Ти не можеше да одиш сама да си купиш:pos2мала шала).Татко ми е многу досаден особено кога ќе се поднапие :pos2: ама срцка е. Премногу го сакам, премногу се грижи за мене и се гордеам со него. Ми има покажано на многу начини дека ме сака, а и јас на него. Ма за ништо на светов нема да го лишам од мојата љубов. Еднаш згрешив, ама добро, тогаш бев тврда и не покажував емоции, ама сега...
Инаку троа е неодговорен, заборава... треба сто пати да му кажам дека фали нешто во куќа па да оди да купи :pos2: ете, сијалица за во соба ми купуваше цела недела, не знам како не му здосади оноа: Татооооооо немам сијалицаааааа во собааааааааа!!! И да може една работа да ја повтори милион пати со цел да ме потсети ќе го направи тоа.. кога за да ме потсети, кога за уз муабет:pos2:
Инаку супер е, прав другар, му се доверувам за многу работи и ме насочува во животот. Душиче:smir:
Инаку мојот однос со татко ми е онака..прекрасен.Знае да биде откачен,и колку шо тој може да ме насмее немозже никој,но знае да биде и строг,што во неколку наврати се покажало многу позитивно за мене.Обожаватели сме на фудбал,навивачи на Реал Мадрид(ХАЛА МАДРИД):smir:.Иначе е сирак од 14 година,и било дете со голема образовна перспектива.Но откако умрел дедоми,се запуштил,почнал да оди по фудбали,баталил школо,едвај поминал средно.До пред некој месец работеше во една фирма ,но го отпуштија.И сега човекот нема шо да прави,образование јок.Е тука е многу строг и многу упорен.Сака да бидам некој и нешто,човек кој ке биде успешен во тоа што ке го работи.А јас сето тоа го почитувам,зашто знам дека му е жал што не го живеел животот на некаков поинаков начин.Иначе во останатите смисли,ТОП.Знае многу работи,знае да се постави во одредени работи,нема предрасуди,модерен си е цовекот бе.Многу е емотивец,и често знае да изрази емоции,но тешко мене ако го налутам многу.Се на се,за мене тато е БОГ..