За Св.НИкола, зимоска, ја пресековне лентата од бочвата. Имаше за клопање свински ребра. Се загреавне со по 2-3 ракичина, па манавне на винцето црвено. Бевне 12-13 души. Некои се напија по 2 чаши и си заминаја дома. Останавне 5-6 фајтери. Другиот ден што ќе видиме, бочвето преполовено, сме испиле над 20л вино.
Дома рикав ко вол, мислев дека ке умрам. Наредниот ден не ме болеше главата, лукот ме спасил.
Друга случка.
Од веселба в кафана, кај другар дома, вика, дипломирав, па ај и тој изваде ракија. Се освежив со едно кафе и со другарот во еден битолски локал. После низата ракија, ракија, ракија,...продолжив со смирнов, смирнов,...Порачав две б-52, другарот одби, двете ги манав на екс и исклучи батеријата. Се сеќавам само дека сум разговарал со обезбедувањето, бог знај шо. Ме однесе познаник со такси до дома. Овај другарот од ко сум почнал да го тепам на мајтап, фатил си заминал.
Наредните денови многу познати со комплименти. Сум кажвал мајтапи, сум бил весел, сум се смеел, сум гибал познати чупиња (пристојно), не сум скршил ништо, ни сум се степал, ни сум се скарал со никој. Тој што ме однесе дома го прашав, ами ако немаше инцидент, што сакаше обезбедувањето. Дошле да ме прашаат дали сум добро, оти бев честитка.
И кесето салам испразнето, сум частел се познато.
Абе, бегај, ко ќе ми текни, страв ме фаќа од вакви екстремности.
,,Пивото е за мочковците, ракијата за мажите, виното за јунаците’’
кој не верува, нека проба