Вашиот татко!

  • Креатор на темата Креатор на темата sunshinebaby
  • Време на започнување Време на започнување
Тато = мој омилен збор...
Тато = мажот на мојот живот...
Тато = најпрекрасната машка особа
Тато= секогаш расположен за кинење од смеа, давање совети и поддршка... Не би издржала ни ден знаејќи дека го нема !!!
 
Го сакам татко ми е ама во ништо не можеме да се разбереме. Многу назаден човек еј, мисли дека ова е времето негово е кога тој живеел па ми раскажува прикаски како било тогаш. За се што треба да купам треба преговори да се водат прво а не дека нема пари. Те тера прво да го молиш за да ти даде пари да купиш некое парталче. Затоа не би бил никогаш како него.
 
Многу сум послична со татко ми отколку со мајка ми, т.е спротивна сум од мајка ми скроз......за некои работи ептен ме нервира , али кога ќе се подзамислам и јас сум таква и исто реагирам во такви ситуации :D
 
Некогаш кога сум сама размислувам за татко ми. Каде згрешивме? Никогаш сум немала татко каков што посакував. Тој е човек кој секогаш за се може да те прекори, неговиот став и гледања за животот се секогаш најдобри и најисправни, строг и секогаш брз на јазик.... таков е мојот татко. Секогаш кога ме прекоруваше за нешто за кое што знам дека сум во право посакував едноставно да исчезне од лицето на земјата. Тој можеше со часови да држи предавања за тоа како треба како не. Никогаш ама баш никогаш нема кренато рака на мене ниту пак на сестра ми.(за разлика од мајка ми која велеше ,,ќотекот излегол од рајот,,:) ) како не? Е сега после многу години откако се омажив и се разбира отидов од дома татко ми стана сосема друг човек. Зошто? Затоа што за да цениш нешто треба првин да го изгубиш. Како и да е се она кое што тој ми го зборуваше тогаш јас сега го сваќам ама доцна нели.
Имал право и тоа за многу работи. Но, јас го сакам неможам сега често да се гледам со него ама многу ми недостасува. Само да е жив и здрав доволно е кога ке му го слушнам гласот.
 
Тивок сталожен знае да те ислуша посоветува и пред се да ме поддржи кон остварување на моите амбиции
 
Татко ми е ... вистински татко.
Нема потреба да го редам со епитети и да му давам комплименти.Тоа го правам секој ден со личноста во која што сум се претворила.
 
Ги сакам и татко ми и мајка ми подеднаво. Иако со мајка ми имам подобри односи. Тато првин ќе ме искритикува, па малку ќе се нервира и ќе се лути, па после ќе ти даде некој совет (обично неколкуте исти ги повторува :tapp: ), и на крај ќе се шегува на твоја сметка. На пример сум добил кец математика. Првин ќе ми се дере дека не учам, дека во школо одам за заебанции. После ќе ќути некое време и ќе гледа намуртено, и на крај ќе ми рече дека морам повеќе да учам и да си ја сфатам сериозно работата. И обично после саат два ќе ме вика "математичар", ако треба нешто да се пресмета ќе ми рече на мене и ќе се смее и така :) Ги знам како дланкава како ќе реагираат, и обично знам што да очекувам. Во многу ситуации сум ист како татко ми. Во многу работи сакам да сум ист како него, но во многу и да не сум. Никој не е совршен. Ги сакам и ги почитувам, и тие мене и доволно ми е :)
 
Мојот татко е херој од некој роман. Мојот татко е се она што јас сакам да бидам.
Како знам дека е вистинскиот татко? Кога бев мал ако над куќа поминеше авион или имаше земјотрес, татко ми немаше да се разбуди, ама јас во другата соба ако се помрднев малку или ако кивнев тој одма се будеше.
Тоа е тој родителски инстинкт кој говори за исконската поврзаност на луѓето, онаа која тој ја има воспоставено со мене.

Татко ми е тој кој ме научи за музиката, за книгите и за филмовите. Неговиот омилен бенд е Лед Цепелин, дури и на фејсбук на профајл си го ставил Лед Цепелин 4 :icon_lol:.
Цел живот го посвети да ме извади на прав пат, сам кога немаше никаква помош и ми беше и татко и мајка, додека по цел ден одеше на работа, беше музички новинар и главен уредник во радио, а навечер ме носеше на кино и на театар. Татко ми е тој кој се спријателил со Бора Чорба, ги интервјуирал Бајага и Рамбо Амадеус и пиел кафе со нив. Татко ми е тој кој ме однесе во живо да ги видам Рокси Мјузик, а многу подоцна и Брајан Фери.

Покрај тоа, мојот татко има чудна желба да се натпреварува со мене. Секогаш кога играме фудбал, тој игра против мене и со сета сила ме гаѓа со топката за после да изиграва интересен. Еднаш ме фаулира на цименто, се оправ, од на фудбал ме однесе на костозглобна директно и ми рече дека така човек се челичи.
Пинг понг ми играше со лева рака и ко за инает никогаш во ниеден спорт ништо не ми попушти.:mad:

Татко ми е човекот кој ме запозна со Фелини и Серџо Леоне.
Еднаш ме однесе на еротски филм "Последниот кинески цар" и ми рече да не им кажувам на баба и дедо, тој е човекот кој ми го криеше Eyes wide shut за да не го гледам и упорно ми кажуваше да го одбегавам затоа што му е еден од омилените филмови. После сфатив дека не се зафркавал.
Како наивен љубител на седмата уметност, омилена серија му е Твин Пикс, ама сега се релаксира со Долина на волците.

Татко ми е мојот најдобар пријател. Татко ми е човекот за кого живеам и човекот кој сакам да го правам среќен до крајот на животот затоа што му должам се, и затоа што го сакам, како ништо друго и никој друг на светов.
 
Tatko kakov i da e treba da e prifaten ...go sakam i pocituvam isto kako i mojata majka..nivniot uspeh sum jas ...kako sto i moite deca ke bidat uspeh za nas.
 
Татичко... Знам дека те разочарав, знам дека не сакаше ваква ќерка, знам дека требаше до сега да завршам со факултетот, знам дека требаше да ти родам внуче, знам дека требаше да изберам добар маж за себе, знам дека требаше да молчам додека ти ми збореше, знам дека не требаше да се правам паметна пред тебе ... Знам дека боли што твоето девојче порасна ...
Но те молам татичко уште малце почекај ме ... Ќе видиш дека ќе си најсреќниот татко на светот ...

Утре ти е именден... Нека ти е вечно името ... И знај само поради тебе го сакам тој празник повеќе од мојот роденден...
 
Вака некако требаше да биде али...:(

demotivacija.rs_Otac-Njemu-duguje_131730331342.jpg
 
Многу ми недостигаш. Секој ден мислам на тебе, ќе застанам пред огледало секое сабајле и веднаш ми е твојот лик пред очи. Би сакал да можеше да ме испратиш кога прв пат отидов на екскурзија, да наздравевме кога матурирав, па сега да наздравиме кога ќе дипломирам.
Најмногу ми недостига твојот оптимизам, ти имаше решение за се, ме критикуваше кога се плашев кога грмеше и ми објаснуваше со саати дека тоа е само игра на природата. Ми велеше „Секогаш кога се плашиш погледни во небото, ако е темно погледни во ѕвездите, ако има облаци сфати –така требало да биде“ Никогаш нема да заборавам кога измрзнавме една вечер на планина зашто сакав да го гледам црвеното небо и да слушам приказни за него, ти ми вети дека некој ден ќе отидеме да ја видиме Аурората... Уште ги чувам твоите белешки, пишувам книга, се надевам дека ќе биде во скоро време. Тука се сите спомени за тебе. Никогаш нема да те заборавам.
 
Малку е ако кажам дека си ми идол во животот. Малку е ако кажам дека си ми пример како некој треба да се однесува, и воопшто да живее. Секој твој збор за мене е една голема животна лекција. Се обидувам да правам токму онака како што ти правиш затоа што сега знам дека тоа е она правилното.
Премногу сум горда сето ова да ти го кажам. Знам дека и ти самиот не ги очекуваш овие зборови од мене. Мислиш дека кога ќе ти треснам врата тоа е затоа што мислам дека трескаш глупости, но тоа го правам затоа што секогаш ама баш секогаш имаш право, а мене ми е тешко да го признаам тоа.
Но те сакам премногу :) И знам дека ти тоа го знаеш. Исто онака како што јас знам дека ти секогаш ќе бидеш до мене и никогаш нема да ме оставиш. Со сигурност чекорам во животот токму заради тебе, затоа што знам дека секогаш ќе си тука да ми помогнеш да станам ако паднам.
Благодарам што си таков татко, благодарам што си таков човек :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom