Вие сите,кои имате хармонични и нормални односи со вашите татковци,не сте свесни колку сте среќни..
Дома имам гнига,која работи приватно околу 15 години,која од мојата 15 година почна да се лади,а сега целата иронија,сарказам,злобни коментари и пакост ми ја нанесува на мене,точно 2 години не разговараме,се одминуваме и поднесуваме дома како дел од инвентарот,секогаш гледал првин за себе и својот ќеф,има низок морал(ке ме сватите) и високо мислење за себе,па така не само што ни го спушта по дома и изиграва командант,туку и другите луѓе за рзо време ги губи..не знам да има пријател постар од 3-4 години,речиси сите му го ставаат у г*,затоа што сака на другите да помага,да се покаже,а ем свесен дека е искористена крпа..од неговите пари и работа многу време немам видено ништо,живеам од мајками,и како живеам само јас знам...не памтам да излезам да купам нешто за себе,а да не мора 184 пати да размислам за парите,и пак е најефтино,и пак брзо се расипува и гуи форма за 2 месеца...
ко помала,имавме ок однос,ме апаше,муабет правевме,но имаше строгост и студенило кај него..да го видите,тој е премногу далечен,злобен,бизнисмен кој многу време на сопствената ќерка и нема честитано роденден,кој труби злобни коментари зошто сум седела до доцна на интернет а не сум станала нешто да поработам..со него за ништо немам разговарано,ни еден совет немам примено,поради него немам никаква доверба во машкиот род,поради него мразам материјалности,и критериумите ми се толку истенчени што тој комплекс на немање реална фигура-татко,го лечам правејки хаос од моите врски и пак останувајки сама..
на фамилијата и нанесе срам и зло,ги расипа сите релации со роднините,живее сам како бог и е многу самобендисан,само префрлува за мене пред мене во трето лице еднина како да сум јас копиљка,а мајками е мекушац,па целата вина за овој однос ја префрла на мене,без да биде свесна дека јас станав непријател со таткоми бранејки ја неа..
влегов помегу односите на моите родители штитејки ја мајками.и сега останав речиси и без двајцата.
атмосферата е неподнослива,не им се кажува здраво на моите пријатели,секој мој потег се осудува,ило да идам у веце или да седам на интернет,во него гледам само едно огромно зло,сарказам и цинизам без граници..
понекогаш,кога одам на гости кај другарките,со огромен занес разговарам со нивните татковци,и само за момент замислувам дека разговарам со својот..ги слушам со љубов нивните разговори,гледам како разменуваат насмевки,моментот кога таткото и подава на керката 500 за во град е најболен,јас од него последен пат добив пари за во град,така што го избави купчето од џеботи,и ги фрли сите пред моите нозе навредувајки ме..од тогаш ги мразам парите,и го молам бога да ме облече во партали,но да ми даде среќно семејство!