Ваша поезија!

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398


АЛКА

Што ме гледаш?
очекуваше поинакви очи, можеби сини?
а тоа две крупни маслинки под моето чело,

Што ме гледаш?
очекуваше црвенокоса или блонди да бидам?
а тоа долга црна катран коса,

Што ме гледаш?
очекуваше насмевка или поглед благ ?
а тоа детско замислено невино лице,

Што ме гледаш?
очекуваше бисер на мојот врат?
а тој како на лебед издолжен,

Што ме гледаш?
еве златен ланец имам но скинат ?
а тоа фали алка за спојка да го носам,

Што ме гледаш?
очекуваш да си ти таа алка ?
а таа одамна уште од детството ја нема !

 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
146
Смее вака да ви ја презентирам?
И пишана и аудио верзија?

Носена од ветрови
создадена од бранови,
во школка скриена
од бел бисер поубава,
од сонце потопла,
од камен појака,
од ѕвезда посјајна.

Крие спомени
како дете палавштина
носи насмев од тага извајан,
во очи зрак ѝ блеснува,
во коса море ѝ мириса,
во прамени од сол кадрици пуштила.

Како нежна мелодија
со глас душа милува,
со поглед срце бранува,
со насмев тага истерува.

Како небо далечна
насекаде е околу тебе,
очи штом затвориш ја гледаш,
очи штом отвориш ја бараш.

Како карпа некршлива
солза ја зајакнува,
тага ја просветлува,
болка ја лекува.

Носена од ветрови
создадена од бранови,
како драгоцен камен чувана,
од слика поубава,
од вулкан пожива,
од воздух попотребна,
од храна послатка.

Крие цели универзуми,
како ноќта што го крие сонцето,
планети ѝ се деновите,
долги ѝ се ноќите,
блиску ѝ се ѕвездите
што трепкаат
и весело ѝ намигнуваат.
 
Член од
26 јули 2017
Мислења
81
Поени од реакции
116
Времето и ти

Протеруван од немоќта твоја
ја криев својата сила
за да не повредам лебед,
но не одолеав на темната страст.
Зашто времето која ја голтна
желбата твоја неуморна,
скриена во невиност, наивност,
морав да го победам, за живот.
Да не умрам без тебе,
туку како цагер да се споиме,
јас минута која што те гони,
а ти час кој што неуспешно ми бега,
би сакал секундата да не надминеше,
часот да му беше мајка,
минутата татко,
но времето го голтна своето дете,
бидејќи секундите се небитни,
во однос на изгубените години,
останаа стотинките, за да издишам,
и да ги надминам тажните денови.

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398


ДОЖД

Д
али денес далечината делуваше ?
дали дождот делумно депримира ?
додека директно дејствуваш ?
дефинитивно ден дарувам !!!

Да делиме ден, дојди!
дали душа да дадам ?
дали ден да додадам ?
дај да докажам,

д
ушо, дискретно ДА !!
 
Член од
26 јули 2017
Мислења
81
Поени од реакции
116
Скришно

Скришно пријди ми,
не болам јас,
стегат стравовите,
се плашиш од среќа,
цел живот од неа бегаш,
во огнот седиш,
мисли како чад
и пепел од чувства,
го криеш врисокот,
затоа пријди ми.

Скришно шепни ми,
колку те боли,
да знам каде да допрам,
болката е лек за болка,
затоа ќе ти вратам,
со силен глас, груб,
давејќи те во мориња диви
гаснејќи ја твојата жед,
со водата на Посејдон,
затоа шепни ми.

Скришно допри ме,
за воздух да вдишиш,
стисни ме беспомошно,
за дланки да тргнам од тебе,
диши, пушти го гласот,
нахрани го просторот,
дај му живот за да ти врати,
со земја да те потрупа мека,
да излезеш од неа цела,
валкана и дива,
убави плодови да даваш
затоа допри ме.

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398


Робот, without electricity !


Сјајен, а сепак ладен,
безчуствителен ?
бела постела, но не е невина,
изгужвана?
погледот маѓепсан !

Жици невидливи , а сепак испреплетени
напнати ?
контакт правилен, но не е активен
струјомер?
батерија полна !

Поглед во очи, а сепак не гледаме,
отсутни?
емотивна пот, удри стујно коло
краток спој?
срцето чука !

Метал месо се стори, а сепак непробиен,
страв?
бесмртност, во живот се претвори,
љубов?
времето ќе ја оспори…
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Život "to to"


Taksativno nabrojane vrednosti
leposti,nežnosti i more sebičnosti
Tuđe ili ničije,nikako svoje
koga briga dal’ su prave ili ne postoje
I kao da nisam to ja…
živim
dišem
sanjam
pišem
…tebi o tebi,o ljubavi


Doza sreće za poneti
instant leposti,instant nežnosti
Savršen plan i kalkulacija za živeti
…instant ja u moru od sebičnosti
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398


Ти и Јас

Поларна зима, а снегот никаде го нема ,
сопрен здив во уста, а чекорам сама ,
очекувам од смрзнато гранче,
пламен да фати ,

Јас и ти,
оган збувнат,
гранче камин се стори,
неизбришани траги, а наши чекори,

Топло море бран ни прат, а тој се пени…

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Татко ми ми вари кафе
во тишина се разбираме
Има перде на левото око
му ги читам титловите

Би сакала да му подарам коњ
или малечок плац за на раат да одгледува ружи
Некогаш се прашувам кои му се сништата
Сакал ли да биде електричар навистина или само сака телевизори?

Мајка ми ми се јавува во меѓу час
додека пишува на табла и прегледува тетратки
Со гласно срце се разбираме.

Би сакала да ѝ подарам куќичка на снежна полјана
И дрвени прозорци низ кои ќе го мерка снегот со убост детска
Да не беше учителка, ќе ги истражуваше луѓето
И ќе им даваше поддршка белосветска.

Доаѓањето во својот прв дом
секогаш е причина за расплакување
Ама од внатре, како кога отчукува точно време
И пилето излегува од дрвената куќичка
Спремно за полетување.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
ДОЖД ВРЗ МОЕТО ТЕЛО

Сонувам разбудена,
со затворени очи те гледам,
топлина во гради ми го запира здивот,
а тоа силен дожд паѓа врз моето тело…

Се галам без допир,
со затворена уста те бакнувам,
зрак игра на моето лице,
а тоа силен дожд паѓа врз моето тело…

Те сакам без причина,
те прегрнувам со грч во моите раце,
чувствувам влажност по моите бедра,
а тоа силен дожд паѓа врз моето тело…

Блаженство бесконечно,
виножито ме благословува,
занесена ги отворам очите
а тоа само дожд паѓа врз моето тело…

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398


ХОРОСКОПСКА ЉУБОВ

Млечниот пат, како гоблен ѕидот го краси,
моја слобода вселена цела,
твоја доминантност врв на светот,
огнени знаци сме ниe.

Лидер без круна, безпрекорна гордост,
самобендисаност и муртење одлика твоја,
секогаш склона кон нови хоризонти,
решителна, харизматична тоа сум јас.

Егоцентричен и театрален си ти,
темпераментен крал со гласен рик ,
храбар стрелец и оптимист сум јас,
неоснован флертувачки лиk.

Твојот лигав бакнеж по образот мој,
кажува за позитивен хороскопски спој,
замислуваш победа со гласен рик
бегај, со стрела ќе те погодам … не е трик !


 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398


Вероника, сестро моја

Денешен ден, прекрасен сончев,
сепак проклет,
денеc ти чукнав на врата,
ти беше глува,
денеc те видов од прозор,
беше многу далеку.

Те молам сврти се, невреме се спрема,
зракот гали,
те молам слушни ме, гром ќе сева,
ти виножито гледаш,
те молам не си оди, душа боли,
твои чекори бројам,

Не гледам, не слушам, не зборувам,
ми велиш, безброј денови, бројам,
велиш, не расипувај сончев ден,
ми велиш, не сум душа твоја,
велиш, лоша страна моја,
кај мене, врне ли врне.

Тишината колку ја мразам,
дали таа е моја гостинка пред бура,
само празнина во мене штура,
земи расцепи гради земи душа,
близначка си моја дали ме слушаш?
а тебе те нема точка ли стави ?

Чекај, не си оди бесконечно те сакам,
ти си само една луда мала,
одамно напишана невина балада,
погледни ме и искрено признај,
зарем си само негова улична парада ,
чекај не си оди бесконечно те сакам!

Каде си ?… Точка ли стави?
Веронико сестро моја !

 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
За една членка

Седнав на кајгана со тмурен нарав,
Пак со Сајсајд, за вегетаријанство се скарав
Отворив „Ваша поезија“, Господе, тогаш ја прочитав,
веќе липав како магаре, не успеав ни да ја дочитам!

Моето алтер его, се скрши на безброј делови,
ма Ипси, јебем ти трите мистични велови!
Горките солзи, течеа по моите големи образи,
Прости ми џимеј, што се вообразив!

Рикав, како новороденче кое првпат вдишало,
кое сака да избрише се' што напишало
Посакав нов почеток, само за љубов да зборувам,
а не во „Случувања во Македонија“, пламен да разгорувам!

Можеби нејзините зборови имаат таква моќ,
да го сменат дури и Саргерас преку ноќ
Налет, батали шутрак стар е, земи ме мене,
Нашата љубов срце мое најубаво, планини ќе крене!
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
За една членка

Седнав на кајгана со тмурен нарав,
Пак со Сајсајд, за вегетаријанство се скарав
Отворив „Ваша поезија“, Господе, тогаш ја прочитав,
веќе липав како магаре, не успеав ни да ја дочитам!

Моето алтер его, се скрши на безброј делови,
ма Ипси, јебем ти трите мистични велови!
Горките солзи, течеа по моите големи образи,
Прости ми џимеј, што се вообразив!

Рикав, како новороденче кое првпат вдишало,
кое сака да избрише се' што напишало
Посакав нов почеток, само за љубов да зборувам,
а не во „Случувања во Македонија“, пламен да разгорувам!

Можеби нејзините зборови имаат таква моќ,
да го сменат дури и Саргерас преку ноќ
Налет, батали шутрак стар е, земи ме мене,
Нашата љубов срце мое најубаво, планини ќе крене!
Да погодам ли за која членка е поезијава?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398


Рамнотежа

Не се плашиш ?
твоите очи покажуваат невидена смиреност,
не знам дали се зелени маслинки,
или само укочени од будно сонувањe.

Не се плашиш?
ја сакаш слободата сигурно си со ланчето,
не знам дали е правилна симетријата,
или само привидна рамнотежа.

Не се плашиш?
светот на една страна домот на друга,
не знам за што ќе се одлучиш,
или само ќе гледаш напред.

Не се плашиш??
прифати ја мојата пружена невидлива рака,
не знам дали ќе биде тоа твојата храброст,
или само бонус од твоите девет животи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom