ex machina
сфинге раја
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 721
- Поени од реакции
- 104
Јас моето (сеуште неродено дете) планирам да го одгледувам и воспитувам во знакот на науката, согледување на суштината на нештата и откривањето нови хоризонти. Во оваа насока, главна и основна движечка сила е љубопитноста. Кога љубопитното дете, жедно за знаења од сите области ќе го пуштам во вистинскиот свет, тоа ќе сака да го види и осознае животот од сите можни аспекти. Дрогата е еден аспект на социјалниот живот кој кој едноставно не може да се избегне, затоа што е интегриран во lifestyle-от на модерното време. Не можам да очекувам дека моето дете ќе биде глуво, слепо и неосетливо на околината, освен ако не е аутиста. Единствено што сакам да очекувам е дека ќе размислува со своја глава и ќе ја препрашува веродостојноста на официјалните и неофицијалните авторитети, дури и по цена на конфликт со учесниците во образовниот, социјалниот, па и законодавниот систем. Од себе си можам да очекувам дека нема да го лажам детето или да му кажувам невистини во врска со животот, само затоа што тоа во тој момент е полесниот пат.
Според мене, неинформираноста на родителите кои ја демонизираат дрогата, фрлајќи ја целата во еден кош, придонесува децата да ги отфрлат информациите од родителите како неточни и бескорисни и да ги прифатат размислувањата од средината, што е екстремно опасно. Еве пример на размислување на пубертетлија:
Татко ми вика дека дрогата е зло, а тие што користат наркомани и не треба да ги дружам. На телевизија оној чичкото од Центарот за борба со зависности рече дека и алкохолот е дрога, а тато без пиво не седнува на ручек. А кога ќе се соберат по имендени и родендени и слави роднините се праат лом не знаат што зборат. Мене ми го забрануваат она што и самите го прават. Зошто да им верувам? Зошто да ги слушам? Поима немаат. Другар ми Тино дува од осмо оделение и ене го сеа ќе заврши средно и е одличен ученик. Значи стварно на моите им поминал рокот на траење и благе везе немаат од животот.
Со подобра информираност и реално разбирање на ситуацијата, родителите можат многу повеќе да се приближат до децата, да ги запознаат нивните другарчиња, навики за излегување, и да ги увидат знаците на промена уште во зачеток, а не кога ќе биде касно.
Јас ќе и верувам на ќерка ми дека нема да дува трева у школо, и дека нема да меша алкохоли, или нема да меша алкохол и party drugs. Она ќе ми верува дека хероин е дрога без хепиенд, а јас ќе и верувам дека е паметна. Понатаму, нека му верува на здравиот разум.
Тоа е тоа, ајмо сад :violent1: , спремна сум.