практикувајте и крај, не солете памет на други.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53

Точно така. Јас ја отворив темава чисто да размениме некои мислења или рецепти заедно со останатите вегетаријанци/вегани но ете тие после неколкуминутно пребарување на интернет за овие начини на исхрана веднаш доаѓаат тука и како што велиш ти им солат памет на другите дека тоа не било убаво и здраво. Секој што се решил да биде вегетаријанец/веган сигурно читал пред тоа за придобивките и загубите од придржување до ова, но ете тоа е нашиот менталитет.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
461
Поени од реакции
1.363
Не го правам вегетаријанец, јас го хранам со храна која можам да му ја приуштам, а при тоа да не се убивани животни, но кучето е ноќно животно и тоа ЛОВИ инсекти или нешто друго така да кучето не е вегетаријанец.
Доколку чуваше само едно куче или една мачка ќе можеше да си приуштиш да им даваш месо.
Just saying... o_O
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Доколку чуваше само едно куче или една мачка ќе можеше да си приуштиш да им даваш месо.
Just saying... o_O
Во семејството само јас сум вегетаријанец, моите дома јадат месо и понекогаш им даваат и на нив.
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Не ми е јасно зошто некои членови (одраз на глупиот менталитет на нацијава) не си гледаат за себе и доаѓаат на темава само да ги плукаат оние што се решиле на вегетаријанство/веганство. Абе ако вас не ви се допаѓа тоа не го практикувајте и крај, не солете памет на други.
Мене не ми е јасно шо некои членови не си гледаат за себе и доаѓаат на форумов да се фалат дека се вегентерјанци/вегани како тоа да ги прави подобри битија и се прават како нешо посовршени дека се.
Ако ви се допаѓа тоа на вас практикувајте го и крај, не го бутајте на други у фаца демек сте поарни оти го правете тоа.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.720
Поени од реакции
6.979
Во семејството само јас сум вегетаријанец, моите дома јадат месо и понекогаш им даваат и на нив.
Прво кажа дека кучињата и мачките ти ловеле пеперутки и останати животинки, после испадна дека сите дома месо јадете освен ти.
Не ја отвори темата за рецепти, барем така не кажа во воведот. Праша кое е нашето мислење и, ете си кажуваме.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Прво кажа дека кучињата и мачките ти ловеле пеперутки и останати животинки, после испадна дека сите дома месо јадете освен ти.
Не ја отвори темата за рецепти, барем така не кажа во воведот. Праша кое е нашето мислење и, ете си кажуваме.
Точно е се што напишав и не гледам што е тука проблемот. Твоето мислење го прочитав остави некој друг на каже нешто.[DOUBLEPOST=1440003711][/DOUBLEPOST]
Па мора да се снаоѓа, сиромашкото[DOUBLEPOST=1439939477][/DOUBLEPOST]Се мислам да го пријавам у Анима Мунди, ги тормози животните. Ама, и тие ми се сумњиви. Заколнати вегани се, а баратаат со храна за миленици
И што ке им речеш? Ало Анима Мунди сакам да пријавам корисник на кајгана форум под име SimsLover дека ги храни животните "вегетаријански" па ве молам откријте кој е и пријавете во полиција. АХАХАХАХАХ дај не сме смеј жити бога.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.720
Поени од реакции
6.979
Точно е се што напишав и не гледам што е тука проблемот. Твоето мислење го прочитав остави некој друг на каже нешто.[DOUBLEPOST=1440003711][/DOUBLEPOST]

И што ке им речеш? Ало Анима Мунди сакам да пријавам корисник на кајгана форум под име SimsLover дека ги храни животните "вегетаријански" па ве молам откријте кој е и пријавете во полиција. АХАХАХАХАХ дај не сме смеј жити бога.
Не се секирај, нема веќе да пишувам овде, освен ако не постираш некој рецепт со чварки.
Навистина поверува за Анима Мунди?
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Мене не ми е јасно шо некои членови не си гледаат за себе и доаѓаат на форумов да се фалат дека се вегентерјанци/вегани како тоа да ги прави подобри битија и се прават како нешо посовршени дека се.
Ако ви се допаѓа тоа на вас практикувајте го и крај, не го бутајте на други у фаца демек сте поарни оти го правете тоа.
Никој тебе не ти стаи нож под грло за да станеш вегетаријанец, темата е за вегетаријанците. Ако не ти се допаѓа не ја читај и не коментирај на нејзе.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Мене не ми е јасно шо некои членови не си гледаат за себе и доаѓаат на форумов да се фалат дека се вегентерјанци/вегани како тоа да ги прави подобри битија и се прават како нешо посовршени дека се.
Ако ви се допаѓа тоа на вас практикувајте го и крај, не го бутајте на други у фаца демек сте поарни оти го правете тоа.
Темава е отворена за рецепти како што можеш да прочиташ од администраторот, никој тука не е дојден за да се фали дека е нешто надчовечки затоа што е вегетаријанец или дека е посовршен. Незнам зошто ако си толку против вегетаријанците доаѓаш тука и ја посетуваш темава?[DOUBLEPOST=1440008530][/DOUBLEPOST]
Не се секирај, нема веќе да пишувам овде, освен ако не постираш некој рецепт со чварки.
Навистина поверува за Анима Мунди?
Очекуваш рецепт со чварки во тема за вегетаријанци?? Еееее ке се изначекаш.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Тие влезените во вегетаријански филм некој, нека земат нека прочитаат што значи тоа синџир на исхрана како прво? Потоа нека прочитаат малку повеќе за планетава на којашто живеат, како еден глобален еко-систем, во којшто и човекот е дел и тоа значаен, нека прочитаат за еволуција, адаптација, анатомијата на дигестивниот систем кај човекот итн...И како нешто најбитно- дали вие уопште сте информирани за значењето на храната од животинско потекло којашто човекот ја внесува? Знаете ли повеќето доктори специјалисти што мислат за вас? Од врата велат дека кога ќе влезе вегетаријанец или веган по фацата го познаваат...
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Темава е отворена за рецепти како што можеш да прочиташ од администраторот, никој тука не е дојден за да се фали дека е нешто надчовечки затоа што е вегетаријанец или дека е посовршен. Незнам зошто ако си толку против вегетаријанците доаѓаш тука и ја посетуваш темава?[DOUBLEPOST=1440008530][/DOUBLEPOST]

Очекуваш рецепт со чварки во тема за вегетаријанци?? Еееее ке се изначекаш.
Прашање: како внесуваш вит. Б12, витД, омега3, омега 6?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom