Интегритет, независност, емоционална одалеченост, карактер и сила која еуруптира. Алфа Мажјак, Ладен, тотално емоционално непристапен и ни грам нежност или желба за блискост со било кој, но човек кој најмногу на свет ме сакал на свој уникатен начин, неразбирлив за сите. И покрај се, сите негови критики, суровост, реалност, дирекност, страв еден негов поглед во тишина беше доволен да сватам колку тој човек стварно ме сака и мисли на мене со сето срце, иако не знае како тоа да го покаже. Можеби зашто тешкиот и мачен живот низ кој поминал не дозволил простор за слабост и емоционална поврзаност со никого. Имав детство материјално исполнето од секој аспект, иако емоционално празно. Научив многу работи од него, можеби најважната од сите, како да бидам вистински маж и да се борам за својата независност со сите сили, да гинам за материјално богаство, да барам сигурност и задоволство во ресурсите и кога ќе оформам фамилија да можам да обезбедам за неа по секоја цена, вистински да ја почитувам својата жена. Но најважното нешто што ми остана да научам од него е дека вистинската среќа лежи во душата на човекот и вистинската поврзаност со најблиските, кој тој не знаеше да ја покаже, но сакаше да сватам дека иако материјално беше богата личност живот полн со успеси, нешто недостигаше во него, празнина, и секогаш гледаше во мене дали ќе можам да бидам успешен и независен како него а во исто време близок и полн со љубов на начин на кој што он незнаеше.