Ваша поезија!

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Екипа,

сѐ што ќе напишете во стихови не е позија.
Намалете малку со постирање глупости.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
За поезијата...

...да се разбере треба да се напише
...за да се напише треба да се доживее
...да се доживее треба слобода на душата
...а неа не и требаат стеги,шаблони и клишеа
...ете,само заради тоа е толлку убава
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
ВЕЧЕРА СО ПОЕТИ

Беше како на јаве, а сепак сон беше,
на вечера меѓу српски поети,
безвременски уметнички великани,
книги од нив прочитани.

Еден од нив се сврте,
со прст кон мене покажа и ми вели:
,,..твоје улагање у стихове, драга, је врло танко,
ја сам, Радичевиќ Бранко..,,.

Наеднаш на рамо почувствував допир,
и друг глас се слушна,
,,.. и мој стиховни израз за тебе душо, као тај,
ја сам, Јован Јовановиќ Змај..,,

Тој, ме погали по рака и ми шепна,
,,... узми моје срце,
за та два стиховна израза, ниси ти цура,
ја сам, Јакшиќ Ѓура...,,.

 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398


Сон

Не беше чуден, туку онака реален,
од оној сон посакуван од сите заспани,
сон кој под топол јорган морници создава,
таков сон беше!

Не знам дали е утро или пладне,
ваков сон може да биде безвременски,
не знам дали е зима или лето,
ваков сон може да испоти било кога!

Не се сеќавам како почна,
но знам како заврши,
барем сонот имаше волшебни бои,
ете виножитото уште го гледам!
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Sekvenca #6

I kada se usta od požude skupu
kada telo postane rob svojih želja
prestaje razum,rađa se maštanje
Ne postoje likovi,same divlje emocije
i srca dva kao ritualni bubnjevi u taktu ludila
Ne poželi sebe do mene,ostani mi u venama
realitet je dodir zaborava
realitet je loša kopija našeg postojanja
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Не е моја, но во чест на светскиот ден на поезијата, за чиешто одбележување прочитав тука, на Кајгана, да потсетам на некои песни од мене омилениот македонски поет, кој, за жал, прерано не' напушти, Игор Исаковски.
СЛУШАЈ:
време ми е: сакам да потечам
низ потокот; од времето да знам
дел сум – дробна искра,
нежна и тивка. како спуштен чекан.
слушај: горат круните на дрвјата,
додека камионите собираат
ѓубре. во ноќва, гледам Ескими
како внимателно газат врз мраз.
сонцето заканувачки им надира
кон очите. умни се Ескимите,
немој да се плашиш за нив.
гори сонцето на друг крај од
светов; слушај: овде мрзнат
крилјата на птиците малку пред
да полетаат. крцка од застоеност.
врз плочниците паѓаат сребрени
кованици; ситни монети кои времето
го бројат. како исфрлени од фонтана
на желби. слушај: на крстосницата
страда една душа, од две направена.
како две тркала на еден велосипед
кои постојано се следат но не се допираат.
никогаш онака како два носа
кои засекогаш разменуваат мириси.
пак ти кажав сè, на тебе што ме слушаш.


ЗНАЕШ

стари ми се дланките: полни лузни и брчки.
како кора од старо, прастаро, дрво... знаеш.
ги прекрстувам, како мисли, како некажани
зборови. тивко, ненаметливо. па, сепак,
моите дланки ти пишуваат. со гласноста
на сржта, без пресметки, без очекувања,
со силината на копнежот, со жарот од
посакувањето, и сигурно уште нешто
овде ненаброено, ти пишуваат моите
стари дланки, полни лузни и брчки.
дојди, ќе ти раскажам за километрите
преку грбот на змијата, дојди за низ
шепот да ти кажам добро е. дојди,
ќе ти покажам: те чувам.
низ моите брчки се прелеваат божилаци,
низ ненаспаните очи пливаат сништа
недокажани, недосонувани... : остави ме
да ме боли копнежот, тивок и подмолен.
па дојди да ме оживееш.


НИЕ СМЕ КРУГ, НЕВИДЕН, СКРИШЕН.

баровите во кои некогаш
се сокривавме од светот
сега не постојат во нашиот град;
работат на други места, со истите
имиња. не знаеме каква им е
послугата, каков е мебелот,
имаат ли доволно голема сенка
за нас. ние сме некогашни, сега
сменети како имињата на шанковите
на кои среде ноќ блеснувавме:
најведри комети кои овој
и сите други градови ги виделе.
понекогаш, ми го душкаше
вратот: се обидувавме да останеме
пристојни додека зјапав во твоите
очи и дел по дел те соблекував
во нашиот ум. дека и умот го споделувавме:
безгранично парче простор
во мала врела мансарда на врвот од некоја
градска кула; го замислувавме Хенк
Вилијамс, осамен и закашлан и полн
зборови додека Коен ја пее Tower
of Song. и ова сме го виделе, љубов.
сликата во која еден од нас одлебдува
кон непознатото, во тишина, секогаш
и одново ја бришеме; ни се бараат
душите и покрај сите промени.
мојата е стара: толку стара
што мириса на изгорено дрво
и одвеани спомени; почнува
да мириса на умор. (ни ваква
не мириса лошо)
шанкот на кој еднаш се потпиравме
сега е огревно дрво за зимата што иде,
за некоја мала печка во некоја мансарда;
парчето простор е безгранично.
... тука ќе ја си постираш твоја лична, сопствена поезија и ништо друго, ни го расипувааш портфолиото на аматерска поезија на форумските членови!
ОВДЕ , можеш да го постираш твојот пост, без љутиш, нели?
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
... овде ќе ја си постираш твоја лична, сопствена поезија и ништо друго, ни го расипувааш портфолиото на аматерска поезија на форумските членови!
ОВДЕ , можеш да го постираш твојот пост, без љутиш, нели?
Секако, смотана сум и не ја најдов соодветната тема. Го бришам ова и ќе се обидам да не загадувам повеќе на темава.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
НЕ СУМ КРИВА

Не сум крива што денес сонцето си играше со облаците,
ниту ќе бидам утре кога облаците ќе плачат,
не сум крива што денес сообраќајот беше ужасен,
ниту ќе бидам утре ако семафорите ќе се расипат!

Не сум крива што денес од пред очи го изгуби мигот,
ниту ќе бидам утре кога времето ќе го пронајдеш,
не сум крива што денес не мислеше на мене,
ниту ќе бидам утре ако те заборавам за момент!

Не сум крива што се уште живееш во својот свет,
ниту ќе бидам утре кога ќе го побарам твоето ветување,
не сум крива што ми вети дворец доколу сум твоја,
ниту ќе бидам утре ако се решам на тоа!

Се прашувам , како ќе се снајдеш?

e11ab870dd7d01eaacef378c5d57400d.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
tenor.gifop.gif

Пеперутка

Само како ме заболе рамото,
во ова моја нова форма на постоење,
не дека сакам да летам, а морам,
да бидам толку привлечна.

Стапалата ги обожавам,
во моментот кога сакајќи те згазнав,
не дека сакам да те повредам, а сакав
да бидам толку емотивна.

Усната горко ми се згрчи,
во моментот кога морав да те пробам,
не дека сакав да те вкусам, со мисла
да слетам на тебе.

Ти ме изненади, од ларва,
пеперутка се сторив,
не дека не сакав преобразба, а желбата
колоритноста ми ја кажува.

Тебе те нема, но сепак летам!

giphy.gifty.gif giphy.gif
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
tumblr_l2d77oAIMS1qatn9jo1_500.jpg

На буква Б? …ахам!

Mоже да е млаз од емоции?
-ма неееее, не сум од Богданци,
може да е едно црно кафе?
Широк сокак?
-ма неее, не сум од Битола,
може да е точено ладно пиво?

Велиш на буква Б, сакаш нешто?!
дали е тоа еден на еден?
-ма нееее, не ми се игра Баскет!
Може Бајадера ?
-кај ти текна тоа сега?
мислам од Краш или Европа,

Можеби сакаш љубов Бескрајна?
-ма не, бесконечност не постои,
постои на прв поглед,
може сакаш Бакнеж?
-можеби, ама зависи каде,
Бедра? дали да се спуштам таму?

даааааа, погоди, ама веќе е касно... мора да си заминам!

(песната напишана после една журка во едно минато неопределено време):D
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Бегај бегај прваче
од школскиот двор
оди во кафана
направи се ќор.

Еден бакнеш стап да лапнеш...
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
33
Поени од реакции
63
Порано пишував ептен многу, така си ги објаснував големите чувства.
Инаку за контекст, авторот само што се симна од точакот со помошни тркала и влезе во светот на егзистенцијални прашања.


Бес - крај

Веруваш ли дека за нешто да биде цело треба својот крај со почетокот да го сплоти?
Круг. Совршена форма. Целина.
Но без крај? Ни свој почеток?

Освен да ги замислиме.
Во незамислена целина?
Реална е таа. Постои.
Или е само фрагмент?
Од друга реалност.
Или само почеток?
Од друга целина.
Нели е бескрајно?
Тогаш не е цело.
А не сме ли цели?
Не сме бескрајни.
А сакаме бескрај?
Се сакаме бескрајно.
Постоиме ли тогаш?
Во целата бескрајност.
Несовршена реалност?
Нереално се сплотивме.
Во најсовршената целина?

И без крај. А ни свој почеток.
Круг. Форма на животот со тебе.
Веруваш ли дека за нешто да биде цело треба својот крај со почетокот да го сплоти?
 
Член од
10 декември 2019
Мислења
77
Поени од реакции
219
Македонијо, земјо света маченице.
Колевке резбана од Македонци-Титани.
Кршена - а ете те простум кај стоиш.
Твоите родени внуци те мразат,
а ти сите подеднакво си ги сакаш.
Душманите ѓаволи ти праќаат,
а ти со ангели се браниш.
Македонијо, песно од десет букви.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Животна рефлексија

И сега како и порано
се мешаат едно во друго
Минатите болки,сегашните радости
наредени без ред како трофеи
Успешно завршени филмови
неуспешно одиграни улоги
И пак така,како по навика
дозирам оброци на смисол за моите дејанија
Радост или тага,вистина или лага
може да биде се,само сеедно не
Систематско трошење
на она што најмалку го имаме...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom