Чудно е како еволуирало мислењето за мојот татко со текот на годините,без воопшто да бидам свесна за тоа.
Кога бев дете мислев дека е лош,дека не ме сака,дека е себичен и неправеден,кога одбиваше да ми помогне околу нешто или барем малку да ми олесни.Сега гледам дека не било така,дека сето тоа имало некоја цел,дека сакал од мене да направи силна личност,цврст карактер,самостојна и храбра личност.И успеа во тоа,уствари можам да кажам дека се надмина себеси.
Ако имам некои квалитети,тоа се токму тие,и вечно ќе му бидам благодарна за тоа.Не сакам ни да помислам на што ќе личеше мојот живот ако не ги вградеше овие особини во мојот карактер,тоа е највредното нешто што го сторил за мене.
Сепак,има нешто за што ми е малку криво...за време на целиов процес на спартанско воспитување,се испречи некоја дистанца меѓу нас и ден денес ми е тешко да се отворам пред него,да побарам помош или мислење за некој проблем,иако сум сигурна дека радо би ми помогнал,но ете не можам никако.Сигурна сум дека би ме разбрал илјада пати подобро од мајка ми,али и тоа не ми помага...па секогаш гледам да прикријам проблем,загриженост,да не покажам слабост,иако знам дека тој е свесен за тоа,и мислам дека тоа е тажно.:icon_frow
Тако ми ме сака,сигурна сум и за ова.Сум ја видела неговата грижа,неговиот очај во навистина очајните моменти,неговата љубов пресликана токму во настојувањето по секоја цена ме извлече од кризата,иако објективно ја немал таквата моќ.Сум ја видела неговата гордост,тогаш кога требало да ја има заради мене и никогаш не ми недостигала неговата поддршка.
Инаку,немам никакви замерки за него...човек,ни помалку ни повеќе од другите.
Објективно гледано,мислам дека има многу квалитети како личност и го ценам многу.Можам да научам,сум научила и учам многу нешта од него.Имал и самиот тешко детство,бил ограничуван за многу нешта,па затоа гледа да не ме ограничува за ништо,иако за се` има мислење,кое јас секогаш сакам да го слушнам.Понекогаш не се согласувам,ама никогаш не мислам дека е глупо,оти стварно никогаш не е,издржано е и има некаква логика.
Немам многу допирни точки со него карактерно,но се трудам да го разберам за се` и гледам дека и тој се труди.И го прифаќам таков каков што е,со сите предности и мани,и го сакам,со сите предности и мани.Незаменлив е.:back: