Вашиот татко!

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.711
Поени од реакции
4.909
Скоро никогаш не праиме муабет за ништо ...никогаш не сме имале нешто заеднички интереси... ама го сфаќам ..тежок живот имал и ок ми е сето тоа.
 

.:TINA:.PINK

.:oksimoronka:.
Член од
17 август 2008
Мислења
354
Поени од реакции
16
Леле темава...Овде би можела да се изнапишам.... Едноставно го обожавам! Личноста што најмногу од мојата фамилија ја сакам е татко ми! Секогаш е тука за мене, кога ми е тешко барам негов совет, најчесто љубовен(најдобар совет тука може на ќерка да даде таткото)...Откачен е вкрај, колку глупости сме правеле, мама само не кара :smir: се интересираме за исти работи,уметност, музика, филозофии некојси...а и карактерот на него ми е, можеби и затоа многу се сложуваме..Кога е овде, понекогаш навечер го земам со мене со друштво, шетаме....многу е откачен, ептен си го сакам!
HM, KAMO TAKOV TATKO DA IMAM..
btw. da ne pisuvam referati, tatko mi e sprotivnosta na tatk i na MaRyJaNe-poison
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Едноставно го обожавам! Личноста што најмногу од мојата фамилија ја сакам е татко ми!
Којзнае какво ли мислење и став имаат моите деца за мене, а баш би сакал негде да напишат барем, па да прочитам (макар и негативен). Али од тој аспект се многу тивки и затворени, па...најверојатно никогаш нема ни да дознаам.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Којзнае какво ли мислење и став имаат моите деца за мене, а баш би сакал негде да напишат барем, па да прочитам (макар и негативен). Али од тој аспект се многу тивки и затворени, па...најверојатно никогаш нема ни да дознаам.
Може да прашам која возраст се децата?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
13 и накај 19, машки. Значи во старт позатворени за вакви изливи на нежност и муабети (па и генчето им е такво :) ).
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
13 и накај 19, машки. Значи во старт позатворени за вакви изливи на нежност и муабети (па и генчето им е такво :) ).
Предпоставував дека се поголеми, па кога рече и машки се ми стана јасно :) Машките љубовта кон родителите не ја покажуват туку ја докажуват :) Додека женските се тие што им е потребно поголемо внимание и повеќе се умилкуват. Читав дека колку и да не е покажена на пубертетлии љубовта кон родителите, посебно кон мајката им е секогаш на прво место, но тоа го потиснуват и остават впечаток дека се друго им е поважно отколку родителите :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Инаку, не само младите, се до крај на (својот или нивниот) живот синот/ќерката се советуваат, дружат и бараат поддршка од родителот. Без разлика дали сте на 20, 30, 40 или 50 години, секогаш родителот ќе ви е прв за се. Еден нивни збор е далеку поголем и потежок од било што. Дури и како созрева, формира и развива фамилија, повеќе проблеми, повеќе бариери кои секогаш полесно се поминуваат со совет и поддршка од родителот. Иако некогаш нефункционален, родителски совет, збор... дава огромна психолошка предност во секој период од животот.

Читав дека колку и да не е покажена на пубертетлии љубовта кон родителите, посебно кон мајката им е секогаш на прво место, но тоа го потиснуват и остават впечаток дека се друго им е поважно отколку родителите :)
Знам, тоа било случај и со мене, но тоа е тој малку мутав период на прилагодување, определување, револуција... И ретко посебно на машко му се испуштаат вакви ствари, ретко се отвора -мај кејс, јас и родителите и јас како родител и децата -пубертет, историјата се повторува :)
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Имав некаде свој пост на темава,но неможев да го најдам.
Како и да е,еве пишувам нов...
Мојот татко е далеку од добар татко.Всушност не паметам кога последен пат ме гушнал,онака како што само татковците знаат,кога последен пат сме направиле нешто заедно,не паметам кога последен пат ми кажал:“Тина те сакам.“
Некогаш мислам дека воопшто не му значам,дека секогаш останатите му се пред мене,дека жали што постојам...дека ме смета за негова грешка.
Скоро никогаш не е дома,14 години веќе го живеам истото.Се навикнав на тоа полека.Се навикнав на тоа дека никогаш нема да имам татко како што останатите имаат,и се соочив со тоа дека работата и парите му се најважни во животот.
Се навикнав на безвезните караници што ги имаме,во врска со тоа дали патиките сум ги оставила на сред ходник или пред соба,се навикнав на тоа се да му смета,се навикнав на тоа негово дерење без причина и на тоа што незнае никогаш да каже „Извини,не сакав“.
Бесна сум на него,само јас си знам колку и додека сите овде пишуваат како нивниот татко е ѕвер,како тој е најдобриот човек во нивниот живот,дека го сакаат најмногу и дека не би знаеле што би правеле без него јас само кажувам дека тој е тој кој што најмногу ме повредува,кој што со еден збор или потег успева да ми го скрши срцето на милиони,подоцна тешко спојливи парченца.
Жалам што сум скоро иста како него во карактерот.Жалам што личам на него физички,па колку и да некогаш таа “убавина„ ми донела многу работи во животот.
Пробувам да ги скријам оние работи кои што ги имам од него,ги притискам во себе,но секогаш излегуваат на површина или пак кога ќе се погледнам во огледало.Затоа и некогаш се мразам себеси,затоа и некогаш сфаќам дека сум прав кретен во однесување кога се лутам за секоја глупава еб*на ситница,кога ми е тешко да кажам „Извини“,а да знам дека сум згрешила.Одам против тоа,но едноставно...против некои работи е тооолку тешко да се оди...:cry::cry::cry:
И нема да го завршам постов со:„Те сакам највеќе тато“ туку ќе го завршам со:
Еден ден ќе сфатиш каква ќерка имаш.Каква ќерка одгледала твојата сопруга,мајка ми.Ќе сфатиш дека си изгубил/пропуштил многу работи поврзани со мене.Ќе жалиш,ти ветувам дека ќе зажалиш за секоја моја солза предизвикана од тебе.
И не те сакам,не си ми важен,сеедно ми е тоа што ти се случува,така ме научи ти.Да бидам идиот во однесување и ете,сега си го добиваш тоа назад и допрва ќе го добиеш исто како...
БУМЕРАНГ!!!
Не биди како него
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Не ми значи ништо освен материјална појава која е празна. Нема душа, интелект,едноставно-несозреан е. Не знае да цени ништо, не знае да се однесува како човек, нема срам, нема амбиции-едноставно паразит. Одбегнувам да го гледам и не го сместувам во категоријата на живите.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Што татковци ќе имавме? па зошто тогаш стварале деца ако незнаат да ги сакаат не требале ни да се женат подобро сами да останале цел живот саможивници.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Што татковци ќе имавме? па зошто тогаш стварале деца ако незнаат да ги сакаат не требале ни да се женат подобро сами да останале цел живот саможивници.
Ретки се тие татковци кои ја покажуваат љубовта. Татко е авторитетна личност во фамилијата, таткото е тој кој треба да остане ладен и во најжешката ситуација, да ја донесе последната одлука и да го исхрани семејството (зборам за постарите генерации, сегашните се измелезија :) ) Мојот татко со еден збор ме тераше да бегам в соба и плачам по цел ден, но никогаш не се посомневав во неговата љубов. Он беше личност со кој мајка ни не плашеше :Е ќе видите кога ќе дојде татко ти, ќе те кажам на татко ти, ако дознае татко ти... :)))) Но секогаш кога и да се поздравам и заминам плаче ко мало дете и со недели е болен. Иако беше строг имав и имам огромен респект спрема него, и никогаш не помислив дека помалку ме сака од мајка ми.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Во право си, но има деца кои имаат навистина горки искуства со таткото. Иако со него и ден денес сум во конфликт нема ден да не се скара ме но ако ме нема подолго од дома нон стоп ми се јавуваи бара да се вратам дома.Јас верувам дека ме сака но на некој негов својствен начин.Што можеби јас неможам да го разберам во секој случај ми е родител.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Ретки се тие татковци кои ја покажуваат љубовта. Татко е авторитетна личност во фамилијата, таткото е тој кој треба да остане ладен и во најжешката ситуација, да ја донесе последната одлука и да го исхрани семејството (зборам за постарите генерации, сегашните се измелезија :) ) Мојот татко со еден збор ме тераше да бегам в соба и плачам по цел ден, но никогаш не се посомневав во неговата љубов. Он беше личност со кој мајка ни не плашеше :Е ќе видите кога ќе дојде татко ти, ќе те кажам на татко ти, ако дознае татко ти... :)))) Но секогаш кога и да се поздравам и заминам плаче ко мало дете и со недели е болен. Иако беше строг имав и имам огромен респект спрема него, и никогаш не помислив дека помалку ме сака од мајка ми.
Да,вистина е дека се ретки,но едноставно [ќе зборувам за себе сега] потребно ми е да ми каже барем еднаш дека му значам,потребно ми е да ми докаже дека не му е жал затоа што постојам,затоа што ме има...
Наместо нон-стоп да биде груб,да пробува да изиграва авторитет,да ме кара за глупости,може да ме седне и еден муабет асален да направи со мене...[и покрај тоа што ретко е дома] сепак потребно ми е тоа,а и не сум мало бебе веќе,сфаќам што и како се случува околу мене.Како и да е,незнам ни дали ќе вреди повеќе,како што кажав се навикнав на тоа и така си живеам веќе 14 години.Ху керс абаут ит.

Не биди како него
А јас мислиш сакам? Напишав погоре се јасно...
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Мојот татко е далеку од добар татко.Всушност не паметам кога последен пат ме гушнал,онака како што само татковците знаат,кога последен пат сме направиле нешто заедно,не паметам кога последен пат ми кажал:“Тина те сакам.“
то шо не ти рекол мн време те сакал или не те гушнал не мора ништо да значи. Јас не памтам воопшто некогаш татко ми да ми рекол те сакам, па го поштовам најмногу на светот, а и тој мене.
Не мора да кажиш дека сакаш за да докажиш дека сакаш. Постапките се доволни, ма да и тие некогаш не изгледат баш така.
Али уште си мала ко ќе потпорасниш сигурен сум дека ќе го смениш мислењето. Ако ме прашал и мене шо мислам за татко ми ко сум имал 14 години најверојатно и јас ќе речев дека не е ништо посебно и дека ме нервира, пошо стално ме пуштаја по продавници ваму таму :):) и нормално дете ко дете се нервираш :).

И вервај дека татко ти се грижи за тебе исто колку и мајка ти , само шо не го покажва то :smir:
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Не оде таа така... еве пример ќе дадам, си иде дома Тина и вика Тато, тато ме примија во гимназија... и овој да рече океј... тоа не е татко... ќе рече браво тинче, се исплати трудот, те сакам, едно друго,, :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom